Фала, веќе го земав и презадоволен сум од: камера(која е патем 5мп а не 3,2 како што пишува секаде?), звук, можам да кажам и од тастатурата за која бев скептик, јбг навика на онаа со 3 букви на едно копче. Сликите после ќе ги префрлам на пц да видам каков квалитет се.
Едно што ме чуди е wifi, го вклучив, подесив број кој сака, бирав да запомни, ставив на ауто, не бирав која заштита има рутерот, само си пишува scanning, connecting, disconnected и така во круг.
Може ли некој да ми ги објасни ознаките горе кои се јавуваат, што е:
E, H? Да знам кое што значи да не трошам беспотребно интернет кој е бесплатен 50мб месечно. По мое Е би требало да е мобилниот интернет од ОНЕ, а Н хотспот т.е рутерот кој ми го пронаоѓа во куќава?
Ќе го пофалам и bluetooth кој лета со преносот
Порано на сони ериксон имаше опција да командуваш со туѓ телефон/компјутер преку bluetooth, пример влегуваш во друг телефон и прегледуваш слики, мп3, можеше дури и да му влезеш во повиците и да ги вртиш последните повици итн. Можеше и преку bluesoleil да го командуваш и компјутерот, активираш програми, играв тогаш driv3r со помош на мобилниот. Овдека приметив дека можев да влезам во nokia 5310 и да имам целосна контрола врз меморијата(можеби и нешто друго имало), да си копирам фајлови и сл.