Во Кичево скоро секаде 20ден а поединечни и за 18-19МКД.
Иначе не дека ја бранам владава но дали таа ја одредува цената или тоа го остава на пазарот да се регулира? Само да прашам ме интересира. Иначе лебот веќе 10 години е 20МКД па редно е и него да ја фати инфлација. Да не бидам погрешно сфатен ја не сум за скап леб туку едноставно производството на лебот е се поскап па јасно дека треба да крене и цената, јбг.
Лебот спаѓа во основни продукти кои влегуваат во основната кошничка за пресметка на трошоци на живот. По правило цената сама треба да се формира, но државата го контролира ценовниот раст на начин што забранува извоз на пченица, пченка, јачмен, одобрува квоти за брашно и во државните магацини чува житни продукти. Е сега знаете дека државните залихи ги украдоа, едниот од Свети Николе избега во бугарија и се пиша благрин за да не одговара пред законот, Ристо Ташев во Велес си е сеуште жив и здрав и богат и третиот последно што го фатија дека испродал се од залихи незнам каде е.
Цената на лебот е неиздржана со зголемување на 10% на струјата, бидејќи индустриската со која се произведува е дупла од домашната. Транспортот со новите цени на горива е покачен. Фактички сите суровини одат нагоре и цената на лебот ќе оди нагоре. За да не се случи да ја достигне вистинската цена државата им дава на мелничарите поефтина пченица од резервите. Е сега шо ги украдоа резервите незнам што ќе им дадат, ваљда среден прст
( се зезам, мора да има количини државни кој ќе покријат три месеци увоз за овој продукт).
Проблемот е што сите цени одат нагоре во комплет со струја и гориво. За било кој производ да се произведе кога ќе им ги покачиш влезните компоненти цената на производот мора да се покачи.