Почна поскапувањето на лебот

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување

Чаре?


  • Вкупно гласачи
    69

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.494
Покачени цени на:
- Леб
- зејтин
- брашно
- млеко
- млечни производи
- струја, а и укината евтина дневна тарифа
- парно покачено и ќе плаќаат оние кои не ги куристат услугите на топлификација
- бензин

Уште шо треба да покачат за да се собереме на масовен протест?
Платите ;)
 
S

Sagan

Гостин
Ја не дека се разбирам многу од економија, ама од тоа што гледам:
  • 115 милиони евра субвенции за земјоделците се поделени за 2011 година
  • 375 милиони за последните 5 години
  • 40.000 хектари обработливо земјиште распределено
  • 20.000 хектари останува да се распредели
  • 425 милиони евра владата планира да субвенционира во земјоделието за 2013/15
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
РЕЗУЛТАТ: секоја година се увезуваат 200.000.000 кг пченица за леб

Во инпутот при производството на леб, влегува и потрошената струја / дрво / плин / др. гориво за негово печење.
  • од 2009 постои план за изградба на 400 мали хидроцентрали
  • од нив изградени се само 8, пуштени во употреба 5
  • 20% од струјата во МК се од ХЕЦ
  • на 1 авг беше пуштена ХЕЦ Св. Петка, проект вреден 75 милиони евра
  • ХЕЦ Св. Петка годишно ќе произведува 66 гигавати ел. енергија
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
РЕЗУЛТАТ: на 1 август струјата поскапе официјално за 10% а реално за 20%

Акцизите се специјален вид на данок со кој се оданочуваат горива, алкохол, тутунски производи, т.е. добра чие производство и промет државата специјално го контролира, истите се добра во широка потрошувачка и замена за нив НЕМА. Така, државата ова го користи и наплаќа, на пример, по 20-25 денари акцизи за нафтените деривати (значи, пари кои не влегуваат во реалната вредност на производот) и истите ги собира во Буџетот за да гради болници, училишта... Во нашиот случај - споменици.

Кога владата би се откажала од дел од акцизите, тоа ќе доведе до поевтинување на горивата, а со тоа и на:
  • цената на пченицата
  • цената за разнесување на готов леб
  • цената за печење на лебот
  • цената на лебот како готов производ
Цената на струјата и нафтата влијаат на цената на секој производ кој го користиме, бидејќи влегува во инпутот за производство и дистрибуција на истиот.
Ако нешто не сум разбрал добро, поправете економисти.

... бај д веј WTF is Ратицид?
Rat (стаорец) + cidеre (лат. убива) е вид отров.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.660
Па и порано лебот од Жито Вардар беше 27 денари нагло поскапе, па повторно сега е 22 денари.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Субвенциите од кога се воведоа до денес не вродија со резултат. Стефус имаше анализа низ темиве за нив.
А од акциза никогаш нема да се откажат бидејќи тоа им е ставка со најголем приход во буџетот, заедно со ДДВ и царински давачки. Ако нашиот буџет ја нема таа ставка, може последниот да го изгаси светлото на заминување :) Невработеност-сиромаштија - социјална правда. Ако ги нема нив од каде 200 000 администрација ќе чепка денес нос во канцеалрија?
http://www.finance.gov.mk/files/Budzet_na_RM_za-2011_god_ZA OBJAVUVANjE_13.12.2010.pdf
Еве разгледај ги ставките во приходи, не го читај текстот гледај ги табелите, текстот замара и онака.
Значи останува струјата да ја намалиме, за да останеме на истото ниво на кое сме.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.882
Леб има и под 20 ден, но кога ќе го споредиш со оној од 25 и 30 ден е на пола грамажа и е како да јадеш хартија. Дневно по 2 нема да стигнуваат за една личност. Кај нас е добро што лебот кој нема денес да се продаде утредента го даваат за пола цена околу 12-13 ден, а ништо не му фали. Долги редици од луѓе има на тие места каде се продава ваков леб.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Читав американците имаат голема суша и се имаат напуштено житни полиња колку Белгија, опасна работа многу лошо.....
 

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
субвенциите во Македонија се пропадната инвестиција, убаво е државата да субвенционира земјоделие, сточарство , индустрија или кај и да е но проблемот е начинот на кој се користат тие субвенции, наместо да се инвестираат во модернизација на опрема, прошитување на бизнисот нови технологии и слично најголем дел од примателите на субвенциите си купуваат автомобили, станови и слично односно ги трошат за луксузирање (со чесни исклучоци кој се ретки).
А кога сме на тема енергетика и кога некој ќе каже дека во Македонија се инвестира во енергетика , подобро во око да ми брцнеш со прст или пак да ми пукаш во колено отколку некој да ми објаснува како тоа овде многу се инвестирало во енергетика...
Инако Св.Петка касни повеќе од 2 години и доколку се изградеше на време со оглед на тоа што во минатите 2 години имаше големоколичество вода од самото производство на струја ќе се вратеше поголем дел од инвестицијата за истата (>60%).
Како тргнало нека ни е со лесно :)
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
Во сите продавници лебот е 30,ја не сум видел досега 28денари леб освен црниот 38.
Aбе види.Незнам во кој дел од градов живиш ама очигледно гледам дека никогаш во животот немаш купено ни леб ни млеко.
А ако има дуќан во гв што продава по толку скапи цени тогаш очигледно нашол кого да дере.Те молам во пп кажи ми го името на дуќанот и кај се наоѓа.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.649
Поени од реакции
35.227
Веќе очекувано :свиркам:
Цената на струјата, парното, бензините, прехранбените производи до крајот на годината ќе си (при)пораснат вкупно некој си 15%, ама не се грижете влегуваме во предизборна година, па кај и да е, Владата на Р. М ќе излезе со вест дека пензиите и платите на администрацијата ќе пораснат за 5% :facepalm:

Земи 15, дај им 5 весела математика :свиркам:
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Лебот спаѓа во основни продукти кои влегуваат во основната кошничка за пресметка на трошоци на живот. По правило цената сама треба да се формира, но државата го контролира ценовниот раст на начин што забранува извоз на пченица, пченка, јачмен, одобрува квоти за брашно и во државните магацини чува житни продукти. Е сега знаете дека државните залихи ги украдоа, едниот од Свети Николе избега во бугарија и се пиша благрин за да не одговара пред законот, Ристо Ташев во Велес си е сеуште жив и здрав и богат и третиот последно што го фатија дека испродал се од залихи незнам каде е.
Цената на лебот е неиздржана со зголемување на 10% на струјата, бидејќи индустриската со која се произведува е дупла од домашната. Транспортот со новите цени на горива е покачен. Фактички сите суровини одат нагоре и цената на лебот ќе оди нагоре. За да не се случи да ја достигне вистинската цена државата им дава на мелничарите поефтина пченица од резервите. Е сега шо ги украдоа резервите незнам што ќе им дадат, ваљда среден прст :) ( се зезам, мора да има количини државни кој ќе покријат три месеци увоз за овој продукт).
Проблемот е што сите цени одат нагоре во комплет со струја и гориво. За било кој производ да се произведе кога ќе им ги покачиш влезните компоненти цената на производот мора да се покачи.
Леандра, сега година не набавувате нови резерви? Па сега мина жатва на пченицата, мора да има пченица за откопуване.
 
А

Анноун

Гостин
ајде бе па вие , скарата оди и само со пиво , не мора леб .

шала на страна , арно што се навикнав летово да не јадам леб , сега уствари со поскапувањето ќе заштедувам 5 денари повеќе :pos:
 

bokser_mk

Баксуз
Член од
29 јануари 2012
Мислења
1.363
Поени од реакции
1.831
uste ubava vest vo zemjata na cudata Makedonija
sve bolje i bolje.................ti ebam drzavata lopovska
a pisuva vo FOKUS NEDELEN
ELEM ke plati 600 nokeevanja vo hotelot ROYAL za vraboteni koi treba da se obucat
mater vi ebam ja vasa.....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom