Последен гледан филм со кратка рецензија

chimera

୧༼ಠ益ಠ༽୨
Член од
17 август 2014
Мислења
39
Поени од реакции
91
Big Bad Wolves (2013)
http://www.imdb.com/title/tt2309224/

Израелски филм кој Тарантино го прогласил за најдобар во 2013та.
Сме го симнале по грешка со другарка пошто ни излезе ко резултат од Big bad wolf, филм исто од 2013та, со горе-долу слична тематика (кој никаде го нема)...и ни требаа 18 минути да сфатиме дека нема да почнат да зборат англиски и дека глумците не се тие од трејлерот. :D

Како и да е, не се покажа лошо, напротив.
Филмов е трилер, но е наменет сатирично да го претстави израелското општество со сета своја немоќ, па хуморот е речиси и непрепознатлив, а онаму кај што (ако) е препознатлив, е мрачен и сув.
Или у превод: Јас хумор речиси и не видов. :icon_mrgr:

Мештаните се загрижени за безбедноста на своите деца со појавата на педофил-убиец, кој, откако ќе ги силува жртвите, им ги отсекува главите и ги крие подалеку од телата, правејќи го нивниот закоп противзаконски бидејќи телото не е целосно.
Единствениот осомничен кој го има полицијата, е млад и помалку збунет професор за кој ни самите веројатно не знаат зошто е осомничен, но битно им е да извлечат некаков одговор. That being said, фрустрации фрштат на сите страни - професорот, кој мора или да се докажува или да бега; полицијата, која нема никакви докази против осомничениот; како и таткото на последната жртва - човек кој бара око за око, макар окото го изгубил и невин човек.
И тад забава почиње.
Малку спор и со језиви, somewhat графички сцени за мој вкус, но интересен за пратење, посебно за скршнување од кинематографијата од која сме презаситени.
На ИМДб има 6.9, од мене 7.5, па можеби и повеќе, доколку би го гледала со асолен превод.

Препорачувам. Сепак Тарантино не е будала.
 
Последно уредено:

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.572
Another Stakeout
Крис и Бил повторно се во заседа или наблјудување овој пат барајќи заштитен сведок во нивната авантура се вклучува и Џина за која ова е прво вакво искуство. Класика кога зборам за комедија мислам на вакви филмови 8/10.

Bandits
Солиден филм не ни забележав дека трае два часа. Џо и Тери се ограбувачи на банка кои откако ќе побегнад од затвор смислуваат нова стратегија за ограбување на банки. Тие едноставно ќе го киднапират менаџерот на банката ноќ пред грабежот за следниот ден заедно со него да ја ограбат банката. Заради ваквата стратегија ќе добијат прекар бандити на спиење. При една акција ќе ја запознаат Кејт која има здодевен живот и сака да биде со нив барем еден ден... Совршено едноставно генијално 9/10.

 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.364
Lock, Stock and Two Smoking Barrels(1998)
lock_stock_and_two_smoking_barrels_ver2.jpg

Заплетот е доста комплексна приказна но доволно разбирлива и интересна за гледање. Другари од Лондон кои ќе влезат во доста длабоки долгови со нетолку пријатните фаци од подземјето, серија на комични настани и тешки пациентски дијалози:ROFLMAO:. Забавен и интересен од самиот почеток па се до крајот, во гледав уште еднаш по завршувањето. Одлична екипа од пациенти, Џејсон Статам, Вини Џоунс (Биг Крис и Литл Крис:pos:), Ник Моран, Декстер Флечер, Џејсон Флеминг и остали пациенти... Имено:D овие четворицата имаат на ум некој си брилијантен план за да го стават Еди на маса за коцкање, собираат пари одвај крпат одваму одтаму и на крај ќе им се посерат на планот и све ќе им се сврти обратно...доволно за почеток не треба понатаму да се објаснува го препорачувам да го гледате, нема да зажалите за одвоеното време верувајте. Несовршен и со маани, намерно или ненамерно брилијантен филм, брату му давам десетка макар и поќе вреди од тоа.

Snatch(2000)
snatch.jpg

Исто лајно саде друга амбалажа:icon_mrgr:, креатор е истиот човек како претходниот горе односно Гај Ричи. Види сега, нов сплет на настани и една луда приказна за еден дијамант. Истиот бренд и правец на хумор како во претходниот филм со кој Гај Ричи направи одличен успех. Да да, се работи за неколку групи на деловни партнери:icon_mrgr: кои ќе влезат во еден голем лавиринт на заговори и пребирање па договори, нелиценциран бок, тешки криминални дејствија и што уште не. Екипа како и претохдната но уште подобра Џејсон Статам(Туркиш), Раде Шербеџија(Борис), Бред Пит(Мики Циганот), Бенисио Дел Торо, Вини Џоунс и останати пациенти. Дечки да ме вервате ова да ти било некое опако срање од филм бе. На имдб го акнале со 7.3 јас ги почастив со една 10ка.
И во самијот фотофиниш, последното а можда и не јавување го аквам за
Rocknrolla(2008)
rocknrolla_ver2_xlg.jpg
Лондон, Лени Кол и неговиот добро разработен бизнис за недвижности и малце покасно еден руски инвеститор Ури ставаат на залак доста голема сума на пари. Сега од кога е се договорено како знак за добра волја Ури му поклонува, всушност позејмува одлична и скапа уметничка слика, аха и сега кога се би требало да оди како подмачкано во игра се замешува и Стела (сметковоџа на овај страшниов русин) и една "удаена" но жива малце поќе дрогирана рок'нролл фаца, од нигде никаде ги снемува и парите и сликата:pos: следно може да претпоставите што понатаму се случува. Ај да не завршвам со три десетки за да непаѓам назарек:icon_mrgr: иако е доста супер и заебано филмче го оценвам со 9ка. Узпат саундтракот им е права первезија во филмов.
Следно на листата за гледање останува Revolver (2005), па зато се враштаме за некоја дена со кратка рецензија.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.572
Natasha

Ана работи како стриптизета во еден руски бар со неа во станот се наоѓа нејзината братучетка Наташа која треба да замине во Англија како студент на размена. Една вечер Ана ќе биде сведок на убиство од руски мафијаш. Мафијашите погрешка ќе ја убијат Наташа, па ана ќе замине воАнглија со нејзиниот идентитет. Добар за еротски трилер :) 7/10.


Unlawful Entry

По провалувањето во домот на Мајкал и Карен полицаецот Пит ќе стане опседнат со Карен и ќе стори се за да биде со неа. Мислам не би кажал нешто повеќе за филмов освен дека е одличен која глума и приказна секоја чест имам мали забелешки ама ситни се 10/10.
 
W

wicked_1

Гостин
Gummo (1997)


Филм на Хармони Корин, попознат како режисерот на Kids.
Во Gummo е отсликано едно многу бизарно општество, нихилизам и моронски форми на социјализација. Класично декласирање на Америка и американскиот народ во краевите преполни со redneck-ци, како резултат на торнадо кое го има удрено градот кај што е дејствието, Ксениа, Охајо.
Филмот е претенциозен, има некои сцени ептен заникаде кои ептен вриштат "арт е ова не се буни мн." ама има некои кои грабаат скроз.
Реализам до даска, ликовиве колку и да се бизарни ич не се претерани, нараторството е феноменално, а кинематографијата и кадрите се нешто ретко у денешни услови. Нема кулминација филмот, уствари и нема структура на класичен филм ,не постои расплет, се движи по исто темпо ама цело време те држи за грло. Глумата е динамична, пошо актерите се измешани, некои професионалци некои аматери. Главниот лик Соломон глуми феноменално, живее по некоја скроз заебана философија која вришти нихилизам, за него практично систем на вредности и не постои, истовремено е и наратор на филмот. Соломон како и другите ликови си носат свои белези, некои носат омраза, депресии, асоцијализам, гнев, други пак носат надеж.
Музиката е доста добра, и измешана како и целиот филм, добар рок, стонер метал, Мадона, и некој ептен затуцан блек метал.

(мал спојлер)Последниот кадар е доста енигматичен, и детето енигма на филмот со капа со зајачки уши (Тhe Bunny Boy) држи мртва црна мачка гордо пред камерата, кажувајќи уствари дека нема надеж и нема начин како да се поправи и искорени глупавоста на луѓето кои живеат во такво општество. Единствено со поголемо торнадо? =)

Ова е дефинитивно еден од филмовите кои најреално ќе отсликаат постапокалиптично сценарио.

