Правна помош и совети

Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
Би сакал да знам дали може да ги тужам ЕВН за малтретирање поради тоа што ми се јавија и ми бараа да платам веќе платени сметки од 2004 година во спротивно ќе ми ја прекинале а имам доказ дека сите сметки се платени. По што после 8 години им текна дека имам "долг" или ајде овај е будала не ги чува сметките и ќе плати. :tapp: Дали му се има на некој случено овоа?
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Да ги тужиш, немаш баш некој основ, ама ако пак ти се јават, кажи им културно дека е тоа застарен долг и да не замараат за него, и да го избришат од книговодствената евиденција под закана од тужба.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Би сакал да знам дали може да ги тужам ЕВН за малтретирање поради тоа што ми се јавија и ми бараа да платам веќе платени сметки од 2004 година во спротивно ќе ми ја прекинале а имам доказ дека сите сметки се платени. По што после 8 години им текна дека имам "долг" или ајде овај е будала не ги чува сметките и ќе плати. :tapp: Дали му се има на некој случено овоа?
Бегај шо подалеку од разврска со ЕВН на суд...:)
Да не изгориш....(со судските такси;) ,монопол и се јасно,ни суд ги фаќа ни ништо):mad:
Во последно време тежок криминал прават од ЕВН,фрчат пост-новогодишни честитки за НАВОДНА МАНИПУЛАЦИЈА СО БРОИЛАТА....:mad:
Измамени луѓе,чисто поштено си плаќаат се редовно,и пак им вадат наводни долгови,тужат на суд,си ги бараат назад парите,ни пари гледаат ни ништо...
Хаос е во последно време со НАВОДНИТЕ КРАЖБИ....
Ова ни во турско не било....КЛАСИЧНО МОНОПОЛСКО ОДНЕСУВАЊЕ или подобро речено САМОВОЛИЕ....
А само тие имаат клучеви од броилата....е сеа кој е крадец?
Доколку имаш доказ(сметки) оди до канцеларијата за контакт со странки,однеси ги сметките и да не те гњават повторно..
Судот да ти биди последна опција,да не фрлаш за џабе пари за адвокати,такси....
А и за застареноста на сметките ти е објаснето во претходната страна....
 
Член од
26 јули 2011
Мислења
13
Поени од реакции
1
Имам едно прашање на кое итно ми треба одговор :(
Дали за да се избрка вработен од приватна фирма кој сторил кражба (помала кражба) од фирмата, мора/треба да се спроведе дисциплинска постапка, на која ќе се утврдува дали е сторена кражба и како, па дури потоа да се донесе решение за отказ? или може само решение согласно чл.82 ст.1 т.5 од Законот за работни односи? и дали може со решението за отказ да му се изрече казна на работникот/ односно да му се наложи да ја врати стекнатата корист од кражбата??
Ви благодарам...
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
6
Поени од реакции
0
Играв на интернет игри на среќа како покер и спортска прогноза но без уплата од тука туку играв на фреероли каде што не се плаќа учество а има можност да се заработи. Притоа минатата година имав вадено пари од тие игри на среќа дирекно пуштајќи ги парите на банка кај нас и во банка парите стигаја од компанијата (кладилницата) во која играв, како унибет, ентракшн нетворк и други. Сето тоа функционираше до септември месец од кога влезе во сила нов закон за игри на среќа и сега доколку вадам пари на банка ќе ми бараат некој документ за потекло на парите така да тоа повеќе не функционира.
1. Прашањето ми е дали овие приходи кои ги имав до септември 2011 година треба да ги пријавам во даночна пријава бидејќи се од странски игри на среќа. Дали во пријавата треба да наведам дека се од странски игри на среќа или не бидејќи колку што знам сега е забрането да се играат странски игри на среќа?
2. И дали има можност сега повторно да играм и да вадам пари преку moneybookers? Дали е тоа легално или не?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.486
Поени од реакции
16.678
Да ги тужиш, немаш баш некој основ, ама ако пак ти се јават, кажи им културно дека е тоа застарен долг и да не замараат за него, и да го избришат од книговодствената евиденција под закана од тужба.
нема рачун да ги тужи, ниту е лесно, а скапо е, а има основ; некој крадел без обзир дали во компјутер или каде.. посебно што ЕВН е сепак монопол... Државата мора да уведе инспекција за овакви случаји, не овие од заштита на потрошувачи или Омбдусман, тие се гола вода...Инспекција што може да казни ѕа двојно наплатување, па и за самото издавање двојни сметки, и да не си платил вториот пат..
 
Член од
16 декември 2008
Мислења
391
Поени од реакции
125
Ми треба совет. Водомерот за вода што е кај татко ми беше заматен. татко ми 2 години по ред буквално го молеше тој инкасаторот да каже таму да дојдат да го изчистат и конечно кога по 2 години дојдоа најдоа долг од околу 6000 ден. Го повикаа да отиде да се договори на рати мегутоа тој отишол и им рекол дека тоа е нивна вина и им кажал дека тој барал да дојдат да го исчистат водомерот, што не е и негова работа туку тие самите тоа треба да си ги вршат односно доколку инкасаторот не може да ја отлита состојбата тоа е негов проблем и треба да си го реши, за да не дојде до ова но тие не дошле и поради тоа да си ја превземат одговорноста. Фактурирана е посебна сметка за месец април 2011 година и сега пред 3-4 дена му стигнала опомена дека тој се договорил да плаќа на рати и бидејки не платил да дојде да си плати зошто во спротивно ке биде даден на извршител. Денеска отишол и истото им го кажал дека тоа е нивна вина и да си ја превземат одговорноста и дека тој редовно си ги плака сметките, а дека овој долг не го признава и затоа што кога е чистен водомерот тој не бил присутен и дека се сомнева во состојбата, меѓутоа тие рекле дека таа вода е секако потрошена од негова страна и треба да си ја плати. Некој совет како да го избегне плаќањето на тој долг ?
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.408
Поени од реакции
4.279

Потпишал договор? Ако потпишал тогаш подобро нека оди и нека си плати оти на крајот ке го кошта многу, многу повеке....
Ако не потпишал договор тогаш нека не потпишува ништо и нека проба да ја завлече работата уште малку т.е да помине една година одкако му е фактурирана сметката по што истата ке застари и не му можат ништо. Нека им обеќа дека ке плати, дека чека пари од некаде, ако треба и нека плати една рата на пример 1000 денари.... битно е да помине една година и сметката ке застари...
Се друго ке биде залудно и само ке си направи дополнителни трошоци, парнични, извршни... оти ако дојде работата до суд а сметката не е застарена, судот секако ке прифати дека е должен да плати независно од тоа кога и како бил прочитан водомерот...
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
ај да си ја пишам и јас маката па да побарам правна помош.

еве го мојо птоблем

другарче доби од наградна игра таблет. на официјалната страна на фирмата која ги продава и сервисира таблетит (PRIVILEG) имаат поставено фримвери односно фајлови за поправање на баговите и надградба на софтверот. Другарчево сакаше да го инсталира фримверот односно надградбата е арно ама откако ја инсталира таблетот СОФТВЕРСКИ неможе да се подигне ( хардверски 99% е исправен ). е сеа - го однесовме у претставништвото каде се наоѓа и дечкото ни рече оставете го таблетот на сервисирање досега ваков проблем не ни се појавил но ке видиме шо може да направиме. веќе 2 недели е на поправка и денеска му се јавиле на другарчево му рекле наводно ставил погрешни фајлови ( нема врска се е точно јас гарантирам ) односно ставиле некои КИНЕСКИ фајлови и тоа го спречува таблетот да функционира нормално и како демек неможе да го направиме бидејќи тоа е ВАША грешка ( од страна на корисникот ). е сега другарчево сака да ги тужи затоа што не му признаваат гаранција на таблетот врз основа што симнал официјални фајлови од истата страна која ги нуди за тој модел и несакаат да му го направат.

Чаре има да се покрене некоја тужба за ова и каков би бил исходот од ситуацијава?
 
Член од
16 декември 2008
Мислења
391
Поени од реакции
125
Потпишал договор? Ако потпишал тогаш подобро нека оди и нека си плати оти на крајот ке го кошта многу, многу повеке....
Ако не потпишал договор тогаш нека не потпишува ништо и нека проба да ја завлече работата уште малку т.е да помине една година одкако му е фактурирана сметката по што истата ке застари и не му можат ништо. Нека им обеќа дека ке плати, дека чека пари од некаде, ако треба и нека плати една рата на пример 1000 денари.... битно е да помине една година и сметката ке застари...
Се друго ке биде залудно и само ке си направи дополнителни трошоци, парнични, извршни... оти ако дојде работата до суд а сметката не е застарена, судот секако ке прифати дека е должен да плати независно од тоа кога и како бил прочитан водомерот...
Благодарам на одговорот,
Не е потпишан договор, туку усно се договориле. Инаку доколку плати една рата, тоа не ли значи дека одново тече рокот на застарување, т.е. дека се сложува да плаќа на рати и дека ке тече нов рок на застарување од моментот кога е платена ратата и опомената што е стиганата ( не е пратена како препорачано писмо) нели го прекинува рокот на застареност ?
--- надополнето: 3 март 2012 во 17:16 ---

8 септември 2009
Мислења
147
Поени од реакции
5
Ми треба информација, ако е некој запознаен дали е исто ако вадиш бугарски пасош преку бугарската амбасада и преку посредник, во што е разликата, дали се чека подолго време, дали е понесигурно, дали е поскапо и слично...
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.408
Поени од реакции
4.279
Благодарам на одговорот,
Не е потпишан договор, туку усно се договориле. Инаку доколку плати една рата, тоа не ли значи дека одново тече рокот на застарување, т.е. дека се сложува да плаќа на рати и дека ке тече нов рок на застарување од моментот кога е платена ратата и опомената што е стиганата ( не е пратена како препорачано писмо) нели го прекинува рокот на застареност ?
--- надополнето: 3 март 2012 во 17:16 ---

Благодарам на одговорот,
Не е потпишан договор, туку усно се договориле. Инаку доколку плати една рата, тоа не ли значи дека одново тече рокот на застарување, т.е. дека се сложува да плаќа на рати и дека ке тече нов рок на застарување од моментот кога е платена ратата и опомената што е стиганата ( не е пратена како препорачано писмо) нели го прекинува рокот на застареност ?
Не, со тоа што ке плати рата нема да се прекине застареноста ниту пак опомената влијае. Застареноста ке се прекине единствено ако поднесат тужба.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Дали ако градско собрание направи грешка на решението за плаќање данок на имот треба јас да платам 250ден.за поднесување жалба.
Се работи за следното:пред три месеци поднесов барање за промена на име (со оставинска) и они покрај промената на име ми додале квадрати што не се мои,туку на братучед ми кој ја дели ме куќата.Во моето барање стои јасно дека барам само промена на име! Го имам предметот како доказ.Значи нивна грешка е не е моја.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Дали ако градско собрание направи грешка на решението за плаќање данок на имот треба јас да платам 250ден.за поднесување жалба.
Се работи за следното:пред три месеци поднесов барање за промена на име (со оставинска) и они покрај промената на име ми додале квадрати што не се мои,туку на братучед ми кој ја дели ме куќата.Во моето барање стои јасно дека барам само промена на име! Го имам предметот како доказ.Значи нивна грешка е не е моја.
Барај корекција на решението, мислам дека ќе увидат грешката и нема да имаш потреба од жалба.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Денеска ми рекоа да напишам молба или жалба незнам (се изнервирав) и да уплатам 250ден.

Државава оди у пиу-мау....какви неписмени има оваа администрација чудо едно!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom