Последен поздрав до нашите стари пријатели

L

Lu

Гостин
R.I.P.
Луна
2004 - 2012



Твоите очи засекогаш ќе блескаат во моето срце ... почивај во мир.

„Jos jednom gledas u odane oci prijatelja, toliko vremena odsutnog iz tvog zivota,
ali nikada iz tvoga srca“ ...
 

Doc Holliday

Модератор
Член од
5 ноември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
3.939
R.I.P.
Луна
2004 - 2012



Твоите очи засекогаш ќе блескаат во моето срце ... почивај во мир.
АИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИ :( :( :(
Кога почина,што како,од што? :(
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.591
Поени од реакции
923
R.I.P.
Луна
2004 - 2012

Твоите очи засекогаш ќе блескаат во моето срце ... почивај во мир.
Ох боже кога ќе видам вакво нешто веднаш ми доаѓа излив на солзи, иако сум машко и треба да покажам машкост, ама навистина на погреб нема да плачам ама пример кога ќе умре куче ми иде да ревнам.
Навистина жалосно за твојата Луна, гледам прекрасна била и сигурен сум дека убаво живеела со тебе гледајќи те на начинот на кој пишуваш и споделуваш искуства ... се гледа дека си човек со големо срце отворено за животните.
Сега ќе имаш ново кученце, тоа нека ти биде живо и здраво!

Ајде и јас моите миленици да си ги набројам овде уште ми е многу тешко кога се сетам и кога гледам слики...

Феликс...
Си умре од природна смрт, 14 години живееше а Сијамките толку и живеат. Во оваа положба го најдовме во дворот протегнат умрел. Многу ми фали и никој никогаш нема да го надомести.
Најамбициозниот мачор кој сум чувал...
siamese.jpg
Тина, 10 годишна Ротвајлерка што ја чував, умре од слаби коски неможеше веќе да се движи.
Прекрасно суштество...
RottweilerDack8MthsOldDog.JPG
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
R.I.P.
Луна
2004 - 2012
Беше и ќе останеш најубавото и најпаметното куче на планетава ... почивај во мир.
Лу, многу ми е жал, нека почива во мир. И јас изгубив и знам колку ти е тешко. Не можам да се нафатам да си земам ново кутре, пошто живеат прекратко а пребрзо ти влегуваат под кожа...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
L

Lu

Гостин
Лу, многу ми е жал, нека почива во мир. И јас изгубив и знам колку ти е тешко. Не можам да се нафатам да си земам ново кутре, пошто живеат прекратко а пребрзо ти влегуваат под кожа...
Така е ... премногу се приврзуваш, а кога ќе го загубиш, болката и тагата е преголема ... но што да се прави таков е животот.
Јас цел живот сум со кучиња и неможам да си замислам да живеам без куче во домот, и затоа сега ќе си земам мало Доберманче, сега кутрињата се стари 1 месец и чекам да поминат уште 2 недели за да наполнат 1,5 месец и ќе си земам една мала убавица.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.283
Никогаш не верував дека ќе дојде денот да си кажеме збогум...
Ти благодарам што ми го промени животот!
Додека да се сретнеме пак, почивај спокојно Мила.
 

Attachments

L

Lu

Гостин
^ Едно нешто ќе кажам ... Мила беше најмилата и најпрекрасна Ротвајлерка што некад сум ја запознала.

Чест и задоволство ми е што лично ја запознав, бидејќи ваква Ротвајлерка не верувам дека повторно ќе сретнам ... едноставно перфекција од куче.

Аххх ќе ми фали мазењето, и седењето на кревет со неа, и нејзиното мило главче потпрено на моите колена :(

Вакво куче, со ваков карактер, тешко дека повторно ќе се роди ... R.I.P. Милче, засекогаш ќе бидеш во моето срце, и засекогаш ќе те памтам ... бидејќи едноставно ваков пес не се заборава никогаш.



 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.469
Поени од реакции
6.320

Го фати ласерчето...
 

Doc Holliday

Модератор
Член од
5 ноември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
3.939
Никогаш не верував дека ќе дојде денот да си кажеме збогум...
Ти благодарам што ми го промени животот!
Додека да се сретнеме пак, почивај спокојно Мила.
Аман бе,аман :place:
R.I.P Мила :angel:
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.679
Поени од реакции
8.504
Последен поздрав до мојата најмила Џина (Гица) Прасева. 15 години ни го развеселуваше домот, почивај си во мир :place::place::place:

IMAG0078.jpg

IMAG0079.jpg
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
2.210
Поени од реакции
1.422
Многу сум тажен, пред некој саат кучето ми умре во раце..
Кучето со кое што го поминав цело детство, со кое што израснав, секој спомен, секоја семејна фотка, во секој момент што го имам во сеќавање она била со нас..
Секогаш ме следеше каде и да одам, сега седам пред компјутер и неа за прв пат ја нема да си лежи покрај мене.. Ништо веќе нема да биде исто, ништо :place:

R.I.P.
Теа
2000-2016


SL740375.jpg
 
На врв Bottom