7/10
 
Последно уредено:

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Into the storm


Очекував многу повеќе од филмов.
Глумците се катастрофа.
Ама од друга страна графиката е супер.
Не би го препорачала на луѓе што неможат да поднесат лоша глума.
Оценка 5/10
 
H

HoT IcE

Гостин
Neighbours.
Филмов има чуден хајп. Не знам од која причина, неколку мои пријателки/и ми го пофалија како одличен избор за комедија, имаше дури и коментари дека е една од најдобри комедии излезено. Е не ми е јасно.
Филмов вриштеше со клише моменти. Лоши кадри, слабо музика за ваков филм, па дури и тоа што имаше беше крајно лошо изведено и лош избор. Актерскава екипа не ни вреди да ја коментирам. Татково беше за никаде и воопшто не ми е харизматичен глумец за комедија, Зак Ефрон уште помалку.
Моја оценка е 4/10. Entertaining фактор НУЛА. Како најдобро од целиот филм ја зимам сцената со тепачката и дилдоата, и то би било тоа. Другово ептен тапа.
would not reccomend.
поздраф.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.364
Зраво, дами и господа, ајвани и крави:D(ако ве има такви, а сигурно ве има нељутете се), јас убо дете е добро де тетерајца:ROFLMAO: како шо ви обеќав (тамо погоре. ноут:скролај угаре брату) ево ме се враштам со некоја кратка рецензија.
Revolver(2005)
rev.jpg
Овај филм е доста различен од претходните филмови на Гај Ричи(Snatch и останатите кои ги спомнав во минатиот пост), помрачна и попсихопатска приказна, комплексна тематика која си подигрува со вашиот мозок. За добро да се разбере мора да ставите акцент на самиот почеток на филмот и да се проследи со доста внимание. Стално ги сакам оние филмови кои ќе ме натерат да мислам малце подлабоко. Брилијантно и паметно напишан филм. Всушност е малце тешко да се даде рецензија особено кратка, добра рецензија би опфатила огромен текст. Суштината на овој филм се состои во господинот Џејк Грин човек кој барам освета на неговиот "работодавец" поради кој е осуден на затворска казна. Дороти Мача шеф на добро огранизирано нелегално коцкање и кој моментално контролира неколку игри во подземјето. Кога неговите момци ќе ја посерат цела работа, истиот тој бара помош од господин Грин. Добро позната и угледна фаца во подземјето. Грин ја одбива неговата понуда, па во меѓувреме господинот Мача испраќа луѓе кај неговиот брат и семејството и почнуваат да ги малтретираат се под притисок додека Грин попушта и прифаќа да се коцка за господинот Мача. Големи влогови и тензија но господин Грин излегува како победник, револтиран господниот Џорџ кој загуби почнува да ја пцуе мајката на Грин, по што на Грин му се спојуваат жиците за момент и почнува пуканица внатре. После 2 недели го викаат во полициска станица, Дороти Мача го наседнува и предава и има избор да бира 14години затворска казна или 7години самница. Грин одбира 7 години самница...
Солидна оценка заслужува 8,5-9.


Meet Joe Black (1998)
meet-joe-blackmovie-starring-anthony-hopkins-and-brad-pitt.jpg
Вилијам Периш, моќен и богат бизнисмен со медиумски империи. Човек кој после смртта на неговата жена, животот исклучиво го посветува на својата работа и неговите две ќерки Алисон и Сузан. Се до дочекот на неговиот 65ти роденден каде доживува срцев удар, каде што постојано му довикува некој непознат глас дека е време да замине од овој свет. Всушност станува збор за ангелот на смртта кој доаѓа да земи уште една душа. Тој ја зема формата на еден млад човек, но ангелот почнува да чуствува нешто што ангелите никогаш не би смееле, љубов према Сузан ќерката на Вилијам...
Антони Хопкинс и Бред Пит одлична работа и перформанси, карактерите ги направија фантастични.
8/10
 
Последно уредено:
W

wicked_1

Гостин
Barton Fink (1991)


Бартон Финк е еден од најдистинктивните филмови на двајцата браќа Коен.

Протагонистот на филмот е успешен писател на драмски текстови во Њу Јорк, од каде му е понудена работа во Холивуд да пишува сценарија за филмови, каде потпишува договор со голема продукциска куќа. Предадено му е да пишува на тема која е надвор од неговата зона на комфорт, жанр кој не го разбира, притисокот останува а Бартон(Џон Тортуро) со сет замав се фокусира на пишувањето.
Сукцесивно следат гротескни настани еден по еден, филмот продолжува во надолна спирална линија, во атмосфера која од блиску отсликува пекол, и за херојот, и за гледачот.
Снимањето и тоа како кинематографски е претставен филмот е дезориентирачки, Линчовски(!ping Eraserhead), со константна тензија која е присутна да прави потешкотии да се разликува реалност од кошмар, и неговото блендирање во ноар и суреализам со доаѓање до точка каде е невозможно да се предвиди крајот и расплетот на филмот.
Џон Тортуро со најдобриот перформанс во неговата кариера, исто и Џон Гудман. Сценариото е предобро како и темпото на филмот - струкурално перфектен.

Филм преполн со значења и пораки, кои често се судираат едни со други, но неминовно е дека браќата Коен упатуваат огромна остра критика до системот на кој работи Холивуд, каде се поттиснува имагинацијата и уметничката слобода на обичниот човек.

Многу имагинација и креативност е вметнато во филмот, must see е за секој фан на thought-provoking cinema, од ова не доаѓа многу подобро, уникатно суреалистичко ремек дело на Коен-ци. Од целата нивна колекција ова лесно иде у топ 5 најдобри. Може и топ 3.


8.5/10
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.572
Incognito

Очекував многу повеќе од филмот ама и вака не е лош. Хари е сликар кој изработува плагијати на оригинални дела од толку непознати сликари и добро заработува од тоа. Еден ден ќе добие понуда 50 000 долари плус уште пола милијон за да наслика копија на Рембрант. Незнаејчи во што се впушта ја прифаќа понудата и заминува на работа во Холандија.. Добар за тепање време 7/10.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.489
Поени од реакции
87.367

Добар трилер, добар... :) Типично трилерче од 80-те кој ќе те релаксира саат ипол пред мониторот. Морам да ја пофалам и глумата на Тери О'Квин (Ќелавиот дечко од Лост), одлично си ја заврши работата во делово.
Приказна за еден психопат, професионален убиец кој ќе си ја убие фамилијата, а доказите од убиството ќе ги фрли во океанот, никогаш да не ги најде полицијата. По една година од убиството, психопатот го промени своето CV, има работа и живее во типично американско семејство со самохрана мајка и нејзината ќерка која што е влезена во тинејџерските години. Навидум освен тоа што ќерката неможе така лесно да го прифати психопатов за свој очув, фамилијата живее сосема мирно.... но сепак хармонијата на семејството се нарушува кога убиецов дознава дека властите повторно го отвараат случајот од масакрот што го направил овој пред година дена

Ако планирате да го гледате, не очекувајте нешто wow ефекти и крвови, дека сепак филмчево е ефтино правено пред дваесет и кусур години... ама ете со тек на времето се стекнал со култен статус, и наидува на уште две продолженија од 1989 и 1992 година :)
ИМДБ оценката е реална според мене (y)
 
W

wicked_1

Гостин
Control (2007)


Филм за животот на Иан Куртис, вокал на култниот рок/пост-панк бенд Joy Division од 70ти и 80тите.
Како и да е, биографијата за Куртис и Joy Division е преголем залак за било кој режисер да ја пренесе на филмско платно, Иан пишувал текстови кои и денеска за тие што слушаат музика од овој бенд, будат најразлични емоции и чувства, од омраза и деструктивност до состојба на задоволство и нирвана.

Сторијата накратко се однесува на проблемите на вокалот на Joy Division и неговите внатрешни битки со персоната под неговата кожа, вадејќи ја таа персона во текстови и настапи на сцена со неговиот бенд, и дистинктивното сфаќање за љубовта и колкава е веројатноста таа да постои.

Филмот најмногу се доближува до атмосферата во која треба да биде на сцените со музичките настапи - чисти десетки. Дијалозите беа доста сиромашни, но глумењето беше екстра. Не би имало никој подобар и посоодветен од Сем Рајли да го изглуми Куртис, исто и неговата жена Деби, која ја глуми Саманта Мортон - предобра глумица
Темпото на филмот е опаѓачко од почеток до крај, исто како и животот на Иан Куртис - деструктивен, маченички, тежок, на кој му требаат фиксови со цел да се прилагоди и адаптира на постоечкиот систем на вредности, и притисокот од болеста која ја има и луѓето што го опкружуваат.
Кинематографијата е многу добра, имаше многу квалитетни кадри, али ипак потребно е подлабоко сценарио, посебно повеќе работа на дијалози па дури и повеќе нараторство низ текот на целиот филм.
Изборот да се снима во црнобело навраќа и потсеќа на темната и уникатна атмосфера на некогашните Joy Division, перфектен избор.
Недостатокот на скрипта е она што очајнички фали во овој филм да влезе во класиците, вака делува како просечен филм доколку не е биографска тематика за ваков култен лик.

Преку Боуви до Иги Поп и сето тоа преку Секс Пистолс, портретирање на животот на еден млад напатен артист и неговиот бенд.

Could have been better, way better.
7/10
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
онака кога почнав да губам надеж за Марвел и новиве проекти после Авенџерс и тие пропаднати саати со спајдермен, Тор, Вулверин и Ајрон мен конечно изгледа му текна на главниот фактор за нивната популарност и се врати ја на старите патеки. Годинава е нивна со Капетанот и Х-мен кој сеуште не ми е гледан ама имам многу позитивно чувство дека нема да разочара.

Факторот забава и онака обичен хумор се врати доволно да грабниш пуканките и сокчето и да си дремиш и да гледаш CGI 3D филмче кое единствена точка на успорување ја имаше точно по последната сцена на филмот.
како по обичај имам навика да гледам на саатот и да очекувам дека во секој момент ќе падни развската и дека ќе се привршува со филмот но овој филм се свестив дека завршува точно на 2 минути при крај.
2 часа филм со исклучително богата акција и добро глумење на повеќето глумци, го немаше тој ванаби глуп мрачен период кој го форсираа марвел со последниот тор и ајрон мен. претерано позитивно филмче за суперхерои таман како што треба да изгледа, тепачките како битна компонента во филмот беа задоволувачки накај одлични. Бредли Купер влегува во тој период на квалитетни плус забавни филмови во серија. една цврста осмица и препорака за гледање по можност во 3 D.

ти фалат вакви филмчиња од време на време така да се издуваш со друштво .
 
Член од
15 август 2014
Мислења
16
Поени од реакции
9

супер летно женско филмче 8/10
Се работи за сопруг кој ја изневерува својата сопруга со повеке жени а ниту една од нив не е свесна дека е лажена односно изварана .А воедно и ги краде идеите на сопругата (која е претставена како прилично глупа) од кои прави бизнис и си ги става парите на сметка на Бахамите. Се ке се промени кога Камерон како една од љубовниците ке се појави на вратата на неговата сопруга. И ке станат најдобри другарки кои се во обид да го откријат сопругот...

по потрага по добар хорор филм го почнав да го гледам ....и ми беше премногу бавен. Се работи
за нкаков експеримент... ама искрено толку ми беше бавен што не можев ни до средината да стигнам. Ако некогаш го догледам ке пишам...сега за сега 6/10
Истото ми се случи и со Sin city a dame to kill for ама за овој едвај ке дадам 5ка
 
W

wicked_1

Гостин
The City of Lost Children (1995)

Еден од оние nightmarish филмови кои ги гледаш како мал, и секогаш кога го сретнеш на ТВ сменуваш програм. Овој беше еден од тие барем за мене.

La cité des enfants perdus e една суреалистична фантази авантура која се одвива во една дистопија преполна со бизарност, насилство, алчност, завист и се она што би ни создало грчеви у стомак и стегнато грло.
Сторијата на филмот се однесува на еден научник Кранк, кој старее и неможе да сонува, и за таа цел, киднапира мали деца за да им ги украде соништата и со тоа да го запре стареењето.
"One" кој го бара својот мал брат кој е киднапиран од армијата на Кранк, и Miette снаодливо девојче од улицата кое е сирак, тргнуваат во својата авантура да стават крај на кошмарите на градот во кој живеат. Двајцата имаат огромна хемија низ текот на целиот филм, нешто кое неможе да се опише, нема минута клише сцена/муабет низ филмот. Апсолутна кохерентност на One(Ron Pearlman) и Miette(Judith Vittet), каде One е стронгмен а зад целиот негов изглед се крие невиност на мало дете и скромна пријателска личност, од друга страна Miette е малечко девојче кое созрева и мисли како возрасна, сериозна, цврста и храбра личност.
Кранк е лудиот научник од кого сите се плашат, има брат кој е клониран 6 пати, има флаширан злобен мозок у аквариум, армија од андроиди, и мајка која е џуџе и скроз непријатна.
Сетовите и кинематографијата се предобри, лесно може да се примети дека концептот и техничката изведба на Dark City доста подлежи на филмов, музиката е права нирвана, фрик-шоуто од најразлични ликови што ќе се сретнат низ филмот, кој од кој почуден и по бизарен, глумењето и длабочината на главните карактери, целосно земено одличната изведба на актерите и креативноста и имагинацијата на режисерите е на левел недостижен за многу од нивната бранша. Покрај сличностите со Dark City, голема сличност има и со Brazil(1985) на Гилијам, кој и самиот го обожава филмов и е фан на режисериве.

Течењето на сторијата дел по дел ќе ве внесе комплетно, Марк Каро и Жан-Пјер Жунет(Amelie (2001)) во 1995та раскажаа една темна суреалистична бајка, со високи стандарди за кинематографија и развивање на карактери. .
Where happily ever after is just a dream.

8.5/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom