Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
potpolno se soglasuvam za ova...po preporaka na nekoj od tuka go spustiv ali ne vredese.
Зашто ми кршите вака филмови...

Го имам и него и Watchmen, сега сум во тешка дилема дали да ги гледам.
Не ми се фрлаат 2.30 саати од денот.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Зашто ми кршите вака филмови...

Го имам и него и Watchmen, сега сум во тешка дилема дали да ги гледам.
Не ми се фрлаат 2.30 саати од денот.
Не ги гледај, штеди време :)

Watchmen ти е од оние „или-ги-сакаш-или-ги-мразиш“ филмови.
Jasse James ти е од оние што едноставно, само ги мразиш.
 

MileJebo

Complete
Член од
7 декември 2008
Мислења
231
Поени од реакции
41
Тапа :tapp:
Го земав заради Бред Пит па си реков штом е тој во филмот не може да е многу лошо... ме уби досада...
Глеј филмот е досаден да можеби, не за друго туку што претерано долго трае, и е некако монотоно претставен, но ако ти си очекувал нешо пукање, плчкање, акција, ова она, (како во претходните делови) нормално е да се разочараш. Ама ако малце се фокусураш и пробаш да навлезеш и анализираш малце како идеализирањето(љубовта) преминува во завист, како омразата е константа со љубомората, и како егоистичната желба за афирмација води до анималноста која е перфектно преставена преку кукавицата Форд. На моменти те тера малце да размислиш за она pure evil што е во човекот и неговата манифестација во реалноста.
Глеј пред се зависи пристапот, со какви мотиви се впушташ во филмот и што очекуваш, а ова ти е психолошки филм а тие верувај знаат да бидат и тоа како досадно ако преферираш друг тип на филм.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
А бе ништо не очекував од филмот појма немав за него, а обично без очекувања е најлесно да ти се допадне филм. Знаев само дека Бред Пит е во него и дека има кул наслов. И сакам психолошки филмови, не е ни тоа. Едноставно, ништо нема во овој филм што ми се допадна. Ни содржината, ни начинот на кој е замислен и изведен...

ОК, не пишувам повеќе за ова, може некој сака да го изгледа да не му расипувам...
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Изледав неколку филмови деновиве, па ај да напишам збор-два за нив. Ќе почнам со комедијата:

The Hangover(2009)

Една од подобрите комедии во последниве 2-3 години. Ми се допадна замислата и сценариово на филмов. Хуморот би ви се допаднал, сигурен сум. Има сцени кој ме паѓаа од смеење, особено тие со кинезот.:)))
8/10.


Тhe Machinist(2004)


Не очекував ништо помалце од филм со Кристијан Бејл. Трилер-драма баш на место, не е ептен нешто интригантна или претешка за сфаќање, ама држи во неизвесност до последен момент. Дефинитивно препорачувам. 8/10.

The Usual Suspects(1994)


Е ова е филмиште и пол! Кевин Спејси во најдобро издание. Му лежат вакви улоги, ептен ме потсети на улогата шо ја играше во Se7en. Сепак, крајот е еден од најлегендарните во филмската индустрија, мислам на темата беше спомнат, па морав да го гледам.:) Сценарио 10, Cast 10... абе све 10. Ептен ме бендиса.

Memento(2000)

Ептен испревртен филм... мислам специфично за еден психолошки трилер, ама очекував поинаков и малце понапнат завршеток. Цело време ги поврзував работиве, и во еден момент го предвидев крајот, ама сакав да бидам зезнат.:) Под очекувањата ми беше искрено. Сепак личен вкус е. 7 од мене.
 
Ј

јовица11

Гостин


THE ACCIDENTAL HUSBAND

Одлична комедија, ја препорачувам секому. Жена психолог која верува во вистинската љубов ќе доживее искра ненадејно пред денот на венчавката. Ема (Ума Турман) ќе се најде пред животна дилема, кога ќе се најде помеѓу две страсти, онаа на нејзиниот свршеник и онаа ненадејната од страна на Патрик (Хавиер Барден), пожарникар од Квинс кој случајно ќе влета во нејзиниот живот. :pipi::pipi:
 
Член од
2 април 2009
Мислења
1.405
Поени од реакции
177


Не видов на претходните страни дали беше истакнат филмов,ама еве...

If Only.

Не сум многу по филмовите,но вчера по долго инсистирање на другарка ми решив да го изгледам.Незнам како да го раскажам на кратко,едноставно треба да се гледа.Мене лично премногу ми се допадна,емоциите на крајот ме совладаа па пуштив и понекоја солза ама ок беше.:)
Моја оценка дефинитивно 10/10,воопшто не жалам за времето кое што го поминав глеајќи го филмов,напротив би го повторила сето тоа.


 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
Angels & Demons (2009)

Или мене вкусов ми се расипал, или стварно филмов не чинит. Мислам, мене не ми се допадна ни Кодот на Да Винчи. Знам ќе почнете да кажувате дека книгите се подобри, ама јас не сум ги прочитал, а Кодот на Да Винчи не ни сакам да ја прочитам.
Филмот го гледав пред неколку години, и многу ми беше жал што го гледав. Кодот на Да Винчи е едно големо срање од филм. Многу од оние што се по науката и не веруваат во Господ го сакаат, нормално. Исто ќе го сакаат и Ангели и Демони.
Јас не ги сакам ни двата филма. Го гледав овој само да видам зошто има толку многу јаки пофалби филмов. Сега сите ќе речат - книгата е стопати подобра, филмов е нула спрема книгата, ама кој ја ебит книгата. Нема ни да ја прочитам, има уште мал милион книги со подобра тематика од оваа. Не го сакам ни Ден Браун, да, поради неговите сфаќања.

Сега се мислам дали го сакам и Том Хенкс. Кај беше онај глумец кој правеше вистински класици, Форест Гамп, Аполо 13, Фати ме ако можеш, итн итн...
Во овие два филма класа глумец како Хенкс не требало ни да глуми. Мислам... Не знам ни зошто ги прифатил овие две улоги. Во Ангели и Демони нема глума. И добро заприметив дека сите ликови се ептен вештачки, нема ништо што може да допре до гледачот. Секако некој не се слага со ова, ама мене ништо не ме фасцинира од ова.
Ни глумата, ни ефектите, ни трилерот и мистеријата во филмот, ништо!

Да не должам многу, јас не го препорачувам филмов. Во моментов можам да набројам минимум 100 подобри трилер мистерии од овој.
Јас ќе му дадам оцена 3/10 и препорака да не го гледате.
Земете ги Flags of our fathers и Letters from Iwo Jima. Чисто ги дадов за пример ради што вчера ги гледав двата еден по друг, овој првиов по втор пат, вториов таман го најдов. Е тоа е магијата на филмот, да те остави замислен подолго време. Овој Ангели и Демони... sucks:)
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
The Taking of Pelham 1 2 3 (2009)



Сабајле чим го видов насловот и актерите, без двоумење го симнав филмот. Со пун ќеф си го пуштив и сепак останав со просечна оценка. Се работи за грабеж на воз во New York, "терористите" држат заложници при што од градоначалникот бараат 10 милиони долари кеш за рок од еден час. Дензел е диспечер при станицата за возови, Џон е главниот откај лошите батки. Ништо посебно.

Дензел на омотот неверојатно ми личи на Морган Фримен.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Gotti.



Ова ви е филм правен за еден од најславните мафијашки босови (Џон Готи), улога која што ја толкува извондредниот Арманд Асанте. Филм за Коза Ностра, нивните правила и прекршувањето на истите. Да не го раскажувам кој сака мафијашки филмови да го гледа затоа што ликот кој го толкува Асанте едноставно блеска со својата темнина...
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Valkyrie



Филмот е од Втората Светска Војна и се работи за последниот неуспешен атентат (15 по ред) извршен врз Хитлер. Том Круз ја игра улогата на полковникот Claus von Stauffenberg кој е всушност е и атентаторот. Филмот е интересен со самото тоа што во него се гледа со каков елан и желба е спреман целиот атентат и превземањето на власта по атентатот од страна на прогресивните сили кои не се сложуваел со политиката на Хитлер..
 

DarthMakedon

Македонец
Член од
20 април 2008
Мислења
1.915
Поени од реакции
167
последниве 2 дена гледам продолженија:

Transformers: Revenge of the Fallen (2009)



па продолжување на борбата, многу акција и пукотници, предвидлив крај, но сепак интересен филм

Harry Potter 6 Half Blood Prince (2009)



па 6 дел добар беше, просечен али овде крајот не го очекував онаков да биде
некако се помалку ја имам возбудата за секој нов филм Хари Потер некако како да сум заситен од нив
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.776
Поени од реакции
49.611

DeathRace -Во принцип на филм кога ќе дојде на ред сцена со брканици со коли или го гасам или се молам да завршат побрзо во добар случај, ама овој интересен ми се виде. Два дена како ми е гледан уште памтам понешто. Покрај тоа што плитката приказна за qr не ја бива филмов ми е солиден не знам зашто. 8/10


Bruno.
Ништо посебно, ни пола од Борат ни третина од Али Џи. Башка многу грди сцени за мој вкус, сеа има по некоја гачка колку да не е без ич ама не тоа тоа, се' на се 6/10.
 

aneta:)

animal lover
Член од
3 јули 2007
Мислења
449
Поени од реакции
13


Интересно, романтично филмче за опуштање во овие топли и досадни денови.
Сандра Булок односно во филмот Маргарет ќе биде соочена со депортација назад во Канада, но за да не го изгуби своето работно место ќе изјави дека наводно е верена за својот помошник Ендру (Рајан Рејнолдс). Тој ќе ја прифати нејзината игра со што понатаму ќе има интересни случки.
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.341
Поени од реакции
2.235
School Of Rock

Добар филм, ме изненади, по постерот не очекував ного ама ме фати мерак и го симнав. Типот е луд, ја сака рок музиката и ја обожава, треба повеке филмови од типот на тој филм добар беше. Од обичен хор направи рок бенд (како на филм де), зема сите инструменти за рок и ги учеше во училницата. Сакаше да заработи пари али го избркаа од вистинскиот бенд што беше, и сега се преправаше дека е професорот Шнибли али не беше тој. На крај го дознават, но џабе веке кога се на фестивалот па одат сите родители таму се изненадуваат али што е заебано не ја земаа наградата се изненадив бидејки во тотално сите филмови главните ја зимат наградата а таму не ја земаа они ама беа фаворити на публиката. Шознам што да ви кажам друго. Би го препорачил да го гледат тие што ги интересире вакви филмови. Ке му дадам оцена 8/10. Барем за мене.
Ајт, Поздрав.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom