Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.619
- Поени од реакции
- 59.432
Warrior (2011)
Еден збор: AWESOME!!!
Се изнагледав добри филмови оваа недела, а овој дефинитивно влегува во моите омилени филмови со боречки вештини. Има се што е потребно: има драма, има содржина, има акција, има одлични ликови и актери. Не е од оние филмови во кои малку се муабети па се преминува „на главното“. Не, овој филм има одлична обработка на ликови: сите имаат бекграунд, сите имаат актуелни проблеми и сите се обидуваат да го најдат светлото на крајот од тунелот.
Брендан (Joel Edgerton) и Томи (Tom Hardy) се браќа, а Пади (Nick Nolte) им е татко. Тројцата сочинуваат една фамилија одамна разделена и оддалечена поради семејните проблеми предизвикани во главно од пијанството на таткото. Сите се борат за нешто: Брендан е професор по физика, семеен човек кој е на прагот да изгуби се и е принуден да се врати на борбите. Томи е поранешен маринец кој се обидува да помогне на семејството на негов загинат другар. А татко им се обидува да ја врати почитта која ја има изгубено од неговите деца.
Сето ова ќе ги одведе на исто место и нивните патишта повторно ќе се вкрстат.
Nick Nolte имаше улога која ќе се запамти а можеби ќе му донесе и некои награди. За посериозна награда мислам дека беше потребна поголема минутажа, инаку стариот беше одличен! Tom Hardy е напишан и се води како втората ѕвезда во филмот, но мене Joel Edgerton ми остави големи импресии на сериозен, семеен човек кој е подготвен да се жртвува за семејството.
Апсолутно сум задоволен од филмот, вистинска адреналинска инекција. Ќе пробам да оговорам тука на едно прашање на Iceboy мислам, кој праша зошто овој филм не добил барем номинација за глобус. (Дополнително, лошо поминува на бокс офисот).
Прва причина мислам дека е проклетиот трејлер кој ја раскажува цела приказна до крајот. Класично самоубиство. Убива секаква дилема и неизвесност.
Втора причина мислам дека е следнава: поинаку се примаат во американската јавност боксерските филмови. Боксот е еден од националните спортови, има длабока историја, има скоро изграден култ на благородна вештина и луѓето го сакаат. Ништо чудно што боксерски филмови се пробиваат лесно. Од друга страна, ова е нешто сосема друго, на Ultimate Fighting не се гледа со таква наклоност. Се што гледаат е животни во кафез кои се тука за чиста забава на публиката. Не велам дека некој би имал нешто против овој филм, ама нема да ги добие симпатиите на еден боксерски филм и да биде лансиран така лесно.
Тоа е мое, субјективно мислење.
9/10. Браво!