Последен гледан филм со кратка рецензија

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.364
Дејствието на филмот се одигрува негде кун крајот на осумдесетите години. Дони Браско (Џони Деп), детиште некое доаѓа во кафетеријаво, всушност мафијашко дувло во некое си Њујоршко предградие. Одма се уфрлува во кафетеријата, каде шо буквално продават нешто мадиња за бубрези:D, со шо уште од почеток го имресира Лефти Рагиери(Ал Пачино) oд Мулбери Стриит. Всушност Лефти има рак, синот негов е некој наркоман шо се мафтат по пристанишче:Dа и мафијашката кариера не му ојт баш од рака. Стекнува доберба во Дони и воспоставувват врска како учител и ученик. Всушност Дони (Џо Пистоне) е агент на фби кој работи на разбивање на мафијата, се додека времето не го погази и неговата двојна улога почнува да пропаѓа. Од една страна има проблеми ради што одсуствува од фамилијата, од друга страна се продлабочува врската со Лефти како татко и син, станува многу битен чоек во организацијата и нејзините активности и добар пријател со останати мафијаши, итн.
Филмов е базиран инспириран од книга, јас ја немам читано. Моја оценка 9/10.
 
Член од
8 јуни 2010
Мислења
106
Поени од реакции
261


http://www.imdb.com/title/tt1182345/?ref_=fn_al_tt_4

Сем Бел е астронаут на месечината кој работи за компанијата Лунар Индустрис и го надгледува ископувањето на 3-изотопниот хелиум, кој во иднината се користи како гориво. Друштво му прави високоинтелегентниот робот GERTY. Сем има договор на 3 години и му остануваат уште две недели, за конечно да си ги види жената и детето, кои повремено му праќаат пораки од земјата. Еден ден Сем излегува да поправи “жетварка“ на хелим и доживува несреќа. Се буди во базата, и забележува дека GERTY не го пушта да излезе надвор. Откако ќе успее да го измами, оди надвор наоѓа оштетен ровер и повреден човек во него, кој истотака е Сем( всушност втор Сем го наоѓа првиот кој претходно имаше несреќа)
Режисерско деби на синот на Дејвид Боуви, кој патем го режирал и Source Code, уште еден одличен филм. Улогата е напишана специјално за Сем Роквел, кој глуми фантастично, јас го знаев како глумец во комедии и сум пријатно изненаден. Филмот има освоено цел куп награди, и покрај малиот буџет и слабата промоција. Совршен спој на Sci-fi, мистерија, па дури и елементи на психолошки трилер. Оцена 10/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.770
Поени од реакции
36.692
En Chance Til / A Second Chance - Susanne Bier (2014)

Screenshot_1.png

Пред почетокот на овогодинешниот Cinedays решив да си направам мал private Cinadays дома. Еден од петте филмови од овогодинешната програма кои успеав да ги најдам на нет беше En Chance Til (A Second Chance), филм од кој имав огромни очекувања со оглед на тоа што режисер на филмот е Susanne Bier, жената која освои Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје за 2010 за одличната драма Haevnen (In a Better World). И морам да признаам дека не само што не ме разочара, туку дури и ги надмина моите очекувања.
En Chance Til е извонреден, трогателен трилер / драма за
болката при загубата на најмилото
, прекрасен емотивен приказ за родителството и различните „видови на родители“, преубава студија за моралот и (не)оправданоста при прекршувањето на моралните начела и уште многу нешта... На прво место би ја издвоил глумата во филмов - Џејми Ланистер (Nikolaj Coster-Waldau) е на висина на задачата и на неговите емоции почива голем дел од филмот, а изненадувачки добра беше и May Andersen - актерка која првпат ја среќавам, но чие име дефинитивно ќе го запаметам. Толку емотивен набој во филм одамна не сум видел. Susanne Bier уште еднаш покажува како се развиваат ликови (а не како fuckin' Сорентино за чии ликови I don't give a shit), како се прави атмосфера и како се гради приказна во филм. Не сакам многу да зборувам, за да не расипам нешто со некој спојлер, затоа - само топла препорака: кој сака добар европски филм, нека си земе 150 денари со себе, и правец - билетара на кино Милениум. А на 14.11.2015, во сабота, во 17:30 - за кога е закажана проекцијата на филмов, освен билетот, понесете си и марамчиња со себе!
Уште ми стои кнедла во грлово...
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Southpaw
images.jpg

Би рекол спортска драма/трилер, филм за боксер кој е во свој прајм, андиспјутед, најдобар во својата категорија, светски шампион, среќно семејство, пари и се' што ќе посака. Поради мала глупост, го погаѓа семејна трагедија по која следи еден огромен даунфол, губи се' што имал, буквално. После тежок период, решава да се врати на старите патеки.

Главната улога ја толкува Џејк Џиленхал, според мене маестрален глумец. Мене ми беше доста интересен фактот што прво оваа улога, уште во 2010та му била понудена на Маршал (Еминем), кој ја прифатил, но, пред да го потпише договорот се предомислил затоа што решил да се посвети на албумот кој го спремал во тоа време, Маршал Медрс ЛП2. Сепак Ем продолжува со соработката со тоа што неговите песни се „позајмени“ за филмот.
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Man Up 2015

Блајнд дејт, женската (34 год, очајна да запознае некого) лажно се претставува, од друга страна дечкото неоддамна разведен, си поминуват убаво... симпатично филмче, уште еден во низата добри филмови за тепање време со Сајмон Пег. 7/10 за филмот
музиката 10/10 :roker:
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
The 33

Фудбалерите на Чиле ова лето своето злато од Копа Америка на кое беа домаќини им го посветија токму на овие луѓе.
Во 2010 во пустината Атакама во Чиле, во рудникот Сан Хозе доаѓа до катастрофа каде 33 рудари остануваат заробени под земја на длабочина од 700 метри и температура од 38 степени. Во рудникот остануваат заробени 69 дена. Филм базиран според вистински настан нели.

Интересен филм, емотивен, нема што повеќе да се објаснува. Можда актерската екипа на чело со Марио Касас :icon_lol: нема да ви се свиѓа ама нема врска, не е тоа поентата.
Покрај него во главната улога, доле во рудникот се појавува и Антонио Бандерас.
Горе, во спасувачката екипа се Родриго Санторо (Раул Кастро од Че) и Габриел Брн (Китон од Вообичаено осомничените).
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.815
Поени од реакции
1.565
The Matador

Јако филмче комедија измешано со акција . Приказната Џулијан е професионален убиец кој на својот роденден ќе го запознае Дени кој е дојден за деловна бизнис трансакција. Кога Џулијан ќе разбере дека заради неговата работа нема ниту еден пријател ќе реши да се спријатели токму со Дени . Понатаму гледајте ги нивните авантури филмот е лудило 10/10.[DOUBLEPOST=1449441058][/DOUBLEPOST]Criminal Activities

Филмов го гледав заради актерската екипа и мора да кажам лошо сценарио правеле нешто недоправиле. Неколку другари се наоѓат на погребот на школси пријател и решават да вложат пари на берза еден од другарите ќе ги донесе сите пари , но по месец дена фирмата банкротира , а тие дознават дека нивниот другар позајмил пари од мафијата. За возврат Еди ( Џон Траволта) ќе побара да ќиднапираат еден човек за да го вратат долгот. Незнам можеби за да тепате време ама далеку од нешто спектакуларно 5/10.
 
Последно уредено:
Член од
23 август 2010
Мислења
39.418
Поени од реакции
114.007
No Escape


Еден од најлошите филмови што ги имам гледано во мојот живот. Многу се мислев дали да го гледам али ајде викам, неколку души ми го спомнаа па да го погледнам. Прво и основно Овен Вилсон е катастрофален избор за глумец во ваков филм. Второ, ужасна приказна, односно ужасно обработена приказна. Не е могуче 50-100 протестанти да заземат цела држава ебате, а ќорав полицаец или војник не видов во филмот.
Да бидам искрен филмот највеќе го симнав ради Пирс Броснан, викам ајде треба да е добар чим е со него, а уствари дали се на се 20 минути глуми во филмот. Аууууууууууу, немам одамна потрошено волку залудно време.

Од мене оценка 0. МРШ!
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Обично не глеам хорори ама овој некако ми се виде интересен.
Вестерн хорор филм, викам ај ќе го гледам, башка 2015, сега на тапет ми се овие новите филмови а пред да се зафатам со новите глеав баш вестерни и си викам ајде ќе го гледам.
Курт Расел во главната улога на локален шериф во еден град. Една вечер исчезнуваат двајца од полициската станица односно као што подоцна ќе дознаат уствари се киднапирани од некои локални канибали.
Шерифот, неговиот помошник, овој од Лост што беше кај Ио Соно на аватар му го забораив името и тој од Конџуринг хоророт :D тргнуваат во потера по овие киднапираниве.
Иначе глупо беше вестерн сценариото ама си викам ај може ќе го опраи крајното дело т.е средбата со канибалите (под претпоставка дека ќе начекам канибали од типот на Ханибал Лектор) ама јок, домородци, мутанти, пичке си материне. Што е најтрагично ни тие не беа нешто посебно страшни, пола сцена има кај што кинат еден човек на пола и тоа е тоа.
А, забораив да напоменам дека тој од Конџуринг е тешко повреден низ целиот филм односно неможе убаво да се движи со едната нога па му ја оперираат ногата у пустината и го оставаат коа ќе се освести да ги стигне... и знаеш на крај што ќе се деси коа ќе дојде овој. :icon_mrgr:
Мрш да ти ебам филмот, 2ка од мене.

__________________________________________________

Е ова ти е вистинска приказна, правена според книга на доктор Филип Зимбардо кој во 1971 година одбира 24 студенти за со нив да изврши експеримент на затвореници и чувари.
Нема што многу да се пишува тука, вреди да се погледне, тие што ги интересира психологија на човечко однесување. Како се однесуваат одредени луѓе кога ќе им се даде моќ и слично. Не е класичен затворенички филм пошто фактички и не е затвор тоа, него простории во Стенфорд психолошка институција, направена да личи како затвор каде ќе може да се изврши овој експеримент.
Добра трилер-драма според мене.

Гледам сеа има и еден германски филм Das Experiment од 2001ва година, правен според исто или слично сценарио како овој.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.470
Поени од реакции
87.273
Knock, Knock (2015)



Ми рекоа по темиве на овој подфорум да не го гледам филмов, ама ај за атер на Кијану Ривс (многу го поштувам човеков), решив да го ѕирнам... искрено не очекував нешто WOW да биде филмот, ама пичка му мајчина длабоко се разочарав (n)
Глумата беше катастрофална, дури и на Кијану, другите актери/ки ко од улица да ги земале и ги вметнале во филмот. Се на се катастрофа.

Приказната е дека Таткото (Ривс) ја испраќа својата фамилија на неделен одмор, додека овој останува дома се со цел да се фокусира на својата работа. Е сега во 1-30 по полноќ на врата му ѕвонат две девојки кои бараат засолниште од дождот додека да им дојде таксито...
Приказната имаше огромен потенцијал да биде нешто повеќе, ама ја усраа тотално. Изгледајте го ако сакате, но ќе бидете разочарани.... ама ај, важно имаше цицки во филмот :LOL:
Ееее Кијану на какви филмови спадна и ти... од BIll and Ted, преку Matrix па се до овој (n)

Оценка 2,5/10

Што би рекле Џонтра и Стефан.... МРШ!!!
 
B

beaverknight

Гостин
I origins (2014)


Интересно Sci-Fi филмче дефинитивно. Се работи за едно типче у свои средни двесети години, кое упознава една цура и се заљубува у нејзините очи, ама после обидот да има секс со неа она му киднува. Инаку он е молекуларен биолог кој ја проучува еволуцијата на очите заедно со својата лаб асистентка. После средбата со девојката, постојано е опседнат со нејзе и има желба повторно да ја сретне.
Еден од поинтересните Sci-Fi филмови што сум ги гледал у скоро време. Има одличен саундтрак, глумата е потполно на место и е емотивен.
8/10 :D

Песната што ми остави впечаток највеќе впечаток од целиот саундтрак.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.470
Поени од реакции
87.273



Првите три дела беа фантастични, и кога ги прочитав критиките за овој последниов филм, не ми даде душава да го изгледам... се до сега, после 7-8 години одкако е излезен, собрав сили да го изгледам последниов дел. Останав без зборови... :( Како можеле Лукас и Спилберг, тоа фантастично дуо толку да го усерат последниов дел? Како? Зошто? Мораше ли да се направи уште еден дел од овој серијал? Лоши ефекти, лоша содржина/приказна, абе незнам... Се што беше добро во последните три дела, успеаа во еден да го усерат. Мораше ли да внесат вонземјани во филмот? Толку ли немале идеја Спилберг и Лукас па да мораа баш вонземјани да има во филмот?
Катастрофа, па и Харисон Форд, толку ли не ја прочитал тоа скриптата пред да се согласи да го направи четвртиот дел?
Ако планирате да ја гледате оваа франшиза, мој предлог е да го прескокнете последниот дел... за ваше добро, да не останете разочарани.

Од мене филмов има едно мало и скапано 3-че... незнам како успеале Стивен и Џорџ со години искуство зад себе како режисери, толку многу да го уништат филмов, а богами и франшизата со последниов дел.... немам зборови

како што кажав 3/10

Ѓубриња :(

 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666

Shaun Of The Dead
Солиден филм со зомбијата како најочигледна тема. Има и подлабока тежина, опфаќа некои важни општествени и социјални проблеми поврзани со тоа кои сме, какви сме и во кој правец сме тргнати, ама тоа е направено на еден тотално ненапорен, прилично забавен начин и добро е да се изгледа. Ова ми е прв гледан филм со Сајмон Пег и Ник Фрост како главни протагонисти, па е пријатно изненадување.

Hot Fuzz
Уште еден добар филм. Лондонски супер цајкан е преместен во село и го уништува идиличниот и добро осмислен, испланиран живот на тамошното видно население, кое има само најдобри намери. Добра и веќе позната екипа, од Пег и Фрост, преку Валдер Фреј и д-р Вотсон, па до Тимоти Далтон и маскираната Кејт Бланшет. Убаво е понекогаш да се види како одредени глумци имаат доста споредни рољи, кои му даваат дополнителен зачин на филмот.



World's End

Пег и Фрост + горе-долу повеќето актери од претходните два филма. Пристојна приказна и филм. Како и претходните филмови, со доволно сатира, хумор и социјални теми кои не заморуваат. Како и да е, сите три се ОК и не е лошо да се изгледаат.
 
S

SpaceTraveler

Гостин
Shaolin 2011



Борба на Шаолин Манастир против алчната империја која сака да ја завземе цела Кина. Двајца браќа како империјалисти се борат за Кина и едниот се обидува да го убие другиот брат, но во обидот неговата мала ќерка загинува, па одлучува да стане монах во Шаолин Храм кој подоцна ќе биде уништен од страна на империјата, која на крајот ќе изгуби. Kung Fu action guys
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.815
Поени од реакции
1.565
Knock Knock

Разочаран сум од филмов замисла добра ама незнам кога приказната забега и стана очајна.
Иан останува сам дома кога на вратата ќе му затропаат две наврнати девојќи барајќи да искористат повик затоа што нивиниот телефон не работи заради дождот. Понатаму клише приказна за искушението наречено верност на мажот и добивањето на бесплатен секс. Крајот очаен ко цел филм 4/10.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom