Ikiru
Доста захтевен филм и еден од гемовите на Куросава каде е направен одличен осврт на трансформацијата на човековата персона и филозофско објаснување на животот и смртта.
Икиру на еден начин ни ја објаснува борбата која е потребно да ја имаме секојдневно со зацврстените начини на функционирање, работење и општење во заедницата, и меѓу нас како индивидуи, се со цел да ги смениме истите. Да им внесеме нијанса динамичност, алтернативни пристапи, кои нас ќе не направат како индивидуи подобри и духовно побогати личности, попродуктивни, и ќе оставиме знак на нашето постоење, каде енигмата не е
зошто живот, туку
како и
што со истиот.
Во филмов борбата е отсликана преку главниот протагонист Кенџи Ванатабе кој е бирократ и работи за владина организација околу 30 години, ист секојдневен монотон, депресивен начин на живеење кој го има претворено во рутина, кое работно место му е делумен спас и пребег од социјализацијата надвор од бирото. Еден ден дознава дека има рак на белите дробови и му е останато уште половина година да живее.
Веќе не следува истиот живот за него, Кенџи се трансформира, пред овој расплет ликот физички и психички не изразуваше никаква болка или очај, се до тој момент. Од тој момент натаму Кенџи напротив не е преокупиран со фактот дека деновите му се избројани, туку размислува и жали за тоа дека го има поминато животот без ден вистински да живее. Понатаму следат илустрации на смена на карактер и внесување "живот" во филмот, главниот лик почнува да живее, се социјализира, влегува во имагинарниот круг на материјалисти, се запознава со девојка со која работи и поминува доста време со неа. Дознава конечно што е потребно за да биде среќен. Детерминација, упорност и желба да го промениме системот кој ги има створено нормите и кодексите на живеење, со што со мала нота на протест кон истиот ќе се создаде значење на живеењето во еден таков круг.
Филмот е поделен на два дела, првиот е животната сторија на Кенџи Ванатабе, вториот е импактот кој го има оставено на тие околу него по неговата смрт.
Развивањето на филмот и неговиот успех е заслуга на глумењето на главниот лик Такаши Шимура(во филмот Кенџи Ванатабе) кој е перфектен фит и улогата му е lifetime аchievement, маркантен лик во еден ваков класик каде ги пренесуваше емоциите на гледачите во секоја сцена со минимализирана нарација.
Присутен е во речиси сите филмови на Куросава, втора најзабележлива појава му е покасно во Седум Самураи.
Еден од најдобрите филмови на Куросава, топ 3 секако со оглед на тоа дека ова е нетипична тематика за режисерот и дели од неговите други филмови.
Ран, Рашомон и Седум Самураи се тука негде. Оценката е и повеќе од заслужена, Akira at his finest.