Triangle (2009)
Со сигурност најдобра хорор/мистерија која сум ја гледал оваа година. Филмот навистина ми остави впечаток.
Џес е самохрана мајка која има ментално-ретардирано дете. Еден ден го остава во школо и оди на јахта со пријателите, но видно вознемирена, од нешто... Подоцна, јахтата наидува на силно невреме и се превртува. Патниците преживуваат бидејќи трупот од јахтата свртен наопаку останува над водата. Откако невремето ќе се расчисти, доаѓа огромен патнички брод, очигледно напуштен...
Е, тука мислев дека ќе е истото ср*** како и секогаш. Некакви чудни фрикови ќе почнат да ги јадат патниците и то... Дури се мислев да го исклучам филмот. Но, продолжението од филмот страшно ме изненади. За среќа, поради тоа што, се што би кажал би било спојлер, нема да пишувам ништо повеќе за содржината. И ви препорачувам и вас да не читате, на ИМДБ или било каде, зошто тоа ќе ви го упропасти филмот. Мистерија како мистерија, најдобро е ништо да не знаете.
Филмот е инаку за оние кои сакаат да им работи мозокот додека гледаат, значи не е хорор од типот што повеќе крв - тоа подобро, туку повеќе е психолошки трилер. Исто така, филмот е многу динамичен, времето ќе ви летне одма.
8/10, сакам вакви филмови.