Последен гледан филм со кратка рецензија

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.324
Поени од реакции
17.787
Never Let Me Go (2010)

Во суштина никогаш не гледам трејлери, пред да го изгледам филмот. А би ви препорачала и на вас.
Целата приказна е прикажана во тоа кратко видео, сфаќаш за што се работи, претпоставуваш како ќе заврши и зошто да го гледам понатаму филмот?
Филмот е неизвесен, не се открива целосната приказната. Дури и да стигнете до половина филм, може нема да ја сфатите поентата. Пополека се' се разврзува до крајот, се дознава суровата вистина. А во трејлерот се' е соџвакано и опишано, тоа што мене ми требаше саат ипол да го сфатам.
Неисе, после филмов не знам како се осеќам. Дефинитивно нестандардна приказна. На почетокот е претставена слика на сосем океј интернат, каде што децата се соодветно „третирани“, меѓутоа сосема изолирани од светот. Како што поминува времето, ја дознаваат вистината за нив, за нивниот живот после интернатот. И дека не можат да го променат тоа, сепак колку и да сакаат нешто да изменат, не е доволна само волјата и желбата. Кога едноставно „така е пишано“.
Не сакам ништо повеќе да откривам. Крајот остава без зборови.


 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.707
Поени од реакции
13.379
Уште еден хејт...
Comet (2014) во главна улога Justin Long и типката од The day after tomorrow.
Хаотичен, без врска wannabe хипстераја филм нешо као тип запознава цура некаде и сеа демек ај ќе праиме масовно ебење у мозок на рајава па ќе изиграаме мудреци со catchy quotes на љубовна база нели јер тоа денес највеќе задира у ганглии. Причам ти причу, некој хаотичен редослед, прво мава хајлајт коа се запознава типот со цурава, па после скака 6 години унапред, па пак назад, па пак напред.... А целата козистентност му е паралела на одредени моменти на нивниот љубавен живот. Башка типот толку ме курчеше, цело време yada yada yada уста не затвори, се праи бистар као демек треба да се однесуеш со цура, вааууу Вуди Ален дрн дрн јариња... 500 days of summer e бонбона од филмче за разлика од овој. Не знам шо кур му е на холивудов.....
И да.... на втората третина го прекинав демонстративно, прочитав синопсис и се згазив од смеење. :D
Според оноа што досега го пишав претпоставувате дека воопшто не го препорачувам...
 

ХулахопкиСоТочки

Out of step with the world
Член од
9 август 2014
Мислења
1.494
Поени од реакции
5.250
SICARIO (2015) - моментално во кино Милениум го даваат
Приказната е више сто пати преџвакана и прикажана и во серии и во филмови, кај се не.
Се работи за џандари и агенти кои веруваат во праведност на системот, протокол и следење на правила, by the book, а се соочени со сосема друга реалност.
Не ми остави некој посебен впечаток, ако ви студи и 2 саати немате што да праите, отидете во кино.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Еверест

Во принцип не сум љубител на оние „снимени по вистинска случка филмови“ ама морам да го одвојам. Искачување на неговото височество, Еверест, во 80тите години. Нема да ја тегнам туку ќе кажам дека кога ќе помислите дека дејствието е готово и доаѓа крајот.... :D

П.С. Го ставам во ранг на Captain Phillips и Lone Survivor.
 
Член од
22 август 2006
Мислења
497
Поени од реакции
1.000
SICARIO (2015) - моментално во кино Милениум го даваат
Приказната е више сто пати преџвакана и прикажана и во серии и во филмови, кај се не.
Се работи за џандари и агенти кои веруваат во праведност на системот, протокол и следење на правила, by the book, а се соочени со сосема друга реалност.
Не ми остави некој посебен впечаток, ако ви студи и 2 саати немате што да праите, отидете во кино.
Филмчето точно со клише приказна многу пати видена и раскажана, одличен директор на фотографија Роџер Дикинс. Исто ми се допадна и комплетен лик имаше Беницио Дел Торо, али голема дупка премногу плиток карактер на девојката, стварно немаше ништо зашто се бунтова, за што се бори, кој к... од што мака толку за праведноста незнам што. Немаме никакви информации за нејзина предисторија, за нејзиниот револт и сл. Да не заборавам музиката ми остави одличен впечаток. Јас случајно го гледав на Манаки, што и се изненадив зошто е филмот таму, али подоцна видов дека имал и номинација на Кан, чудна работа чисто холивудско срање... Одете сеа од 15ти Октомври во реновираната Кинотека и гледајте си на нов DCP проектор европски филмчиња или нешто ако начекате на 35ка и уживајте си во филмот.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.815
Поени од реакции
1.565
The Wedding Ringer


Па мислам редно беше да начекам понов филм и да кажам еј супер беше.
Даг треба да се жени и еднственот проблем му е што неможе да најде кум со сплет на околности го запознава Џими кој направил бизнис со луѓето како Даг па за пари глуми кум , пријател и се што ви е потребно. Проблемот е што Џими освен што треба да глуми дека е кум треба да најде и уште 9 луѓе кои ќе глумат пријател и на Даг т.е негови девери. Следете ја нивната авантура ми се допадна многу филмот посебно Kaley Cuoco. 8/10 Затоа што можеа да направат подобар крај.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.383
Поени од реакции
3.393
Do you believe?
Само што го изгледав.Се убив од плачење додуше мене монолози и дијалози во врска со животот смрта и љубовта ме убиваат.
Главната тема е за вербата во Господ,за православна религија,но случкиве се забележуваат секаде околу нас.Прашањата кои им се вртат на ликовите во глава ни се вртат и на нас.Настаниве на некого ќе му се видат многу блиски со нашиов живот.
Не мора да бидете некој религиозен фанатик за да го гледате а не значи дека неможе секој да го гледа.Мене добро ми дојде,ваква тематика на филм првпат гледам и ми се допадна.

12 човечки животи се испреплетуваат,12 различни приказни,1 патека која ќе ги спои сите нив заедно.
Мислев дека ќе го предвидам крајот но сепак не успеав.

Сепак ви препорачувам да го погледнете трејлеров па потоа одлучите дали ќе сакате да го гледате.
Повелете.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Битва за Севастополь


Филм кој е направен не со толку голем буџет но филм кој ветува премногу и секако ќе го исполни ветувањето кое ќе ви го даде преку гледањето на трејлерот.

Јас го гледав вчера овој филм и останав запрепастен колку само Руската и Украинската продукција може да направи филм ама светски филм. Филмот е направен под палка на Сергеј Мокрицкиј

Прво и многу важно е направен според вистински настан. Млада надежна душа од Украина која сака да заврши своите студии но неочекувано ќе и се смени текот на животот кога ќе замине во војска во 1941 за време на втората светка војна како Снајперист, инаку да запишано е дека има убиено 309 и неколку тенкови уништено со снајпер. Таа во текот на својата младост со само 22 години ќе биде наречена "Лејди См'рт" која фашистите се плашеле на војно поле. Тоа е накратко почетокот на историјата која ја има запишано Лјудмила Павличенко.

Кој е за драма полна со емоции и кој сака да дознае повеќе за Жената која го смени текот на историјата на СССР.


Од мене: 10/10
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.470
Поени од реакции
87.273
Ете така, конечно го изгледав и последниов дел од оваа франшиза. Првите впечатоци ми се онака, просечно негативни. Немав некои големи очекувања од филмов, ама она што најповеќе ме разочара во филмов е глумата, односно неповрзаноста на актерите.
Сигурно се сеќавате колку добро одиграа Линда Хамилтон и Мајкл Биен како Сара и Кајл Рис во првиот Терминатор од 1984 година... или пак Едвард Фарлонг и Шварци во вториот дел од 1991. Толку беа добро склопени ликовите во тие филмови што едноставно на посебен начин ги красеа тие два дела.... е во најновово продолжение нема да го видите тоа. Терминатор Џенисис ти е премногу брзо направен, без некаква идеа, со што повеќе CGI ефекти (како и сите понови филмови), така да одкако ќе го изгледате, немате чуство дека станува за антологиски филм како оние од пред 30 и кусур години.
Друго, Шварци ептен ме разочара... глумата му беше страшно лоша, како да не станува збор за Терминатор туку за обичен човек. Тој буквално изиграваше кловн во филмот, секоја втора реченица му беше заебанција упатена кон Сара Конор и Кајл Рис, никаква сериозност.
Башка интересен факт, ај ќе откријам еден спојлер што ме заинтригира

Во филмот приказната е дека Терминаторот дошол да ја чува Сара Конор уште како 9 годишно девојче... е сега при крајот на филмот има сцена кога сите тројца (Шварци, Сара и Кајл) се наоѓаат во хеликоптерот, и овој ја кажува легендарната фраза "ill be back"... и оваа останува вчудоневидена од тоа, демек никогаш ја немало слушнато таа реченица... :icon_mrgr: Seriously?!?!

Глумата на Џејсон и Емилија Кларк како Сара и Кајл истотака беше онака просечна, никаква поврзаност меѓу ликовите...
Нема што да додадам, освен уште да се осфрнам на сите делови одпочетoк, и да дадам некаква оценка за нив

Терминатор (1984) - Е пример како треба да изгледа еден добар SCI-FI филм... иако ефектита се катастрофални (нормално сепак е од 1984) сепак приказната е оргинална, а и глумата... Оценка 8/10

Терминатор 2 (1991) - Овој ти е веќе класика, приказна, ефекти, глума, го надмина предходниот дел... нема што да се додава 10/10

Терминатор 3 (2004) - Просечен, онака за тепање време, и тој е некако набрзина направен... 5,5/10

Терминатор Салвејшн (2009) - Овој го изгледав, и веќе наредниот ден го бев заборавил за што се работи... ете до толку беше добар 5/10

Терминатор Џенисис (2015) - Па ја видовте резензијата, се на се оценка 6/10
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Che 1 i 2



Вистинска приказна во два дела за Ернесто Гевара во изведба на Бенисио Дел Торо.
Нема многу што да се објаснува освен тоа што е веќе познато за тие што се запознаени со животот и делото на еден од најголемите револуционери и ликови на 20от век.
Одлична глума од Бенисио, 10 саати да траеше филмов, 10 саати ќе го гледав и слушав, одлично одглумено, а и ликот е доста погоден.
Истотака извонредна адаптација добива и ликот на Фидел Кастро во изведба на Демиан Бишир и неговиот брат Раул Кастро во изведба на Родриго Санторо.

Во првиот дел, младиот Че т.е во тој период само Ернесто Гевара де ла Серна, млад доктор од Аргентина се запознава со Фидел Кастро водач на една група која веќе започнува револуција наречена 26ти Јули, целната мисија е рушење на диктаторството на Фулгенсио Батиста. Че набрзо станува лидер на герилското движење во Кубанската револуција која завршува во 1959та година.

Вториот дел е 5-6 години после освојувањето на Куба, никој во државата не знае каде се наоѓа лидерот, амбасадорот, министерот и командантор на Куба, освен Фидел Кастро кој ја известува јавноста за наводна оставка на Гевара и заминување од Куба.
Но Че заминува за Боливија каде со помош од неколку кубанци и неколку доброволци од комунистичката партија на Боливија започнуваат подготовки за нова револуција по повод рушење на диктаторската Боливија и спроведување на социјалистички режим.

Истотака би го препорачал и Motorcycle diaries, филм напревен според дневникот на Гевара што го водел додека ја `возеле` Јужна Америка со моторот на неговиот пријател Алберто Гранадо во 50те години кога уште како тинејџер Че Гевара сфаќа што се случува во животот и светот на тогаш `затуцаната` Јужна Америка.
Интересна лабава авантура.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
A Short Film About Love (1988)



Краток филм за љубовта. Од Кисловски. Нема да ја должам многу, ќе пишам накратко оти знам да одолговлекувам па да ви го раскажам цел филм и милјон спојлери да има.

Имено, се работи за дечко, Томек кој има 19 години и работи како поштар, но е тешко опседнат со девојка од соседната зграда. Тој во својата соба има двоглед преку кој секоја ноќ ја следи девојката. Истиот дечко прави лажни известувања за девојката да оди во поштата, за да тој може да комуницира со истата, дури стана и млекар за да комуницира со неа.

Прави прејаки ствари Томек, ама прашањата од девојката до Томек кога тие се запознаваат се многу јаки.

Љубовта опишана во еден филм, во факинг 20 минути може да кажам. Прејак е филмов, брилијантна класика. Погледнете го, нема да зажалите. Саат ипол е :D
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.383
Поени од реакции
3.393
Max 2015
Доволно е само да кажам дека е посветен на сите кучиња кои биле и преживеале и кои биле и загинале во војни барајќи експлозиви или бранејќи ги тамошните војници.
Мислам дека ќе ви се допадне на сите а посебно на ние оние кои имаме по дома кучиња што знаат некогаш да не измалтретираат на убав начин :love:
forever a dog lover и :aplauz:за филмот
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.470
Поени од реакции
87.273
Oh Yeah!!! :ojeaa:

Со душа го чекав филмов, и искрено не ме разочара, за разлика од Терминаторот (n). Незнам од кај да почнам... содржината е дека на островот е отворен парк во кои можат луѓето со своите фамилии да бидат поблиску со влекачите. Отворени се секакви атракции за публиката, но малку кој знае дека токму таму е извршен експеримент во кој неколку вида на Диносауруси се споени во едно, и е создаден нов хибрид кој е многу поопасен и поголем од "обичниот" Т-Рекс...
Супер ефекти, солидна приказна, едноставно нема да зажалите ако го пуштите филмов

Врвот на филмот е на крајот кога од портата ќе го ослободат стариот Т-Рекс, оној легендарниот од првиот дел од 1993 година...
:ojeaa:


8,5/10 Ич не му ја мислете дали да го гледате филмов, пуштајте и уживајте(y)
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.611
Поени од реакции
7.737
Извонреден филм , иако ја имам читано книгата ова беше посебно доживување . Ова е трогателна приказна за страдањето во виорот на Втора светска војна , семјеството von Gotthard иако не ја поддржуваат нацистичката идеологија , сепак остануваат да живеат во Германија . Се започнува со смртта на сопругата на банкарот Walmar von Gotthard која не може да ја преброди смртта на својот љубовник Евреин кој е убиен од нацистичката полиција . Во наследство на својата ќерка Аријана ги остава прстенот кој се пренесува со генерации и едно уметничко дело на Реноар . Остатокот ќе го ставам во спојлер за тие што не ја прочитале книгата . Филмот изобилува со пресврти , игра на судбината , страдање и хуманост .
Семејството von Gotthard потпаѓа во неволја откако помага на свој пријател Максимилијан Томас да побегне од нацистите во Швајцарија , воедно не помирувајќи се со тоа дека единствениот син во семејството треба да се приклучи на нацистите после полнолетството планираат да побегнат во Швајцарија . Валмар успешно го пренесува својот син а на враќање е убиен од патролна единица која се сомнева дека е шпион со двојни документи . Неговата ќерка останува заробена во Берлин откако долгогодишната слугинка во семјството ги предава на нацистите . Од тогаш почнува нејзината голгота , љубовта со нацистички генерал кој ја спасува од затвор , очајноста поради тоа што нема информации за своите најблиски , а на крај и смртта на својот сопруг . Нејзиниот брат се вљубува во ќерка на француски трговец со уметнички дела се преселува во Париз таму поради тоа што Германците не се добредојдени , таткото на неговата сопруга го заведува под друго име Жерар Годар . Максимилијан Томас оди во Америка . Судбината си поигрува со нив тројца во обидот да се пронајдат . Аријана оди во Париз кај пријателката на мајката на својот сопруг која успева да и даде документи за еврејско потекло за да успее да емигрира во Америка , со надеж дека ќе ги пронајде најблиските . Како заштитник под своја закрила ја зема Пол Либман , лекар волонтер во Европа кој се грижи за емигрантите во бродот со кој патуваат во Њујорк . Тој се вљубува во неа , но не знае дека таа е Германка , таа е бремена од својот прв сопруг но не му кажува на Пол , иако семејството се спротивставува сепак на крај ја прифаќаат како негова сопруга . На крај се се разоткрива , иако љубовта на Пол е преголема сепак не може повеќе да живее со неа . Максимилијан е вработен во швајцарската амбасада во Америка и иако цело време трага по своите пријатели сепак промената на имињата создаваат проблем во нивно пронаоѓање , на крај тој го открива формуларот кој го пополнила Аријана со која го навела своето вистинско име и презиме , на својот татко и брат и. Максимилијан и Аријана конечно се наоѓаат , Макс е среќен што ја најде својата спасителка која несебично му помогна да побегне од нацистите и му го даде уметничкото дело на Реноар , оставено од нејзината мајка , да му помогне кога ќе има потреба од финансиски средства . Таа слика завршува кај таткото на сопругата на Герхард братот на Аријана во Париз . Иако прават последен обид да се вратат во Берлин да пронајдат нешто , Аријана со Макс , а Герхард со сопругата Жизел , нивната потрага завршува безуспешно иако во ист момент се наоѓаат во своето родно место . Приказната продолжува после 25 години , на дипломирањето на Тами , ќерката на Пол Либман првиот сопруг на Аријана и Ноел синот на Аријана . Тогаш за првпат после подолго време се среќаваат Аријана и Пол кој се шокирани што нивните деца се во љубовна врска . Пол и Аријана иако првично не ја дозволуваат оваа врска , сепак на крај се свесни дека не можат против љубовта и дека нивното минато не смее да биде пречка во љубовта на нивните деца . Тами и Ноел заминуваат на свадбено патување во Европа , а во Париз посетуваат една галерија на уметнички слики . Го забележуваат прекрасното дело на Реноар , а една млада девојка им објаснува дека тоа не е за продажба туку е наследство со огромна сентиментална вредност . Тами се поздравува со сопственикот на галеријата , тоа е Герхард , тој го забележува нејзиниот прстен на рака кој е подарок од Аријана . Дознава дека Аријана е жива , Ноел е нејзин син , конечно тој ја најде својата сестра и заедно со нив отпатува за Њујорк .
Крајот е стварно трогателен . :place:
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
The Man from U.N.C.L.E
The-Man-From-Uncle_website_1170x500px_01.png

Девојки Henry Cavill и Armie Hammer, а за момците Alicia Vikander на мени.
Нешто во стил на Џејмс Бонд филмовите, шпиуни, прикривање, сплетки, бркотница, поткрепени со убави саундтракови, олд тајмери (се работи за периодот од 60тите години).
Нормално имаат и одредени пропусти направено со брендови и правила кои во тој период не биле сеуште на сила, но нема ништо совршено.
Накратко толку, од мене 8/10.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom