R.I.P.
Луна
2004 - 2012
Твоите очи засекогаш ќе блескаат во моето срце ... почивај во мир.
Ох боже кога ќе видам вакво нешто веднаш ми доаѓа излив на солзи, иако сум машко и треба да покажам машкост, ама навистина на погреб нема да плачам ама пример кога ќе умре куче ми иде да ревнам.
Навистина жалосно за твојата Луна, гледам прекрасна била и сигурен сум дека убаво живеела со тебе гледајќи те на начинот на кој пишуваш и споделуваш искуства ... се гледа дека си човек со големо срце отворено за животните.
Сега ќе имаш ново кученце, тоа нека ти биде живо и здраво!
Ајде и јас моите миленици да си ги набројам овде уште ми е многу тешко кога се сетам и кога гледам слики...
Феликс...
Си умре од природна смрт, 14 години живееше а Сијамките толку и живеат. Во оваа положба го најдовме во дворот протегнат умрел. Многу ми фали и никој никогаш нема да го надомести.
Најамбициозниот мачор кој сум чувал...
Тина, 10 годишна Ротвајлерка што ја чував, умре од слаби коски неможеше веќе да се движи.
Прекрасно суштество...