Последен гледан филм со кратка рецензија

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.158
Поени од реакции
30.294
The age of Adaline



Времето на Адалина е филм за жена што е заглавена во својата 29та година скоро 8 децении, времето минува а таа не старее ни еден ден.
Очекував од филм со вакво сиже многу повеќе. Има потенцијал да разработи најтегобните работи за бесмртноста, какво е чувството да гледаш се како умира околу неа. Тоа што ме разочара е што тој дел само површно го допира.
Наместо тоа се концентрира на љубовна приказна. Всушност, тоа е и главната точка на филмот.
Наместо да ни прикажат зошто Адалина има тежок живот и се изолира од луѓе, имаме 30 минути експозиција и флешбек со нарација.
Претпоставувам дека за романтична драма ова оди чекор подалеку со фејк сајенс, ама едноставно ликот не е добро претставен и не ги гледам неговите вистински страдања за да сочуствувам со него.
Маркетиран е како потешка драма, а е всушност романтична приказна со необични околности.
Можеби поради тоа очекував повеќе и се чувствувам измамено.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Escape Plan



Прво, :pos:

второ, нека си бегаат Сталоне и Шварценегер во пензија додека им е време и ги памтиме по култните нивни филмови. Па и Вини Џонс, 50 Цент и Џим Кавизел ги викнале. Што беше ова бе? :facepalm:

Сакале да направат нешто демек трилер, па после акција, па се премислиле па вметнале некои емотивни хартбрејкинг елементи. Накратко, Сталоне поседува агенција за пронаоѓање на слабости во државните затвори во САД. Влегува во затвор како затвореник кој не го знае никого, со тек на време планира излез и на крај бега и на директорот на затворот му ги прикажува слабостите. Но, ќе биде најмен од CIA да ги испита слабостите на посебно дизајниран затвор на кој се потрошени многу средства и шансите за бегство се 0%.

Мислам, филмов е во ред за ако сакате да утепате досада и време на гадниве услови надвор и да седите под ќебе два часа со пуканките, костените, сокот, кафето... Ама има премногу нелогичности кои се граничат со sci - fi. Му доаѓа како надоградена и модерна верзија на бегство од Алкатраз само што двава филма се разлика поп и шеширџија. Објаснувањето зошто Бреслин (Сталоне) се најде во затворот е толку глупо што владава наша може да подзавиди со објаснувањата нивни кога ќе ја посерат негде. И друга работа што ја најдов премногу смешна е во спојлерот што следи.
Туку така успеа со докторот да се спријатели, таква институција со филтрирани вработени по емоции и дисциплина, докторов од едно гледање успеа да им се сожали :cuc:
Многу му е таа 6.8/10 оцена на IMDb. Јас би му дала 6 наместо 5 само поради мрачната и темна атмосфера која те држи во некаква мистерија и напнатост, затоа што обожавам такви филмови. Исто така хуморот на Шварци е на некое ниво во филмов. Генерално гледано, не очекувајте многу, нема да бидете разочарани.

Lucy



Луси (Скарлет Јохансон) ќе се најде од нигде никаде вмешана во шверц на најнова дрога на пазарот која е фабрички направен хормон кој го стимулира мајката за да се формираат сите коски на фетусот. Проблемот или предноста како и да е, е што дрогава го зголемува капацитетот на мозокот кој го користиме, од 10% до 100% искористеност. Морган Фримен е лауреат кој целиот живот се занимава со хипотези и теории како би се однесувале ние ако користиме од 11-100% од нашиот мозочен капацитет.

