Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
22 јануари 2012
Мислења
660
Поени од реакции
421

Kill The Messenger
Штотуку го изгледав филмот. Значи да започнам прво со актерите, баш ми прилега Џереми Ренер за оваа улога, меѓу која и се врти цело дејствие.

Во врска со деиствието, се зборува за новинар под име Гери Веб кој работи во некој не толку познат весник. Има напишано некоја сторија, и му се јавува жена на криминалец за да разговараат. Таа му ги дава документите во кои има докази дека ЦИА го вовела крек кокаинот во Америка, за да се снабдат со пари и оружје за помош на групата Контра која војувала во Никарагва, и исто така го поканува на судењето на нејзиниот маж. Тој го следи судењето на криминалецот и почнува да се заинтересирува за случајот. Тој преку документот што го зеде од жената дознава дека Расел Додсон (улогата ја глуми Бери Пепер) еден од најголемите нарко босови во Америка работел тајно за ЦИА. Испитувајќи го Рики Рос голем нарко дилер, дознава дека Додсон бил најголем продавач на дрога. Исто така дознава со кого соработувале за да ја преносуваат дрогата.

Да не ја должам многу, бидејќи има сигурно многу кој што не им е гледан филмот, нема да ја раскажам целата приказна.

Мене лично овој филм многу ми се допадна, и плус тоа дека е вистинска приказна.
Ме воудушеви глумата на Џереми Ренер, тотално се снајде во улогата.
Филмот од мене има 9/10 , затоа што не му се прикажени последните години на Гери Веб.
Моментално го преведувам овој филм и сум на крај, до Понеделник-Вторник би требало да биде достапен на титлови со македонски превод :)
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.345
Поени од реакции
7.469
И јаааас го гледав LUCY


Лук Бесон е режисер кој навистина го почитувам и имам гледано неколку негови филмови и ми биле ТоБ. Луси, за жал не е.
Мешањето на научна фантастика со тргување со дроги и вклучувањето на Морган Фримен како професор кој го истражува потенцијалот на искористеноста на човековиот мозок ми е некако... не ми иде.

Акционите сцени се ТоБ. Скарлет Јохансон изгледа најпопрекрасно додека крши кичми, ама вметнувањето сцени у стилот на Дискавери Каналот некако ми го руши ритамот на филмот. Префрлањето од акција во сајнс фикшн и обратно ми изгледа на жонглирање на некој уличен жонглер кој не е доволно вешт за да работи во циркус. Топките одат една по друга, ама некако не е интересно.

На ИМДБ има оцена 6,4 а може ќе паѓа оценката уште пониско.

Убо викаше @Blondi дека не е нешто посебно филмов :)
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.583
Поени од реакции
13.220

The Theory of Everything знаев дека ќе се фокусира на романтичниот аспект повеќе неголи на работното портфолио на Хокинг, но не мислев дека дотолку ќе го потцени или поточно кажано нема да го претстави во целост како генијалецот кој го знаеме дека е. Не го осеќаме (или барем јас не го осетив) во целост неговиот импакт врз светот и модерното време. Некои сцени навистина ме погодија и има добри моменти и дефинитивно вреди да се погледне, но според мене можеле многу подобро. Глумецот беше добар но не мислам дека заслужува оскар да земи а коефициентот за тоа падна упичку матер и сега е фаворит пред Мајкл Китон. (n)
Не ми се допадна слично како кај I Origins што неможноста да се одговорат некои работи научно по автоматизам паѓаат под графата divine intervention, тоа можеше најдобро да се огледа со тоа што научник (доктор) прогнозира 2 години преостанат живот на Стивен, а верник (неговата жена) до крај верува дека мора уште долго да живее и неговата судбина е да остави белег со својата работа, и сите знаеме на крај кој испадна во право.
Ок филм за гледање, потресен, ќе направи да ви падни жал за типот и ќе го респектирате уште повеќе, еден од поок филмовите годинава, но не оскарок или нешто wowок. 7че ваљда.
И да, Висерис факинг Таргериен знае да биде сладок момак.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.618
Поени од реакции
18.089
John Wick

Да имаше филмов малку од малку common sense можда и ќе се квалификуваше ко bad ass филм. Се што видов беше како Нео во Џејсон Борн фазон проаѓа мисии во Хитмен игрица, така да ќе си остане ко филм за пубертетлии. Некои од тепачките беа брутално реални, некои премногу лошо изведени (на моменти Кијану доста чудно го држеше пиштолот). Премногу чизи лајнс дури и за Син Сити стандарди или со други зборови ова ви е 90 ти акција-клише на стероиди во буквална смисла. Ко позитивна целина ќе ја издвојам целата дешавка во клубот со се саундтракот и заради тоа ќе му дадам 7.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.724
Поени од реакции
1.482
Knight Moves

Не прават веќе вакви филмови! Неизвесност до крај и да пукнеш од мислење кој е убиецот :) Петар е познат шахист , но кога ќе се случи убиство токму на девојка со која тој се гледа тој е првиот осмничен за него. Следуват серија убиства и се наведува дека токму тој е убиецот! 8/10.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.360
Поени од реакции
25.055
Мислев дека годинава ќе ја одбележат повеќе филмови на подобро, но се повеќе сум скептик гледајќи ги номинираните оскаровци. Конкретно Nightcrawler.
Мака изнамачив со филмов. Не знам дали вреди да пишам подолга рецензија за него, филмот во најдобар случај е просечен, и тоа се поради глумата на Џејк Гиленхол, инаку не би му дал ни просек.

Можам да набројам многу работи но така ќе навлезам во спојлери. За да ги избегнам, ќе кажам дека филмот не нуди ништо особено. Почнува со добро темпо, да, солиден е, во првите 10 минути го прикажува целиот карактер на главниот лик во филмот, но понатаму филмот не нуди ништо. Се врти во круг, се повторуваат истите сцени, со колата и гпс дирекциите, што укажува на неинвентивност, filling the gap, приказната не води никаде и што е најтрагично, во филмот нема изграден спореден лик. Сите споредни ликови во филмот постојат за да го опишат главниот лик, ниту еден не функционира самостојно.
Од друга страна, мотивите на главниот лик ми се сосема нејасни. Неговиот disturbed карактер никако не ми доаѓа до израз. Знам дека треба да биде социопат и тоа е тоа. Не знам зошто, не знам од каде и како стигнал дотука. Нема никаква хемија меѓу него и рене русо или калфата што му беше. Тотално промашување.
Трето, филмот почнува во моментот кога завршува. Крајот е динамичен, како што требаше да биде цел филм, таман почнува да биде интересен, забавен (затоа што дотогаш никако да го сфатам сериозно, си велам барем да биде забавен) завршува. Ме остава рамнодушен. Не сум импресиониран и веќе го мразам. Инстант го бришам, нема да го давам по усб на другари, сакам што побрзо да го заборавам.
црн бумбар.
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
3 Days to Kill
http://www.imdb.com/title/tt2172934/

Бивш агент на ЦИА, Итан (Кевин Костнер) е болен од рак и му остануваат само неколку месеци од животот. Решава да ги помине со своето семејство и да проба да ја врати љубовта на неговата ќерка која се оттуѓила од него. Меѓутоа еден дек кога оди на пазар да купи намирници за да и спреми вечера на ќерка си, го сретнува една агентка на ЦИА која му понудува експериментален лек кој би требало да му го продолжи животот, во замена за неговите услуги т.е. тој треба да го фати и убие таканаречениот Волк за кој никој не знае точно кој е и како изгледа, но Итан се има сретнато со него во една мисија на ЦИА во Југославија. Агентката (мислам дека Виви се викаше) верува дека доколку Итан повторно се сретне со Волкот ќе го препознае и ќе може да го убие.
Интересно филмче, убава глума и мала доза на хумор што ми се допадна. Го препорачувам.
Отценка 7.5

American Sniper (2014)
http://www.imdb.com/title/tt2179136/

Убав филм кој преку животот на Крис Калј (Бредли Купер) ги прикажува ужасите и тешкотиите низ кои поминуваат војниците на мисиите ви Ирак и Иран.
Инаку филмот е снимен по вистинска приказна.
Ми остави впечаток уште првата сцена каде на мисија во Иран каде што е Крис, на улица излегуваат жена и дете на само 100 метри од конвојот на американски војници. Жената на детето му подава рачна граната и го праќа да ја фрли на тенковите кои доаѓаат. По само неколку чекори направени од детето Крис го убива, а жената се стрчнува кон него. И само кога помислив дека таа ќе клекне до детето од жал, таа ја зема гранатата и продолжува да трча како би ја исполнила мисијата и би ги убила американските војници. Мислам дека оваа сцена многу убаво ги опишува какво племе се овие луѓе.
Понатака гледајте како Крис после секоја мисија се враќа на неговото семејство се повеќе отсутен со духот и се подалечен од нив.
За секоја препорака.
Отценка 8.5


Sherlock Holmes: A Game of Shadows (2011)
http://www.imdb.com/title/tt1515091/

Не знам како сум го пропуштила филмчево до сега.
Приказната е стандардна за Шерлок Холмс и неговиот другар, докторот Џон Вотстон, кој се обидуваат да спречат војна во Европа и поделба на народите која може да биде предизвикана од нивниот долгогодишен непријател, професорот Моријати. Интриги, сплетки, одлична глума, добри ефекти и крај кој наговестува и следно продолжение.
Отценка 7,5
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665

Cherry 2000 нуди една дистописка иднина, која додуша, од сегашна гледна точка, ич не е далеку. Не само хронолошки, иако за остатокот малку ќе причекаме, се додека не се дозафркнеме скроз. Отуѓени луѓе, на кои полесно им е животот да го тераат со нешто понапредни секс кукли, отколку со други човечки суштества. Луѓе на кои им треба адвокат (едвај забележливиот Лери Фишбурн) за формално правно да им среди состанок.
На еден куклата ептен ќе се навлажни, па ќе рикне хардверот (софтверот е сместен во минијатурен CD) кој веќе не се произведува и резервата мора да се бара на некои сомнителни места кои вријат од втори и трети братучеди на Лудиот Макс (реченицава...). Интересна замисла, потпросечна глума и приказна.
Сепак, филмов е доказ дека Мелани Грифит некогаш била убава. Симпатична. Помалку грда отколку што е сега.




Tales From The Crypt: Demon Knight > Симпатична, евтина хорор-комедија. Ни хоророт, ни комедијата не се нешто посебно, иако филмот е подобар од доста развикани нови хорори или комедии. Тука е Џада Пинкет, пред да стане Смит. Се издвојува, не премногу, Били Зејн, кој по малку личи на Брандо. Можете да го изгледате ако случајно налетате на него (иако тешко дека баш на него ќе налетате).



Repossessed. Непрежалениот и назаменлив Лесли Нилсен имаше и подобри филмови. Ама не е лошо да го гледате и како свештеник. Вообичаена испорака на глупости, толку типични за него :)
Егзорцизам, повраќање, демони...
Малку е разорарувачко присуството на Линда Блер, која го пародира единственото навистина вредно филмско остварување во кое имала забележителна улога.
Во продолжение и некои фотки за позаинтересираните
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.724
Поени од реакции
1.482
The Real McCoys

Добар филм стар ама добар! Грабеж на банка завршува неуспешно за Карен која е фатена и осудена на 16 години затвор. Приказната продолжува кога по 6 години ќе добие условна , а типот кој ја оставил на цедило ќе ја натера да испланира нов грабеж на истата банка! 8/10.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Kingsman: The Secret Service (2014)


Не знам дали немам живци за вакви филмови, или оние 47 илјади души си немаат врска од филмови штом филмов има 8.3 на ИМДБ. Второто е поверојатно.
Видов пред да го гледам филмот, глуми Колин Фирт - си викам филмов мора да е супер - оцена 8 од 50 илјади луѓе, ама крајно ме разочара - дали поради очекувањата или поради тоа што филмов реално не вреди. На моменти изгледаше доста евтино и несмасно изведено. На моменти ме потсетуваше на евтини сцени од Кетвумен со Хали Бери. Сцените од Лондон веројатно беа најубавите во целиот филм, костимографијата и сценографијата беа добри. Акцијата беше со ефекти, гаџети-маџети, ништо посебно, со оглед дека е стрип-филм. Морган Фримен како негативец што во еден момент с`ска, а во другиот јасно говори - прилично лошо осмислено. Сценариото ептен ме потсети на Кетвумен, а Колин Фирт во улога на суперхерој - не! Сè додека не се појави младиот, ми фалеше нешто. Комедијата во филмов такоџе изостана, со едвај три-четири шеги низ цел филм. Слаб филм, не ги оправда очекувањата - 5/10 од мене.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Уште една врнежлива саботна вечер за Стенли Кјубрик

Full Metal Jacket (1987)

(анти)Воен филм за Виетнамската војна. Морам да признаам, далеку под очекувањата. Ова дело на Кјуберик воопшто не ми се допадна, можам слободно да кажам најслаб од сите негови кои ми се гледани (а тоа се речиси сите). Структуриран во два дела, првиот дел тренингот на маринците во кампот и вториот дел, воените дејствија во Виетнам. Филмот не ми се допадна затоа што некако ми изгледаше неповрзано, без вистинска приказна, без вистински ликови. Првиот дел е далеку подобар, инструкторот (drill sargent ) остава најдобар впечаток, воопшто во целиот филм, како и психичката преобразба на дебелиот, неспособен маринец. Вториот дел од филмот е еден куп неповрзани, хаотични и непотребни сцени. Дали Кјубрик се обидувал да ја долови бесмисленоста на војната со бесмислени сцени, тоа не знам, но знам дека јас едвај чекав филмот да заврши. 7.5/10


2001: A Space Odyssey (1968)

Е ова е нешто сосем друго. Еден дел од филмот ми беше гледан многу одамна, но ниту сум го догледал целиот, ниту тогаш доволно сериозно сум го сфатил и разбрал (не дека го разбрав и сега)

Филм направен пред скоро пола век, базиран на новелата на познатиот Артур Кларк, приказна за постанокот на светот, за еволуцијата, за вселената, за суштината, за што ли уште не. И после толку години, тешко дека еден филм ќе успее да го достигне визуелно, музички, естетски и филозофски ова ремек дело.

Мои „хајлајт“ моменти :

- мајмунот и коската, првото оружје, првиот осет на моќ, првото орудие за потчинување и убивање, за запоседнување туѓи територии, за контрола, почетокот на еволуцијата на човекот, еволуцијата во која насилството ќе биде нејзината движечка сила.

- вселената која ретко каде изгледа поубава отколку во „2001“.

- естетиката и дизајнот. Вселенските летала и објекти изгледаат чудесно, да посакаш да имаш дома од тој футуристички мебел, ептен убаво делуваше.

- ХАЛ, најчовечкиот лик од сите во филмот, а беше „непогрешлив“ компјутер.

- монолитот- енигмата на целата приказна, дали монолитот е алатка на вонземски суштества, дали е клучот за човечката еволуција, многу прашања, малку одговори

Како и во „Бери Линдон“ и тука начинот на отварање и затворање на сцените е сличен, исто има малку дијалог, и пак исто во еден дел е еден куп куртоазни и формални фрази и обраќања, и како и во сите Кјубрикови филмови музиката ја прави магијата на целиот филм. Овде без музиката веројатно ни пола не би бил толку добро уметничко доживување.

Најозбилно, ако досега од било какви причини не сте го гледале Одисеја 2001, одма да го изгледате, вредат тие 2 ипол саати, а сигурно и минимум исто толку саати размислување и еден куп прашање кои ќе си ги поставите на самите себе

9.5/10
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Синоќа го гледав 50 нијанси на сиво, и филмот ми остави таков впечаток што не заслужува ни да го линкувам кон ИМДБ или пак да му ставам постер на темава.

- Прво и основно глумецот што го портретира ликот на Греј е тотално неадекватна фаца за оваа улога и ваков тип на филм, има глумци кои 100 пати подобро би одглумеле. Девојката беше солидна, но и за неа можело подобра глумица
- Почетокот на филмот имаше некоја тензија и мислев дека стварно ќе излезе нешто солидно
- Нема никаква суштина, по 30 минути дознаваме што е финтата и цело време дејството се врти околу тоа, значи не се случува ништо ново, ништо што ќе ти го задрже вниманието да го изгледаш до крај
- Бизарни, лошо одглумени и лошо снимени садо мазо сцени за кои неможам да сфатам зошто се дигна толку многу врева низ медиумите и филмскиот свет, за мене беа тотално глупави и воопшто не ми предизвика некоја сексуална фантазија

Незнам што уште да набројувам и да наоѓам замерки, целиот филм е еден огромен фејл и разочарување а очекував дека ќе биде нешто ептен јако после толку многу фалби. Има барем 5 филмови од исти жанр што се подобри од овој.

Ваков филм може да му се допадне само на некој што има слаби сексуални фантазии и е копук во кревет па да му доаѓаат идеи демек да проба нешто, ама всушност ретко на кој вакви глупости би му направиле задоволство. Посебно кај женскиот пол овој филм дигна многу прашина а она што се прашувам е ако навистина на жените им се допаѓа вакво нешто што ќутеле досега мамето нивно?

Се на се мислам дека го имаме најлошиот филм годинава, дури и на ИМДБ има оценка 4,2
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.922
Поени од реакции
4.370
Поштована публикоме, а сада филмске новости!

Уствари не се новости, ама:
Овие два филмови едниот пред 50 и кусур години и едниот од пред 8 години, односно The Invasion (2007) и The Invasion of The Body Snitchers (1956) ги погледнав на предлог на Ио соно од пред пар години. Ги има три со иста тема и исто/слично име. Третиот, односно вториот е од 1978 година, меѓутоа немав време да го погледнам, но тука е, чека на својот ред.

Првиот, односно оној од '56 го погледнав уште тогаш, меѓутоа не успеав да ги најдам другите два во тој момент, а сакав да ги споредам меѓу себе, па затоа си поставив задача да ги изгледам и трите па да направам една споредба на 3 различни доби од филмската историја, за филмови што обработуваат сци-фи, хорор и драма.


Прво ќе почнам со овој од '56-та. Филмов во тоа време бил условно речено прв од својот вид. Обработува вонземјани, па хорор, драма итн. Еден вид на револуција. Да речеме.
Иако спаѓа во категорија хорор, од денешен аспект па и не е толку страшен. „Suspensed“ што би рекле англичаните, да, драма да, ама нешто страшно, нешто што ќе те извади од такт, па и не баш. Уствари воопшто не. Меѓутоа во тоа време, веројатно, тоа било врвот на хоророт.
Да се осврнам на приказната. Прикаската се дешава во некое гратче некаде мислам дека беше во КА и еден ден, доктор доаѓа во својата ординација каде што го чекаат пациенти со чудни тврдења дека нивните блиски не се тие што биле, дека се променети, дека се отсутни, без емоции итн. Докторот доаѓа до заклучок дека ова со отсутноста и без-емоционалноста е всушност вирус од вселената.
ЕДИТ:Заборавив да додам, као им ги крадат телата, се сеќаваат на се од порано, но се нови личности без емоции, без лутина, без гнев итн.
Таа „епидемија“ полека се шири низ градот и наскоро сите стануваат „вонземјани“. Единствен спас е да не заспијат и да предупредат што е можно повеќе луѓе за тоа што се случува во нивниот град. Тој, неговата девојка, ...

Одлучив да не откривам повеќе. Само ќе додам уште тоа дека филмов си ја заслужи оцената што му ја дадов 9/10. Напнатост на нивоУ, драма - пар екселанс, и пред се' remarkable story. Филмот е направен по кратката новела Џек Фини. Фала уште еднаш до Ио Соно.




Овој другиов од '07-та, според оцената од ИМДБ не очекував многу и покрај значајната филмска екипа - Никол Кидман и Д. Крег. Сепак и покрај релативно лошата оценка на ИМДБ (5,9), филмов заслужува повеќе. Иако е еден вид на римејк, сепак продуцентите би рекол дека завршиле солидна работа. Исто како и оригиналот филмов е правен по истата таа новела на извесен Џек Фини. Иста тема, изменета приказна со подобри ефекти и добра замисла и солидна реализација. Филмов се одвива во огромен град огромна маса на население, вирусот се шири со брзина на светлина итн.. И како што велат фразите на постерот, спасот е во тоа да не покажуваш емоции, да импровизираш да не заспиеш.
Се заплеткав низ као „рецензијава“, а па и нема што дополнително да се рече, речиси истото што го напишав за првиот важи и за овој. Од мене има солидна 6,5-7.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.724
Поени од реакции
1.482
The Loft

Го изгледав филмов и сосем случајно дознав дека сценариото е исто со филм кој не е од англиско говорно подрачје па затоа ќе кажам не ја гледајте оваа верзија затоа што е ужасна и врска нема со оригиналот!
Loft

Ме изненади филмот не е ни чудо што американската верзија е толку лоша :) Неколку пријатели одлучуваат да изнајмат стан кои тие би го користеле за да ги ностат своите љубовници и лесни девојки таму. Замислете си нема кредитни картички и начини за следење , но по една година Лук ќе најде тело на мртва девојка во станот и сите ќе бидат повикани за да се пронајде кој го сторил тоа. Филмчиште 9/10.
 

kelesh

sperminator
Член од
20 август 2014
Мислења
72
Поени од реакции
138
haus of kards.
mnogu interesen film no ne mozam seuste da se pomiram so insistiranjeto na reziserot (koj od nepoznati pricini saka da unisti odlicen film) da najmokniot covek vo amerika da bide podlozen i mek sprema eden obicen klitoris.
za na kraj toj klitoris da resi deka saka pogolema mok duri i od pretsedatelot da ima.
koga gledam kako se forsira mokta na zenata i uste tolku gi zakrepostuva mladite umovi na mazite, mnogu me raduva sekoja goltnata sperma od strana na zena. submisivni orospetini

drug film sto e dobar e i now what you did lastt samer.
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

На врв Bottom