Последен гледан филм со кратка рецензија

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
District9(2009)



Значи, филмов е ништо од класичното холивудско сај-фај срање. Филмов е перверзија во позитивна смисла. Одлична мешавина на еден вид документарец и напната научна фантастика. Овај новиов режисер(Neill Blomkamp) се снашол повеќе од успешно. Вметнал непознати глумци, а го дотерал филмов до перфекција. Специјалните ефекти ВЛАДЕАТ, како прскаја кутриве земјани, закон еј!:)
Филм кој го оценувам со десетка, ги исполни секои мои очекувања и уште многу над нив. Браво.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.504
Поени од реакции
58.905
Ајде еден филм кој го гледав пред некој ден, додека не сум заборавил да напишам:

Judgment Night (1993)



OK, значи акција, од оние старите, вистински акции. Нема трте-мрте: добри момци, лоши момци, брканица до смрт.

Четворица другари одат на бокс меч, но доцнат поради гужва на автопатот. Во обид да најдат shortcut, заглавуваат во она што америте го викаат bad neighborhood, каде с'нце не угревјат, а камо ли па полицаец да видиш. Ако сте гледале треш филмови со банди од 80'тите, знаете на што мислам. Макар што овој не е таков.

Енивеј, дечкиве налетуваат во многу погрешен крај, на многу погрешен човек.

Актерската екипа одлична, Emilio Estevez, Cuba Gooding Jr. , Stephen Dorff, и за мене неповторливиот Denis Leary (кој го гледал The Ref (1994), резервно име Hostile Hostages, знае...)

Ми фалат ваквите акции, со едноставно сценарио и одлични актери. Секогаш ги ставам пред денешните акции, со комплицирано сценарио, и лоши актери компензирани со сценски ефекти.

7/10
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181

NEVER BACK DOWN
Интересен филм за гледање особено тие шо уживат у боречки вештини значи има ногу акција ама без пушки,пиштоли.ракети и слично само голи раци.Едното типче од лево на сликата е природно надарен за fight и се селе у друг град каде шо има јака конкуренција и запага у тешки гомна како и секогаш нели заради некоја си фуфа ама на таа фуфа дечкото(фотос десно) е фајтер у крв и организират се street fights и се тапат ко магариња цел филм. Исто да напоменам дека нигеро у филмо е светла точка беше ми некако ногу ок кој иначе у филмо глуме како тренер на главната улога и така гледајте го не е лош ама нем да очекувате бог знае шо.Моја оцена 7/10
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245


И после долго очекување конечно го изгледав овој филм. Морам да напоменам дека и покрај одличната реализација и одличната актерска екипа предводена со Хвинет Палтроу како девојката од богатото семејство, Виола, а воедно во филмов како споредна улога се појавува и глумецот Бен Афлек, малце ме разочара. Мислев дека во филмот преовладува љубовна приказна за двајца заљубени кои немаат врска со некоја од трагедиите на Шекспир, но всушност целава приказна била за тоа како е настаната и инспирирана приказната за Ромео и Јулија. Но, Ромео и Јулија се најде тек во средината од филмот кога всушност приказната за најпрвен измислената комедија не отиде во друга насока и се направи трагедија во која двајца умираат (не умираат овие во филмов) да најавам и дека не завршува со таков sad end :pipi:.

Сепак интересно дело, но сепак кога ќе видам дека со него за Оскар се борел и италијанскиот филм La Vita e Bella, мислам дека оваа награда е малце незаслужена :wink::

7.5/10
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Heaven



Англиско-италијански филм режиран од познатиот Германец Том Тиквер. Лично мене многу ми се допадна, трае стандард час и половина, главната улога е на Кејт Бланшет. Во приказната Кејт Бланшет се обидува да убие бизнисмен криминалец, меѓутоа нејзината поставена бомба не завршува на вистинското место и по грешка загинуваат невини луѓе, а таа завршува во затвор. Во текот на испитувањата, еден од италијанските офицери кој го преведува нејзиното интервју со властите смислува план како да и помогне да ја извлече од затвор и да ја изврши својата цел. Италијанската полиција им го следи секој потег.

Inglorious Bastards




Англиско-француско-германски филм на Квентин Тарантино. Направен е во вестерн стил, главната улога е на Бред Бит. Многу слична приказна на таа од филмот Валкирите со Том Круз. И во овој филм се прават две завери да се изврши атентат врз клучни политички Наци водачи меѓу кои и Хитлер. Едната завера е од тие the Bastards - американски војници и од Французинка сопственичка на кино. Местото на злосторството е во киното кадешто се собрани политичарите. Иако Германците на време реагираат, сепак на крајот доаѓа до експлозија во киното. Според мене филмот трае предолго 2 часа и половина. Многу има развлечено на неинтересни дијалози и на моменти ми беше монотон. Има акција, не се препорачува за деца поради убиствата и колежите. И е е поделен на 5 подглавја. Не е изгубено време ако го погледнете.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.504
Поени од реакции
58.905
Alien Trespass (2009)



Филмот не е феноменален ама затоа идејата му е феноменална и ме воодушеви!

Дали сте гледале стари Sci-Fi класици од 50-тите? На пример, The Day the Earth Stood Still (1951), Invasion of the Body Snatchers (1956) итн...

Е, ова е вистински „ретро-филм“, комплетно ист како филм од 50-тите, само во модерна колор верзија. Буквално се е исто: сценските ефекти се исти, вонземјаните се исти и смешни, музиката во позадина е иста, автомобилите, луѓето, кореографијата, гардеробата, фризурите, глумата... дури и хуморот е ист! Комплетен филм од 50-тите, автентичен 100% на класиците, само светнат со убава боја и слика.

Приказната е едноставна, како и со останатите филмови од тоа време: летечка чинија се урива на земјата во мало запуштено гратче. Патникот е вселенски шериф, кој е дојден во лов на вселенски чудовишта кои се дојдени да го збришат човештвото...

Приказната и не е битна. Ако сакате да погледнете класика од 50-тите, овој филм од 2009 е еден од подобрите :). Ќе можете да видите како би изгледал филмот во 50-тите со денешната опрема.

Ако не ги сакате Sci-fi класиците, тогаш подобро прескокнете го зошто веројатно ќе го мразите. Филмот не е за секого.

Мене идејата ми се допадна многу и ми беше забавно да го гледам. Му давам 7.5/10 за тоа што е, а ако го оценував за она што имал намера да биде: филм од 50-тите, тогаш заслужува чиста 10-ка.

P.S. Дури и трејлерот му е 50's:



Нема да ме чуди ако овој филм придонесе да започне нов тренд: наместо досегашните римејк и prequal филмови, да почнат да се прават вакви, ретро филмови од различни жанрови. Би било cool!
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
VANTAGE POINT

Мммм најс најс многу добар филм акција ама не Џемс Бонд него нешто тотално ново барем за мене.Филмо е за атентат на америчкио претседател и ногу јако у филмо е шо целио филм се одвива у пола саат време и нон стоп се вракат у секвенци од филмо тмн ке дојде до некоја сцена заплет па се врака се од почеток сеа вака звуче ногу збркано ама е најс.Иначе како шо кажа атентат и то ако кажам било шо повеке ке биде спојлер така да....Моја оцена 9/10
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157


Огромно разочарување.Во принцип сакам хорор филмови и покрај фактот што после тоа сум смртно преплашена но ова..не знам точно во која категорија да го дефинирам.
Работава со филмот е ај правиме хорор имаме пари и сл...
Премногу предвидлив до самиот крај...
Оцена: 5/10

П.С.Осеќам дека од овој филм ќе има многу сцени за следниот Scary movie
 
S

smart ass

Гостин



маестрално дело кое ја отсликува реалноста инаку е воен филм станува збор за руски трупи пратени во 88 во авганистан секако и привилегиите на одредени лица се претставени(нивните деца да не одат)

блек хок даун е само научна фантастика ко стар варс овој филм стана еден од најгледаните во азија а и во сад котира добро

би го оценил 10-ка
 
Член од
20 јули 2009
Мислења
41
Поени од реакции
6


Се работи за брачен пар, којшто губи дете и решава да посвои. Посвојуваат 9-10 годишно девојче што изгледа супер на прв поглед, но по нркор време ќе почнат свашта да се случуваат по дома. На крај испаѓа нешто сосема друго, што многу ми се допадна :) Вреди да се погледне. Жанр: драма, хорор, мистерија
 

Rock Girl

Liber, libertas!
Член од
11 август 2007
Мислења
500
Поени од реакции
28


Конечно седнав да го гледам "Requiem for a Dream" и можам да кажам дека е најпрекрасниот и најзастрашувачкиот филм што сум го гледала до сега! Филмот е ремек дело, секоја чест на режисерот ( Darren Aronofsky), а исто така и на актерите, одлична глума! Се работи за 4ца луѓе кои запаѓаат или веќе се во канџите на дрогата и како всушност со нејзино користење полека си ги уништуваат животите (многу јасно). Жанр: драма.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Love In The Time Of Cholera.



Не знаев филмов дека е правен спрема славен роман сега го видов тоа на трејлерот.Инаку маестрална глума на Хавиер Бардем и докажува човекот дека го бива и за романтични улоги. Целата приказна се врти околу него и неговата животна љубов, долга епска приказна...
Најјака сцена ми е кога ќе го силува една жена ликот кој што го толкува Хавиер Бардем, ќе го повлечи од палубата на бродот во нејзината соба и ќе се качи на дрво (секс поза).
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
BANGKOK DANGEROUS

Филмо ич не ми се бендиса симна го по препорака од претходни постови ама ногу досаден другари аууууууу.Николас Кејџ е добар како и секогаш и јес дека на него му лежат и акции ама овај некако шо знам...Дејството е у Банкок он е платен убиец и наога еден момак за да му помага и станува негов учител и заедно цел време она ова и на последното убиство ке се зезне нешо работата и гледајте друго у принцип и тоа е тоа нема нешто посебно да се каже.Моја оцена 4/10
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.406
Поени од реакции
6.541


Вчера видов дека го има на мрежа и со оглед дека беше добра снимка решив да го гледам!
времетраење - 1.27
жанр- комедија
оценка-8
Краток вовед-Џон Лишитски е бивш затвореник кој излегува од затвор, во краткото навраќање низ неговиот живот дознаваме дека пресвртна точка во неговиот живот е судијата Бидерман кој неколку пати го осудува да лежи во затвор.Токму поради ова Џон се решава да му врати со иста мера на судијата но дознава дека тој починал.За среќа судијата имал син и Џон сака своето искуство од затворот да му го пренесе нему, како подобро ако не и самиот да го напика таму.
омилена сцена-
 

Kajgana Shop

На врв Bottom