Ех, ај сеа јас да ви раскажам една случка ........
Имаше во нашата мала едно куче Рекс го викавме. Беше големо, буквално како МЕЧКА. Сите во малата го сакаа. Кога одевме на сабајле јас и другар ми на школо тоа беше почетокот на 5 одделение, ташните ги стававме на грбот на Рекс и ги прицврстувавме убаво и ни ги носеше дури до школото, а потоа послушно се враќаше повторно дома.
Решивме со другарот да му направиме куќа. Има една изгорена распадната куќа во нашата маала, па решивме таму во твој двор да му правиме куќа. Море каква куќа му направивме цела гаража. Внатре имаше душеци кои моравме да ги крадеме од памучната станица. Куќата внатре имаше секако едно 10 квадрати ако не и повеќе, како една мала соба оти толку голема мечка неможе да збере во куќиче.
Секој божји ден му носевме јадење и тоа месо, млеко, ориз јадеше, јагоди јадеше буквално се. Некои луѓе не јадат такви луксузи како што јадеше Рекс секој божји ден. Од 5 одделение, па еве ме веќе сеа сум за 3 година не дружеше верно, загина пред 2 месеци, и замислете како ?
Го уби еден полицаец зошто демек почнал да лае и ќе го каснел.
Незнам јас мајке ми како се излажа идиотот да ни го убие миленикот во маала, миленикот кој не дружеше цели 7 години. Мамата му ебам јас на него.
Една вечер се спремаше дожд и грмотевици, околу 10 души другари ме викнаа од дома и излеговме. Долу кај куќата на Рекс не чекаа уште 20 други другари од нашата маала кој го чувавме сите заедно Рекс.
Кога го видовме делото сите плачевме, едноставно солзите не сопираа. Да ти го убијат тоа милениче кое си го чувал 7 години. Рекс сега веќе е починат 2 месеци и е закопан на една ливада 15 километри северно од градот Струмица. Му направивме гроб достоен како што треба за ѕвер куче како него. Навидум кога ќе го видиш прв пат си мислиш ќе те изеде, но срце беше.
После недела дена следуваше одмаздата, мораше да се спремаме убаво зошто сепак удараш по полицијата. Сите ебени полицајски коли што беа таа вечер паркирани пред станица беа со избушени гуми и со испокршени шофершајми, а исто така и некои прозорци на станицата беа испокршени од 10 души луди хулигани кои го сакаа кучето Рекс.
Ако ова го прочитат Струмичани можат и да го потврдат кога беше нападната станицата во Струмица некаде во Мај.
И да не се плашам, еве пишам и да дознаат пичките џандарски дека ние го сторивме тоа, и да знаат дека со нешто свето другпат не треба да си играт.
ACAB ! All Caps Are BASTARDS !