Daniel.
Juventino per sempre
- Член од
- 18 август 2009
- Мислења
- 620
- Поени од реакции
- 356
John Doe: Vigilante
Hero or villain?
“John Doe: Vigilante”, во режија на Kelly Dolen е крими-трилер кој ни доаѓа од Австралија. Главен двигател на филмското дејство е Џон До (Jamie Bamber), човек кому му е доста од сите неправди што се случуваат во општеството и одлучува да ја земе правдата во свои раце.
Австралиското општество тоне, се случуваат многу неправди… Луѓе кои прават одвратни кривични дела, а успеваат да се извлечат без никаква казна, само бидејќи имаат добри адвокати. Џон До е одмазник кој вешто ги следи нивните дела, знае се што треба да знае и ги казнува. Тој смета дека законот не постапува правично и дека жртвите се недоволно заштитени од престапниците.
Филмското дејство инаку е прикажано низ ретроспектива – започнува на денот на судењето на Џон До, потоа се навраќа на вечерта пред судењето, кога Џон побарал интервју со еден новинар кој ги истражувал неговите убиства – Кен Рутерфорд (Lachy Hulme). Преку нивното интервју, режисерот не навраќа на дејствата кои се случувале претходно, ги спомнуваат главните моменти од неговото “дело” и на тој начин ги дознаваме причините за таквото однесување на Џон До. Филм кој ги прикажува недостатоците на општеството на интересен начин, филм за еден човек кој се одлучува да ја преземе правдата во свои раце. Можеби не е на нивото на “V for Vendetta“, филм со слична тематика, но во секој случај е интересно филмче кое ќе ви пополни час и половина од вашето слободно време.
Преземено од: filmskirecenzii.com
p.s. Прашање за фановите на Дејвид Финчер - Да не ви е познато името на главниот лик?