Потребна ви е помош околу мобилни? Пишете тука!

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.759
Поени од реакции
6.709
Јас исто така преминав од Сони Ериксон W395 на Икспериа Типо и вервај кај Типото не се слуша толку убаво музика. Сепак кај Ериксонот има два звучника.
Чекај малку, изгледа се збунив тро :P Ти кога рече на Типото мислеше на Икспериа Типо или Сони Икспериа Типо?
Добро не може еден нов телефон до толку да е лош во репродуцирање музика? Иначе вокмениве од Сони Ериксон шо беа човече....:eek: кој звук го вадат то е чудо.
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Изгледа ќе падне одлуката на алкател ОТ916. Кога би имал пари би си го земал телефонов нокиа c5-00 5mp, единствено што нема е wifi, но тоа е мал проблем.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.531
Поени од реакции
20.664
се наоѓа вакво нешто во скопјево ... футролата !!!


 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
Ако ви кочат телефоните, ѕирнете што апликации имате. Ако има некоја сомнителна избришете ја. Од време на време правете рестарт, нека се освежат процесите и рамот. Препорачливо е и да не го полните телфонот до крај. Чувајте некои 20-30% слободни.

Таск килери врска немаат. Истото важи и за вируси, односно анти-вируси.


се наоѓа вакво нешто во скопјево ... футролата !!!
Тешко кај нас.
http://www.ebay.com/itm/SPIGEN-SGP-HTC-One-X-Ultra-Thin-Air-case-Soul-Black-/170861011400?pt=UK_MobilePhones_MobilePhonesCasesPouches&hash=item27c81c21c8
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
Ако ви кочат телефоните, ѕирнете што апликации имате. Ако има некоја сомнителна избришете ја. Од време на време правете рестарт, нека се освежат процесите и рамот. Препорачливо е и да не го полните телфонот до крај. Чувајте некои 20-30% слободни.

Таск килери врска немаат. Истото важи и за вируси, односно анти-вируси.



Тешко кај нас.
http://www.ebay.com/itm/SPIGEN-SGP-HTC-One-X-Ultra-Thin-Air-case-Soul-Black-/170861011400?pt=UK_MobilePhones_MobilePhonesCasesPouches&hash=item27c81c21c8
ne ti drzi voda mislenjeto, razlikata bez i so task killer e povekje od ocigledna sega ti ako imas nexus normalno deka nema da ti koci tolku kako poeftinite androidi.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.759
Поени од реакции
6.709
Шо мислите за овај телефон?


Вака изгледа супер, ама прочитав еден куп поплаки :cautious:
 
Член од
17 април 2013
Мислења
8
Поени од реакции
0
da ve prasam kolku odat nokia e72 gold model imam eden sakam da prodavam ?/
 
Член од
11 ноември 2011
Мислења
555
Поени од реакции
48
Добро не може еден нов телефон до толку да е лош во репродуцирање музика? Иначе вокмениве од Сони Ериксон шо беа човече....:eek: кој звук го вадат то е чудо.
Јас не реков дека Tipoto лошо репродуцира музика туку дека е послаб за разлика од вокмен на Сони Ериксон.
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.668
Поени од реакции
2.619
Изгледа ќе падне одлуката на алкател ОТ916. Кога би имал пари би си го земал телефонов нокиа c5-00 5mp, единствено што нема е wifi, но тоа е мал проблем.
Од тие што ги нареди во претходниот пост овој ти е најдобар. Андроид има блиц камерата му е ок батеријата 1500 mah добра е не е некоја слаба али ипак знаеш дека смарфоните не држат батерија многу, телефонот е на тач а и имаш QWERTY таститура.
E сега екранот малце му е малечок али имаш таститура за пишување така да.
 

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.216
Поени од реакции
7.277
Xperia Tipo или ZTE Blade III ? И зошто?
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Од тие што ги нареди во претходниот пост овој ти е најдобар. Андроид има блиц камерата му е ок батеријата 1500 mah добра е не е некоја слаба али ипак знаеш дека смарфоните не држат батерија многу, телефонот е на тач а и имаш QWERTY таститура.
E сега екранот малце му е малечок али имаш таститура за пишување така да.
Фала, веќе го земав и презадоволен сум од: камера(која е патем 5мп а не 3,2 како што пишува секаде?), звук, можам да кажам и од тастатурата за која бев скептик, јбг навика на онаа со 3 букви на едно копче. Сликите после ќе ги префрлам на пц да видам каков квалитет се.
Едно што ме чуди е wifi, го вклучив, подесив број кој сака, бирав да запомни, ставив на ауто, не бирав која заштита има рутерот, само си пишува scanning, connecting, disconnected и така во круг.
Може ли некој да ми ги објасни ознаките горе кои се јавуваат, што е:
E, H? Да знам кое што значи да не трошам беспотребно интернет кој е бесплатен 50мб месечно. По мое Е би требало да е мобилниот интернет од ОНЕ, а Н хотспот т.е рутерот кој ми го пронаоѓа во куќава?

Ќе го пофалам и bluetooth кој лета со преносот:D Порано на сони ериксон имаше опција да командуваш со туѓ телефон/компјутер преку bluetooth, пример влегуваш во друг телефон и прегледуваш слики, мп3, можеше дури и да му влезеш во повиците и да ги вртиш последните повици итн. Можеше и преку bluesoleil да го командуваш и компјутерот, активираш програми, играв тогаш driv3r со помош на мобилниот. Овдека приметив дека можев да влезам во nokia 5310 и да имам целосна контрола врз меморијата(можеби и нешто друго имало), да си копирам фајлови и сл.
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.506
Поени од реакции
2.638
Xperia Tipo или ZTE Blade III ? И зошто?
Го имам еве скоро недела дена и имам само пофални зборови за него.Ке ти ги кажам причините зошто за него.Прво има очигледно поголем екран.Има голема разлика во екрани од типото и блејдот.Типото има 3.2 инчи а блејдот 4 инчи.Второ има двојно поголема резолуција на екранот.Другар мој има галакси 2 и можам да кажам во екран не видов разлики помеѓу нив.Во софтвер се исти и двата работат на ice cream сендвичот.Камерата му е 5 за разлика на типото кој има 3.2мегапиксели.Има многу добра батерија која е и појака од таа на типото.Има 4 гига внатрешна меморија која може да ја зголемиш со микро сд картичка до 32 гига.Се на се многу убав и на изглед и во функции телефонот.Е сега некој ке спомне едниот е Сони а другиот ЗТЕ.Јас воопшто не жалам за изборот.Искрено и доста ефтино се зема телефонот ако е со договор.Со еден збор за тие пари добиваш и повеќе него што плаќаш :)

И да ако ти е за интернет и сакаш да сурфаш тогаш дефинитивно зимај телефон со поголем екран.Милина е сурфањето на интернет преку wi-fi на блејдот.Симнав Опера mobile browser на него а бе лета телефонот.Тастатурата е супер екранот многу ме изненади со неговата прецизност и сензитивност.Јас не би ни се двоумел помеѓу овие два телефона зошто мислам дека не ни се во иста класа.Јас блејдот би го ставил во класа со Galaxy 1 во спецификации за кој нормално галаксито е подобар :)

И да кај да најдам футрола некоја убава за Blade III ?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu5
Член од
4 септември 2010
Мислења
1.002
Поени од реакции
582
Фала, веќе го земав и презадоволен сум од: камера(која е патем 5мп а не 3,2 како што пишува секаде?), звук, можам да кажам и од тастатурата за која бев скептик, јбг навика на онаа со 3 букви на едно копче. Сликите после ќе ги префрлам на пц да видам каков квалитет се.
Едно што ме чуди е wifi, го вклучив, подесив број кој сака, бирав да запомни, ставив на ауто, не бирав која заштита има рутерот, само си пишува scanning, connecting, disconnected и така во круг.
Може ли некој да ми ги објасни ознаките горе кои се јавуваат, што е:
E, H? Да знам кое што значи да не трошам беспотребно интернет кој е бесплатен 50мб месечно. По мое Е би требало да е мобилниот интернет од ОНЕ, а Н хотспот т.е рутерот кој ми го пронаоѓа во куќава?

Ќе го пофалам и bluetooth кој лета со преносот:D Порано на сони ериксон имаше опција да командуваш со туѓ телефон/компјутер преку bluetooth, пример влегуваш во друг телефон и прегледуваш слики, мп3, можеше дури и да му влезеш во повиците и да ги вртиш последните повици итн. Можеше и преку bluesoleil да го командуваш и компјутерот, активираш програми, играв тогаш driv3r со помош на мобилниот. Овдека приметив дека можев да влезам во nokia 5310 и да имам целосна контрола врз меморијата(можеби и нешто друго имало), да си копирам фајлови и сл.
Гледам си почетник во телефони. Значи вака: Е значи дека си на интернет од операторот(во твојот случај ОНЕ). Значи Е значи EDGE интернет. H значи дека си на интернет од операторот
но со појак вид на мрежа ил икако да го наречам сеедно е, именувано HSDPA. Значи не е тоа вајфај. Кога си закачен на вајфај тогаш горе имаш знакче вакво: Untitled.png означено ти е горе со црвено.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom