- Член од
- 14 октомври 2010
- Мислења
- 5.146
- Поени од реакции
- 16.080
Girl, Interrupted (1999)
Пред некоја недела ме фати мерак за филмови пред новиов милениум, зашто ми се милион пати поарни од денешниве што излегуваат, па симнав доста. Во некои глуми Винона Рајдер, некни го гледав Mermaids, а прееска овој.
Рајдер овдека ја глуми депресивната и збунета Сузана, која откако ќе проба да изврши самоубиство е приморана да помине година во ментална институција. Таму има се и свашта буквално. Од цимерката која е патолошки лажго, па сексуално злоупотребувани девојки и социопати. Со тек на време се спријателува со нив, но тешко и е да си ги објасни мислите, а со тоа и да ја сфати нејзината болест, па постојано пишува во својот тефтер.
Сите имаме проблеми и поминуваме низ работи кои може да не полудат малце, но веројатно она вистинското лудило доаѓа од нашата неспособност да го контролираме. А и крај краева, што значи да си нормален? Никој не е скроз нормален или совршен.
После филмов дефинитивно ќе си го замарате мозочето со филозофски прашања и размислувања. Може и ќе добиете некое просветлување. Секако вреди да се гледа. Сите актерки одлично имаат одглумено, Џоли е преубава во филмов, а Рајдер е слатка ко секогаш.
10/10