Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
The Stanford Prison Experiment (2015)



Скоро разбрав дека има ваков филм, инаку имам читано за експериментот (филмов е правен по вистинска приказна). Еден научник (д-р Зимбардо) по оглас ангажира 24 млади луѓе за експеримент. Врз основа на психолошкиот профил, ги дели овие момчиња на 12 затвореници и 12 чувари, и создава импровизиран затвор во подрумот на универзитетот Стенфорд. Целта е да се долови затворската атмосфера. На почеток Зимбардо и неговите соработници сметаат дека ова ќе биде досаден и рутински експеримент, но работите веднаш излегуваат од контрола.

Доста добар филм, кој ја прикажува мрачната страна на луѓето. На моменти, кај некои сцени, и несвесно чувствуваш гнев и нервоза додека гледаш. Уште кога ќе ти текне дека сето ова навистина се случувало, ќе ти дојде да се засрамиш зашто си дел од човечкиот род. Нема да откривам повеќе, слободно гледајте го. Моја оцена 8/10.
 
Член од
13 декември 2015
Мислења
34
Поени од реакции
34
12 Angry Men (1957)

„12 ГНЕВНИ ЛУЃЕ“ е филмска класика која сѐ уште воодушевува со својата свежина и е предмет на постојани освежувања во вид на „римејк“ верзии. Одбраната и обвинителството си ја завршуваат својата работа, а на сцена стапува поротата која треба да реши дали младиот човек е виновен или не за убиството на сопствениот татко. Проблемот изгледа едноставен, но сепак поротникот бр. 8 ќе побара заеднички да ги разгледаат фактите и сведочењата. Понатамошната дискусија ќе ги изнесе на виделина предрасудите, очекувањата и личните драми на секој од поротниците, како и нивното субјективно гледиште на убиството. Нивната одлука ќе значи живот или смрт за обвинетиот.


Феноменален филм. Не само што ви го препорачувам, туку и ве убедувам обавезно да го погледнете. :P
 
Член од
9 јули 2015
Мислења
8
Поени од реакции
10
Maze Runner: Scorch Trials (2015)
Ова е вториот дел од серијалот Maze Runner, чија што приказна е посебно интересна. Вториот дел од филмот продолжува од онаму каде што застана првиот дел. Томас и негоата дружина се спасени од лавирнтот и се наоѓаат во едно засолниште. Томас е бунтовен млад човек, којшто се сомнева дека на тоа место се случува нешто чудно, па решава да дознае што е тоа. Откако гледа дека изнесуваат мртви луѓе од една сала, во него навирува стравот. Ја убедува својата дружина да избегаат од тоа место. Тој е свесен дека надвор, ги очекува голема опасност, којашто ќе треба да ја пребродат за да стигнат до својата цел.
Ви го препорачувам и со сигурност ви велам дека овој филм, во голема мера е подобар од другитеапокалиптични филмови.


  1. MV5BMjE3MDU2NzQyMl5BMl5BanBnXkFtZTgwMzQxMDQ3NTE@._V1_SX640_SY720_.jpg
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.815
Поени од реакции
1.565
Boot Camp

Е бомба филм незнам што повеќе боли тоа што ова е вистинска приказна и се прашуваш какви се тие родители што ги пратиле децата тука или лошите патишта кои тие ги имале претходно? Посебен ефект ми даде Мила Кунц уф што мерак ми удри.9/10.
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.155
Поени од реакции
7.858

El desconocido ( Retribution) 2015
Во глобала поштувам филмови од неанглиско говорно подрачје, па затоа ми падна во очи како прилично нов шпански филм што ме заинтересира.
Карлос е директор на филијала на банка што живее во лош брак (класика филм клише) и има две деца. Едно сабајле тргнува да ги остави децата во школо и добива анонимен повик кој му кажува да ги прати инструкциите и да трансферира пари на сметка или колата ќе лета во воздух. Ако било кој од нив во колата се помрдне, бомбата ќе се активира. Малку предраматично е претставено ова, со повеќе дерење и плачење отколку што треба да има во филм, ама шпански е така да логично е.:D Се на се интересно филмче, добро смислено со јака порака, пријатно се изненадив. Имдб дава 6.6, јас 7.5.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.306
Поени од реакции
11.643
Artificial Intelligence
I sto e tolku poseben filmov be ? Uste od porano gledav kako go falat clenovi na forumov.Sigurno barem pred 2-3 godini mu se potokmiv da go gledam.I eve duri vecerva.
Krajno razocaran od filmov. 7/10 na imdb ima a jas ne bi mu dal poveke od 5.
Neznam koja e celta na filmov? neka me prosvetli nekoj so koja cel e napraven? da placeme?Ni najmalce tazen ne mi bese ako e napraven so takva cel.Ako e poucen togas koja e poukata?
i na krajot poslednata scena kako da ja svatam?Ima bezbroj mozni scenarija..
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.778
Поени од реакции
12.243
I am wrath,
новиот со Јохн Траволта, некоја мешавина на драма и акција. Ќе се случи драма па ќе се расчистува со акција. Не е веќе тој Траволта од Саботна треска, Фејс оф или Палп фикшн. Не го препорачувам, премногу дупки во сценариото. Или па ако уште некој останал Траволта и Мелони фан, онака, лесен филм (покрај 200-300 убиства) за гледање.
 
Последно уредено:

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
The Witch (2015)



Прво и сигурно е дека филмот ќе ги разочара фановите на оние типични хорори, посебно ако очекуваат дека во филмот ќе се појавуваат некои језиви и гадни суштества кои ќе ги приклештат на место од страв-такво нешто во филмов нема. Ама, од друга страна ќе ги израдува луѓето како мене, љубители на мрачна, напната и језива атмосфера.

Дејствието е во Нова Англија, 1630 година и во време кога се верувало во црни магии и натприродни суштества. Едно семјство со пет деца, кое е преотерано од претходното живеалиште, решава да живее самостојно и одделено на работ на една шума. После мистериозното исчезнување на бебето, почнуваат да им се случуваат низа чудни и необјасниви работи и во семејството во кое некогаш владееле слога и хармонија, сега се вселуваат стравот, сомнежот, немирот и паранојата.

Одличен е, пак ќе кажам за оние што не очекуваат дека после него ќе им биде страв да одат до вц, актерите се совршено погодени, како и се друго во филмов, од мене огромна препорака. 8/10
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.778
Поени од реакции
12.243
Triple 9 од 2016

Интересно филмче, драма и криминал како што и пишува на ИМДБ. За оној кој сака вакви филмови, воглавно е фино скоцкано. Дејството накратко- учество на корумпирани полицајци во пљачка на банка и на..Проблемот се јавува кога на овие случаи ќе почнат да работат инспекторите Ален (Харелсон) и Ален (К. Афлек). Во филмов на кратко глуми главом брадом и Дерил од TWD. Филмот трае 2 часа ама не е лош освен можеби крајот малку...
Инаку насловот е всашнос полициска шифра за пукање врз полициски службеник.
 
Последно уредено:
Член од
25 мај 2016
Мислења
12
Поени од реакции
17
From Here to Eternity (1953)

„Ти си веќе оженет за армијата”. Холивудско клише за посветеноста на американските војници и проблемите на жените во нивните животи. Иако насловот на филмот навестува силна љубов од овде до вечноста, всушност потекнува од песната "Господа Ранкерс" на англискиот книжевник нобеловецот Радјард Киплинг посветена на војниците на Британската империја, кои го „изгубиле својот пат” и се „проколнати од овде до вечноста”. Очекував повеќе! (4/5) (y)
From here.jpg [DOUBLEPOST=1464197331][/DOUBLEPOST]Before Sunrise (1995) & Before Sunset (2004) & Before Midnight (2013)

Бесконечно здодевна Американска романса со празни двонасочни дијалози. (1/5)

before sunrise.jpg Before Sunset.jpg Before Midnight.jpg
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.778
Поени од реакции
12.243
London has fallen 2016

За еден филм најавуван како мегахит, со голем буџет и заработка, со растечка популарност, блокбастер, со глумци од голем калибар (Батлер, Фримен, Екхарт) не ми се допадна. Цел филм имаше едночудо дупки па едвај дочекав да заврши. Луѓето си одглумија поштено, сценариото беше лошо. Од функционирање на службите за безбедност, англиските полицајци и кралската гарда, францускиот прецедник во чамец до ред други нелогичности. Може на некој ќе му се допадне, јас не би му дал ни преодна оцена.
 
Член од
25 мај 2016
Мислења
12
Поени од реакции
17
Never Let Me Go (2010)

Во суштина никогаш не гледам трејлери, пред да го изгледам филмот. А би ви препорачала и на вас.
Целата приказна е прикажана во тоа кратко видео, сфаќаш за што се работи, претпоставуваш како ќе заврши и зошто да го гледам понатаму филмот?
Филмот е неизвесен, не се открива целосната приказната. Дури и да стигнете до половина филм, може нема да ја сфатите поентата. Пополека се' се разврзува до крајот, се дознава суровата вистина. А во трејлерот се' е соџвакано и опишано, тоа што мене ми требаше саат ипол да го сфатам.
Неисе, после филмов не знам како се осеќам. Дефинитивно нестандардна приказна. На почетокот е претставена слика на сосем океј интернат, каде што децата се соодветно „третирани“, меѓутоа сосема изолирани од светот. Како што поминува времето, ја дознаваат вистината за нив, за нивниот живот после интернатот. И дека не можат да го променат тоа, сепак колку и да сакаат нешто да изменат, не е доволна само волјата и желбата. Кога едноставно „така е пишано“.
Не сакам ништо повеќе да откривам. Крајот остава без зборови.


„Никогаш не пуштај ме да си одам" е научно фантастичен роман на јапонскиот писател (роден во Британија) Kazuo Ishiguro, објавен во 2005 год. Беше во потесниот избор за наградата Booker Prize за 2005. Оваа награда Ishiguro претходно ја доби во 1989 год. за „The Remains of the Day”. Беше во потесниот избор и за наградите Arthur C. Clarke Award во 2006 и National Book Critics Circle Award во 2005. Списанието Time magazine го прогласи за најдобар роман за 2005 и го вклучи во најдобрите TIME 100 романи на англиски јазик од 1923 до 2005 год. Исто така ја доби наградата на ALA Alex Award во 2006 год.

Насловот на романот доаѓа од една песна од касетата Songs After Dark од фиктивната пејачка во романотJudy Bridgewater: „Она што ова лето за мене го правеше толку посебно беше оваа посебна песна, под број три: Никогаш не пуштај ме да си одам. Таа е бавна и се случува доцна во ноќта... Секогаш се обидував лентата да ја држам наместена на тоа место така што песната ќе можев да ја пуштам секогаш кога ќе ми се укажеше можност.”

Филмот не го имам гледано (обавезно ќе го гледам), но романот го имам прочитано и тоа пред десеттина години. И денес, после толку време кога ќе се потсетам на него сè чувствувам некако беспомошно. Ви препорачувам да го прочитате. Моја оцена за романот: 10 од можни 5.
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.778
Поени од реакции
12.243
The Brothers Grimsby 2016

Филмов е хаос. Има комични делови ама многу повеќе гадни од комични. Кога почна цицањето отров го свртевме тој дел брзо напред (fast forward по наше). Па нешто што истекува од девојката, ај го свртевме и тој дел. Па "големиот и тврд" во вц шољата ај го свртевме и тој дел па густото влакнесто меѓуножје на полничката црнкиња...по одвај 50 минути, го исклучив и го избришав. Ако сепак некој се одлучи да го гледа, треба да има јак желудник и пред, за време и по јадење никако.


Deadpool 2016

Ако некој сака Марвел акција и солидна комедија со Рејнолдс во главна улога и жена му Бакарин (сопругата на Броди во Homeland), Deadpool е добар избор. Оценката 8.2 на имдб му е заслужена. И на rottentomatoes има висока оценка.
 
Последно уредено:
Член од
25 мај 2016
Мислења
12
Поени од реакции
17
Already Tomorrow in Hong Kong (2015)

My opinion: (2/5)

Американска романса слична на “Before Sunrise” (1995) со само два ликови и две средби од кои втората е копија на првата.
Already Tomorow In Hong Kong.jpg
[DOUBLEPOST=1464336923][/DOUBLEPOST]Judgment at Nuremberg (1961)

My opinion: (3/5)

Интересна Американска правосудна драма за вистински судски процес кој го водеа американските власти против водечките германски судии и адвокати за злоупотреба на нацистичкиот правосуден апарат за вршење на злосторства против човештвото.

Judgment ...at Nuremberg.jpg
 
Последно уредено:
Член од
25 мај 2016
Мислења
12
Поени од реакции
17
Victoria (2015)

My opinion: (3/5)

Германска криминалнадрама за млада осамена девојка Викторија од Шпанија која работи во Берлин. Откако го напушта ноќниот клуб носи нелогична, дури и зачудувачка одлука да замине со целосни странци на полноќна прошетка низ Берлин во потрага по малку авантура. Но како одминува ноќта забавата излегува од контрола. Во првиот дел од филмот се чувствува напнатост и исчекување на некоја катастрофа што т реба да се случи. Вториот дел од филмот е динамичен и потполно различен од првиот. Таа прифаќа да биде нивни возач за бегство при грабеж на банка. Филмот трае преку два часа и е напорен за гледање, посебно првиот дел кој е премногу долг.
victoria.jpg
[DOUBLEPOST=1464389865][/DOUBLEPOST]The Hateful Eight (2015)
My opinion: (3/5)

Американски вестерн / трилер / мистичен филм. Изгледа добро, но не толку добро така што би трепереле во исчекување. Вестерн приказна за една група ловци на награди кои некаде во втората половина на 19-тиот век се среќаваат во мала гостилница за време на снежна виулица. Дијалозите се комични, лукави и намерно ја збунуваат публиката. Дијалозите се всушност сè во филмот. Многу долг вовед што заморува бидејќи филмот трае три часа.
the hateful.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom