Последен гледан филм со кратка рецензија

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.560
We'll Never Have Paris

За сите филмов мора да го скокнете затоа што поочаен филм не сум видел! Прво насловот нема врска со ништо што се случува во филмот енигма ми е како се сетиле баш за овој наслов. Потоа приказната е некој американси нов хумор белким или јас така разбрав затоа што нема ни к од комедија ниту пак од талентот на Симон кој се потпишува ко сценарист и режисер и не ми е јасно зошто ваков филм. Нејсе Квин и Девон се во долга врска и тој планира да ја запроси , но неговата колешка ќе му изјави љубов и тогаш тој одлучува да ги олади односите со Девон... Тапа филм 2/10.
Two Night Stand

Се прашувам зошто имаш секс сцена која ти трае три минути ако во неа немаш еротика и голо женско тело ? Дека нешто ме воодушеви никако не е вреден ни за тепање време освен ако сте по оние класки заглавија и се заљубија 0/10.
 
Член од
19 април 2015
Мислења
6
Поени од реакции
3
Постаро филмче со Алек Болдвин и Ентони Хопкинс.Ми се допадна:).Ентони Хопкинс во филмот е успешен,богат и има млада убава жена,манекенка.Алек Болдвин е фотографот на жена му и наводно негов пријател.Кога ќе отидат на едно патување и хеликоптерот ќе се урне длабоко во шумите ќе бидат принудени да преживеат во дивината,отсечени од цивилизација и додека го бараат патот за назад тајните ќе почнат да излегуваат на виделина.На имдб има 6.9 оценка според мене заслужено.Имаше и некои тензични моменти и добра глума од двајцата актери :)
 

Attachments

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.560
Empire State


Може филмов е снимен по вистинска приказна ама толку тапа сценарио немам видено! За филм кој обработува тема грабеж и мафија е многу сиромашен со акција и повеќе наликува на драма со морални вредности од акција ама тоа е. За приказната Крис е тип кој ска да стане полицаец но заради неговото криминално досие неможе, па се вработува како обезбедување за трансфер на пари. Тој ќе дојде до идеја да го ограби местото каде што се чуват парите затоа што нивото на безбедност е мало и обезбедувањето на објектот е минимум. 3/10.

The Forger


Рејмонд е фалсификатор на слики тој одслужува казна затвор , но сака да излезе за да биде со неговиот син кој е болен од рак. Тој ќе искочи но за возврат ттреба да фалсификува една слика и да ја украде. Него постојано го следи полицијата , а тука е и неговиот син кој сака да биде дел од планот. Добар за тепање време може да има и подобар крај вака 7/10.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
Fifty Shades of Grey (2015)

Книгите не сум ги прочитал, ама горе-доле приказната ја знаев, верувам и сите горе-доле ја знаат, па нема потреба од рецензија, него повеќе би се задржал на импресиите.
Чекав да спласне интересот за филмов, па да го гледам. Едно време после толку многу критики кон истиот, се мислев дали уопште да го гледам.
Критиките се оправдани, донекаде, но некако осеќам дека превише беше критикуван филмов и оценката на ИМДБ не соодвестува со тоа каков е (па има многу бетер филмови шо имаат поголема оценка од него). Верувам дека тоа така се створи бидејќи филмот доби многу медиумско внимание и беше очекуван од публиката, посебно она од понежниот пол. Очекувањата беа високи, па затоа разочарувањето беше поголемо. Притоа, поради силната реклама, си доби и многу хејтери, очекувано, доволно за да падне во бездната.
Но, ако ги смалите очекувањата за филмот, после цел тој медиумски хајп, седнете на мира да го гледате, затварајќи очи пред клишеата, дупките и лошата глума, давајќи и на имагинацијата да ги пополни истите, ослонувајќи се на фантазијата која верувам дека ја има додека се читаат книгите, ќе видите дека и не е до толку лош.
Впрочем приказната е поприлично добро осмислена и филмот може да се нарече современа, модерна бајка, за малце постари девојчиња. :D
Ете јас ќе му дадам една 6-, чисто за мотивација, за оние кои не го изгледале, да му дадат шанса. :)


Само ја ли сум бе тој шо мисли дека типов нема фаца да глуми Греј?? o_O
И да, нели требаше ова да биде хардкор филмче? Оти не е, Нимфоманиак е многу по хардкор :D
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.560
Медена Ноќ
Само ќе кажам Никола Ристановски :cuc: човеков заслужува оскар за улогава! Ако за толку форсираниот Балканот не е мртов доби толку добри критики тука е уште подобар. Приказнава е ко да е снимена за овој период прислушкувања , пад на политичари и слично. Никогаш не мислев дека толку ќе ме воодушеви македонски филм ! Секоја чест 10/10.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.784
Поени од реакции
30.642


Интересен филм кој ме држеше заинтересиран од почеток до крај иако дејството во филмот е споро и изобилува со сцени каде не се случува ништо освен диалог меѓу актерите но се осеќа некоја тензија и секој момент осеќаш дека ќе "пукне'' нешто.
Случувањата се во Бруклин каде кримналните групи ги користат баровите за префрлање пари и нелегално коцкање, а таков бар имаат и Боб (Том Харди) и Марв (Џејмс Гандолфини, воедно и негов последен филм) и се се одвива како што треба се додека не се случи грабеж во барот па почнуваат да излегуваат на површина стари тајни, финансики проблеми...да не откривам многу од мене филмот има 9/10
 

OmarSpears

Stelar
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
3.314


Seventh Son (2014)

Ако не сте љубител на лошата глума, НО сте љубител на природата, пејсажи кои земаат здив и фантазијата тогаш погледнете го овој филм. Филмов е ТАПА (актерски):
- Jeff Bridges истиот актер кој го запусти R.I.P.D. ;
- Ben Barnes aка Prince Caspian X од The Chronicles of Narnia само овде е Pussy Caspian;
- Julianne Moore единствената актерка која добро го одглуми делот на негативец во филмот ;
- и за сите љубители на серијалот GoT: Kit Harington.

Приказната е добра, филмов е базиран по новела.
IMDb ratings: 5.5/10
 

OmarSpears

Stelar
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
3.314


Perfume: The Story of a Murderer (2006)

Добар трилер, со сјебан крај. Викаат крајот го краси делото, овдека крајот го гнаси.[/spoiler] Во барање на совршениот парфем, дечкото ќе стане тотален psycho, ма да од раѓање не беше нешто чешит.
IMDb ratings: 7.5/10
 
Последно уредено од модератор:

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.560
3 Days to Kill

Добро обично почнувам со анализа на насловот и пак ќе кажам лошо избран наслов , а одличен филм со малку филмски сцени и клишеа од типот Чак Норис и Сегал ама тоа е.
Ејтан е најдобриот полицаец за сложени операции во текот на задачата ќе му избега главниот осомничен бидејќи тој ќе се онесвести. Дијагнозата е рак и тој има уште 2 месеци живот кој ќе реши да ги посвети на семејството ама тогаш се појавува Виви која му нуди 50 000 долари и експериментален лек за убиство на последниот осомничен. Се на се супер филм со комични елементи 8/10
 

OmarSpears

Stelar
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
3.314


Cloudy with a Chance of Meatballs (2009)

Одамна немав гледано анимиран филм. Го симнав ради ради Anna Faris ака Cindy (from Scary Movie). Ако сте љубител на анимирани, детски филмови - погледнете го. Има и втор дел. Ама отом потом. И внимание има мноогу храна во филмов.. Отвара апетит.. За тие што се на диета, не препорачувам.

IMDb ratings: 7.0/10
 

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.363
Поени од реакции
12.779


Perfect Blue (1997)

Во последно време си гледам стари анимирани филмови, па налетав на овој многу добар психолошки трилер, ако Хичкок некогаш се решил да направи анимиран филм, мислам дека би бил нешто на лик на ова.Знам дека е анимиран и повеќето ги одбегнуваат, ама навистина вреди да се погледне.

Се работи за поп-пејачка која решава да стане актерка, има еден сталкер ја следи, околу нејзе се случуваат мистериозни убиства, она развива двоен идентитет, а крајот тежок мајндфак.Во првите 40 мин се градат ликовите, дури после почнува јакото.Исто така добро е прикажана мрачната страна на шоу-бизнисот, каде агенциите, актерите и пејачите ги гледаат како стока, а не таленти.

10/10
 
Последно уредено:

OmarSpears

Stelar
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
3.314


The Intouchables (2011) "Intouchables" (original title)

Биографски француски филм. Ретко гледам филмови кои не се на англиски, ама овој испадна добар. Работен според вистинска приказна, само што не сфакам во филмов ликот на Driss го представува висок црнец, додека во вистинската приказна е дебело бело маже. Како фатија црнциве уште малку сите бели актери ке ги реплицираат (мала шала).
Доколку сте љубители на биографски филмови, погледнете, да видите што значи вистинско пријателство.

IMDb ratings: 8.6/10
 

OmarSpears

Stelar
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
3.314


The Brave One (2007)

Една случка ќе и ја промени тангентата на животот и ќе направи обичниот човек од неа да станете антихерој. Со еден збор "Убиј се што е лошо за општеството".
Љубителите не психолошки трилери нека го погледнат овој филм, нема да зажалат.
IMDb ratings: 6.8/10
Moja oтценка: 9/10
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.560
Perfume: The Story of a Murderer

Интересен филм можеби предолго трае ама вреди да се изгледа.
Џен е човек со талент за распознавање на мириси до најситен детал. Опседнат од неговата дарба тој сака да научи како да го сочува мирисот и да создаде уникатен парфем како што немало досега. Кога од незнаење за првпат ќе убие една девојка тој ќе посака да го зачува токму нејзиниот мирис , а за таа цел ќе се вработи кај произведувач на парфеми , но тој ќе му каже дека со дестилација е невозможно да извадиш мирис од се затоа ќе го упати во градот кај што тој го изучил занаетот... Приказна за болен ум ми се допадна размислувањата дека со миризот може да покориш се и да ги прелажеш и очите. 9/10.
 

NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Timbuktu (2014)
(драма)



Некои ќе речат дека е тапа и досаден и дека у најголем дел ништо не се случува. Јас ќе речам дека е бавен и мирен, исто каков што обично е животот во пустината. Арно ама жителите на Тимбакту немаат мир од терористите на ИСИС кои доаѓаат во градот и спроведуваат шеријатско право по нивни терк - читај: забрането пеење, забрането играње фудбал и секакви глупости. Филмов не е, а нема ни намера да биде политички. Нема многу од тоа што гледаме на вести (сечење глави, фрлање педери од шести и сл.) - напротив, ја доловува и човечката страна на терористите. Јбг, ја имаат, пошо не се мајмуни, не се риби, не се птици, туку се какви-такви - луѓе, иако тоа воопшто не значи дека се претставени како добри. Ама не се ИСИС приоритетот; фокусот е на тоа како пркоси секојдневието во Тимбакту, како размислуваат вистинските муслимани, како се горди и пргави добрите луѓе од пустината кои застануваат очи во очи со злото, за разлика од нивните сожители кои одамна го напуштиле домот заради страв . Ко што реков, агенди и политика нема, напротив има искрена критика и на моменти дури и исмевање и хумор при портретирањето на терористите.

За мене, филмчево е супер - и пристапот, и кинематографијата, а особено саундтракот. Има по некоја маана во сите аспекти, ама воглавно е визуелно прекрасно парче филмска уметност преполно до гуша со човештилук. Го препорачувам само на филмски ентузијасти.

Од мене 7.5/10
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom