Последен гледан филм со кратка рецензија

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Tukusto go izgledav filmot Blue Thunder (1993) ama ne znam po koj pat i mozam da kazam deka svoevremeno bese dosta dobro napraven,za sto se raboti vo filmot? Filmot e snimen prema prikazna sto e na nekoj nacin vistinska,helikopterot sto e koristen vo filmot e dizajniran za Olimspiskte igri vo Los Angeles 1984 kako sredstvo za borba protiv moznite teroristi?! Slicna tema e obrabotena vo filmot samo sto ovde nekoi lugje sakaat helikopterot da go iskoristat vo drugi celi,da ne dolzam mnogu izdvojte 105 minuti i uzivajte vo borbata na chelichnite ptici...

 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
Bill & Ted's Excellent Adventure (1989)

Не очекував олку да се насмеам на ваков филм. Некои би го поврзале, што малку се потсетив и на Dude, Where's My Car?, ама Аштон Качер неможе ни малку да се спореди со глумец како Киану Ривс.
Извонредната авантура на Бил и Тед е филм во кој се споменуваат изобилство на песни и изведувачи. Своевидно е и на некој начин енциклопедија за оние кои слушаат рок и метал музика. Оригинално сценари, морам да споменам две ситуации.

1. Се наоѓаат во пеколот и престрашени Алекс му вели на Киану: брате, ако умрам сега, земи ја мојата колекција од Megadeth.
2. Одат во рајот кај Св. Петар, и тој ги прашува која е смислата на животот. Типциве незнаеја што да одговорат и почнаа да пеат стихови од познатата песна на Poison - Every rose has it's torn.

Необичен хумор кој стварно ми се свиѓаше.
Би му дал бел бумбар на филмов. Ако сакате дебилна глума со дебилни финти, ама притоа јаки зафрканции земете го и изгледајте го. Ретка комедија од ваков вид.
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
City of Angels



Прекрасен филм, особено за оние кои се поромантични, позаљубени и поплачковци.
Ќе си се изнаплачите така убо, шо ќе ви олесни на душичката.
Накратко, тој е ангел на смртта, таа човек.
Приказна која зборува за моќта на љубовта, иако некогаш огромна препрека може да биде смртта.
Оценка, 10/10.

И..

Dark Water



Шо знам, интересно хорорче, со малце непредвидлив крај.
Оценка, 8/10.
 

Black Night

Galvanize
Член од
25 септември 2008
Мислења
327
Поени од реакции
20
Pride and Glory.

Еден член од голема полициска фамилија ке започне истрага за замешаност на полиција во големи и гадни зделки со нарко дилери. Во еден момент од истрагата ке дојде до информации кои што можат да го уништат угледот на неговата фамилија која е со голем респект од страна на полицијата. Кои се сплетки ке ги дознае....останува вие да ги видите. Улогите ги имате на флаерот и нема многу што да се зборува за тоа зверови глумат.

 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Само што го изгледав Outlander (2008)



Не очекував да ми се допадне овој филм, очекував нешто глупаво како Beowulf. Но филмот во многу аспекти е многу добар, ако се занемарат некои нелогичности во идејата. Филмот му доаѓа нешто како комбинација од Predator (1987) и ваш по желба историски филм од мрачното доба. Микс од научна фантастика и викиншки легенди.

Како и да е, се работи за Каинан (James Caviezel), вонземјанин (кој во ништо не се разликува од луѓето, нешто како The Day the Earth Stood Still), кој паѓа на земјата некаде во 8-миот век од нашата ера, но со неговиот брод незнаејќи носи и предаторско чудовиште кое станува закана за се што се движи.

Останатото е повеќе или помалку предвидливо, но навистина забавно и возбудливо. Филмот има убав саундтрак и одлични сценски ефекти. Да беше нешто постар филмот, многу повеќе време ќе обратеа на љубовниот триаголник, но вака е пореално, кому му е до тоа кога си имаш работа со онакви ѕверови...

Енивеј, филмот има оцена 6.9 и мислам дека ја заслужува. Земете пуканки или што и да е друго за грицкање, филмот заслужува 2 часа од вашето време.
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Вчера немајќи што да се прави со сестра ми се решивме да бараме филм за гледање у темата за предлог за филм,и гад блес Корун што го дал како предлог Wedding Daze

Значи филмов е жива комедија,не можев да легнам да спијам од смеење,ми текнуваше на неколку сцени од филмот постојано.
Се работи за еден млад дечко на кој што свршеницата му умира на самото запросување од срцев удар,ќе ја изненади тој многу со прстенот,и после неколку години во една кафетерија другар му го советува да најде девојка,и тој ја запросува келнерката која ни ја знае ни ја познава,и таа прифаќа.А што е најтрагично,долгогодишниот нејзин дечко ден предтоа ја запросил и оваа беше демек у мислење,и наместо да прифати брак со тој што го познава,оваа прифаќа брак со човек што го гледа прв пат.Останото гледајте го :)
 
E

`EsCaPe`

Гостин
The family Stone


Многу луѓе во една куќа = хаос.
Накратко, дечково Everett Stone ја носи девојката дома за Божиќ и да ја запознае со неговото семејство, но нема да ја прифатат баш најдобро и поради тоа таа ќе ја викне и сестра и кај нив, за да не се чувствува осамено и да има некој на нејзина страна.. Кога ќе пристигне сестра и ќе се случат некои пресврти...

Искрено, некаде на половина филмов станува досаден и мислев да не го гледам до крај, ама му дадов шанса и добар испадна.. Онака, просечен филм.
Оценка 7/10

&

The Happening


Почнува филмот со тоа што.. Има нешто во воздухот што ги тера луѓето на самоубиство.
Се мисли прво дека е терористички напад, нервен гас, за на крај да излезе теорија дека растенијата ги испуштаат отровните материи..
Дејството се води околу маж, жена и едно девојче што е со нив и цело време пробуваат да се спасат, нели..
Хм.. Доста поучен филм,
кој сака да покаже колку е моќна природата..

Не знам оценка..

Едит од модератор: спојлер
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.760
Поени од реакции
22.786


Фино солидно, приказна интересна сцени непретерани и реални, треба поише вакви филмови да се прават :P


Баш сега го догледав филмот и стварно ки се допадна..Има приказна..
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
вчера го гледав филмот Taken (2008)
Навистина одлична драма која подеднакво ќе им се допадне и на женската и на машката популација
Зборува за две млади девојки Ким и Аманда кои тргнувајќи на турнеа на U2 низ Европа ќе заглават во трговијата на бело робје, но за среќа Ким има вешт и мудар татко...
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
Баш сега го догледав филмот и стварно ки се допадна..Има приказна..
Вакви постови се избришани, ама овој го оставив поради таа причина да го потенцирам.
Добро, кој филм нема приказна? Освен Jackass и Borat?:toe:
Ова не спаѓа ни во кратка рецензија.
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
вчера го гледав филмот Taken (2008)
Навистина одлична драма ...
Драма?
Можи првите 20 минути, ама натаму е чист акционен филм, можи и најдобар од то подрачје за 2008.

Инаку некако филмот многу ме потсеќаше на Man on Fire.
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Драма?
Можи првите 20 минути, ама натаму е чист акционен филм, можи и најдобар од то подрачје за 2008.

Инаку некако филмот многу ме потсеќаше на Man on Fire.
e добро филмот е драма, акција, трилер и криминалистика се во еден пакет, драма викам заради приказната заради кој се заоснова филмот, а за акцијата не треба да коментираме,стварно нешто феноменално
затоа викам филм и за женски (заради драмата пред се) и за машки (заради акцијата пред се):helou:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Quarantine (2008)

Незнам што ми требаше да го гледам, сега ми се врти. Кој ги гледал
The Blair Witch Project (1999) и
Cloverfield (2008) знае за што зборувам. Тие два се одлични, ама.... помина финтата, алооо...

Башка филмов нема никаква поента. Хорор е, како таков не е лош, има страшни сцени, ефекти, го подига адреналинот. Ама нема никаква поента. Да беше снимен на нормален начин и така и така...

Краткиот вовед е дека една новинарка и еден камерман прават репортажа за една пожарникарска станица, одат малку во акција во живо... и заглавуваат во карантин во една зграда.... Зошто и како, да не ставам спојлери, ако напишам уште две реченици, нема ништо да остане од содржината.

Како и да е, кој сака малку да си го подигне адреналинот, а нема гајле од вртоглавици, може да го погледне ова.

5/10
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Quarantine (2008)

Незнам што ми требаше да го гледам, сега ми се врти. Кој ги гледал
The Blair Witch Project (1999) и
Cloverfield (2008) знае за што зборувам. Тие два се одлични, ама.... помина финтата, алооо...

Башка филмов нема никаква поента. Хорор е, како таков не е лош, има страшни сцени, ефекти, го подига адреналинот. Ама нема никаква поента. Да беше снимен на нормален начин и така и така...

Краткиот вовед е дека една новинарка и еден камерман прават репортажа за една пожарникарска станица, одат малку во акција во живо... и заглавуваат во карантин во една зграда.... Зошто и како, да не ставам спојлери, ако напишам уште две реченици, нема ништо да остане од содржината.

Како и да е, кој сака малку да си го подигне адреналинот, а нема гајле од вртоглавици, може да го погледне ова.

5/10
Тој е всушност remake на шпанскиот [Rec], ја немам гледано американската верзија, ама имам чувство дека полошо го направиле од оригиналот.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Тој е всушност remake на шпанскиот [Rec], ја немам гледано американската верзија, ама имам чувство дека полошо го направиле од оригиналот.
Јас го немам гледано оригиналот, ама според критиките, овој филм е далеку. Велат дека било подобро да му удрат субтитли на оригиналот одколку да снимаат нов...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom