Почивај во мир, Мајкл Џексон

Член од
30 март 2009
Мислења
251
Поени од реакции
20
Па добро бе, само мене ли ми изглеа наводниов погреб како фарса?
Глупите американци се праат, а најважното е заборавено, тагата.
Еден идиот застанал со натпис RIP Michael Jackson и насмеан до уши, ебати американската ретарда. Значи најглуп народ се дефинитивно.
Па зарем сакаш уште да плачат? Па поминаа 11 дена од неговата смрт. Кај нас се плаче многу затоа што погребот обично е наредниот ден, а не после две недели.

А тоа што се глупи, глупи се, докажано си е тоа.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.067
Поени од реакции
8.123
Народ некако слабо а толку најавуван дека ке биде...
 
G

Gray Foxx

Гостин
Па зарем сакаш уште да плачат? Па поминаа 11 дена од неговата смрт. Кај нас се плаче многу затоа што погребот обично е наредниот ден, а не после две недели.

А тоа што се глупи, глупи се, докажано си е тоа.
Де бе чоек, ако навистина си го сакал било кој шо ке умре, ако сака нека поминат 352525 денови, ти па ке бидеш тажен и вознемирен на помислата на таа личност. Јас да бев сега таму сигурно немаше да се смеам као идиот и да се влажнам ако некоја камера од cnn ме снима.
Ова е уште еден настан преку кој американците сакаат да му докажат на светот дека се способни да направат спектакл.
 
Член од
30 март 2009
Мислења
251
Поени од реакции
20
Де бе чоек, ако навистина си го сакал било кој шо ке умре, ако сака нека поминат 352525 денови, ти па ке бидеш тажен и вознемирен на помислата на таа личност. Јас да бев сега таму сигурно немаше да се смеам као идиот и да се влажнам ако некоја камера од cnn ме снима.
Ова е уште еден настан преку кој американците сакаат да му докажат на светот дека се способни да направат спектакл.
Па среќни се шо ги добиле билетите на лотаријата :toe:
Абе амерички мозок, кој може да претпостави што ке направи.
Па и самиот татко на Мајкл наредниот ден се смееше и промовираше некое ЦД на Мајкл. Луѓето се само за бизнис
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.752
Па добро бе, само мене ли ми изглеа наводниов погреб како фарса?
Глупите американци се праат, а најважното е заборавено, тагата.
Еден идиот застанал со натпис RIP Michael Jackson и насмеан до уши, ебати американската ретарда. Значи најглуп народ се дефинитивно.
Да, еден друг вчера што добил влезница за меморијалот беше исто озрачен до уши, како да добил влезница за натпревар од ЛШ. Дегени има секаде ама таму има најголема концентрација на таквите...

Меморијалот во Стејплс Центар ќе започне секој момент, можете да го следите на www.imdb.com, веднаш на насловната страница е поставено видео.
 
La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Искрено ен знам зашто се фаќате за палчањето... Као демек тие што плачат жалат повеќе од оние што не плачат? Наах
Патем уште кога беше објавена смртта негова чудни ракции имаа луѓето, со песна како да сакаа да го испратат, како да сакаа да го прослават, кренат за она што го направил долж животот на таков начин да му заблагодарат.

И не ми е чуден и цел овој настан сега, го попраќаат со она за кое тој живееше- музика.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.752
Никој не се фаќа за плачењето, туку за смеењето. Се кезат ко нездрави, што е далеку од пристојно за една ваква случка.

Како и да е, меморијалот си е убава работа, колку што гледам засега одлично е организиран и атмосферата е како што треба да биде.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.067
Поени од реакции
8.123
Pogrebot koga ke bide znae li nekoj ?
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.752
Pogrebot koga ke bide znae li nekoj ?
Меморијалот беше фантастичен, крајно емотивен. Некои блиски луѓе кажаа многу убави работи а на крајот од него се опрости и неговата ќерка. Се појавија многу јавни личности како Queen Latifa, Стиви Вондер, Лајонел Ричи, Мараја Кери, Брук Шилдс, Коби Брајант, Меџик Џонсон... Сето убаво и прикладно изведено, како што доликува. После ќе пишам за меморијалот.

Погребот по се изгледа ќе биде приватен, никој сеуште нема објавено кога и каде, веројатно за да не навали толпа народ. Така е и подобро, малку мир ќе има семејството.
 
Elizabet i Dajana gi nemase a mu bea najdobri prijateli neznam mnogu nekako cudno tolku najavuvano a narod slabo
 
честа

Спор
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.033
Elizabet i Dajana gi nemase a mu bea najdobri prijateli neznam mnogu nekako cudno tolku najavuvano a narod slabo
Можеби немало место во салата, дека читав се барале некаде околу 1 милион карти.
 
devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Иако не успеав да го изгледам целиот меморијал, во глобала ми се допадна целата замисла, ми се допаднаа изведбите посебно таа на Мараја Кери и Трој Лоренс, Стиви Вондер, говорите на неговите најблиски, посебно на неговата ќерка (кој говор го гледав сега) и навистина беше емотивен момент.
Единствено што не ми се допадна тоа што очекував можеби повеќе овации од публиката, поготово кога почна меморијалов и поготово кога се појави ковчегот на Мајкл и што некои се обидуваа да направат смешки што не доликуваше на амбиентот.
Сепак пред се' целта беше славење на животот на Џексон, затоа генерално ова што се случуваше вечерва беше убав и достоен начин за давање последен поздрав на Кралот на Попот
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.752
Ајде нешто што извадив од Интернет вечерва:

Не беше спектакуларен, екстравагантен или бизарен. Имаше песни и солзи но малку играње. Наместо тоа, Меморијалот за Мајкл Џексон беше мирна, спиритуална церемонија која посегна назад по спомените за човекот.

Пејач, танчер, супер-ѕвезда, хуманитарец: така некои од 20 000 луѓе присутни во Стејплс Центарот и уште милиони надвор од него, ќе го паметат Мајкл Џексон.

Ако имаше шокирачки момент на вечерта, тој дојде од неговата ќерка, 11-годишната Парис, која за првпат проговори во јавност. „Откако паметам, тато беше најдобриот татко кој можев да го замислам“ - рече таа. Пред да се расплаче и да побрза во прегратката на нејзината тетка Џенет, рече уште: „сакам само да кажам дека многу го сакав.“

Во салата, атмосферата беше црковна, но со огромен екран во позадината на кој се вртеше минатото, проектирано зад сцената.

Церемонијата започна со Смоуки Робинсон, кој прочита изјава на блиската пријателка на Мајкл, Дајана Рос - „Мајкл беше дел од кој беше изграден мојот живот.“

На сцената се појавија Квин Латифа, Мараја Кери, Лајонел Ричи, Стиви Вондер, Брук Шилдс, Коби Брајант, Меџик Џонсон, Ашер...

Бери Горди се присети на чудото од дете Мајкл Џексон, и предизвика овации кога кажа дека „Мајкл е едноставно најдобриот забавувач на сите времиња“, но уште посилни овации предизвика отецот Ал Шраптон кога на децата на Мајкл им порача: „Немаше ништо чудно во врска со вашиот татко. Имаше нешто многу чудно во тоа со што вашиот татко мораше да се справува“

Славниот Меџик Џонсон му се заблагодари на долгогодишниот пријател што ги срушил расните бариери и што им овозможи на луѓето како него и Коби Брајант еден ден да станат ѕвезди.

Меѓу другите, на сцената се појави и Брук Шилдс, која се бореше да ги задржи емоциите и солзите, а истото не им успеа на неговите браќа Џермејн и Марлон во емотивното испраќање на семејството пред ковчегот на Мајкл.

Од изведувачите, прекрасни настапи имаа Мараја Кери, Лајонел Ричи, Стиви Вондер (посебно ми се допадна ова), Ашер, Џермејн Џексон и други...

Stevie Wonder: "I never dreamed you'll leave in summer"

17 000 луѓе добија можност да се простат од Џеко во Стејплс Центарот и соседниот Нокиа Театар. Настанот се пренесуваше на голем број телевизии и видео-стримови на Интернет. Се на се, помина во најдобар ред и како што прилега, со мали исклучоци, кои брзо ќе се заборават. Во неколку говори беа кажани многу убави работи од луѓе кои го познаваат цел живот, и тоа е нешто што треба да се слушне. Во целата оваа збрка деновиве, малку луѓе се сетија на неговото хуманитарно дело, но некој од говорниците потсети дека Мајкл го држи рекордот по донации направени од една поп - ѕвезда...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom