Ако може некој да помогне
Имено комшијата по тужбата против Р. Македонија, доби дека местото што е пред неговата куќа му припаѓа нему и не смееме да поминуваме.Сето тоа го постигна со неговиот лукав адвокат со подмитување.Тука одсекогаш поминувавме јас и моето семејство.Направи што направи со неговиот адвокат, подмитија, зеде обезбедување и изгради оградата до вратата од каде имавме пристап.Од тоа место врвевме одсекогаш.Кога ја градевме куката сакавме да направиме надворешни скали но не ни дозволија со образложение дека по новиот УП низ дворот ни поминува улица преку портата каде сега стои оградата.И без разлика што јас го истакнав тоа пред судот и што сме стекнале право на врвење,тој ја направи оградата.
Не можејќи да се соочам со пресудата не престанавме да поминувавме од тоа место,што сега гласи дека е негово.Не тужи и за тоа до основен и доби.Од апелација ни стигна позитивно за нас, но повторно паднавме на основен.Освен тоа му ја оштетив жицата од малата ограда, и за тоа ме тужи и доби.Немав средства да ме застапува адвокат и тоа падна на моја штета.
Од местото каде вревме,т.е. сега "неговиот" двор поминува другиот комшија кој само за летниот период од три месеци доаѓа тука.Неговиот единствен пристап е преку "дворот од комшијата" Пред судот го изнесовме и тоа дека нас не ни дозволува но другиот комшија може да поминува.Јас сега се прашувам,што ако во иднина јас ја купам таа куќа,тогаш значи и јас можам до поминувам низ "неговото место"
Таа е моменталната состојба ако може некој да помогни на било каков начин, нека повели