Многу ми се допадна паралелната приказна што одеше со дејството низ филмов - дивината и какви сличности има човекот во некои постапки, поготово при реактивно ниво на свест како кај човеколикиот мајмун. Глумата на Скарлет Јохансон е феноменална, Морган Фримен си е стандард, само да седи на тросед и да тресе глупости ќе биде јак, не па во филм. Она што ми пречеше во филмот е што некои делови премногу траат, можело да биде скратено но кој е по ефекти, визуализација, ќе ужива во овие моменти. Сепак морал филмот како така да добие на должина и ако ги избацеле овие работи ќе бил 45 минути :D Исто крајот ми беше малку глуп, во спојлерот е објаснувањето зошто мислам дека беше глуп.
Петнаесет минути завршува филмов и во USB се претвори бе :pos: :pos: :pos:
Режија на Лук Бесон, значи очекувајте и кршејнци, не мора да ви напоменам :D

На IMDb има 6.4/10, јас би му дала 7. Не знам зошто е хејтан од многу филмов, не е нешто вау ама не го заслужува хејтот според мене. Ефектите се коска. Чепка една многу интересна и контроверзна научна теорија која ако некогаш стане реалност мое мислење е дека ќе се испоубиеме сите на планетава.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Extraction (2015)
extraction.jpg

Случајно испадна да го гледам филмов место The Martian, пред се бидејќи вториов беше 2 и кусуро часа, а сигурно ќе заспиев пред да заврши и се заебав.
Приказната во филмов е тапа, некако е стандард америчка акција со спасување на свет, системи за хакирања и уништувања на светот, агенти, циа мадафака.
Брус Вилис старо аро што крши кичми и е врвен агент на агенцијата го киднапираат, али во него е т.н Кондор „супер оружјето“ односно систем за хакирање со кој што може да се преземе контрола над сите телекомуникации во светот.
Kellan Lutz го имав зачекано во The Expandables 3 и уште тогаш ми падна во очи дека ќе биди мадафака за момите, типов требало да го земат и во Транспортер, не дека е нешто јак актер, туку дека има јебачка фаца, па ќе беше достојна замена на Статам. Тука е син на Брус и како дете ја убиваат мајка му пред негови очи, додека е Брус на мисија, од тој момент решава да ги помине обуките и да го следи патот на таткому.
Ова момата Џина не ми беше многу позната, само од фаст енд фјуриос и блод енд боун ја памтам и онака не ми остави нешто многу впечаток.
Се на се би му дал оцена нешто слично на IMDB, ми се допаднаа сцените со тепањето, доста реални изгледаа, па еве му едно четворче 4/10.


 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Secret Window (2004)

Нешто седев со комшија на цигарче пред влез и ми раскажуваше колку гледал филмови и му викам дај нешто ко за мене и овој бил демек за мене, јака содржина имал и пресврт невиден.
Може ќе навредам нечиј вкус, ама овде да видиш јака содржина и пресврт ќе те помислат дека само овој филм си го гледал откако си се родил.

Еден писател е обвинет за плагијаторство, па ќе биде прогонуван од оној што наводно украл, ќе се дешаваат нелогични работи се до крајот и на крај ќе се деси некој пресврт што лично мене ми беше очекуван. Филмот не ми беше ништо посебно, мислам дека дури и јас ќе можам да го направам подобар, а уствари и така изгледа како да некој фан на мистерии се обидел да напише некое сценарио за филм... Кој е ептен воодушевен од филмот а сака мистерии, ќе му предложам јас некоја мистерија да види колку е во заблуда :) Се на се, оцена 6/10.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Moon (2009) - IMDb

Сношти го гледав, поарно да си легнев.

Интересна приказна, само со многу нелогичности, и ептен предвидливо сценарио, приказната уште на почеток беше заглавена, немаше никаков развој на настаните.
Едино интересно беше кога се најде самиот себе на место на несреќата и кога откри дека е клон, то.
Немам ништо да додадам.


И тотално непотребна оценка од 8 на имдб.
Јас би му дадол 6.5 на стаклени нозе.
 
Последно уредено од модератор:

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Solace 2015.




Прво Колин Фарел не ни знаев дека е во филмов, се изненадив таму кога се појавува. Тоа ќе го заблежите кога ќе го гледате филмот во кој негов дел се појавува. Инаку Антонио Хопкинс го газат годините ама харизмата му е тука, филмот си гази полека но сигурно. И оди таму кој сум јас што е животот, и зошто се случуваат тие работи кои се случуваат. Тешка дилема провејува што е милост а што суровост, што е судбина а што е слободна воља....
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Вртејќи по фејсбук ја видов оваа слика на кавер кај еден пријател и одма ме заинтригира и по кратко гуглање го најдов цитатот од филмот Gran Torino .



И со право по којзнае кој пат се потврдува фактот дека Клинт Иствуд си е мајстор на својот занает.
Филм во кој приказната и поентата е на прво место, филм во кој се опишани судбините и животите на просечните американски фамилии каде се мешаат многу култури, јазици, раси и сл.
Филмот содржи силна порака во себе и после гледањето не те остава рамнодушен.
Не сакам премногу да влегувам во детали, но топла препорака за сите, нема да зажалите.
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.155
Поени од реакции
7.858

3:10 to Yuma (2007)
Пријатно се изненадив од филмов, не очекував дека ќе ми остави толку голем впечаток. Дуово од сликата изглуми на свое ниво, мајсторско издание.
Приказната е класичен вестерн, само што тука нема револвераш што доаѓа во градот и пука во се што мрда. Интересниот дел е што е прикажан обичниот човек од тоа време (Кристијан Бејл) ,фармер што се бори да преживее со своето семејство на Дивиот Запад. Неговиот пат се вкрстува со тој на Бен Вејд (Расел Кроу), одметник и криминалец. Кроу е заробен од властите и го чека бесилка откако ќе го качат на возот во 3:10 што оди кон затворот Јума. Дел од луѓето кои треба да го однесат е и Бејл. Психолошката војна и опасностите го качуваат едно ниво погоре филмов, што му дава тотално различна димензија од она што се очекува од обичен вестерн.
Оценка на имдб е 7.8, јас му давам солидна 8.
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
2.955
Поени од реакции
1.349
Dream house 2011


Прекрасно и хармонично четиричлено семејство се преселува во куќа во мирно соседство in the suburbs, кај што дознаваат дека фамилијата што живеела тука пред нив била убиена. Навидум некое хорор клише на почеток, меѓутоа откако таткото (Даниел Крег) почнува полека да истражува што се случило доаѓа до прилично интересни "заклучоци". Дејствие што трае час и половина со прилично занимлив крај, а можело да разглабаат на пошироко па затоа излегува некако набрзина склопено и единствено то ми го еба филмот. На имдб има оцена 5.9, од мене има 7. Покрај Крег тука се и Рејчел Вајс и Наоми Вотс.
 
Член од
12 јануари 2016
Мислења
43
Поени од реакции
57
The hateful eight


Сценографија со одлично запазени детали. Црниот хумор, треш гор елементите и непредвидливоста на настаните во филмот се стандардниот потпис на Тарантино. Временската линија не е еднонасочна и дејствието проследува ликови со различни мотиви и различни убедувања, со карактери кои се синергични и спротивни на различни начини и поради различни причини.
Филмот си заслужува солидна 8 според мене.
 
B

beaverknight

Гостин
Two Night Stand (2014)



Си седев онака синојка малце депре засположен, барав некој филм да гледам, да ме расположи. Филмчево е роматична комедија. По завршувањето на филмот се чуствував како да сум се напил таблета за смирување. :D
Се работи за една девојка ( Megan ) која живее со својата цимерка. По цели денови седи сама дома, неможејќи да најде работа, тагувајќи по скоро завршената врска. Една вечер собира храброст и се пушта у online dating. Тука наоѓа едно момче и работите стануваат интересни.
На IMDb скорот е 6.4, ама јас би му дал 7 на филмов. Дефинитивно интересен филм за у исптина сесија. :D
Морам да ставам и една песна од саундтракот, ради тоа што баш ми се допадна. :D

 
Член од
20 декември 2015
Мислења
142
Поени од реакции
61
legend (2015)
b0719adc-f91d-4140-893e-00efb99f5baf-2060x1236.jpeg

Филмов ја раскажува приказната на двајца идентични близнаци гангстери Реџи и Рони Креј, двајца од најозлогласените криминалци во британската историја, и нивната организирана криминална империја во крајниот источен дел на Лондон за време на 1960-тите.
Филмов не е толку добар па за да е за препорака,но во него има еден многу јак дијалог,сцена (неповрзан со приказната од филмот) во која двајца бандити седат во кафана и едниот на другиот вели:
Александар можда бил голем,но не бил грк!
Не?
Не,бил Македонец
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.815
Поени од реакции
1.565
Dream Lover

Реј е успешен бизнисмен кој штотуку се развел неговиот пријател Норман е решен да му намести нова женска токму на забавата за неговиот роденден. Тој случајно ќе се запознае со Лена преубава девојка со која ќе се ожени , но подоцна почнува да открива многу чудни работи за неа.
Филмов е чиста перфекција апсолутно од почеток до крај секоја чест 10/10.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
The Gift (2015)

Гледaв пoвеќе, сaмo зa oвoј сaкaв дa кaжaм нештo, пoштo читaв декa ги изненaдил критичaрите, пa видoв тaму и некoјa нaгрaдa зa нaјдoбaр трилер дoбил, a и се пoзитивни кoментaри прoчитaв, пa ризикувaм сегa дa дoбијaм кoментaри кo тoгaш зa oчи ширoкo зaтвoрени декa не рaзбирaм ништo и декa требa дa си гледaм филмчињa сo Селенa Гoмез :P

Шaлa нa стрaнa, дoсaден филм и мaлце глуп крaј. 6/10 сaмo зoштo ми беше интереснo дa нaгaѓaм штo ќе се деси и не пoгoдив. :D

Днк нa дететo и сoмнежите ќе бидaт рaсчистени, a зa силувaњетo aкo се рaбoти, мислaм декa нa тaкoв лик немa бaш дa му биде нештo пoсебнo битнo, ни жaл, пa тaкa дa требaлo дa смислaт нештo другo зa дa му се oдмaздaт. Иaкo не гледaм некoјa aплa причинa зa некoј тoлку дa се изревoлтирa и ептен дa се пoсвети нa вaквo oдмaздувaње. Билo пред стo гoдини, кoгa биле децa и кaжaл декa е геј. И требaлo пoвеќе злo дa прикaжaт oд грешникoв, не сaмo oнaкa улетaнa дешaвкa oд рaбoтa... И бaшкa не му се oдмaзди негo, пoвеќе кo дa уништи живoт нa невинa oсoбa, мoжеби и нaпрaви дете нa тaa, a бaш и зa тoa се oдмaздувaше. Глупoсти
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.770
Поени од реакции
36.691

Само што го изгледав The Brand New Testament или во оригинал Le tout nouveau testament, белгискиот кандидат за Оскар годинава, влезе и во кратката листа од 9 филма. Што знам. Некако, кога слушнав прв пат за што се работи, очекував повеќе од филмов, па останав малку разочаран, иако ме изнасмеа и крајот беше ептен погоден.

Господ постои! Живее во Брисел со жена му и ќерка му. И е тежок кретен! На компјутер во една соба во која на другите им е забрането да влегуваат го создава светот и ужива да ги малтретира луѓето. Син му - JC (Jesus Christ) го убиле заради него, па затоа сите од семејството го мразат. Така ќерка му ќе се впушти во мисија да ги смени работите кои татко ѝ ги направил. :pos:

Ако сакате да се изнасмеете убаво на тешки глупости, препорачувам! :pos::pos::pos: Ако се обидете да најдете некаква смисла, не верувам дека ќе успеете. Симболиката веројатно може да ја одгатне само режисерот (ако воопшто и постои некаква симболика). Мене, освен почетокот и крајот на филмов, остатокот ми беше досаден, ама затоа што го гледав како сатира на религискиот систем, човекот и човековиот живот, како пародија на СЀ, а не како лесна комедија. Ама ако го пуштите мозокот на пасење - следува загарантирано „монтипајтоновско“ уживање!

6/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom