Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.132
Поени од реакции
13.258
Да си пишам и јас 2 легендарни филмчиња што си гледав последнава недела, па да споделам мои импресии со вас

1. The Departed


Цело време некако како да го избегнував филмот, како да чекав прав момент да го гледам и само си стоеше во watchlist, но знаев во себе дека е многу добар, да се види актерска екипа и се ти станува јасно и така и бидна. Значи одлично филмче во кое се соочуваат Леонардо Ди Каприо и Мет Демон, како двајца кртови во двете различни страни. Едниот од страна на полицијата, другиот од страна на мафијата, и Џек Николсон како шеф на мафијата. Значи филм со многу акција, тактики, легендарни сцени, не е многу напорен или да речеш многу треба да се размислува, баш е онака интересен да те држи цело време. Многу ми се сфиѓаше онаа сцената со лажната адреса и Ди Каприо, али ајде да не откривам за оние кои го немаат гледано, ако случајно има такви. 10 од мене (y)

2. Catch Me If You Can

Ептен ги сакам филмчињава со Леонардо Ди Каприо и сакам да му ги гледам сите, му ги гледав баш пред некое време и оние постарите, тој со Џони Деп и оној со кошарката, си реков и овој да го гледам. И ми текна дека уствари го имам гледнао ко мал... Значи во ниедна минутка од филмов не погледнав да видам уште колку време има, толку што ми беше интересен. Да не ви октирвам многу, Том Хенкс е полицаецот што го брка Леонардо, а Леонардо е амбициозен младич кој е многу паметен и со фалсификување на чекови си ги остварува сите желби и сите идеи што му доаѓаат на памет. И што е најдоброто тоа се случува кога уште е во средно училиште. И да филмот е според вистински настан. Ептен ми се бендиса, сакам вака кога ќе се изненадам и мислам немам гледано некој филм, го гледам, и таман си се потсетувам на него, 10 (y) (y)
 

marinium

Even Cops Dial 911 -S.W.A.T !
Член од
5 мај 2013
Мислења
994
Поени од реакции
506
The Righteous Kill
Доста добар филм според мене кој до самиот крај ке те држи во неизвестеност и фактички во заблуда - ке дојде неочекуваното
Јако е што во филмот глумат Де Ниро ,Ал Пачино и 50 Сент. јака спојка верувајте:D
Дејството е сврзано околу Де Ниро и Ал Пачино кои веќе како стари цајкани пред пензија ненадејно добиваат необичен случај каде што сериски убиец е цајкан кој после секое убиство остава ливче со кратка песна на него.
Дејствијата се развиваат и 50 сент се умешува , други пак двајца цајкани ке викаат дека е Турк т.е Де Ниро е убиецот ,а уствари тоа е поетот... :D
У секој случај добра крими-драма како и да го определам , оценка 8 од 10 :)
 
Последно уредено од модератор:

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Потежок од оној Венгер што ти го прави 10 години?
??? појаснување?:confused:

@paraglajder @mkgunner и останата багра на филмаџии. Синоќа го гледав Интерстелар!
Иако отодов со скепса, во живот не сум гледал подолг филм од 2ч, а после 1:30ч почнувам да зевам и слични симптоми на сафра, сепак ќе кажам дека филмот е прејак!!! Ниеднаш не ме фатии таа сафра. Филмот обработува премногу работи, сфери на живеењето, научни теории, ух, едноставно премногу Е за да може од прва да се сфати се'. Ќе мора да се гледа најмалку уште еднаш. Но овој пат во домашни услови со паузи.
Сепак, мала забелешка би идела на рачун на техничките детали. Човек треба да има колку-толку познавање од наука, инаку во првото гледање ќе му треба дешифратор. Теорија на релативитет, квантна физика, патување низ времето, љубов (која по некоја причина во филмов е мерлива величина и може да се изрази во бројка:confused:), желба/нагон за преживување ................. но како што примети @ION никаде во ниеден момент не беше спомнат господ/бог. Чиста наука е филмот!!!
Огромна препорака сите да го гледате.
П.С. Имам уште две мали забелешки, ама небитни се:noze:
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Dracula Untold



Го симнав уште кога излезе торент, без некои очекувања. Решив да го пуштам и се изненадив. За Дракула приказната ја имам слушнато, но оваа прочитав дека немало врска со вистинскиот Дракула. Јас сум фан на фантазија, тоа го имам кажано во неколку наврати, па ова не ми дојде лошо во периодов кога најмногу гледам фантазии.

Принцот Влад губи свои двајца пријатели на планитата „Скршен заб„ кои беа убиени од Дракула, за малку и тој ќе го загубеше својот живот но ги најде слабостите на Дракула. Турците од Влад бараа 1000 деца кои се повозрасни од 10 години, но Влад одбива да им даде и тој помошта ја бара во планината „Скшрен заб„, од Дракула, знаејќи дека може да му помогне.

На режисерот ова му е прв филм инаку. Во филмот има доста добри ефекти, тоа можам да го издвојам како нешто најдобро од целиот филм. Убаво остварено и доста доволно фантазија. Седмица од мене
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.572
Let's Be Cops

Прво не мислев да не го гледам филмов , но неколку рецензии ме премислија :) Добар хумор и слолидна приказна. Џастин и Рајан се најдобри пријатели и сосема обични момци се додека Рајан не го натера Џастин да појдат на средношколска забава кој тој ќе ја протолкува како маскенбал , а всушност е забава под маски. Облечени како полицајци ќе ја тестират моќта на униформата :) 7/10.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.572
tonehearst Asylum

Еј кој филм тазе дипломиран психијатар доаѓа во една психијатриска болница за да ги стажира методите на лекување. Таму ќе се стекне со вчудоневиденост од тоа како ги лекуват болните. Ќе ја запознае Ева и ќе открие дека всушност вистинските лекари се заложници на лудаците.... 8/10.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.488
Поени од реакции
87.360
Шта речи... Линколн никогаш нема да биде истиот човек во моите очи, одкако го изгледав филмов. Приказната почнува кога на негова 9 годишна возраст, малиот Абрахам ја губи мајка му, одкако вампир ќе и ја испие крвта. Цели 8 години Линколн се воздржувал да не направи некоја глупост, и одкако ќе стане полнолетен трга по потрага по вампирот кој ја убил мајка му. По пат сретнува човек кој има искуство во ваквите работи, и го учи како да се справи со вампирите со помош на неговата верна секира \m/.
НАПОМЕНА: Ако планирате да го гледате филмов, тогаш тоа дефинитивно треба да го направите со вашето друштво. Филмов воопшто нема да ви биде интересен ако го гледате сами... филингот е со друштво, каде што при текот на филмот ќе паѓаат добри доскочници и шеги на сметка на Ејб Линколн

Оценка - 6.5/10


Од кај да почнам со рецензијава... Клише приказна, непознати актери пропратена со ужасна глума, и еден од најшокантните краеви некогаш направени во филмската индустрија :coffee:.
Џон заедно со своите две деца, Анџела и Питер се на одмор на езеро, кога при еден несреќен момент, таткото и синот ги губат животите одкако глисер возен од тинејџери ќе удри директно во нив. 8 години подоцна Анџела живее со својата навидум необична тетка, и со нејзиниот роднина Рики. Тетката ги праќа на одмор двете деца во детско одморалиште... во текот на филмот ќе видиме дека Анџела не се вклопува убаво во одмаралиштето, и е често на мета на напади од страна на другите деца. Обидите на Рики да ја одбрани роднината од таквите напади не вродува со плод. Навидум мирната атмосвера ќе биде нарушена одкако ќе почнат да се случуваат убиства во одмаралиштето.

Оценка - 7.0/10

П.С. Актерката што ја глуми Анџела, денес е права МИЛФ-ица :X3:
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.826
Поени од реакции
36.843
Birdman or (the Unexpected Virtue of Ignorance)



Ветив дека ќе пишам нешто повеќе за Birdman, а не успеав до сега.
Дефинитивно голем фаворит за Оскарот за најдобар филм, иако почнувам да се сомневам дека ќе го добие. Што е она што импресионира во филмот: освен глумата (особено Китон, но и Нортон) и режијата (Ињариту) за кои речиси и врапчињата веќе знаат дека се јаката страна на филмот, она што мене ми се допадна пред се е камерата. Филмот изгледа како да е снимен во една клапа, со една камера која постојано е во движење, но не од типот на понекогаш иритантните shaky cameras. Нема прекини, изгледа како да не ни била потребна монтажа и како директорот на фотографија и камерманот воопшто да не заспале во тек на неколку дена додека го снимале филмот. Затоа, на невидено уште од сега се обложувам дека на Birdman му се гарантирани Оскарите за монтажа и кинематографија. Слаба точка му е музиката - има еден тип на удиралки кој ми газеше на нерви од почеток до крај на филмот. Приказната и начинот на кој филмот оговара некои прашања и се справува со некои идеи на моменти е ОК, на моменти е многу повеќе од ОК, но ниту еднаш не потфрли. Приказната е доволно интересна да го задржи твоето внимание од почеток до крај на филмот, но истовремено не е нешто што ќе те остави без здив, зошто не се воздигнува премногу над обичноста. Но интересно е како и покрај толку ordinary приказна отвора прашања за дискусија:
-дали Холивуд, индустријата и парите создаваат митови за актерите кои потоа гледачите ги величаат како да се богови и којзнае колку добри актери, и покрај нивната подпросечност?
-дали можеби филмската критика е пристрасна? Што ако најдобрата актерска игра која некогаш била видена на филм или театар од највлијателниот критичар биде негативно оценета само затоа што истиот тој критичар нема симпатии кон актерот или ако имаат некакви приватни несогласувања? Дали целата таа машинерија на филмската критика ја кажува реалната слика и дали е објективна?
-дали некои актерски имиња како Илајџа Вуд или Даниел Ретклиф можат да покажат дека знаат да глумат по своите актерски дебија кои ги фрлиле во најжешкиот оган, или засекогаш ќе останат само Фродо и Хари Потер?
-и така натаму...

По проекцијата, уште додека не ми биле спласнати импресиите, на Letterboxd сум го оценил со 7/10 - сега не би сакал да ја менувам оценката. Нека остане 7/10.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
The Hunger Games: Mockingjay - Part 1



Го гледате постеров? Ви се допаѓа? Да?

Погледнете го подобро, или побарајте го во поголеми димензии и уживајте малку во него. Затоа постерот е единственото што вреди во ова фијаско од филм, а згора на тоа и бесплатен е.

Јас како фан на предходните делови не можев да бидам поразочаран од тројката. Толку беше лош што морав веднаш да се фрлам во спасувачка мисија на форумов и да предупредам луѓе да не се изложуваат на трошок и нервози. Освен ако сакаат да видат како не треба да изгледа еден филм. За тоа претпоставувам може и да се одвои време, во име на науката.

Значи од која страна да го затепам попрво и сам не знам. Да почнам од сценариото: се што се прикажа во филмов лесно можеше да се прикаже во 20 минути. Ништо не се случува. Ама ништо. Дејствието едвај малку се помрднува нанапред од вториот дел. Кому му текнало да ја подели втората книга во два филма треба да одговара за измама и да враќа пари на народот.

Филмот упорно турка на емоции, како во првиот дел, но овој пат поради погрешен агол кој го земале одговорните, ни една емоција не допира до вас, а наместо тоа морате да ја трпите Кетнис како цмиздри цел ебен филм. Значи како не и се смачи и сам не знам. А за дел од тоа што викам дека филмот е сработен од погрешен агол морам да го ставам во спојлер:

Прво и најважно, сите сцени кои можеа да направат филм од ова, не се во филмот. Требаше да ја почувствуваме суровоста на Капитол? Па зошто не покажаа како го бомбардираат Дистрикт 12, туку ни ги покажаа само рушевините? Се што се случувало таму Гејл ни го прераскажа во 2 минути. Зошто наместо да покажат како ја бомбардираат болницата, ни покажаа експлозија однадвор. Зошто немаше ни една сцена со интензитет на онаа со камшикувањето на Гејл во вториот дел? Ниту еден актер-негативец да одработи како тој капетанот во двојката.

Понатаму, трагично склопени сцени, како онаа во која луѓето бегаат пред полицијата, со план оние што се најнапред да се качат на дрвата побрзо од мајмуните во Planet of the Apes (при што избегнаа 10000 куршуми зошто полицајците не можеа да ги погодат од 10 метри), па да фрлат бомба врз нив извикувајќи јуначка парола. И да беше тоа се, не беше- сценава завршува со извикот, нит се гледа aftermath, нити дијалог, ништо... Полоша од оваа беше сцената во која толпата се движи кон браната, пеејќи ултра-глупава песничка на Катнис, со план да изгинат за да ја дигнат во воздух (што е во ред) но во моментот кога ја дигаат во воздух бегаат како да може да се побегне од браната што се руши директно врз нив. Генијална замисла!

И сцената во центарот за обука, кое купување време :pos: Одат од соба до соба, ќе подотворат врата, ќе фрлат од тоа спрејот. Нема ништо таму. Па следна соба, истото. Па следна, па следна... и си викаш нешто ќе се случи на крајот. А крај нема, ништо не се случува, се враќаат назад и Гејл пак раскажува што направиле :pos: Како да не можеа таму да покажат како ги спасуваат трибјутите па како се извлекуваат.

Врвот сеуште не е достигнат: Сцените со пропагандата. Немогуќе, ама целиов филм е филм за снимање пропагандни клипови. Па пола филм поминува во тоа како Катнис ќе застанела, што да кажела, па заврти се наваму, гледај натаму... Таа кутрата освен што се утепа од плачење ништо друго не направи во филмот, покрај тоа што испука вкупно една стрела и го престигна Рамбо во ефикасност. Тој кутриот само едно Апачи сруши а таа две хај-тек леталици. Тука не мислам да хејтам пошто знаеме за Холивуд и акцијата. Лошо е што немаше повеќе стрели и акција, тоа колку толку ќе го извадеше филмот. А кај немаше акција правеа бучава со леталиците, веројатно за да мислиме дека нешто кај и да е ќе се случи.

Како љубител на дистописки филмови морам да кажам дека ме изеде срам од сцените со говорите и митинзите. Толку очајно лоши говори не памтам да сум видел, она кога скандираат дури и смешно е. И целата скрипта има ужасни дијалози, ужасни.

Покрај сето ова, филмов нема никакво темпо, како рандом сцени прикачени една до друга. Нема почеток а нема ни крај, стои во место цело време. Глумата ако се исклучат ликовите на кои навикнавме е лоша, почнувајќи од Марџори од Гејм оф Тронс, кој ли и даде улога... Хејмич и Ефи ги нема никаде цел филм, по нешто ќе гугнат колку да не заборавиме дека се присутни и тоа е се од нив. Од Кетнис требаше да направат лидер, а направија мрсулеста плачка. И на крај, кому му е гајле за Пита, драга Кетнис, ако питата не е со сирење и со јогурт?

На крајот ќе беше подобро Гејл да ни го раскажеше филмот во 5-6 минути, или јас да ви го раскажам и да ве куртулам.

Седете си дома, имам чувство дека на мал екран помалку мани ќе забележите.

Оцена 1/10. Asylum продукција подобри филмови имаат.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.572
Changing Lanes

Еј филмов е стварно нешто посебно ако верувате во карма и такви нешта треба да го погледнете. Гавин е адвокат кој оди на судење како и секој ден , а Дојал е човек кој оди на сослушување за старателство за своите деца и е поранешен алхохоличар. Не се запознават се додека не се судрат со автомобилите и господинот адвокат нема да сака да ја даде полисата туку отворен чек. Дојал ќе го моли за превоз но Гавин нема да го превезе. Се ќе беше супер доколку адвокатот не го изгубеше клучниот документ за судењето кој Дојл ќе го пронајде. Погледнетеја борбата на двата инаета! Ја само би кажал од инает и вреќа сол ќе изеде! 9/10.
Trial and Error

Ричард и Чарлс се најдобри пријатели едниот адвокат другиот несуден актер. Чарлс треба да се жени , но неговиот газда и иден дедо ќе го прати да брани негов роднина во Невада. Чарлс ќе се опијани , па на судењето ќе се појави Ричард преставувајќиосе дека е Чарлс.. Добар за тепање време , а по Charlize Theron да ти течат лиги е работа :) 7/10.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Predestination

Хммм очекував нешто ново, да ме изненади :), али филмов ме збуни у секој случај. Сценариото is weird as fuck. Како и да е заклучокот ми е дека филмов нема смисла
, ќе имаше ако се убиеше себе, не другиот себе (бомбашот) од иднината
Али ради комплексноста и добро вклопената приказна ќе му дадам 7.

Sin City: A dame to kill for

Ми го напраи ќеифот. Малце претерале со прекумерено драматизирање, монолози итн. Али јебеш га на таа картуниш ноир атмосфера и воопшто целиот изглед на филмот не му одолеав. А воопшто не се замарав со дејствието до степен да дури после сфатив дека бил приквел, го имав заборавено кецот.

Edge of tomorrow

Groundhog day meets Independence day, во буквална смисла на зборот. Али првиот го сакам премногу,
плус одбрале битка и насилна смрт за ресетирање
, така да палец горе од мене. Ми се свиѓаа и вонземјаните, акционите сцени, така што ќе направам исклучок и ќе му дадам 8 ца.

Boyhood

Не знам што да кажам за филмов, режисерот ко и обично сака да ни пренесе хиперреализам завиткан во една декоративна фолија. Неќам да кажам досаден, ќе кажам траеше предолго. Можеше да има добра поента и имаше (како се одвиваа животите на Итан Хок и Патриша Аркет ), само што некако треба да се помачиш да ја бараш меѓу многуте разговори и настани кои не водат никаде. Патриша Аркет :drk: 7 ца
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
INTERSTELLAR


филмов имаше 9.1 оценка на имдб и кога ќе видам коменатари во разговорите луѓево без да го гледаат филмот му лупале десетки пошо Нолан бил режисер.
Нолан го преобрати бетмен од тоа срањето на шумахер и Клуни во Темниот витез, филмовите како мементо, Престиж и Инсепшн му беа доволни на луѓево човекот да го сметаат за бог на сценариото.
си купив карта, си влегов во кино и ми се погоди одлично место за седење и онака филмот на 2D (супер шо нема да си ги мачам очите а и поефтино) си се раскомотив и си почна филмот, не следам спојлери и буквално само една поголема реченица знаев за приказната и дека е сај-фај филм и нормално Ането беше дел од кастингот.

првиот саат па да речам саат и пол ми беше филмот добар, се градеше приказната и ликовите онака избалансирано колку шо можно повеќе и повеќе, гледавме човечка емоција, борба за преживување и некаква надеж за спас. почнав да си влечам некоја паралела со одисеја 2001 и си помислив за миг дека ова може да биде одисеја 2014, ги имаше сите предиспозиции. Метју на ниво, со неговиот тивок глас и малите примеси на реднек американски си жареше во филмот, за миг помислив дека е Раст од тру детектив и уште му фали да трга цигари како скинат за да се долови тоа чувство на крадење на секоја сцена каде што тој . Карактерите како шо се појавуваа сите беа одлични, изградени глумци кој сериозно си ја фатиле работата.
ова беше првите 90 мин потоа буквално Нолан ги повтори грешките во Инсепшн и Бетмен тројката а тоа беа :
- Глуп Твист ака Талија Ал Гул
- нејасни работи во оглед на филмот(не правам муабет за сите тие научни работи пошо повеќе од пола не ги разбрав) ама филмот ми губеше смисла и почна некако да добива падови.
Ликот на Мет Дејмон ми беше тотално мех и ептен непотребен, нешто шо немаше потреба во филмот е зачинот од човечки интриги и затоа ме напна тој дел

- филм од 3 часа треба да има барем повеќе хумор, а глумците се отепаа од плачење едно 2 и пол саата на сцената, дури и како шо навлегуваше филмот понатаму ми стана многу дебилно таа депресија што се прикажуваше на екранот, чиниш идниска серија гледаш само лигавење.

крајот го разбрав ама и беше лошо преставен, толку многу сакал нолан да не импресионира само шо јас уште од почеток му ја разбрав поентата и некако не ме изненади крајот и тоа со тесерактот ми беше очекувано.

Сума сумарум : одлична сај фај драма која приказната имаше многу падови од кој некој ме напнаа, добар каст и одлични аудио и визуелни ефекти
лоша страна беше тоа што филмот беше нејасен и недоволно добро преставен на моменти кога требаше да се "крши копјето" Нолан имаше многу слаб финиш (како во Дарк најт рајсес) и претерано депресивен филм шо фалеше малку повеќе хумор без разлика колку и да изгледаше "мрачен филм"

7.5 -8 преку сила (не пишував многу за позитивните работи во филмот пошо можев да ве спојлерисам)

правев муабет со една другарка на тема за филмови кој би те оставил да размислуваш за нив неколку дена после гледање, штета што филмов не е од тие филмови
 
Член од
24 ноември 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
До балчак

Еве на кратко, филмот е 80% добар, 20% лош. Зошто? Сценарио одлично, режисерски спремено исто така одлично, монтажата фантастична, се издвојува со онаа сцена во која Сашко ја пее песната „зајди, зајди“ и се префрлува кадарот во сосема спротивното, каде што неговите родители бараат помош од него при една ситуација во која се сретнуваат со комитите. Не знам точно, но според некоја моја логика Столе Попов многу добро и метафорично го направи во неколку наврати филмот против европејците, на тој начин што Инти Шрај флертува со 4 мажи одеднаш (во филмот инаку е европејка). Второ, секс сцената со Сашко Коцев и европејката :) ? Лошото во филмот е само она што Тони Михајловски, покрај добрата глума, целосно го згреши турскиот акцент, зборејќи Македонски како да е човек со Албанско потекло, а не со Турско. :)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Predestination.


Не е лесен филм за гледање, на просечен филмогледач ќе му треба неколку пати да го гледа за да го разбере, мене доволно ми беше еднаш :icon_lol:. Во него е искажан нов агол за патување низ времето и парадоксот на прашањето што е постаро јајцето или кокошката, одоворот е петелот секогаш и бил. Почнува и завршува со петелот, јајцето и кокошката се тука само за да надополнат приказна односно збунат :icon_lol:.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.572
Before I Go to Sleep

Кристина е жена која има амнезија штом ќе се разбуди таа незнае ни која е ни со кого е. Таква е по некој инцидент кој и се случил. Таа живее со нејзиниот маж Бен кој и крие многу работи. Скришум ја лекува психијатарот Мајк кој ја тера да води видео дневник без никој да знае, а тој ќе и се јавува секое утро за да ја проверува и потсети. Повеќе не откривам освен дека има добар пресврт на работите што знам за тепање време добар е 7/10.
The Forgotten

Филмов има јака тематика за нашето постоење и што се кријат од нас и очекував многу повеќе ама ај. Тели е мајка која е во пострамуски шок откако нејзиниот син ќе загине во авионска несреќа. Еден ден ќе забележи дека мажот ги сменил сликите го испразнил албумот едноставно и ги тргнал суите спомени од синот. Овде тој ќе и каже дека таа всушност никогаш не ни била бремена и е страшно луда. Таа ќе тргне кај единствениот човек кој мисли дека ќе и верува АШ чија ќерка била во истиот авион , а НСА цело време ќе и бидат зад петици. Филмов имал и поинаков крај ама јас неуспеав да го најдам со ваков крај 7/10.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom