Што значи loop и за што е потребата?? на мобилен имам loop апликација
Тоа ти е "Cloud Storage" на кој можеш да си ги префрлаш твоите слики и видеа од твојот мобилен уред и да ти останат зачувани и достапни за гледање во секој момент.
Имаш простор и капацитет за Upload во зависност од тарифниот модел кој го користиш.
Со помош на оваа апликација, истите тие слики и видеа можеш да ги гледаш и на телевизор кај тебе дома или кај некои од твоите пријатели доколку имаат MAX TV се разбира.
Тоа е таа намена. Колку фино, толку и бескорисно до некаде....
Се зависи од потребата на корисникот....
Како е покажан LG v20 ? фала однапред.
Се зависи од тоа кои ти се потребите и очекувањата од еден телефон....
Телефонот е прилично океј за таа пара.
Конкретно за V20 недостатоци и најчести проблеми...преслаба батерија, проблеми со bootloop како и сите LG телефони, грд интерфон со лош квалитет на звук, сенка на екранот (обично при загревање), слаби апгрејди на Андроид, лагира по одредено време на користење.
Ако сакаш камера и ако си за сликање во Auto Mode со задна камера...да знаеш дека нема да добиеш некоја којзнае каква јака фотографија. Во Manual Mode се добиваат појаките слики.
Што се однесува до предната камера....ништо посебно....особено навечер каде што знае да се појави шум.
Ако до сега си користел некој Samsung телефон, камерата ќе ти биде чудна и ќе ти делува ко да сликаш со некој поевтин кинески телефон.
Инаку....Samsung Galaxy S7 за таа пара....ако ме слушаш мене
Здраво
Имам Blackview E7 , кои ми прави проблем при полнењето не сака воопшто да полни. Бев во 3-4 мобиљари и ми рекоа дека замена на конекор(широка верзија ??! не знам што значи) од тој тип се наоѓале мн тешко. Па би сакал да прашам дали некој можеби знае сервис кој би го заменил овој конектор за полнење! Благодарам
Тешко се наоѓаат делови за такви типови на телефони, а и тешко се нафаќа некој за да ги работи.
Инаку треба да се отвори и да се види. Прашај во
Алфа Мобил....