Ах,Мими,ах љубов моја,зошто мораше вака да ме повредиш.
Се сеќавам дента кога те купив,15 ноември,три дена пред мојот роденден.Тој ден требаше да играм фудбал,ама се откажа натпреварот
Кога те видов,едноставно се заљубив во тебе,и реков - тоа папагалче ќе го земам.
Се сеќавам,цел пат во автобус на секој 2 минути гледав дали дишеш,дали се движиш низ кутијата.
Се сеќавам,секојдневно ти ја менував хартијата,погоди зошто?Од што те сакав премногу.
Се сеќавам,кога прв пат ми слета на рака,ми беше најсреќниот момент во мојот живот.
Се сеќавам,кога се повреди на окцето,кое плачање сум го удрил тогаш,кое неспиење го имав вечерта.
Се сеќавам,кога се превртуваше во кафезот,само да те дружиме,само да ти правиме муабет,па кога ќе ме погледнеше со тие жални очиња,да те пуштам,душава ми се кинеше,па те пуштав,па макар и на миг.
Се сеќавам,кога те видов легната на дното од кафезот,срцето ми се скрши,едноставно ми се стемни пред очи.
Почивај во мир легендо,никогаш нема да бидеш заборавена.