Последен гледан филм со кратка рецензија

The Dude

Лајно
Член од
25 мај 2009
Мислења
502
Поени од реакции
321
Неколку страни назад некој не само што го критикуваше филмот, туку го претстави како ужасно лош филм кој не заслужувал да се погледне.
Прво сакам да го замолам тој член да не пишува повеќе во филм и тв, а посебно не во филм.
Второ, рецензија за The dark knight. Филмот ми стоеше во компјутер едно 5-6 месеци онака и чекаше ред да биди гледан. Сега жалам што за тоа време не сум го изгледал барем неколку пати. Значи, ова не е филм кој ќе го изгледате еднаш и готово, ова е филм кој заслужува да се гледа еднаш во годината во најмала рака. Толку добри реплики не сум видел мнооогу одамна.
Приказната и повеќе од добра. Иако нема некои сложености и испреплетености па цело време да се чудиме кој е Кајзер Сосе, сепак има да понуди неизвесност, а во себе си носи и порака која е вонвременска. Во целина приказната е прекрасно раскажана.
Ефектите се повеќе и од задоволувачки и за најголемите гурмани, деловите кога лета Бетмен и брканицата во тунелот ќе се прикажубжваат уште долго.
Со една ваква актерска екипа недозволива е грешка, а од тоа што го видов речиси се беше совршено. За глумата на Хит Леџер немам зборови. Не дека е умрен па сеа да го фалам и да беше жив ќе го имав истото мислење. На моменти ме потсеќаше на Тим Рот но сепак речиси совршено оригинален, мислам дека ќе се согласите дека Џокер подобро изгледаше дури и од времето кога Џек Николсон го глумеше. Благо сум разочаран од Кристијан Бејл, во некои сцени кога глуми Брус Вејн, мислам дека вакви улоги на самоуверен моќник не му лежат многу, не дека е лош, тој е многу добар речиси одличен (ретко кој може да го изигра перфектно тоа), но лично јас повеќе уживав додека го гледав во Машинистот. Уште ако ги споменам Арон Екхарт, Меги Гиленхал и двете живи легенди Мајкл Кејн и Морган Фримен јасно е каква може да биде глумата.
Ако јас се прашувам, оскарот немаше да оди кај детето од Мумбаи, туку кај чуварот на Готам.
оценка 9.5/10
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
Вуди Ален, ѕвер над ѕверојте!!!

Ух, одамна не сум пишал рецензија, а сум изгледал во месец декември негде околу 20тина филма, некои јаки, некои ептен слаби што сум ги начекал... ама како и да е, во некој друг пост за некој друг филм, овде ќе пишувам за нешто сосем трето, а тоа е најновото РЕМЕК ДЕЛО на Вуди (кој друг ако не Вуди?).
Whatever works (2009)
Овој како филм морам да напоменам е навидум едноставен ама всушност кога би размислиле подобро филмот има многу длабока суштина и содржина и кој те остава да мислиш на него и по подолго време. Јас го гледав пред две недели и уште се потсеќам и анализирам цитати. Значи, филмот изобилува со неверојатни цитати. Всушност претставува една иронија на современите љубовни врски и ја отсликува љубовта на еден многу интересен начин.
Филмов многу потсеќа на еден претходен на Вуди (барем мене многу ме потсеќа на него), а тоа беше A Midsummer night's sex comedy од 1982.

Сигурно ќе го обожава филмов оној кој го сака Вуди Ален и оној кој сака поинтелигентен хумор. Сега не знам... секој си има различна смисла за хумор, ама ова е нешто преинтелигентно.
Вуди знае да си игра со зборови, со дијалози, и значи мора нон-стоп да се пратат тие дијалози кои се движат низ целиот филм и на секој дијалог ако сакаш и да кликниш пауза за да го анализираш дијалогот.

Многу, многу интелигентно филмчиште и едно од најдобрите за 2009та година. Препорака за сите кои сакаат интелигентни комедии и јака доза на хумор и сатира.
Од мене 10/10. Ретко кога давам десетки!
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988


Филмов една урнобесна комедија. :pos2: Има една банда која е наречена Банда со секири, и тие се главни, убиваат, крадат односно све е нивно. Но кога ќе дојдат во еден сиромашен крај, во кој кој од кој е побудала ќе сфатат дека таму има вистински кунг-фу мастери. Поради тоа ќе викаат врвни убијци за да ги убијат кунг-фу мастерите. Но повторно не им успева, па од лудница ќе го ослободат најдобри кунг-фу борец на сите времиња. Но, тогаш се појавува еден противник кој е доволно добар да му се спротистави.

Интересен филм, одлична комедија. Моја оценка 8/10. :smir:



Витиер се запишува на факултет. Таму со нејзината другарка Моника влегуваат во факултетскиот тим на навивачки. Но со секој тренинг се повеќе ја замразуваат главната водителка Тина и се откажуваат и основаат своја група. После организираат настап меѓу двете групи за студентите да одлучат која група ќе оди на државниот натпревар.

Добар филм, моја оценка 6.7/10
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Веројатно да покажат дека Бугарија е семоќна и ќе ја завземе Русија :vozbud:

а пер, нели помисли дека не зборувале бугарски туку руски пошто во русија се?
Не бе брат, бугарски зборат...Не сум до толку неписмен знам каков е бугарскиот јазик...:toe::smir:

Еве дел од филмот, ( почетокот ) слушај внимателно од 05:50 до 08:00

 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
The Time Traveler's Wife.



Филмот излезе дека е љубовна драма, јас повеќе очекував фантастика нешто ама тоа ти е.
Сите што сакаат драми добар е....
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
It's Complicated

Романтична комедија со Мерил Стрип, Алек Болдвин и Стив Мартин. Дефинитивно ја препорачувам, има содржина, смешна е, но не завршува холивудски.
Мерил Стрип ја толкува улогата на позната готвачка која живее сама после разводот со својот сопруг (А. Болдвин) кој веќе се гледа со друга помлада девојка. Но, не за долго.
Не сакам да откривам многу. Лесен филм за гледање, убава комедија. Оцена: 8 само поради некои предвидливи моменти.

 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
The Wounds - Rane



Првпат да бидам имресиониран толку од српски филм. Дејството се одвива во Србија од 1991-95 година. Две деца под водство на криминалецот Куре ќе станат најголеми дилери. Ќе убиваат, крадат и се останато. Ептен ме бендиса филмов, само што на крај не ми се допадна што
и двајцата ќе умрат
. Кој не го гледал филмов обавезно да го гледа.

Моја оценка 9/10. :wink:
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
Dorian Gray (2009)
Очекував многу повеќе од филмов,можам слободно да кажам дека а порно а филмов да се глеа,исто ти се фаќа.Како и да е,не ми се свиѓаше,али ако ви се губи време,може и да го погледнете.Финтава у филмов е,има еден фраер и све ќе ебе пред него,позади него,дијагонално,и од многу ебење сам себе убијал.Оценка 4/10.
 
Член од
6 декември 2009
Мислења
235
Поени од реакции
18
Fight Club

По трет пат.. Што да правам кога го обожавам филмов...:toe:
Рецензија мислам дека не мора да пишувам, и тие што не го гледале најверојатно знаат за што се работи..
Али сепак ставив трејлер, да не ме кара некој модератор:pipi:



Рецензија мислам дека не мора да пишувам... мораш, мораш...
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.642
Поени од реакции
34.057
Dorian Gray (2009)
Очекував многу повеќе од филмов,можам слободно да кажам дека а порно а филмов да се глеа,исто ти се фаќа.Како и да е,не ми се свиѓаше,али ако ви се губи време,може и да го погледнете.Финтава у филмов е,има еден фраер и све ќе ебе пред него,позади него,дијагонално,и од многу ебење сам себе убијал.Оценка 4/10.
:vozbud:

Да не си гледал sample или слично?
Незнам, ама како ја рецензираше приказната.. спуштам капа!
Изгледај го пак, без вртење до ебање делот.

Финтава у филмов е,има еден фраер и све ќе ебе пред него,позади него,дијагонално,и од многу ебење сам себе убијал
Jaка финта!
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245


За мене големо разочарување. Можеби филм како филм е доста квалитетен, феноменална глума, но она што ме разочара беше приказната која во повеќето моменти одеше во досадна и непотребна насока. Да, филмот можеби и требаше да изгледа перфектно со сите тие дијалози на луѓе кои ја зборуваат само вистината, но навистина имаше доста непотребни моменти. За посебно ќе го земам моментот, кога Марк им раскажуваше на глупиот прикажан народ како правел муабет со Бог и тој му кажал како ќе изгледал задгробниот живот.

Како што рече членот кој го предложи филмот пред некој ден, филм како филм да не му бараш замерки е одлично направен, но поради тоа што јас се задлабочив и ѕирнав повеќе, тотално не ми се допадна. Му давам 6/10 само поради феноменалната глума, добрата приказна која не беше воопшто квалитетно разработена.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444


За мене големо разочарување. Можеби филм како филм е доста квалитетен, феноменална глума, но она што ме разочара беше приказната која во повеќето моменти одеше во досадна и непотребна насока. Да, филмот можеби и требаше да изгледа перфектно со сите тие дијалози на луѓе кои ја зборуваат само вистината, но навистина имаше доста непотребни моменти. За посебно ќе го земам моментот, кога Марк им раскажуваше на глупиот прикажан народ како правел муабет со Бог и тој му кажал како ќе изгледал задгробниот живот.

Како што рече членот кој го предложи филмот пред некој ден, филм како филм да не му бараш замерки е одлично направен, но поради тоа што јас се задлабочив и ѕирнав повеќе, тотално не ми се допадна. Му давам 6/10 само поради феноменалната глума, добрата приказна која не беше воопшто квалитетно разработена.
Не си се задлабочил. „Муабетот со Бог и глупиот народ“, „Непотребната насока“ е алегорија на религијата, тоа е најдлабокиот дел од филмот. Проблемот е што овде авторот се р'чка со многу чувствителна тема и многу религиозни луѓе го нападнаа филмов и го оцрнуваат само заради тоа. Сепак, има и критики на ИМДБ кои велат: јас сум религиозен а филмов е закон!

Во секој случај, му симнувам капа на авторот за тоа што не сакал да и лиже г'з на публиката и си ги претставил работите онака како што се неговите убедувања. Секогаш имам респект за тие луѓе, без разлика во што веруваат. Можел да си тргне во сосема друга насока што викаш, и сите да бидат хепи.

Од постот јасно се гледа што не ти се допаднало во филмот, и тоа е очекувано. Јас се трудам кога гледам филмови кои носат некаква порака, да не дозволам моите лични убедувања да ми сметаат во уживањето. :smir:
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
:vozbud:
Да не си гледал sample или слично?
Незнам, ама како ја рецензираше приказната.. спуштам капа!
Изгледај го пак, без вртење до ебање делот.
Не бе нема шанса втор пут да го глеам,има еден се вика Pact with the devil,доста стар филм е истата прича за Доријан Греј е,ама има поквалитетна содржина
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Wot, и јас го гледав Dorian Gray (2009), не ми се допадна. Ми се допадна приказната, која е стара и во модифицирани верзии сме ја виделе и сме ја читале... но мислам дека она е приказна за холивудски филм, а не за британска протукција. На англичаните треба да им се забранио да прават било какви приказни од Викторијанската ера, затоа што автентично прикажуваат колку бил досаден овој ужасен период на островот. Видовме многу превртување по кревети, многу празни дијалози, премногу доцна во филмот Дориан ја запознава својата вистинска љубов, т.е. романсата трае само кратко... Знам дека е некоја адаптација на роман и незнам ништо за романот, ама ова ми изгледаше многу неуверливо, како еден куп британски ТВ филмови што ги пуштаа на МТВ на времето... 5/10 ако веќе морам да го оценам.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.894
Поени од реакции
6.965
Филмот кој долго време ми стоеше в компјутер и ми зафаќаше доста место со своите 1,4 GB конечно ја здогледа светлината на мојот LCD монитор. Станува збор за :



Фантастична екранизација на вистинската приказна за Вилијам Валас, народниот херој на Шкотите. Во филмот се прикажува борбата на Шкотите за независност од Англија во 13-от век, каде Валас е предводникот на бунтот, а во негова улога се најдува никој друг туку Мел Гибсон. Епски филм со многу крвави битки, херојства и сл. Дополнително позитивно е што сето тоа е според вистинска приказна (како кај нас “Република во пламен“ со Никола Карев и останатите), а не како Госоподар на прстените (сето измислица). Ова е вистинското нешто!

Моја оценка 9/10.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom