Голема трагедија, за филмската уметност. Иако многумина не гледаат сериозно на овој тип на филмови т.е. не даваат доволно кредит сепак за мене секогаш ваквиот тип на комедии (далеку од клише) биле нешто посебно и сум ги обожавал до крајности, потешко е некој да те насмее него да те освои со просечен филм. Главната причина за тие насмевки а богами и полудување од смеаа беше токму човекот кој не напушти денес, Лесли Нилсен или поточно хаотичниот,смешниот и пред се буквалистата Френк Дребин. Смеењето до солзи буквално на секој гледан негов филм ми стана повторувачки процес во кој уживав секогаш, едноставо само да застане пред екран и веќе немжеш да престанеш да се смееш, штета почивај во мир голем човеку!
Кога ќе размислам подобро денеска не треба да тагуваме, него да пуштиме некој негов филм и да се насмееме до солзи, мислам дека тоа Нилсен би го сакал. Само фрете око на овој поглед