Последен гледан филм со кратка рецензија

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223


Во текот, и по завршувањето на Втората Светска Војна, како протагонисти на Студената војна почнуваат да се раѓаат разузнавачките агенции. Во нив се регуртирани млади интелектуалци од различни сфери - поверливи луѓе, со чисто минато и иднина која ни самите не можат да си ја замислат. Еден од нив е Едвард Вилсон (Мет Дејмон) - почнувајќи како студент по поезија, во разузнавачките и шпионски лавиринти ќе навлезе како во жива песок... притоа жртвувајќи се себеси, својата жена и син, својата љубовница...

Два и пол часа квалитетна трилер-драма. Добра актерска постава, солидна глума, ретко добро обработена тема. Иако IMDB дава само 6.9/10, јас би го оценил филмов со јака 8/10.
 
Член од
26 јули 2009
Мислења
424
Поени од реакции
179
ROLE MODELS



Просечен филм, би дала оцена 5/10. Двајца незрели пријатели запаѓаат во проблеми и им се заканува затвор или влез во програма каде ке бидат пријатели со некое дете кое не добива доволно внимание од родителите. Едното дете е занесено по вештери, магии и живее во измислен свет каде се бори на едно поле или што и да е со други како него, се облекуваат како витези, имаат и земји и се на крај ке си оформат и своја земја, а другото дете не може да престане да пцуе и да се прави мал мангуп...и може да претпоставите каде води ова, вештерот кој не зборувал со девојка во животот си наоѓа женска која го убива во играта за да биде кралица, а малиотја сваќа вредноста на почитувањето...бла бла бла...се знае што ке се случи на крај уште во 20-тата минута

GET SMART



Разочарувачки филм напорен за гледање, а најмалку од се е смешениако е замислен како комедија. Како и секогаш Стив Карел е идиот, вработен како аналитичар со желба да стане таен агент и очекувано сите го гледаат со потсмев "многу" смешно. По еден напад во агенцијата во која работи и убиствата на повеќе агенти, се отвора можност и за него да стане агент, партнер на Ен Хатавеј која пак замислете направила пластична операција за промена на ликот кога била откриена како таен агент, "ептен " смешно, нема што. Цел филм потоа е напорен обид Стив Карел да биде смешен и сериозен, најверојатно карактеристика што сакаат да му ја наметнат, демек сериозно смешен е, во сите филмови е таков, ама за мене човеков е wanna be Џим Кери и Лесли Нилсен ама нема С од смешен, а моментот кога зборува на телефон вграден во чевелот треба да биде кулминација на филмот, демек "смешен" и романтичен момент до кој можно е да заспиете ако не сте го изгаснале веќе. На крај откако скокнав 40 минути ке се вљубат и готово...не вреди за гледање, 1:40-тина минути изгубено време. Оцена 2/10 заради напорот да го снимат. И не знам што бара ваква екипа Ен Хатавеј, Двејн Џонсон, Алан Аркин, Маси Ока во ваков очаен филм типичен за Карел кој btw го расипа и продолжението на Bruce Almighty

и конечно нешто добро што гледав

NATIONAL TREASURE (прв и втор дел)



Нешто слично на Индијана Џонс, интересно, во првиот дел ја крадат Декларацијата на независност на која има невидлива мапа со богатство, а во вториот Кејџ сака да го исчисти семејното име кога негов пра дедо е обвинет за убиство на еден американски претседател и пак наоѓа богатство. Се на се, забавно, а негативно е што знаат се и за секунда толкуваат симболи и веднаш се на следнта трага ама пак ке речам интересно за гледање и оцена 9/10

 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
[URL=http://img208.imageshack.us/i/theguardian.jpg/][/URL]

The Guardian

По смртта на најдобриот другар и колега во една од спасувачките мисии Ben Randall (Kevin Costner) ќе биде означен како тренер на новата генерација на U.S. Coast Guard. Во својот клас Бен, кој е најдобар пливач и спасувач во неговата класа, ќе го запознае Jake Fisher (Ashton Kutcher), за кого граници не постојат. Помеѓу овие двајца постои една многу интерсна емоцијална врска која ги тера работата да им биде најголемата љубов. На крајот си заплакав како на секој филм :icon_razz...
Малце е чудно тоа што Аshton е во акција, ама сепак супер се снаоѓа:pipi:.

8/10

Ештон уште пред овој филм се има покажано, во Butterfly Effect. Е сега, филмов повеќето не ни го разбираат толку, бидејќи неговата публика беа пред се фан-ки на тинејџ ѕвездата Ештон.
Или пак хејтери на Костнер. :)

Дефинитивно е добар филм кој опишува еден живот, оној на спасувачите. Затоа е и тука ликот на Костнер.
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Donnie Darko



Се двоумев дали да го симнам овој филм, некако ми стоеше премногу детски ама на крајот излезе нешто сосем друго?
После многу глупави филмови кои ги изгледав овој навистина ме остави без зборови, интересно направена сторија за еден тинејџер кој има свој пријател кој е облечен во зајачки костим и се вика Френк, еден ден Френк ќе му рече дека се ближи крајот на светот и остануваат уште 28 дена, 6 часа, 42 минути и 12 секунди. Една ноќ Дарко се буди и започнува разговоро со Френк, ја напушта куќата и така ќе го преживее падот на авионскиот мотор во неговата соба...
Сакате уште? Е нема, ќе го погледате филмот бидејќи од овој момент започнува и дејството во овој филм кој сигурно нема да ве остави рамнодушни...
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Angus,Thongs and Perfect Snogging



Во последно време Англиската кинематографија е многу подобра од Американската, овој филм е од Англиското говорно подрачје и помина кај мене, класичниот Англиски хумор е доста добар :) а филмот ја има следната приказна:
Тинејџерки на кои им се отвараат сите погледи кон светот а и кон љубовта се заљубуваат во најубавите типци у маало и започнува невозможната мисија за типците да бидат нивни.
Има неколку навистина интересни ситуации а една од нив беше сцената во грмушките кога Џорџија падна со типот што не го сака а имаше облечени гаќи од времето на баба и :pos: :pos: :pos: :pos:
Тинејџерките сакаа да не изгледаат како да се дојдени од Вулгарија земјата на вулгарноста, гледајте и смејте се а вие тинејџерки учете како да освоите машко во 8 потези :back:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.629
Поени од реакции
59.543
Темава е "Последен гледан филм со кратка рецензија", а не "Цитати од филмови" и "Линкови до филмови што треба да излезат"... Двата последни поста се избришани.

Continue...
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Crush And Burn



Овој филм ме остави без зборови, не дека е толку добар туку од што е глуп со грозна глума :nesvest:, не сакам да тресна некоја зелена и затоа сум без зборови!
Доколку немате што да работите, ептен умирате од досада тогаш гледајте го ова совршено акционо дело :nenene:.
Стар крадец на коли се враќа во неговото старо маало, почнува пак да краде коли ама се закачува со другата мафија, влегува во игра и трет мафијаш... Главниот глумец нема фаца да глуми типче и заведувач, нема фаца за крадец а ниту па за добар возач, глупа акција како да е снимена со камера од времето на браќата Манаки, со еден збор, don't try this at home! :vozbud:
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181

HALF PAST DEAD
Тоа па тоа типот е нешо мафиојозо работе за еден BIG BOSS и го фака ФБИ и после оти он е нели ногу разбијач фби го зима на тајна задача у затвор(потчно ново изграден Алкатраз) и таму се сретнува со старио си партнер со кој ги фанаа заедно и гледајте оти ако продужам да пишувам се ке ви кажам не ме бива за рецензии . :toe::toe:
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Driven To Kill



Класичен филм од типот на брат му што му ја скршија кичмата па тој се навежба и му ја скрши кичмата на оној што на братот му ја скрши кичмата...
Steven Seagal ака Ruslan Drachev игра руски мафијаш во мирување, живее мирен живот се до денот кога ќе добие покана за свадба на ќерка му, ќе оди на свадбата и кога треба да почне свадбената цеременија започнува заплетот, а штом има заплет има и акција и кршење коски :tapp:. Тоа е на кратко најосновното од овој филм, оние кои се љубители на аикидото и другите боречки вештини нека го прегледаат и ова филмче кое патем го има со Македонски превод на нашиот тракер.
 

Sally

Paranoid android
Член од
22 август 2008
Мислења
1.279
Поени од реакции
170
Red Eye
На почетокот за филмов имав сосема поинаква претстава. Ми го препорачаа како просечен трилер и јас ќе го оценам слично така поради предвидливиот крај. Типичен крај за еден амерички трилер:toe:.
Глумецот [Cillian Murphy] на почетокот ми беше симпатичен, ама откако се покажа дека е
негативец
ми стана премногу одбивен, а обично сакам негативци. Морам да признам дека прилично јака сцена ми беше кога
Lisa му го забоде моливот на Jackson во душникот :icon_lol:
Немам некои посебни пофалби, нити посебни забелешки. Погоден за релаксација. 6.5,7/10
Тhe Departed
Ха. Филмов трае 2 часа и 50 минути, а се’ до 90та минута од прилика, повеќе работи не се разјаснети. Прилично напнат, суров филм. За разлика од Red Eye, овај имат неочекуван и непредвидлив крај.
Billy Costigan [Leonardo DiCaprio] загина [ко по обичај] на многу глуп начин:uplav:. И патем, не очекував дека Dignam [Mark Wahlberg] на крајот ќе го убие Colin [Matt Damon] за да ги одмазди своите колеги.
Oдличен трилер, одлична глума и одличен избор на глумци! 10/10
Con Air
Сум го гледала и порано филмов. И овде исто така морам да потенцирам дека имат одличен избор на глумци.
Не знам колку пати U.S. Marshal Vince Larkin [John Cusack] одбегна да не го соберит авион :pos:. И малку ми беше глупо то шо на почетокот кога го задеваа Cameron Poe [Nicolas Cage], едниот од нив претепан од Cameron загина од нигде никаде. И вака-така, тој не беше сосема крив за да заминит в затвор.
8/10
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181

HALS PAST DEAD 2
Значи погоре пишува за 1 дел е у вторио дел ми се допадна една ногу јака ствар а тоа е тоа шо не продужува со главните ликови од 1 дел уопште ги нема продужува со една споредна личност од 1 дел и за мене барем тоа ми даде причина повеке да го гледам значи рецензија нема да пишам Just watch дел по дел поинтересно е....:smir::smir:
 
D

drle

Гостин


Кога прочитав дека главна улога има Расел Кроу моите предвидувања беа дека се работи за одличен филм. Тоа што го предвиодов се оствари, одличен трилер со големо изненадување на крајот (кое ме остави без зборови), добра екипа глумци која заслужува да се погледне. После долг период некој филм да добие 10 -ка оценка според мене.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.629
Поени од реакции
59.543
Ајде и јас за State of Play (2009) , го изгледав завчера ама не ми остана време да пишам. Не е ова реплика некоја или навлегување во дискусија со вас двајца погоре (бидејќи моето мислење се разликува), само така се погоди случајно во исто време да пишеме за филмов. Веројатно е актуелен во моментов сега излезе на добра снимка.

Значи, нема да го критикувам премногу, само ќе кажам во кратки црти: филмот како филм не е така лош. Прв проблем за мене е што имам изгледано појма немам колку вакви филмови кои одат по иста линија, па беше толку предвидливо што боли:

1.некој ќе го загуби животот
2.изгледа како несреќа или самоубиство ама јасно ви е дека не е
3.се појавува мотив за смртта на човекот зад кој стои некоја мулти-компанија
4.клопчето се одмотува и се оди во една насока
5.мал пресврт на крајот колку да е возбудливо

До крај се е предвидливо, ако на крај оној (пишувам оној за да не оставам спојлери) си свирнеше куршум во немоќ, ќе беше тотално клише.

Настрана предвидливоста и тоа што ми здосадија ваквите филмови, втора голема забелешка во овој филм ми е актерската екипа, поточно поделбата на улогите. Мислам, Бен Афлек Конгресмен, алооо :tapp:. А Расел Кроу новинар и цимер од колеџ (врсници а? :pos2:). Кроу изгледаше 20 години постар во филмот. И покрај тоа што глумата на Расел Кроу е секогаш добра према одлична, а и Рејчел МекАдамс не е лоша, кој ги стави овие двајца како филмски пар? Златна малина, канта, можат да им лупнат сега. (Нема ништо романтично меѓу нив ама сепак, нема никаква хемија нити поврзаност). Цел филм ме мачеше помислата дека да беше Афлек Новинарот, а Кроу Конгресменот, ќе личеше на нешто...

И на крај, професионалец кој е сосема присебен, смирен и ефикасен во текот на целиот филм, на крај се претвора во изгубен случај... пак да не оставам спојлери...

Не можев да не му ги забележам маните на филмов, иако сепак може да се изгледа онака, се трпи.

6/10
од мене.

После тоа седнав да го гледам The Informers (2009), со надеж дека ќе видам некое филмче лесно за гледање кое малку ќе ме извади од разочарувањето од предходниот.

Шипки. The Informers е невидена катастрофа, немој сте се излажале да губите време со него. Од целиот филм кој ваљда сакал да ни ги прикаже 80-тите, ги погодиле само кореографијата и фризурите. Дури и музиката е полоша. Дури ни сексот и голотијата која ја има во несразмерни количини не помага да му дадам 2-ка на овој филм. Најинтересно е што чекате да почне нешто да се случува, има како неколку приказни, кои би требало да почнат да се развидаат и да се решат со некаков крај... и тогаш филмот завршува! :pos2: Не ми се веруваше кога видов одјавна шпица... :pos2:
Кец, 1, статива, за овој нефилм...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Street Fighter: The Legend of Chun-Li 2009.


Филм според старата добра флиперска игра, ама фалат некои карактери си имаат оставено простор за нареден дел. Добри ефекти одлично прикажани, особено карактеристични за карактерите исто како во играта. Подпросечна стереотипна приказна ама добар филм вреди да се гледа.
 

Jordan Rudess

Tonight's the night.
Член од
3 декември 2008
Мислења
412
Поени од реакции
53
Green Street Hooligans

Ова е еден од најдобрите филмови што сум го гледал во последно време. Главната улога е на Elijah Wood. Откако го бркаат од Харвард, се преселува во Бирмингем кај сестра му и таму се здружува со група навивачи на тимот West Ham United и за првпат застанува цврсто животот . Многу реална со тоа што навистина се случува посебно на англиските терени, и надвор од нив меѓу навивачите!!! Филмот се испреплетува со многу насилство, многу крв, тепачки и излив на должност и емоции...
Едноставно треба да се погледне..
10/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom