Последен гледан филм со кратка рецензија

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314


Perfect Sense

Интересно ми е кога гледам филм без ништо да знам за него. За Perfect Sense го видов само постерот и видов дека главните улоги ги толкуваат Јуан Мекгрегор и Ева Грин. Толку. Друго ништо не знаев. Не знаев ни дали филмот е романтична комедија, дали е акција, научна фантастика. На крај, пријатно се изненадив.

Да бидам искрен, доволна причина да го гледам филмот ми беше Грин. Не сум shallow guy, ама Ева ми е слабост. Слабост ми е и фактот што знам дека во секој филм мора да се разголи (и овојпат не ме разочара). Пред да преминам на главното, уште ова...



Добро. Што е темата на филмот? Љубов додека светот е во колапс. Најчесто, кога ќе се спомне „крај на светот“ веднаш на памет ни' паѓаат нуклеарни војни, комети, глобални затоплувања. Во Perfect Sense гледаме поинаква апокалипса, каде целата човечка раса се заразува од болест која постепено ги одзема сите сетила. Во целиот тој хаос го запознаваме Мајкл (Мекгрегор). Тој се вљубува во Сузан (Грин) додека светот околу нив се распаѓа. Болеста напаѓа чекор по чекор. Прво сетилото за тага, потоа сетилото за мирис. Светот е во паника, но дали животот може да продолжи понатаму?

Мекгрегор и Грин се наоѓаат во центарот на филмот и нивната извонредна хемија и' дава интимност и човечност на апокалипската која демне. Двојката е нашата директна врска со пандемијата и таа се обидува да ни докаже дека љубовта доаѓа кога најмалку очекуваме (патем речено, најмалку очекувам во овој момент во соба да ми влезе Ева Грин. Just sayin'). Звучи контрадикторно, но филмот е истовремено тензичен и смирен. Во него преовладува чувството дека ништо не е во ред, но истовремено и чувството дека се' ќе биде во ред.

Perfect Sense не се обидува да се занимава или да пронајде решение на проблемите со кои светот се соочува. Пандемијата е негативец, но и обична болест со чија помош светот се обединува и од која луѓето се обидуваат да излезат како победници. Филмот е поделен на повеќе делови. Поделбата ја гледаме секогаш кога луѓето ќе загубат уште едно сетило и истата е засилена со употребата на наратор.

Она што ми се допадна кај Perfect Sense е тоа што испраќа моќна и оптимистичка порака. Го тера гледачот да ги цени работите што ги има и истите да не ги зема здраво за готово.

И за крај да напоменам дека филмот не е научна фантастика во вистинската смисла на зборот. Слично на Аnother Earth и Melancholia, и овде апокалипсата не е централен дел. Таа е само катализатор, а вистинската приказна е онаа помеѓу маж и жена, соочени со непостоечката иднина.

Моја оцена: 7/10
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
The Devil's Advocate



Улоги: Keanu Reeves, Al Pacino и Charlize Theron.
Подобро да владееш во пеколот, одколку да служиш во рајот.
"Better to reign in Hell than serve in Heaven", is that it?

Филмот е достоен за пофалба за неговите квалитети. Постулатите на приказната се едноставни. Сатаната (Pacino) со човечки лик сe движи меѓу луѓето, чие алтер его е "крунисано" со иметo John Milton (за оние што не знаат, ја има напишано поемата за истерувањето на човекот од Garden of Eden, "Paradise Lost"). Како претседател на престижна адвокатска фирма, го најмува Kevin Lomax (Reeves), просперитетен млад адвокат кој од почетокот на својата кариера нема изгубено случај.

Дејствието почнува да се развива кога Kevin ќе ја прифати работата и ќе се пресели со неговата прекрасна жена Mary Ann (Theron) за да работи на нови случаи.

Добра воведна сцена која наговестува 145 минутно филмско патување без досадни моменти.

Al Pacino го видовме како добар во And Justice For All, лош во The Godfather и ружен во Scarface. Во филмов му се нуди шанса да ја интерпретира Сатаната лично, во што и успева. Ликот на Milton e претставен како лукав, остроумен, препреден и префинет човек, чија проникливост и рафинираност сака да ја ископира младиот Kevin.
Виртуозната глума на Pacino, зачинета со неколку добри монолози низ филмов, денес во Холивуд тешко некој да ја достигне. Човекот кога се работи за глумење, едноставно е ѕвер.

Еве неколку од нив:

John Milton: The worst vice is advice.
John Milton: Да ти дадам малку познати информации за Господ. Бог сака да гледа. Тој е первезњак. Размисли малку. Му дал на човека нагони. И што прави со истите? За неговата галактичка, посебна забава тој поставува правила спротивни на нагоните. Шала на сите времиња.
Гледај - Не допирај!
Допирај - Не вкусувај!
Вкуси - Не голтај!
И дур ти скокаш од една на друга нога, тој се смее. Затоа што е садист, отсутен власник.
John Milton: Адвокатите се свештеници на ѓаволот.

За разлика од перформансите на Pacino, Keanu Reeves сметам дека можел повеќе даде.
Како светло во неговата глума, е тоа што избегна да изглуми глупав, во спротивно ќе направеше сопствена лична пародија. Умешно го разграничува глупавото од наивното. Неговата вообразеност ја искусува неговата жена Mary, во најтешките моменти кога најмногу и е потребен. Во тие моменти е изразена и неговата нарцисоидна природа, која е секогаш на прво место.

John Milton: It's your wife, man. She's sick, she needs you... she's got to come first. Ah, wait a minute, wait a minute. You mean the possibility of leaving this case has never even entered you mind?
Kevin Lomax: You know what scares me? I quit the case, she gets better... and I hate her for it. I don't want to resent her, John, I've got a winner here. I've got to nail this fucker down, do it fast, and put it behind me. Just get it done. Then - then. - put all my energy into her.

Потфрлувањето во неговaта глума го гледам во последните сцени, во кои сфаќа каде згрешил и што всушност е тој. Разбира дека неговата вообразеност е еден од главните виновници за хаосот во кој се нашол. Така и завршува филмот со
реплика на Milton - Вообразеноста е една од моите омилени гревови.

Oценка: 9/10
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Tinker Tailor Soldier Spy.


Е ова ти е филм каде што Гери Олдман не глуми лудак наркоман и слични егзотични карактери, глуми ладнокрвен шпион. Долг филм со долги сцени ликовите доаѓаат како што се развива сценариото и според него сите се познаваат меѓу себе некои и доста интимно, ама тоа не е прикажано со голема и долга приказна туку доаѓаат одненадеж. Викаат дека тешки дијалози има мене не ми изгледаше така, ама мора вниманието тука во филмот заради историјата на прикаската. Не е лесен филм за гледање повеќето овде би се нашле во ситуација чекај сега од каде овај овде што бара врати назад :icon_lol:, уште еднаш :icon_lol:. Јас не сум од тие луѓе знаев што треба да очекувам и го гледав внимателно. Добро филмче шпионско трилерче два саати....
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Once upon a time in Anatolia

Турски филм, добитник на Гран При во Венеција.Се работи за полициска потрага по убиено тело по вукојебините на Анадолија.
Како што е изреката, дека побитен е патот од целта, така и во оваа потрага ги гледаме демоните со кои се соочуваат учесниците.
Тежок филм, бара многу да се посвети човек на гледањето, посебно на размислувањето, ама вреди секоја одгледана секунда.
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Unstoppable (2010)



Пола километар товарен воз без машиновозач со опсасни хемикалии и вагон цистерни со нафта се движи кон градот. Катастрофата се обидуваат да ја спречат млад кондуктор и постар инженер. Филмот е според вистински настан.
 

stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705

Прво да кажам дека Овен Вилсон со овој другиот се страшна комбинација.
Второ, 2011 ќе ја запаметам по голите цицки во комедиите. :icon_lol:

Него,
Во филмот се зборува за тоа како двајца мажи кои си имаат проблеми во браковите, и добиваат дозвола од своите жени една недела да прават што сакат, бидејќи мислат дека така ќе им се подобри бракот. Иако тие мислат дека лесно можат да однесат жена во кревет, сепак на крај сфаќат дека swagger-от што го имале на времето не функционира толку лесно. Има многу јаки pick up lines како - are you from ireland? cause my penis is dublin. :pos:
При крајот на филмот хуморот малку опаѓа, но сепак вреди да се изгледа. Ја сам го глеав а пукнав од смеење, така да не морате да седите со некој за да се смеете со зор. :icon_lol:
imdb: 6
моја: 6,9
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.755
Поени од реакции
8.013
The Artist (2011)


Сега ми е јасно зошто толкава галама се кренало за филмот, дека е направен во 2011, бил нем и бил црно-бел :tapp: Добро бре, не ве сметав до толку мрднати... ова тука срање нема К од класика, кога ќе гледате повеќе стари филмови тогаш ќе видите зошто. На кратко да не должам многу, глумец случајно запознава млада девојка... го бакнува, и од тогаш почнува драмата т.е. таа ќе се вработи во кино, па за другиов тип работите тргнуваат на лошо... а за младата девојка се супер.

... и така, бла бла бла бла бла... оценка 2/10.

А кога ќе гледате филмови од Charlie Chaplin, Buster Keaton, James Stewart, Cary Grant... тогаш ќе сфатите зошто имам критика за филмот. ајТ.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
немам пишано рецензија долго време па еве една мала за три филмови кој ги гледав последниве неколку дена. одиме со првиот
The hurt locker (2008)


пошто го гледав со другар ми кој е military junkie а и тоа бидејќи освои оскар за најдобар филм очекував да е добар колку толку за мојот вкус., иако се плашев од пропаганден филм со некаква патриотска порака за американците сепак кога го загледав филмот не ни помислив на тоа ама ич.
карактерите беа на место и нивниот развој во филмот се одвиваше феноменално, приказаната не беше нешто нај нај али пак некако се покажа реалната страна на војната, а и беше отсликан и реалниот проблем на ирачаните а и на американските војници, Џереми одглуми феноменално комплексен лик и стварно добаро се престави и даде добро светло во филмот.
8/10 само заради што некако не се соживеав со приказната.
одиме по реден број 2:
Stolen(2009)
според мене потценето филмче, добри глумци а и навистина ветувачка приказна.
накратко за приказната, киднапирано е детето на дектективот, кој по 8 години од неговото исчезнување не се откажува од него, тој открива слична приказна за еден друг човек кој исто така го снајудва слична судбина. приказната имаше потенцијал али го немаше она завршното, фалеше малце и динамика еден клучен фактор мораше да се внеси со цел да се поткрени квалитетот на филмот, тоа ви го оставам сами да го најдете :)
7.5/10 аможеше да има и повеќе
и за крај
Lock,stock and two smoking barrels(1998)


најпрвин да му се извинам на psysidе, го труев за да ми препорача филм и ми го препорача овој, јас го помешав со snatch бидејќи ми беа слични, денеска ја видов, и ми требаше 10 месеци за да воочам разликата :facepalm: разликата и ќе напишам на почеток Јебениве британци знаат да направат јебени филм.
ремек дело и страшна приказна како што сакав јас, комедијата на место а и актерите беа интересни, возбудлива акција и заврши токму како што и очекував :)
британскиот акцент ми остави многу добар шмек во филмот, а и Вини Џонс, Џејсон Статам и неговата дружина беа classic badass .
искрено не верувам дека има многу луже кој го пропуштиле филмов али за тие што го пропуштиле препорака за гледање
9.5/10
 

Maryah.C

Be a bee
Член од
9 јуни 2006
Мислења
4.001
Поени од реакции
710

Конечно најдов време за филмот.Го мислам веќе со месеци и никако да одвојам 2ипол саати. Во секој случај овие дефинитивно не ми беа залудно потрошени.
Пред да го гледам филмот имав слушнато и критики и пофалби,сосема различни впечатоци.
Да, на почетокот чекав и чекав да се случи нешто. Ама не се случуваше. Затоа после само се препуштив на она што го гледав.

Во еден момент мислев дека гледам документарец.Си велев-кое совршенство на природата. Не знам за другите ама јас уживав во тој дел, не мислам дека премногу време е посветено на тоа.
Те тера на размислување. Колку само она што го правиме е (не)битно за целото човештво?
Не знам кој како го сфатил ама сигурно може многу да се зборува за филмот.
Всушност ова е повеќе од филм. Да не заборавам да дадам пофалби и за саундтракот.:)
Пак ќе кажам,перфекција.

Џабе само ќе пишувам и така ова не се опишува со 5-6 збора. :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292


Вчера го изгледав филмов, и не беше лош очекував можеби повеќе поради тоа што доста го фалеа и има оцена повеќе од 8,1 на IMDB.Ryan Goslinn e возач на опасни пратки (грабежи на банки,пари) и се ќе тргне наопаку кога ќе се заљуби во сосетката .......доста е да не откривам повеќе. Моја Оцена 8/10



Одличен филм за оние кои сакаат напнати авантуристички филмови, дефинитивно филмот ќе го изгледате во еден здив.Друштво од планинари одат на кампување во Шкотска и покрај тешкиот предел за искачување се тргнува наопаку кога ќе најдат живо девојче закопано 2 метри под земја................МОЈА ОЦЕНА 9/10


Еве една добра трилер,акција.....Освен што девојчето е обучувано од таткото за да биде убиец.И заедно со таткото живеат во шума кај што нема никој населено НИШТО ДРУГО НЕ ОТКРИВАМ ОВА МНОГУ ДОБАР ФИЛМ КОЈ МОРА ДА ГО ИЗГЛЕДАТЕ. МОЈА ОЦЕНА 9/10
Може високи оцени дадов ама така ми тргна :icon_lol:
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314


The Science of Sleep

Tonight, I'll show you how dreams are prepared. People think it's a very simple and easy process but it's a bit more complicated than that. As you can see, a very delicate combination of complex ingredients is the key. First, we put some random thoughts. And then, we add a little bit of reminiscences of the day... mixed with some memories from the past. That's for two people. Love, friendship, relationships... and all those "ships", together with songs you heard during the day, things you saw, and also, uh... personal... Okay, I think it's one.

Какво едноставно објаснување на големата мистерија наречена сон. Уште од првите мисли од филмот јасно е дека следува пријатно и невообичаено филмско доживување.

The Science of Sleep го гледав пред неколку години, но темата за невообичаени романтични филмови ме потсети да го гледам повторно. Значи, фала до филмскиот сектор на форумов. Мило ми е што пред некој месец се зачленив и... ај да не забегам од темата.

Што се случува во/ со филмот? Херојот на приказната е Стефан (Гаел Гарсија Бернал), кој по смртта на татка си се сели од Мексико во Париз, каде е неговата мајка. Се вселува во станот во кој живеел како дете и каде ништо не е променето. Мајка му му наоѓа работа, по терк на неговиот талент за уметност. Работата всушност и нема некоја врска со талентот, бидејќи се состои од обично лепење текст на ефтини календари. Тешка досада. Иако поради ова преселбата наликува на разочарување од реалниот свет, истата значи и надеж за нови почетоци. Односно, Стефан ја среќава Стефани (Шарлот Гејнсбург), својата комшивка од спротива. На Стефан повеќе му се допаѓа нејзината другарка, но одеднаш сфаќа дека всушност со Стефани имаат многу заеднички работи.

Ова звучи на уште една романтична комедија, нели? Можеби, но филмот е далеку од тоа. Еве зошто:

Бидејќи уште на почетокот нурнуваме во потсвеста на Стефан додека спие. Таму тој е водител на сопствена телевизиска емисија, чија сценографија е изработена од картон. Во емисијата тој ни ги прикажува своите соништа и сеќавања. Таму исто така може да ја преправа секојдневната реалност. Во јавето можеби е обичен лепач на текст, но во сонот е директор кој одлучува за креативните правци на фирмата. Ги гледаме и неговите фантазии за љубовта, родителите, за целиот живот. Сонот е прибежиште во кое може да побегне од проблемите кои ги нуди вистинскиот свет.



Од друга страна, за да ја пронајде љубовта, Стефан мора длабоко да навлезе во реалниот свет. Таму е јасно дека Стефани е неговата сродна душа. Она што ги поврзува најмногу е креативноста. Тие создаваат чуда, иако нам тие чуда ни личат на обични играчки, а самото нивно создавање, на детска игра.

Што е тоа што го прави овој филм единствен? Прво, сценариото кое може да ве насмее на глас, но и да ве потресе. Потоа, глумата на Бернал и Гејнсбург кои автентично го доловуваат односот помеѓу необичната двојка. И пред се', самиот визуелен изглед на филмот и употребата на stop-motion анимацијата. Сите овие состојки прават сето она што го гледаме на екранот да изгледа реално, иако тоа што го гледаме само по себе е нереално.

Најголема заслуга за работите кои ги споменав има режисерот Мајкл Гондри, режисер и на Eternal Sunshine of the Spotless Mind. Двата филма се слични, но и различни. The Science of Sleep нема познати холивудски глумци, нема голем буџет, но има поголем шарм. Како и својот претходник, и тој живее во светот на имагинацијата. Но, за разлика од технологијата која во Eternal Sunshine го разграничуваше реалниот свет од нереалниот, овде границата речиси и не постои. И самиот лик понекогаш не може, но и не сака да ги разграничи двата света.

Токму тоа што понекогаш не знаеме каде престанува сонот, а каде започнува јавето, е работата што интригира. Дали е и воопшто важно? Во The Science of Sleep честопати границата помеѓу вистинското и замисленото е матна за нас, но и за Стефан. Ова очигледно е алатка со која режисерот прави да се поврземе со главниот лик. Гондри како да си игра и со нашата перцепција за филмовите. Иако знаеме дека филмовите се измислица, сепак се преправаме дека се нешто вистинито за да можеме да уживаме во нив.

Помеѓу сцените во филмот има многу добра кохезија и тешко е да издвојам која е најдобра, но сепак една од најдобрите е сцената, т.е. сонот, при крајот од филмот, кога Стефан сонува дека е дилер на дрога, а неговата девојка Стефани го отфрла. Полицијата доаѓа и тој бега, скршен од болка, со пиштол од картон в раце. Возејќи кола од картон се судира со слика од неговото детство. Во оваа сцена е претставен светот на возрасните кој е премногу тежок и комплициран за нашиот протагонист. Возрасните прават големи грешки, повредуваат други луѓе, изневеруваат. Од таму произлегува потребата од повлекување во соништата и во сеќавањата од детството.

За кој е наменет филмов? Бидејќи сакам да ја избегнам фразата „не е за секој“ (изгледа не ја баш избегнав), ќе кажам дека е пред се' за луѓе кои сакаат да гледаат филм не само со очите, туку и со срцето. За тоа доволно зборува самиот поднаслов на филмот: Close your eyes. Open your heart.

И за крај, неколку цитати кои морам да ги споменам:

Stephane: I'm exhausted. I'm going to wake up now.

Stephane: P.S.R. Parallel Synchronized Randomness. An interesting brain rarity and our subject for today. Two people walk in opposite directions at the same time and then they make the same decision at the same time. Then they correct it, and they correct it, and they correct it, and they correct it. Basically, in a mathematical world these two little guys will stay looped for the end of time.

Stephanie: Why me?
Stephane: Because everyone else is boring. And because you're different.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
The Great Water


“Проклет, проклет да бидам. Оттогаш сигурно има поминато илјада години. Се викам Лем, Лем Никодиноски. На своите 12 години се потпишував само со “Ем“. Никако да ја запамтев буквата Л. Таа на нешто многу лошо ме потсетуваше...“
Кој не е запознаен со романот на Живко Чинго, срам да му е!
Се до неодамна не бев свесен дека за оваа книга е снимен филм. Кога за прв пат ја читав баш си замислував како би било таа да има филмска верзија, а всушност веќе имала.
Македонки филм кој од не знам какви причини не е толку популаризиран како филмовите на Манчевски...
За тие што не знаат, станува збор за филм кој го обработува периодот веднаш по крајот на Втората Светска војна во Македонија. Тоа е период кога повоените трауми доаѓаат до израз, кога сите стравуват за својата безбедност и својата иднина. Време во кое секој може да биде непријател, да биде прогласен за предавник и бунтовник. За главни ликови се избрани децата кои ги изгубиле своите родители во војната. “Хуманоста“ на новото државно уредување решава да ги згрижи истите и да ги поведе на вистинскиот пат. Ги сместуват во привиден дом за сирачиња кој повеќе прилега на затвор со високите ѕидини од кои не може да се види што има надвор. Поставуваат управител и негови помошници. Тоа се луѓе на новото време. Цврсти во комунистичкиот идеал, поклоници на другарот Тито и на новиот Бог - Сталин. Ова се централните елементи на филмот. Сите се максимално фокусирани кон униформирање на малите дечиња, создавање на една мисла дека религијата го пере умот, а другрите Сталин и Тито се спасителите од јаремот низ кој поминал народот. Нивната посветеност на новиот идеал оди до тотално лудило за кое и Хитлер би можел прибелешки да фаќа. Децата се изложени на невидена тортура, третирани како кодоши, предавници, саботери, душмани на новото време.... и се казнувани со работи кои само на болен ум можат да му текнат. И се разбира, светлата точка во целата приказна е пријателството меѓу Лем и Исак Кејтен. Кејтен е прогресивниот ум, надвор од комунистичкиот шаблон, слободоумен и истраен во својот идеал. Тој ќе му помага на малиот Лем да ја научи лекцијата која ова школо нема да му ја даде и да го спреми за големата вода која веќе надоаѓа.
Оцена 10/10.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.637
Поени од реакции
34.047
The Rum Diary (2011)



Инди-ish филм, таква сторија, личен проект, адаптација/екранизација на новела, само со поголем буџет и Деп позади него. Failing кај фановите Hunter S. Thompson, нема да помине и кај нас обичните гледачи. Филмот е многу недефиниран. Нема вистинска драма, комедија имаше ама ја одбегнуваа дрско колку да останат сериозни, бледа романса и на крај колку да поентира во секое поле, биле во обид да биде инспиративен, каде една победа значи многу, fight the power, големите корпорации и се тоа пропатно. Ама лошо.

Знаете, каде актерките потпишуваат колку голи би се појавиле во филм, вака е изгледа Џони со брадата. Ваков го немам видено уште кога си ја спасуваше ќерката од Christopher Walken. Сме го виделе како алкохоличар (посебно со рум) и писател, така да колку и да е добра глумата, нема да е круцијална при ваше придобивање на woшата страна каде ќе ви се допадне филмот. Друг, спореден лик кој беше интересно да се следи беше Giovanni Ribisi, кој беше како што Деп е обично. Wacky weirdo. Друга светла (плава) точка беше стандардната убавина за ваков филм Аmber Heard. Другите споредни ништо спектакуларно вредно за спомнување. All in all, просек или еве солидна глума.

Околу приказната.. допира многу теми. Ама имаме многу и имаме многу многу. Го прикажа гламурот во 60тите во тој дел од Америка кој фасцинира пропатно со спектакуларни глетки и кадри , но и сиромаштијата и мизеријата предизвикана од натчовеците во тоа време и сето тоа помеѓу борба за земјиште, корупција и се' труло што може да и се случи на една држава. Уз многу рум. Имаше и многу тривијални работи опфатено, беспотребно. Во еден момент Деп беше прикажан како ептен big shot и изгледаше нереално оти уствари беше заменливо пионче. Ама како и секој филм со дечкото, на крајот не жалев за двата часа. Прибидејќи сцената само ќе внесе позитивни импресии макар за пола час дур трае, а не пак out-of-this-world наочарите кои ги носеше и преку вечер. 6.5/10 од мене.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.815
Поени од реакции
1.565
Dinner for Schmucks

Филмов е закон! Главниот лик сака унапредување а за тоа треба да донесе идиот на вечера , но откако ќе го најде савршениот за тоа работите во неговиот живот се комплицират.
Ако сакате добра комедија мора да се види
10/10
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.815
Поени од реакции
1.565
Big Mammas Boy
Леле филмов е :pos: Значи Роко е мамино галениче кое има 36 години неговата мајка прави се за да го задржи дома се додека не се појави девојка која ќе го натера да си оди од дома ... Се случуват многу сплетки и премногу смешни ситуации вреди да се погледне врв. 10/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom