Последен гледан филм со кратка рецензија

Lucy in The Sky

A girl with kaleidoscope eyes
Член од
8 март 2009
Мислења
304
Поени од реакции
34
Never been kissed



Интересно филмче. Се работи за репортерка на која ќе и биде дадена задача да напише приказна од средношколскиот живот и ќе и биде дадена шанса да се врати во средношколските денови од животот.
Ми се допадна многу делот кога се опишува како изгледа вистинскиот бакнеж.

That thing, that moment, when you kiss someone and everything around becomes hazy and the only thing in focus is you and this person and you realize that that person is the only person that you're supposed to kiss for the rest of your life, and for one moment you get this amazing gift and you want to laugh and you want to cry because you feel so lucky that you found it and so scared that that it will go away all at the same time.
 

Sally

Paranoid android
Член од
22 август 2008
Мислења
1.279
Поени од реакции
170
Cruel Intentions



Според насловов мислев дека филмов е некој сериозен трилер или акција. Но добро, интересен филм во главно, само што очекував
посреќен крај.
. Имаше некои пропусти мали, на пример како
дечкото од Анет не се појави никогаш и никогаш не се покажа дека раскинале.
Се’ на се’, би го оценала со 7/10.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Како си го промашила Cruel Intentions? :)

Филмот е тинејџ современа верзија на Dangerous Liaisons (1988), култен филм со Џон Малкович, кој се случува во друго време и со повозрасни ликови, инаку е ист.

Од Cruel Intentions има и 2 и 3 дел. Вториот е prequel и е најлош од сите, а третиот е ОК. Со оглед на жанрот и карактерот, филмовите си се одлични, за расположение и забава.
 
Член од
16 август 2007
Мислења
1.934
Поени од реакции
1.680
Joy Ride & Joy Ride : Dead Ahed
Многу добар Трилер/Хорор филм. 2 та дела са одлични
Ми се свиѓа тоа што во филмов негативецот останува жив во 2 та дела ... Малце за смена не е интересно све еден човек да ги потепа сите (како во другите акција филмови)
КОЈ НЕ ГО ГЛЕДАЛ ОБАВЕЗНО ДА ГО ГЛЕДА :)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Мemento.

The whole backwards shit e стварно збунувачки, но токму тоа ве тера да се впуштите во филмот и да пробате да разберете за што всушност се работи, да не се чуствувате како залудно фрлени часипол. Добар филм. 7/10.

Requem for a dream.

Поучен филм, што може дрогата да направи на билокој. Паралелно оди со неколку случаи. Има многу ups and downs, но никогаш не излегуваш среќен кога во случајот е инволвирана дрогата. 6/10. Добри препораки Џимеј. :smir:

Blindness.

Спонтана епидемија на слепило. Цел град ослепува, на почетокот еден, па уште неколку кои ги ставаат под карантин. Освен една жена која се прави наводно дека е, за да биде со својот маж. Доволно реално доловено какви животни можеме да бидеме. 8/10
 

Mainframe

Mr.Goodkat
Член од
14 јануари 2008
Мислења
336
Поени од реакции
30
Филмска вечер и утро:

Fight Club
Мислев дека филмот се врти нешто во врска со боречки вештини и нелегални борби или слично ама излезе нешто сосем трето а воедно и многу подобро. Одличен филм, оние како мене кои не го гледале да го гледат обавезно :smir:

V for Vendetta
Иако се разработува тематика која многупати досега е разработена успешно и неуспешно (еден херој истапува против лошото општествено уредување бла бла) сепак филмот ми остави позитивен впечаток. Многу ми се допадна главниот протагонист со неговиот карактер.

Fun with Dick and Jane
Просечна америчка комедија која го вклучува и Џим Кери. И двајцата остануваат без работа и очајот ги тера на криминал. Филмот како целина не ми остави некој посебен впечаток.

The Prestige
Како љубител на мистерии и трилери можам слободно да кажам дека овој е еден од најдобрите што ми се гледани досега. Прикизната се држи во неизвесност до самиот крај, има некаква напнатост низ целиот филм и само чекаш да се разврзе целата работа. Се опишува ривалството меѓу двајца магионичари и крајностите до кои се спремни да одат за да се докаже кој е подобриот. Препорака за гледање од мене
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Nosferatu, eine Symphonie des Grauens

Морам најпрво да изјавам дека филмов го гледав под влијание на Џимеј, кој ми го препорача. Филмов е од 1922, со слика од 2-3 бои (не црно бела :icon_lol:) и нема звук. Нормално, од 1922, но како што ми кажа Џимеј, подобар хорор е од некои хорори денес што ги прават. Прво кога го пуштив филмов, кучето почна да лае и ја разбуди цела населба :pos:, ама покасно си се среди и звукот како што треба. Се работи за еден вампир во филмов, грофот Орлок, кој станува опседнат со една жена, Елен Хатер. Да не ставам спојлери, кој сака нека го гледа :) Не е до толку крш.


Identity

Ви ги гледав рецензиите на повеќемина и се одлучив да го гледам филмов. Од толку што беше интересен не ме остави да отидам да си земам сок, буквално се задлабочив во филмот. Лесен филм за гледање, помалку со елементи на Фајнл Дестинејшн, еден по еден умираат, но последните 15 минути од филмов се навистина тешки. Ќе го гледам уште еднаш за да пробам да го сфатам некако крајот, како и поентата со клучевите кои се наоѓаа на местото на убиството.
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181

I LOVE YOU MAN

Интересно филмче типот од лево има скоро совршен живот значи вере се со една типка иде му работа ама како и секогаш нели нешто мора да фале а у неговио случај тоа е пријател. Цел живот не е имал другар и секогаш е бил само у женско друштво и почнува да му смета и е у потрага по пријател има доста интересни сцени шо значи дека филмо и не е толку лош како шо изгледа.Оцена 7/10:pipi::pipi:
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Dragonball Evolution

Просечно филмче доколку никогаш не сте го гледале серијалот; ужасно филмче доколку сте го гледале серијалот; не го гледајте воопшто ако сте фрикови по серијалот. За неадаптибилноста со серијалот не ја коментирам... За оние кои го немаат гледано сценариото ќе останат со подзинати усти поради глупавиот начин на прикажување и брзоплетото рипање од сцена на сцена. Кратка борба на крајот, ужасно неинтересна. Чути што траеше сат и 15 минути (WTF) па не потрошив многу време на него (да не го сметаме потерувањето што го праев на 2-3минути)

2.5/10
 

SANCTIMONIOUS

Мејд Ин Мацедониа
Член од
21 март 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
9
The Wrestler

Супер филмче, се збори за издигнувањата и падовите на професионален кечер РАМ ЏАМ.
Оценка 9, на imdb има цели 8,3


A Beautiful Mind



Уште еден од подобрите филмови што ги имам гледано со Расел Кроу кој бавно ама славно станува еден од омилените мои глумци. Имено тој е математичар кој не ги сака многу луѓето се додека не се појави една девојка во неговиот живот. Базиран на вистинска приказна.
оценка од мене 9, на Imdb 7,9

Gladiator


Го знаете филмот, го гледав по 323 пат и би го гледал уште толку!
Оценка моја 10, на idmb 8,3
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
The Notebook


Ќе го чекав уште филмов од *Bawbiie* колку што Фантом дочека од џимеј еден филм:)
Конечно да го изгледам после толку месеци:) Филмов ме воодушеви во секоја смисла.
Во принцип мразам романтични филмови,ама за се има исклучок. Прекрасен филм,со многу трогателни сцени на моменти.
Филмот започнува така што еден старец и чита книга на една стара жена која го изгубила сеќавањето. Приказната што и ја чита е всушност приказната за нив двајцата,се со надеж дека старата жена(Али) ќе се сети на него.
Се работи за тоа како една летна романса може да премине во голема љубов. Ное или Нои(или како и да беше)потекнува од сиромашно семејство,живее само со неговиот тактко
кој ќе умре,но ќе му го купи ранчот за кој Нои(или Ное) имал голема желба да изгради куќа.
,за разлика од Али која потекнува од богато семејство.
Нејзините родители ќе се обидат да ја отргнат од него, но после многу години случајно Али ќе забележи негова слика во весник. Кога ќе отиде на неговиот ранч повторно ќе се пробуди страста која ја имаја и после многу бла бла случки ќе успеат да бидат повторно заедно.
Завршува со смрт на двајцата во болницата во која што се сместени
]И повторно и повторно неможам да се одвикнам да не плачам на филмови.

И еден цитат што ми се допадна.
Noah:
Summer romances begin for all kinds of reasons, but when all is said and done, they have one thing in common. They're shooting stars, a spectacular moment of light in the heavens, fleeting glimpse of eternity, and in a flash they're gone.
 

СрбоЛегенда

Сами против свих
Член од
24 декември 2008
Мислења
2.694
Поени од реакции
123
Ние сме од иднината (Back in time на англиски)



Нетачен филм во кој 4 другари Борман,Череп,Чуха и Спирит работат како продавачи на предмети од втората светска војна (медалји,униформи итн).Проколнати од една баба тие ненадејно завршуваат во 1942 година на прва фронтова линија и се приморани да се борат на страната на Црвената Армија против германците.
Во средина на екот на војната тие се обидуваат и успеваат да ја поништат клетвата со тоа што го наоѓаат предметот на роднината на бабата што ги проколна и успеваат да се вратат во своето време.
 
B

Blacks

Гостин
Chocolat



Прекрасен филм кој покажува колку може да влијае една личност во една строго конзервативна средина со помош на едноставното магично дејство на чоколадото.

Еден од тие филмови кои мора да се гледат...
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
NATIONAL TREASURE - book of secrets

После првиот дел кој беше одличен овај вторио е по одличен ногу ме бендисаа и 2 дела .Значи у вторио дел почнува со атентато на Линколн и книгата која била изгорена а во неа биле запишани тајните и мапата за скриенио град и они наогат неколку остатоци од книгата и знаете едно воде кон друго и почнуват со потрага ама како и секогаш има еден зли момак кој ги коче и има доста акција динамика баајги интересно филмче.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Detroit Rock City

Интересен филм,како и шо очекував. Случајно и (tnx god)конечно на ТВ да најдам филм од почеток да гледам.Накратко,се работи за 4 тинејџери големи фанови на KISS. E сеа KISS ќе имаат концерт во Детроит, децава имаат карти,но мајката на едното дете(џоа многу побожна жена)ќе ги изгори картите од бла бла дрогаши и такви ми ти ствари причини. После тоа ќе западнат во многу неволји,
но ќе успеат за на крај да одат на коцертот на KISS.
Интересно филмче во секој случај.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom