Значит од вчера се мачам со интернетов на телефонов.. Ми требаше интернет, и пошо сум корисник на Т-Мобиле го избрав дневниот неограничен пакет кој ме чини 29 денари. Арно ама нешто не ми било подесено на телефонот од кај нив, и интернетот не можев да го користам.. Операторот ми рече првин дека ќе ми испратат порака за да сум инсталирал нешто, но не испратија. После рекоја да свратм на 140 026 и автомацки да го подесам интернетот на телефонот, но таму ми вика поради технички проблеми не можело. Се јавив да прашам до кога се тие технички проблеми рекоја во текот на денот ќе е средено, но еве два дена поминаја ништо не е средено.
Значит сеа ми е прашањево, порано мислам дека имаше нешто на интернет, дали на страната од Т Мобиле или на некој други страни, го пишиш моделот на телефон и ти даваше се што треба да напрајш за да го користиш интернетот.. Ако има уште такво нешто прајќајте. Инече се работит за LG Optimus L7 P700. Не мојте кизнит шо да ми помогните, пошо проблемот воглавном е од Т-Мобиле, но секој совет или искуство би ми користеле.