Dream House (2011)
Самиот Jim Sheridan со своите 6 беспредметни номинации за оскар сакал да си го тргне името од постерот на филмот. Стварно Џим? Со едвај две заслужени номинации се курчиш?
Го имаме и дедото, новиот ни Бонд со комплетна незаинтересираност ама човекот на моменти само со сите проблеми што ги имала продукцијата, ипак сакал да се посвети и да го долови карактерот. Rachel, како нејзин фан, ќе си ја пофалам со нејзината грациозност и убавина, па макар да глуми и кауч. Ама мака ми беше во вистинска улога да ја гледам, кога немаше дадено правец, не само публиката туку по фацијалните експресии (сак ит, ал јуз инглиш иф ај уанна) се примеќаше дека на моменти и таа немаше контекст на ситуацијата и незнаеше како да се постави. Naomi Watts беше онака ставена, за трето поголемо име на постерот, без некоја круцијална улога со некоја минимална минутажа. Онака.
Приказната.. обично паѓам на вакви, или паѓав, незнам - макар што се предвидливи и површни а понекогаш како овој прекратки. Не е битно, нема тепање мртов коњ, директно се иде на поентата, нема врткање, нема дефинирање ликови а со тоа аналогно и поврзување со истите, нема стварање атмосфера, нема покривање со ситни детаљи шаблонот, нема бе нема. Остај тоа, мозокоебачки треба да е филмот, или таков во обид, мањебитно а спојлери има во секоја реченица употребена за маркетинг на истиот, секоја слика, секоја.. ај да не ви откривам, ако некогаш навистина незнаете што да пуштите и сакате да се казнете со овој заради вашата неодлучност. Јас би ви помогнал и препорачал да го погледнете ова (можеби сака да му конкурира на времетраење на рецензираниот, ама во тензија, глума и музика го убива во поим):
Оцена нема да пишам, значи просек ако е 5 од 10, овој е под сите стандарди и критериуми за просечен и ако фантазираме, надпросечен филм.