Дали ковчегот беше празен?
Комеморацијата за Мајкл Џексон одржана во Лос Анџелескиот Стејплс центар поминала беспрекорно, а потоа погребната поворка се упатила кон гробиштата Forest Lawn.
Но златниот кофчег кој по големиот церемонијал требал да биде однесен на Forest Lawn гробиштата каде Џексоновото тело требало да биде кремирано, според последните службени извештаи, таму не се појавило
Многу веруваат дека Џексоновото тело било преместено на тајна локација во договор со најблиските членови на фамилијата и тоа уште пред вчерашната голема комеморација. Така да постои оправдан сомнеж дека златниот ковчег во кој требало да се наоѓа телото на пејачот, всушност цело време бил празен.
Но според последните информации кои The Sun ги откри вчера вечер, кофчегот не ни требало да биде вратен на Forest Lawn гробиштата, бидејќи на копијата од сертификатот на мртвиот пејач било откриено дека првобитната замислена локација всушност била само привремена.
Некои изводи денес тврдат дека постои голема можност дека неговата фамилија сеуште конечно не одличила што да прави со Мајкловото тело. Се двоумат помеѓу идеата да неговиот прав го истурат низ имотот Неверленд, што всушност била неговата последна желба, или да му изградат музеј, и неговиот голем имот да биде мека за сите негови фанови кои би доаѓале во негова почест.
***
Што се' нема да измислат, не го симнуваат човеков од насловните страници. Нека го остават веќе еднаш да почива во мир!