- Член од
- 23 јуни 2008
- Мислења
- 4.002
- Поени од реакции
- 4.245
Mikra Anglia (2013) aka The Little England
A must!
Полека почнувам да ги гледам кандидатите за Оскари кои ќе се борат за номинација за годинава, а и некои кои што сум ги испуштил од лани. “Мала Англија“ е грчкиот кандидат за филм од неанглиско говорно подрачје за престојните Оскари. А и полека ни се наближува Синедејс па се надокнадува она што излегло на торенти од ланската програма.
Уште на почетокот на филмот сведоци сме на брановите и прекрасната кинематографија кога самиот автор ни укажува на фактот за дека и покрај сите пловидби на морето, сепак има многу емотивни нешта кои треба да бидат лоцирани на копното. Сместен во почетокот на 30-те години од 20-ти век, филмот неверојатно добро ја опишува целата таа атмосфера а потоа со префрлањето на дејството и поствоена напнатост, преточено со генијална музика. Режисерот Пантелис Вулгарис срцепателно ни ја прикажува сторијата за жените во малиот град чии што целиот живот се сведува на враќањето на мажите од пловидбите. Главното дејствие е насочено кон двете сестри Орса и Моша кои се вљубуваат во ист човек, иако едната не е свесна за чувствата кои нејзината сестра ги има кон младиот морнар Спирос.
Многу добро одглумен филм, реално досега не сум имал лошо искуство со грчки филм, сите се одлично снимени на некој начин иако биле со доста насилни сцени дури премногу и за мој вкус поради тоа што сум љубител на тешки драми. Овој филм е емотивен, далеку од грчките филмови на какви сме навикнати, глумците прекрасно се соживеани со ликовите.
(клик на постерот за тизер)
Инаку следен ќе го гледам “Момчето што јадеше храна за птици“ па таму очекувам налудничави сцени.