Лесна му земја. Навистина тажен ден за целата филмска индустрија, еден од најсмешните актери на сите времиња. Едноставно што и да направеше во своите филмови, секогаш делуваше смешно, тоа е нешто што не го може секој. Секако неговите филмови ќе останат и понатаму да се вртат по телевизиите и да се смееме со него.
Сепак со 84 години може да се каже дека го изживеал животот и тоа е, никој не може вечно да остане меѓу нас.