Почна поскапувањето на лебот

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување

Чаре?


  • Вкупно гласачи
    69
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Пченицата ова година беше катастрофа,квалитет ич,а прилично висока цена..за да се добие добро брашно мора да се увезува добра пченица и да се меша со нашава,иначе брашното ни кучињата немаше да го јадат.
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.167
Пченицата ова година беше катастрофа,квалитет ич,а прилично висока цена..за да се добие добро брашно мора да се увезува добра пченица и да се меша со нашава,иначе брашното ни кучињата немаше да го јадат.
Decko da e samo pcenicata so visoka cena.............sve e katastroda i nema nikakov kvalitet za razlika od prethodnite godini sve e kriticno, a za brasnoto ne sakam da komentiram vidov i toa :facepalm:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Кај плаќаме најскап леб, па уште 30% ...Колку не љубат и мислат на нас, да не претераме со леб, па вака една рана зимска диета ем да заштедиме :love:

Лебот во Охрид ќе поскапи за 30%?
На состанок на членовите на Мелничко- пекарското здружение, што треба да се одржи за десеттина дена ќе се одлучува за колку проценти ќе се зголеми цената на лебот во Охрид.

Според првичните најави можно е нејзино зголемување и за 30%.



- Цената на лебот зависи од набавната цена на пченицата која е поголема за 30 проценти. Годинава се бележи недостаток на пченица, а при формирањето на цената секако мора да се земе во предвид и поскапувањето на струјата. Можеби зголемувањето на цената на лебот нема да биде 30 проценти туку 15 или 20, но сепак за тоа ќе треба да се одлучи на состанокот, вели претседателот на Мелничко- пекарското здружение, Љупчо Настоски.



Охриѓани ваквите најави ги коментират како уште еден удар врз семејниот буџет кој е се посиромашен.

- Ова беше и очекувано. Секогаш кога ќе дојде до поскапување на струјата тоа повлекува и покачување на цената и на многу други производи. Не знаеме како ќе ја поминеме зимата поради високите сметки за струја, а сега и лебот да поскапи. И до сега едвај стасуваа парите, а со поскапувањава уште потешко ќе се врзува крај со крај во месецот, велат дел од нив.

- Парно греење ставивме пред 5 години, но по се изгледа радијаторите ќе ги продадеме за старо железо, и ќе им се вратиме на дрвата и печките за огрев, ќе печиме леб самите. Ем сити, ем затоплени- додава друг сограѓанин.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, неодмна изјави дека доколку има потреба, Владата, преку обезбедување одредена количина македонска пченица од стоковните резерви, ќе интервенира за да се задоволат домашните потреби и да се спречи евентуално осцилирање на цената, а по тој основ и поскапувањето на лебот како финален производ.



Според него, во Македонија има доволно количина пченица по солидна цена која генерално, ги задоволува потребите на земјоделците и која воедно не би требало да влијае врз формирањето на цената на лебот.Сепак тој додава дека цената на пченицата е берзански производ, па доколку светските берзи бележат нејзино покачување, тоа секако ќе се одрази и во Македонија.

Министерот Димовски најави и евентуално укинување на владината мерка за условен увоз на странска пченица.

Т. Кувенџиска

2


11.10.2012 13:00​

Прочитана е : 1854 пати​



© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.​
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.772
Поени од реакции
12.235
Евро векна ништо страшно. Се осеќам као да сум у ЕУ :vozbud:
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Евро векна ништо страшно. Се осеќам као да сум у ЕУ :vozbud:

Јас почнувам да се осекам како да сум во Тирана под неонки. Во време на Енвер Хоџа со многу прекрасни споменици када водачот е обавезно на Коњ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom