Последен гледан филм со кратка рецензија

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Edge of Tomorrow (2014)



Еве ме мене после подолго време и ќе бидам краток затоа што сигурно има доста рецензии за филмов досега. А како и да нема кога само уште Њот го нема гледано. Но еве да му кажам дека филмов е подобар од Обливион. Да не го боли глава.

Во секој случај, на кратко би издвоил неколку работи:

- Прво, капата долу, едни од најдобрите вонземјани што сум ги видел на филм. Делуваат страшно, непобедливо, ја пренесуваат атмосферата на страв и безнадежност врз гледачот.

- Второ, фина доза на хумор, намерно го потенцирам ова затоа што видовме еден куп блокбастери без ни една смешна линија.

- Трето, ефектите перфекција, фантастичен апокалиптичен сет.

- Шесто, добра приказна, не премногу предвидлива, и добра акција.

Инаку што се однесува до содржината многу е едноставно: инвазија на вонземјани и Том Круз во улогата на Том Круз, го спасува светот. Не од што сака, од што мора.

8/10.
 

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.224
Поени од реакции
7.307
Ремек дело. Брилијантен филм.
Сижето на imdb е малку misleading, многу мал дел од приказната ја обработува тематиката за таа морална дилема која е опишана таму.
Се работи за брачен пар пред развод, нивната ќерка, и таткото на мажот кој пати од Алцхајмерова болест.
Жената бара од мажот да се преселат во странство бидејќи смета дека нема перспектива за нивната ќерка и за нив во Иран. Кога мажот и дава до знаење дека не може да замине, пред се поради неговиот татко, жената бара развод од него.

Ова е почетокот на филмот, потоа режисерот приказната ја концентрира на други настани. Имињата на ликовите не се битни, затоа и не ги запамтив и користев општи именки.

9/10
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Дај бе намалете тоа постерите што ги ставате, ептен го рушат изгледот..



Mr. Turner (2014) - би го опишал како “визуелно перфектен“ “лудничава глума од страна на Тимоти Спал“ и попратен со специфичен англиски нагласок. Мислам дека ова е филм што сериозно има шанси да влезе во трката за најдобар филм за Оскар, не дека има шанси да го освои туку големи се шансите да добие номинација. Влегов во салата без никакви очекувања (а да во Синеплекс ќе го дават уште во понеделник во склоп на Филмоманија ревијата, може натаму ќе влезе во редовна проекција). Тимоти дефинитивно се надминува себеси во филмот, грд, грбав, без никакви емоции, колку само ладен карактер има во филмот. Во глобала приказната го следи последните години од неговиот живот како еден од најпознатите сликари во тоа време, и го живее заедно со неговиот татко и слугинката која очигледно најемотивно е врзана за него. Имаше една сцена каде што набрзина ’завршија’ работа и потоа остана тишината да зборува, си замина и толку, ама нејзината среќа беше неизмерна. Имаше и смешни моменти, филмот во своите два саата и половина следи баш повеќе жанрови.

8/10 од мене. инаку од Mike Leigh омилен ми е Happy-Go-Lucky, дефинитивно филм за паметење. Треба да го гледам Secrets&Lies и Vera Drake, па после повеќе ќе споредуваме, сега немам баш некоја основа да ранкирам негови филмови.

 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.822
Поени од реакции
1.575
Hercules
Ехе ме разочара филмот прво од изборот за актер кој го глуми Херкул , па приказната демек имал цела дружина со него , па фамозната сцена со појавата на “ голата “ Ирина Шаек . Приказната Херкул работи како платеник на задачи и само за тоа му е единствено грижа.4/10. Може за тепање време ама филмот е катастрофа.
 
Член од
15 јануари 2011
Мислења
371
Поени од реакции
497
The Rover



Дејството се случува во блиска иднина каде што во светот владее огромна сиромаштија. Неколку крадци бегајќи од престелка им се заебува колата, односно им се заглавува при тумбање :) . Тие ја крадат колата на Ерик (Guy Pearce), при што тој тоа ќе го види но касно ќе биде да ги спречи. Понатака тој почнува да ги бара (брка), во потрагата по нив тој го наоѓа братот на еден од крадците, Rey (Robert Pattinson). Го зема како заложник и ја продолжува потрагата по нив....
Приказната и не е нешто „вау“ така да не очекувајте нешто којзнае што. Мене тоа што ми се допадна односно пријатно изненади е глумата на Robert Pattinson, најверојатно зошто првпат го гледам во некоја ваква улога и прилично добро ја изглуми. Guy Pearce очекувано солиден. Само поради глумата 6.5/10 да не беше таа најверојатно помала оценка :) ...
 

Daniel.

Juventino per sempre
Член од
18 август 2009
Мислења
620
Поени од реакции
356
Една од ретките понови комедии која вреди да се спомне:

The Grand Budapest Hotel

Најновиот филм на Wes Anderson, The Grand Budapest Hotel, ја раскажува приказната за Густав (Ralph Fiennes), домар во еден од најпознатите хотели во времето помеѓу војните и неговиот помошник, Зиро Мустафа(F. Murray Abraham).



Приказната започнува кога еден млад писател ќе отиде да го посети хотелот Гранд Будапест, во денешно време. Го опишува хотелот како веќе старо и не толку атрактивно место, каде што се наоѓаат неколку гости, самци. Иако секој ден се среќаваат еден со друг во лобито, не комуницираат еден со друг. Кога писателот ќе отиде да се пријави на рецепција, ќе го праша рецепционерот за еден човек кој особено му го привлекува вниманието. Кога ќе разбере дека тоа е самиот сопственик на хотелот, особено ќе се заинтересира во неговата приказна. Во една прилика ќе го праша за тоа како и зошто го купил овој хотел, а Мустафа ќе му предложи да седнат на вечера и низ вечерата тој ќе му ја раскаже неговата интересна приказна.



Тоа и се слулува. Кога седнуваат да вечераат, Мустафа почнува да ја раскажува приказната. Се почнува кога тој бил многу млад и како бегалец од војна ќе дојде и ќе се вработи во Гранд Будапест хотелот. Ќе биде помошник во хотелот, како што започнале и сите кои сега се на повисока позиција, вклучувајќи го и неговиот надреден, господинот Густав. Густав им помага на гостите во хотелот и е во многу добри односи со сите нив, а со некои во “особено добри односи”. Кога ќе умре една старица за која Густав се грижел многу, ќе отиде да и оддаде последна почит, а кога се чита тестаментот ќе биде повикан и тој.



Со отварањето на тестаментот започнува и заплетканата приказна на господинот Густав и потрчкото Зиро Мустафа, приказна за убиство, мистерија и љубов, комбинација која дава одлична комедија. The Grand Budapest Hotel е една интересна комедија со добра содржина, многубројни и интересни ликови и исти такви дијалози, која сигурно ќе го задржи Вашето внимание. Мислам дека овој филм би го задржал моето внимание многу повеќе од скромниот час и половина, колку што трае.

Преземено од filmskirecenzii.com
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208


Zodiac, одличен трилер на Финчер кој се основа на вистинска приказна за Zodiac убиствата во втората половина на 20 век. Филмот како вистинска приказна е одлично изработена од страна на Финчер со многу реално прикажани ликови и самата приказна си има многу реално дејство на еден многу елегантен начин.
Избегнати се акциони сцени, само најобична полициска работа од страна на детективот Dave Toschi(Mark Rufallo) и неговиот партнер Bill Armstrong(Anthony Edwards).
Од друга страна во случајот се замешуваат и опсесивниот карикатурист Robert Graysmith(Jack Gyllenhaal) и новинар за криминал Paul Avery(Robert Downey Jr) кој работат во новинска агенција која истата таа новиснка агенција прима кодирани писма од убиецот кој откриваат по нешто за него но и покрај ова полицијата констатно влага од еден ќорсокак во друг. Темпото на филмот е одлично, цело време го држи вниманието и покрај тоа што е филмот прилично долг (2 часа и 40 минути).
Финчер е мастер во жанров и филмов е must watch.
9/10
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Dear Sister...by the time you read this letter..




The Skeleton Twins (2014)

Филмов ми беше интересен од пар причини. Прво Бил Хејдер да го видам во посериозна улога. Второ да видам како актери кои што својата слава ја имаат добиено како феноменални комичари ќе се снајдат во драма филм. Трето очекувајќи добра хемија меѓу Кристен Виг и Бил Хејдер. Четвртто да погледнам филм од сценаристот на Black Swan еден од моите 2 омилени филма- Марк Хејман.Петто имајќи го сево ова погоре во предвид приказната изгледаше интересна.

Пред се мора да знаете дека филмов е фестивалски нискобуџетен филм, и не може да очекувате нешто mind blowing. Е сега with that in mind, ова е филм кој што како таков се потпира на ликовите во филмот. Што би се рекло дека ако ликовите во ваков филм се тапа филмов лесно може да стане очобол за гледање. Од друга страна пак ако ликовите се интересни филмот одма станува квалитетен. Тоа е тоа. Ликови. Ни експлозии, ни ништо.

А пак ликовите (слично како и во Black Swan) со голем емоционален багаж зад себе. Бил Хејдер глуми депресивен хомосексуалец со надежи,желби и ставови како и секој обичен човек. Но сепак и покрај сето тоа тој покажува смисла за хумор и храброст пред останатите. Неговата сестра е личност која што во детството делела се и сешто со него. Депресивноста и суицидалноста на овие два лика случајно повторно ги поврзува после 10 години оддвоеност.

Третиот главен лик е глумен од Лук Вилсон, лик кој што мене ми е ептен позитивен. А и неговиот лик во филмот е таков. Кул, позитивен дечко што не се жали со тоа што го има. Лик што секој би го посакал за пријател.

Низ 90те минути од филмов дознавате повеќе за историјата на "Костурските близнаци" и дознавате зошто тие се така емотивно повредени и ранети. Обични луѓе со (не)секојдневни проблем како главни ликови на Американски филм. Интересна работа.

Хуморот во филмот е на ниво. Онака не е хумор кој што се гледа често во комедии туку е доволен да ве насмее повеќе од некој филм што е комедија на пример (ЕДИТ пошто не ми текна кога пишував иако цело време додека го гледав филмов помислив на тоа..филмов има хумор сличен на тој од Juno, така да ако се смеевте во Juno, ќе се смеете и на филмов) Темпово на овој филм е споро, така да треба време да се внесете во филмов. Доколку "спорите" сцени од Breaking Bad не ви беа многу омилени тогаш можеби е подобро да го прескокнете филмов бидејќи целото темпо на филмов е во таков стил. Долга дијалог сцена проследена со долга дијалог сцена проследена со кратка сцена чат пат.

Филмов е далеку од перфектен, ама како драма со добар хумор и добри ликови во ладна есенска вечер е сосема добар.Помалку ме потсети на некои од филмовите Вес Андерсон по "брзината" на филмот. Но сепак за разлика од over the top работите на Вес, во овој филм имате пореални ликови, со пореални и потешки проблеми. Подеднакво мрачен но и смешен во исто време, The Skeleton Twins го нуди тоа што може да се очекува од една ваква фестивалска драма. Ништо повеќе ништо помалку. Баш тоа што се очекува.

Филмов го препорачувам на сите што ги поштуваат ликовите од SNL, а и луѓе што сакаат да гледаат филмови за скршени ликови налик филмовите на Дарен Аронофски.

7/10 за филмов.

Bottom line: Фестивалски филм. Погледнете го без очекувања и кој знае можеби токму овој филм ќе ви биде меѓу подобрите годинава..а можеби и не.

(Инаку за тие што го знаат скечот Dear Sister (see reference во прва реченица), филмов почнува со една многу (не)намерна смешна сцена)
 
Последно уредено:
W

wicked_1

Гостин
Pi (1998)

Еден од најдобрите филмови на Аронофски, негово деби на филмската сцена, ремек дело.

Максимилијан Коен (Шон Жулиет) е математички гениј и 10 години работи упорно да ја пронајде нумеричката шема зад "организираниот хаос" на берзата, покрај тоа самиот смета дека преку броевите и нивното правилно уредување можат да бидат клуч за да се дојде до универзално знаење. Во филмот е простудирана менталната опсесија на човекот, асоцијализацијата, паранојата, и најразлични стравови, кои се дел од херојот на филмов, каде изолацијата му е потребна да му даде совршен мир за да може да ги најде одговорите кои ги бара. За него постои само Сол(Марк Марголис) кој е негов поранешен учител по математика (и е суштествен спореден лик за филмов со цел истиот да се развива правилно - она што фалеше во The Zero Theorem), кој упорно се труди да му помогне, и да престане со опсесијата за универзалниот одговор на нештата, инсинуирајки дека за се нема шема, за секој природен процес во едно општество, за живеењето, за резултатите од утакмица, за сите да се дебели и среќни, и тенка е границата која може еден математичар да ја помине од наука во нумерологија, што е математичко и научно самоубиство кое математичарот го праќа во воид и јама без дно. Макс пати од несоница, има главоболки и крварења од нос, станува параноичен и се сомнева во секого, осеќа дека е следен од луѓе кои го демнат пробувајќи да му го украдат знаењето кое би го добил од "откровението".
Затворен во неговиот стан пишува програми, ги тестира и добива 216 дигитен број кој е баг од програмата, и се чуди како има дојдено до ова.
Во филмот протекуваат две движења/струи на кои Аронофски има обратено посебно влијание да бидат дел од неговата структура, материјализам и духовност. Првата е изразена кога Макс комуницира по телефон со Марси, жена која работи во фирма на Вол Стрит за анализи каде му понудува доста пари за да работи за нив, каде овие предосеќаат дека Марк е на добар пат да дојде до нешто револуционерно. Со вториот елемент доаѓа во контакт во пабот каде што често, се среќава со еден евреј по име Лени,кој е е пријателски настроен спрема Макс но со своја мисија. Зад него стои група од еврејски математичари кои се религиозни и користат своја теорија на броеви за да ја декодираат мистичната еврејска доктрина наречена Кабала, и сметаат дека Марк може да им помогне во нивната мисија, со тоа веруваат дека можат да дојдат до Тора - код кој е испратен од Господ и го содржи неговото име, со кое би добиле одговор на се она што не опкружува, да го разберат Господ и нумерички да го перцепираат, а со тоа и предвидувањата на берзата, општествени процеси, и самиот живот.
Како што се приближува до наоѓањето на одговорот/шемата, пробувајќи на целиот тој хаос да му даде име шема или нумеричка вредност, неговиот живот се претвара во хаос, халуцинации, тешки главоболки, и самиот филм доаѓа до неосетен премин каде гледачот тешко разликува реалност од халуцинации (суреализам?). Рабинот-водач на еврејската група математичари дознава дека баг-бројот на Макс , 216 дигитниот број е вистинското име на Бог, со што му прават притисок да ја најде шемата зад бројот.
Макс евентуално го декодира бројот, но и самиот колапсира, следи сцена каде со бор-машина се буши во слепоочницата, сакајќи да стави крај на сите главоболки што му ги создаде измачувачката потера и опсесија. После тоа следи друга (алтернативна) сцена каде што седи на клупа сосема опуштено и ја нема тензијата низ целиот филм, носи капа и не се гледа дали има траги на слепоочницата со цел да се створи забуна кај гледачот дали тоа е сон, алтернативна реалност или Макс преживеал.
Од мој агол доколку Макс го има пронајдено одговорот тој пак не би можел да го прочита или разбере, пронаоѓајки ја апсолутната нумеричка вистина би било преголем товар за еден човек дури и за гениј како Макс, би излегувале нови прашања кои би го воделе во нова потера, кон друга шема и така влегувајќи во вертикален спирален круг кој бесконечно се движи надолу води кон длабока и празна темнина, затоа и го "брише" бројот од неговата глава, таквото знаење е преголем багаж за да може да продолжи да живее. По аналогија на нешто што имам претходно гледано, доколку ние сме мравки а Бог-от човек, како би тој комуницирал со нас?
Од ова што го имам пишано имам уште многу многу други ствари необјаснети и изоставени, ако ве заинтригира деби психолошкиот трилер на Аронофски, обавезно на watchlist.
Музиката, темпото на филмот, неговата структура и кадри се целосно адаптирани на концептот на филмот и се повеќе од совршени, најмногу од се има перфектна скрипта која е најтешко да се изведе за вакви концепти и идеи на режисерите. Ремек дело.

9/10
 
Последно уредено:

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.822
Поени од реакции
1.575
The Man

Леле филмов е јака крими комедија едноставно ме чуди како до сега не сум го гледал. Дерик е полицаец кој брка еден познат криминалец. Обидувајќи се да го навлече дека тој е купувач на оружје ќе договори средба во еден ресторан ама криминалецот по грешка ќе го избере Енди кој по професија е забар кој оди на конференција... Одличен 10/10.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.492
Поени од реакции
87.397
Како го најдов филмов, ниту јас незнам...многу чуден анимиран филм... иако приказната лесно се разбира, сепак анимацијата те тера во првите пет минути да го исклучиш филмот, но сепак издржав до крај да го изгледам (Не е за сите филмов :icon_lol: )
Дејството се одвива во Постапокалиптична Америка, после Третата Светска Војна во градовите Ohmtown и Nuke-York... луѓето еволуирале во хибриди на кучиња, мачки и глувци. Приказна за рок легендата Мок кој е во потрага по специфичен вокал кој би му помогнал да отвори портал и да го ослободи демонот со што би му донел на Мок бесмртност како Рок Музичар... Тоа би било тоа од приказната. Мислам дека тоа што ме натера да го симнам филмов е плејадата на легендарни музичари/групи кои учествувале во делово: Debbie Harry (Blondie), Chris Stein, Lou Reed, Iggy Pop, Cheap Trick, Earth Wind and Fire...

Се на се, ме разочара, ама добро не ни очекував повеќе од филмов чим не успеал во кината(n)

ИМДБ оценка - 6.9/10
Моја оценка - 4/10

Не е за сите филмов :p
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.822
Поени од реакции
1.575
The family man

Филмов според мене трае предолго и е во стилот на скржавецот кој незнаел да ужива во духот на Божиќ ама во поинаква приказна малку :) Џек и Кејт се дечко и девојка , тој добива стажирање на Волт стрит , а таа го моли да не заминува . Тој ќе замине , а приказната продолжува по 13 години кога Џек е веќе мултимилионер и мисли дека има се што му треба се додека не му се случи осврт каков ли би му бил животот да не је напуштеше Кејт ? Искрено добар филм заслужува да се погледне 7/10.
 

Daniel.

Juventino per sempre
Член од
18 август 2009
Мислења
620
Поени од реакции
356
Една од подобрите, ако не и најдобра (крими)комедија воопшто - The Big Lebowski:

The Dude abides
Комедија во вистинската смисла на зборот. “The Big Lebowski” – една од најлегендарните комедии со еден од најлегендарните ликови кој некогаш се појавил на филмското платно. Нема човек што го гледал филмот а не се сеќава на The Dude (Jeff Bridges). Режиран од браќата Коен (Joel & Ethan), овој филм ќе ве насмее до солзи, ќе го задржи Вашето внимание цели два часа, а воопшто нема да почувствувате досада.



Не сум сигурен дали постои друг филмски лик како Jeff ‘The Dude’ Lebowski. Тој е невработен, прилично мрзлив, но супер кул тип. Најголемо задоволство му причинува куглањето со пријателите – Валтер (John Goodman) и Дони (Steve Buscemi). Живее во ЛА и кога не е на куглање, најверојатно е дома, пиејќи пиво или пушејќи марихуана. Многу го сака својот дом – а кога една вечер таму ќе влезат двајца разбојници, ќе го истепаат и ќе се измочаат на неговиот килим.



Зошто? Сето тоа се случува по грешка – тие всушност сакаат да го заплашат Jeff ‘The Big” Lebowski (David Huddleston), мулти-милионер, чија жена има долг од еден милион долари кај Џеки Трихорн (Ben Gazzara). Кога The Dude ќе разбере во што е работата, ќе тргне да го најде Jeff ‘The Big’ Lebowski, сакајќи да добие нов килим – бидејќи неговиот е уништен поради него. Во таа потера ќе се запознае со младата и згодна жена на Џеф – Бани (Tara Reid).



Џеф ‘The Big’ ќе сака да го запознае The Dude, и ќе му довери задача да достави откуп за неговата жена која ќе биде киднапирана. Се е во ред додека тука не се вклучи и Валтер, кој ќе го уништи плаќањето на откупот. Од тој момент почнуваат да се разјаснуваат настаните, дејството се развива – The Dude се среќава со разни ‘лоши момци’, полицајци… Се случуваат разно-разни настани кои го реметат мирот на The Dude.



“The Big Lebowski” е еден од филмовите во кој можете да чуете највеќе пцовки, со просек од 2.2 пцовки по минута, а се знае кој е главниот виновник за тоа. Одлична глума, особено од Jeff Bridges, кој ќе ви остави силен впечаток. Саундтракот е исто така многу добар. Одлична комедија, ако сеуште ја немате гледано, што чекате? Моја ОГРОМНА препорака за овој филм. Ah, f*ck it.

Преземено од filmskirecenzii.com
 

Sapphire

Persona non grata
Член од
30 јануари 2011
Мислења
935
Поени од реакции
1.559
The prestige

Знам дека филмот е стар, долго време ми стоеше на листа па конечно му дојде редот и него.. Можеби сум една од ретките која ќе рече дека воопшто не ме „акна од земја“ иако сум страсен љубител на ваков жанр на филмови сепак премногу го предвидов крајот.
Многу бесмислени сцени, на крајот кога го исклучив единствениот коментар кој ми се заврти во главата беше:
Филмов е очаен..
Не можам да негирам дека сценаристот имал добра замисла ама според мене не добро разработена.
Не знам.. можеби е до мене, свеста ми е до таму што не можам повеќе да се фасцинирам од вакви филмови можеби поради тоа што сум изгледала многу од овој тип или едноставно ми беше провиден.
Да не филозофирам, верувам дека на оние кои ретко гледаат мистерии ова ќе им дојде како ладен туш.. како и да е нив им го препорачувам.
Мое мислење ни од далеку не заслужува волку висока оцена на имдб, срамота е.
Една скромна 6ка од мене за добрата екипа на актери, се изненадив за Дејвид Боуви и се покажа фантастично.. а и Скарлет дојде како вистинско освежување. :)
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
Хари Потер и неговата опсесија со змии и секакви видови на влекачи
HORNS (2013)



филмов беше прикажан на некој фестивал лани, и дури сега гледам имаше HDrip на замунда па си реков зошто да не :)
Хари потер се врати на сцената како американец кој живее во некое градче блиску Сиетл. животот си го поминуваше лагано заедно со една црвенокоса кој плени со нејзината убавина, но еден ден неговата девојка е ладнокрвно убиена и единствен осомничен за тоа дело е токму Хари потер. филм направен според истоимениот роман и е прилично забавен со одредена доза на хумор и хорор. филмот трае точно 2 часа но не ми преставуваше никаков проблем и во ниеден момент не решив да сменам и да проверам дали има нешто друго на нет туку онака будно си го следев филмот. воведот и првите 45 минути се подинамични и поинтересни затоа што почнуваш пополека да навлегуваш во приказната и да и обрнуваш доволно внимание. иако имаше мистерија во филмот и јас лично си изигравав детектив и се трудев да откријам пред време за кој е убиецот сепак немаше таков Крими елемент шо и не беше така лошо.

Приказната се вртеше околу Хари Потер кој пукаше американски акцент и реално беше солиден во филмот и немам никакви забелешки за него. Неговата трансформација во демонско битие и неговото "влијание" и подбуцнување онака кажано Џаолски како во македонските народни приказни каде што Гоце Тодоровски метафорично "ќе искини 300 рала опиници" за да те стави на бесилка, овде нормално тоа дејство се одвива многу побрзо.

има од време на време падови филмот и успорува но сепак генерално гледано солиден филм со добра глума на сите актери кој 75 % беа млади.
нема некој мајндфак и тупење и пренасочување на приказната лево десно туку се базираше на флешбекови кој беа повремени и не сметаа многу ( иако не сум некој голем фан на флешбекс). за продукцијата се гледа дека не потрошиле многу али сепак заслужува да заработи добра пара. Juno Temple e преубава и така :)

7.5 Оценка
(се гледа филмчево ако едноставно го оставиш онака и да не се замараш доволно, ако бараш логика или да бараш дупки во сценариото ете го Pi погоре тој е ремек дело гледајте го него )
 

Kajgana Shop

На врв Bottom