17 again
Очекував да биди многу јака комедија, со оглед на тоа што глуми еден од моите поомилени глумци Matthew Perry, ама ми се виде онака просечно лесно филмче.
Се работи за Мајк, кој што назад во тинејџерските години бил популарен кошаркар во неговото училиште, меѓутоа се одлучува за домаќински живот со неговата девојка. По години подоцна, тој жали за неговата одлука, и има можност да се врати назад во тинејџерските години.. Оценка, 7/10.
А walk in the clouds
Интересна приказна за љубовта помеѓу Пол и Викторија, која што се раѓа неочекувано. Викторија, израсната во патријархално семејство, со мошне строг татко, останува трудна од нејзин професор со кој имала афера, и на пат за дома го среќава Пол. Тој и`предлага интересна понуда..
Оценка 8/10
American Dreamz
Дали стварно е глупав филмов, дали се работи за личен вкус, не знам..
Не знам како Хју Грант ја прифатил улогата за ваков одвратен филм.
Имено, се работи за шоу од типот на Idol, која што ја води Мартин Твид, и ќе направи се` што е потребно за неговото шоу да биде популарно..
На шоуто се пријавува Сели (Mandy Moore), и заедно со момче од Ирак и еден Евреин стануваат финалисти.. Тука е вклучен и претседателот на Америка, кој е претставен како нешто најглупаво на цел свет.
Глупости на квадрат, не ви препорачувам да го гледате. 1/10.
Eight Below
Прекрасен филм!
Можеби кај мене влијаеше тоа што обожавам животни, и затоа имам толку убав впечаток, не знам.
Во текот на цел филм плачев, на секоја можна сцена.
Филмот е според вистински настан. Џери, заедно со неговата екипа е принуден да ја напушти базата на Антарктикот поради огромната снежна бура меѓутоа мора да ги остави своите кучиња поради тоа што нема доволно место во авионот, и решава да се врати по нив. Меѓутоа, снежната бура засилува и нема можност да се стигне до таму.. Кучињата се препуштени сами на себе цели 6 месеци.. Оценка, 10/10.
Se7en
Верувам дека 80% од вас го имаат гледано, па нема потреба да кажувам рецензија.
Ми се допадна многу, можам да речам еден од најубавите филмови што ги имам гледано, иако мразам филмови со многу крвишта и такви гадни сцени. Оценка 10/10.