денес една блиска роднина ми кажа дека добила отказ од работа и не знае што да прави. таа беше на привремен одмор се додека не и се најде соодветно работно место зашто има артритис и денес и стигнало известување дека е отпуштена со 24 плати.
дали има некакво право да се жали или што да прави ? може ли некој совет . фала ви
Со вака поставено прашање нема да добиеш конкретен и полезен одговор. треба да се види каков Догоовор за работување имала и решението за отказ. Вака само ќе нагаѓаме и дури и погрешни информации да ти дадеме.
--- надополнето: 19 февруари 2012 во 21:09 ---
Ако може некој да помогне
Имено комшијата по тужбата против Р. Македонија, доби дека местото што е пред неговата куќа му припаѓа нему и не смееме да поминуваме.Сето тоа го постигна со неговиот лукав адвокат со подмитување.Тука одсекогаш поминувавме јас и моето семејство.Направи што направи со неговиот адвокат, подмитија, зеде обезбедување и изгради оградата до вратата од каде имавме пристап.Од тоа место врвевме одсекогаш.Кога ја градевме куката сакавме да направиме надворешни скали но не ни дозволија со образложение дека по новиот УП низ дворот ни поминува улица преку портата каде сега стои оградата.И без разлика што јас го истакнав тоа пред судот и што сме стекнале право на врвење,тој ја направи оградата.
Не можејќи да се соочам со пресудата не престанавме да поминувавме од тоа место,што сега гласи дека е негово.Не тужи и за тоа до основен и доби.Од апелација ни стигна позитивно за нас, но повторно паднавме на основен.Освен тоа му ја оштетив жицата од малата ограда, и за тоа ме тужи и доби.Немав средства да ме застапува адвокат и тоа падна на моја штета.
Од местото каде вревме,т.е. сега "неговиот" двор поминува другиот комшија кој само за летниот период од три месеци доаѓа тука.Неговиот единствен пристап е преку "дворот од комшијата" Пред судот го изнесовме и тоа дека нас не ни дозволува но другиот комшија може да поминува.Јас сега се прашувам,што ако во иднина јас ја купам таа куќа,тогаш значи и јас можам до поминувам низ "неговото место"
Таа е моменталната состојба ако може некој да помогни на било каков начин, нека повели
Прочитај го внимателно Закон за сопственост и други стварни права, поточно делот Службености, Со тужба можеш да бараш од судот да ти утврди право на службеност( слободно кажано дозвола да преминуваш преку имотот на комшијата), коешто судот ке го дозволи доколку со твоето користење на право на службеност не пречиш на правото на сопственост на комшијата. Уште повеќе ако сте го користеле тој премин повеќе од 20 години мислам дека беше, со одржувачка се стекнува тоа право. Како и да е, комшпијата не може да прави башибозук затоа што правото на сопственост не е апсолутно, тоа е ограничено на начин што не треба да ги спречува другите да го користат своето право на сопственост.
Консултирај адвокат, имаш полна основа да бараш утврдување на право на службеност ако тој премин е нужен или ептен поприфатлив за тебе.
Комшијата има адвокат местач, ти набави си адвокат што знае право. Ме интересира само во кој град ова се случува, односно кој Основен суд е надлежен.
--- надополнето: 19 февруари 2012 во 21:13 ---
колеги има ли некој на форумов што го спремал правосудниов испит да каже од каде ги набавил материјалите, некои рекоа дека ги има во либро во мавровка, па ако знае некои нека пише и колку пари се сите материјали и дали се целосни, дали ги има сите исзмени
материјалите ако можеш да ги најдеш онлајн на академика, пречистени текстови!!!
Либро и остало сето е ѓубре, на интернет пречистени текстови и сам ке принташ закон по закон. Не слушај гаталец слушај ме мене паталец сум. Полагав во декември, за било какво инфо слободно контактирај ме по ПП. Радо би го споделил моето искуство.
--- надополнето: 19 февруари 2012 во 21:18 ---
Здраво.
Имам дадено позајмница на приватно лице.Позајмницата е дадена на легален начин парите се префрлени на прансакциона сметка но имам проблем неможам да си ги повратам парите назад.
Доколку го тужам дали би го добил спород на суд???
не видов дали некој ти одговорил. само кратко да ти кажам дека можеш.
ке си поднесеш ту`ба за утврдување на долг и ке наведеш дека на тој и тој ден си му позајмил пари и дека на тој и тој ден требало да ти ги врати. Приложуваш договор којшто се надевам ти е заверен на нотар. Судот ке утврди дека постои долгот и ке го задолжи тужениот да ти ги врати парите со казнена камата од денот кога долгот требало да го врати. ако во рокот од 8/15 дена којшто судот ке го одреди тужениот доброволно да ти ги врати парите, не ги врати одма да си поднесеш барање до извршител којшто без проблем ке ти го наплати долгот.
Не се заебавај да не ти застари делувај, и иако е проста работа би те советувал да пазиш со избор на адвокат. Има разлика од адвокат до адвокат. некои стварно пазат на интереси некои преживуваат од рочишта па може да ти се одложи работата до недоглед.
--- надополнето: 19 февруари 2012 во 21:21 ---
Прашање, имам започнато спор спрема мои комшии кои имаат оградено дел од мој имот и го користат. Но дознав дека адвокатот кој го ангажирав се нема појавено на 2-3 рочишта по ред.
Со оглед на тоа дека ја ги тужам нив, има шанси да го изгубам спорот зошто мојот претставник, адвокатот на присуствуал на рочиштата?
И може да ми се каже кои закони би требало да ги погледнам за ситуацијава?
Евентуални последици се да се смета тужбата за повлечена, тоа значи дека се смета како да не била ни поднесена. Во таков случај само ке треба одново целата постапка да ја покренуваш и одново такси и се да плаќаш коишто имаш право да си ги наплатиш од твојот адвокат.
Мој совет, одма отповикај го пред судот полномошното и најди си асален адвокат. И како после три рочишта дознаваш дека не се појавил, покажи и ти малце интерес за спорот.
--- надополнето: 19 февруари 2012 во 21:34 ---
нема ниту една банка што ќе ја повлече тужбата во делот на жирантот, нив само ги интересира да си го наплатат долгот, памет за друг пат жирант никако и за никој, со самото тоа што си потпишал да бидеш жирант си прифатил да го платиш кредитот без разлика која е причината поради која носителот не го плаќа кредитот и да отидеш на рочиште судијата ќе ти каже дека не им е битно на нив зошто носителот на кредитот не плаќа, доволно си направил што си прифатил да бидеш жирант, така да некако договори се со тој што си му жирант да си плати и да се појави на суд, се додека го нема него ... ти ќе плаќаш.
А за да го тужиш ти него, затоа што си му го платил кредитот нема да имаш основ, сепак доброволно си прифатил да бидеш жирант.
Болдираново е апсолутно неточно. Се што ке плати жирантот во име на главниот должник може да го побарува пред суд врз основана право на регрес. Во слободен говор кажано, се што ке плати нашиот драг член ЖИРАНТ на име главен долг, камати, парнични трошоци има право да побарува со тужба пред суд со камата од денот кога направил исплата. И не само тоа, сигурно ке добие со асална правна помош.
Инаку1. Дали доколку првотужениот ( носителот на кредитот ) го признае делото може тужбата против мене да биде повлечена ,
Може ама сигурно нема да биде повлечена.
2. Доколку приложам докази дека иако примал редовно плата во банката која не тужи не сакал да го плаќа кредитот со што се стекнал со неосновано збогатување
Банката само се грижи да си го наплати доглот, гајле и е што и зашто.
3. Да се договорам на некој начин со банката бидејќи имам одредени контакти , адвокатот да ја повлече тужбата против мене ( дали ова е законско можно бидејќи тужбата е веќе поднесена , на пример да се произнесат дека тужбата против мене ја повлекуваат останува само кон првотужениот )
Ти тече камата и се остало, ако можеш да платиш во кеш плати си и почни си постпака за регрес. ако не, можеш да се договориш за плаќање на рати, ама се сомневам дека ке ти излезат во пресрет.