Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Patch Adams

Робин Вилијамс како Пач Адамс. Комбинација комедија-драма. Филмот има прилично негативна оцена и критика но решив да му дадам шанса. Не сум запознаен со животот на Адамс и не можам да проценам колку е веродостоен филмот. Има некои facepalm моменти, но воглавно ми се допадна пораката. Имено, станува збор за реален лик кој студира медицина и е решен својот живот да го посвети во помагањето на други луѓе. При тоа сака да направи отстапка од традиционалниот метод на лекување и да воведе нешто ново што односот доктор-пациент ќе го направи на пријателска база. Реално, ова е нешто што недостига. Докторите се луѓе кои летаат во облаци и мислат дека секој треба да им се поклонува како неговиот живот да е тоално зависен од нив. Не постои топлината и подршката која им е потребна на пациентите во тие тешки момeнти додека боледуваат.. Адамс има интересна идеја, но мислам дека неговиот лек не секогаш може да биде од голема помош :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Transsiberian (2008)
Режија- Brad Anderson​
Улоги- Woody Harrelson, Emily Mortimer, Ben Kingsley​
Жанр- крими драма, трилер​
Вчера случајно филмов на телевизија го фатив кога почнуваше и решив да го гледам. И пријатно ме изненади морам да признаам.​
Младен брачен пар- Американци се на патување во Азија. Решаваат од Пекинг до Москва да патуваат со транссибирската железница, а посебно по инсистирање на сопругот Рој, кој е голем љубител на возови, а неговата сопруга Џеси е фотограф аматер и во ова наоѓа одлична можност за неповторливи и одлични фотографии...​
Патувањето започнува супер, запознаваат нови предели, нови луѓе итн...Едни од нив се шпанецот Карлос и неговата девојка Аби...На една од паузите меѓу две станици, кога сите патници ќе се качат во возот, тој тргнува, а Рој останува надвор...Неговата сопруга Џеси, заедно со Карлос и Аби се симнуваат на следната станица и ќе преспијат таму во еден мотел се до наредниот ден кога со друг воз ќе пристигне Рој. За време на тој период таа ќе има можност да ги запознае подобро своите сопатници и да констатира дека не се воопшто такви како што се претставуваат, а посебно шпанецот Карлос...Прават кратка обиколка со еден малечок локален автобус, се симнуваат во пуст предел на руската поларна провинција целосно прекриена со снег и сакајќи да посетат една малечка и руинирана црква, се случува немил настан кој подоцна ќе иницира серија други и патувањето на Џеси и Рој ќе им се претвори во кошмар...​
Најмногу ми се допадна сценографијата во филмов, која на соодветен ја претставува руралната, снежна и пуста руска провинција...Ми се допаднаа старите руски возови, малите железнички станици, целите смрзнати и покриени со снег, истоштените патници, малите жолти локални автобуси кои служат за превоз на локалното население од едно до друго мало место, морничавите мотели на станиците направени уште од социјализмот, руските локални цркви, огромните зимзелени дрвја кои формираат густи шуми...Дури и имав можност да ги видам традиционалните руски кукли матриошки...
Еве некоја слика -​
Од мене оцена 8 од 10 заради малата дупка во сценариото која ја забележав, но заради јаката актерска екипа и сценографијата може барем малку истата да се засени... :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.714
Поени од реакции
36.556
ARGO / Ben Affleck
Дефинитивно започна оскаровската трка, но филмот за кој buzz-от е најголем дека ќе добие Оскар за најдобар филм, Argo, и не ме остави толку многу без зборови. Станува збор за политички трилер, снимен според вистински настан - спасување на 6-мина американски државјани од Иран во 1980 година од страна на агент на CIA кој осмислува совршено лажна приказна дека заедно со неговата група режисери, продуценти, сценографи и друг технички персонал е појден во Иран со цел да бара локација за филм за кој има најдено се - од сценарио до продуценти, но никогаш нема да биде снимен.​
Визуелно - перфектен! Одлична сценографија и костимографија, како да гледаме документарец, одлично адаптирано сценарио, одлична режија од страна на Афлек кој прераснува во извонреден режисер, одлична кинематографија, одлична актерска игра од речиси сите актери, но недостасува подетално портретирање на карактерите, па така ликовите изгледаат површни, како пластични, зошто особено во напнатиот крај, не може да се забележи многу од нивните лица освен стравот. Самата приказна исто така изгледа како да и недостасува нешто - крајот е
како намерно направен со дополнителна тензија која нималку не е потребна и само го доближува филмот до предвидливите американски wannabe филмови. Отвара дополнителни прашања и можности да иранските власти можеле да преземат други механизми за сепак да не го овозможат среќното бегство.
Oscar material - дефинитивно: за режија, костимографија, сценографија, па и кинематографија, но во секој случај не за најдобар филм.​
Оценка: 6/10
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
The machinist


Уште во првите 5 минути филмов создава тешка одбивност. Не поради содржината, туку поради болно слабата фигура на Кристијан Бејл. За потребите на филмот човеков олабел 28 килограми и се спуштил на само 54 килограми телесна маса. Барал да ослабе до 45 килограми, но режисерите сметале дека ќе си наштети на здравјето. Не сакам ни да замислам колку одвратно ќе било да се види дополнително слаб. Како што и во филмот неколку пати ќе му кажат: Ако ослабе уште малку, ќе исчезне. Ок, небитно. Филмот е прилично интересен. Станува збор за психолошки трилер кој го опишува измачувачкиот живот на Тревор Резник кој 1 година пати од несоница. Ако продолжам да пишувам ќе влезам во спојлери. Пораката ожд филмот може да биде различна. Според мене, никогаш не треба да се бега од одговорноста, бидејќи таа секогаш ќе ни дише во врат и ќе не потсетува дека работите кои се направени не може да се заборават без за нив да се одговара.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.391
Поени од реакции
25.192
Ted (2012)



Тед поседува типичен Family Guy хумор, пошо нели Сет Мекфарлан е креаторот на филмов, исто како и Фемили Гај, и овој е можеби несудениот Фемили Гај филм кој Сет со години ветува дека ќе го направи :mad:
Приказната е едноставна, Тед е живо плишано мече кое живее заедно со Марк Волберг и Мила Кунис, кога еден ден оваа ќе му постави ултиматум на Волберг - мене или Тед. Нели сите жени ти поставуваат ултиматуми одвреме навреме и мора да ги бираш нив (и јас би ја избрал Мила Кунис да не се лажеме, каков тед какви бакрачи...) - типична приказна со крај кој уште пред да го гледате филмов го знаете.

Сепак, во меѓувреме има доста шеги, кои мене ми беа многу смешни, целиот фемили гај хумор кој преовладуваше и овде доведе до резултат да се насмеам на глас повеќе од што мислев (пак се повторувам со ова...). Убав филм за пасење мозок, плакнење очи со милата Мила, и не знам што друго би пишал околу Тед. Решив да бидам дисциплинирам со рецензии па затоа и го чкрапам ова.

А да, Тед не е лајкабл лик, барем за мене. Ме нервираше мечката воглавно во цел филм, како прво затоа што ме потсеќаше на Питер Грифин (а тоа не смее... ај лав Питер :( ), како второ затоа што е безобразна, како трето затоа што нема осет, и како последно, а исто значајно - хејтер е на се живо и диво. А јас хејтери на се што постои, не сакам. (не ми се верува дека ќе навлезев во психолошкиот профил на една мечка).

Бел бумбар од мене за добра комедија која ќе ве насмее, и поготово ако ја гледате во друштво, имате гарантирана забава, како реклама од Т-Хоум.
 
А

Анноун

Гостин
Последниве 2 дена гледав два шведски филма номинирани за оскар за најдобар странски филм .

Ondskan (Evil)
Да , сите ја знаеме Шведска денес како една од најразвиените земји на интелетуално ниво . Но , филмот не се одвива во денешно време .
Ерик е тинејџер кој живее во семејство со насилен татко и мајка која нема право на збор во куќата. Малтретиран од сопствениот татко , тој својата нервоза ја истура тепајќи се во локалното училиште. По смртта на неговиот татко , мајка му ќе ја продаде куќата и ќе се пре-омажи , а парите ќе ги инвестира во својот син , праќајки го во елитно училиште .

Училиштето работи на многу чуден начин . Учениците живеат во интернат . За дисциплината се грижат сениорите , повозрасните студенти , и вршат тортура врз бруцошите .
Им даваат казни како неизлегување од соба за викенд или стоење во ќош , а најлошото е кога ќе ги предизвикат на двобој , во кој предизвиканиот треба да се тепа со двајца од повозрасните студенти.
Ерик е тој кој прв ќе почне да им се спротивставува и да ги одбива нивните смешни наредби . Но , мора да внимава да не ги помине границите и да биде исфрлен од школото засекогаш и да пропадне целата инвестиција вложена во него.

Јас би рекол задолжител филм од европската кинематографија . Малтретирање , понижување ,немоќ , љубов , омраза , одмазда .
Оцена : 8 од 10 .


As It Is In Heaven

Даниел е успешен диригент кој како дете е малтретиран од другите деца кои живеат во малото село . Татко му е мртов , мајка му решава поради тортурата врз нејзиниот син да се пресели на друго место . Но, ја губи и мајка му. Оставен е во животот да се бори сам , и успева да стане успешен и популарен диригент. Но поради проблеми со срцето , докторите го советуваат да одмори од работата. И за чудо , Даниел решава да се врати во своето родно место . Селаните не го знаат, бидејќи со станувањето славен го има сменето своето име. Иако решен да живее повлечено , некои настани ќе ја разгорат желбата во него да им го направи поинтересен и повозбудлив монотониот живот на селаните . Го презема црковниот хор , членовите почнуваат да го обожаваат. Жените се пресреќни . Се јавува љубомора кај мажите во селото , а најмногу кај свештеникот кој чувствува како ја губи позицијата човек број еден во местото и станува гневен .

Но , Даниел не е совршен . После проблемите што ги има во кариерата , стравот од неуспех , стравот од големите моменти во животот владее со него ...
Оцена : 7.5/10
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.656
Поени од реакции
8.088
Пред два дена гледав еден добар филм со наслов „Матка“ кој би ви го препорачал за гледање




Кратка содржина:

Ребека и Томас се две неразделни пријатели уште од нивното детство ,но со текот на годините тие си тргнале по свои патишта .По неколку години Ребека доаѓа повторно на местото каде живеела и го поминала детството заедно со Томас. Таа го наоѓа Томас се присетуваат на детстово и така се заљубуваат.Еден ден Томас умира во собраќајка (го прегазува кола ) .Ребека неможејќи да го преболи се решава на клонирање на Томас,но општеството и пред се родителите на Томас не го прифаќа нејзиниот план ,сепак таа се решава на такво нешто и го клонира се само за да биде повторно со него .

Откако веќе го клонира тие живеат во стара куќичка на дедото од Ребека а Томас расте верувајќи по она што му го кажува Ребека дека татко му умрел во несреќа па така си живеат нормален живот Томас се вљубува во една девојка а Ребека нема храброст да му ја каже вистината дека е клониран се додека тој еден ден самиот не ја дознае вистината

Жанр: Драма
Режија: Benedek Fliegauf
Актери: Eva Green, Matt Smith
 

SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
Bitter Moon (1992)




Британски пар(Најџел и Фиона) пловат за Истамбул.На бродот се среќаваат со една прекрасна Французинка.Сторијата започнува во моментот кога Најџел е селектиран од страна на прекрасната девојка Мими и нејзиниот маж инвалид Оскар за човек на кој ќе му биде прераскажана нивната сторија.
Прекрасна драма на Полански.Филм во кој прекрасно е доловен ефектот на љубовта,сексот и сите негови перверзии,монотонијата,машкото и женското его,машката и женската психологија во љубовта....Филмот исто така изобилува со сцени од кои ќе останете подзинати(затоа +18-да не ве трофне инфаркт :) )
Филм кој мора да се погледне.

http://www.imdb.com/title/tt0104779/

Додаток-една од многубројните сцени..
 

SteamyLover

beautiful tango
Член од
24 октомври 2012
Мислења
202
Поени од реакции
554
Colombiana (2011)
colombiana.jpg

Последен филм што го гледав и кој страшно многу ми се допадна е оваа акција. Главна актерка во филмов е Zoe Saldanа.
Уште како мала пред нејзини очи и ги убиваат родители. Таа добро ги познава и памти убијците така што целиот свој живот ќе го посвети на одмазда. Како мала се засолнува кај вујко и кој ќе и помогне и ќе ја заштити. Таа пораснува во една вешта, искусна, опасна девојка која по ред ќе почне да се одмаздува за убиството на нејзините родители.
Филмов изобилува со сцени кои оставаат без здив. Не би сакала повеќе да кажувам, би ви го препорачала затоа што дефинитивно вреди да се види.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.878
Special Forces (2011)
asa-sf.jpg
Француска воена авантура во кој главен лик е Eлсa Казанова, позната новинарка која е киднапирана од страна на Талибанците. Специјалните единици се испратени да ја ослободат. Елса којa е независна силна жена и војниците се принудени да се соочат со опасни ситуации.
Оцена 10/10
 
Член од
5 јули 2008
Мислења
84
Поени од реакции
41
The Hobbit: An Unexpected Journey



Значи сношти бев да го гледам филмчето бидејки како мал бев заљубен во Господарот на прстените, новото остварување на режисерот Peter Jackson го гледав во 3Д и просто уживав во сите 169 минути. Убавата страна на филмот е што може да ни покаже колку е бескрајна човечката фантазија на големото платно може да се види се што човек не може да го види во реалниот свет. Дејствието уствари на овој филм е приказната напишана од Билбо Багинс и нормално се случува пред Господарот на прстените.Приказната е склопена феноменално и препорачувам ако некој е љубител на Господарот на прстените нема да бидете разочарани од Хобит.Оцена 10/10
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~A~

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
The Intouchables



Со ентузијазам во пет сабајле го пуштив филмов. Мислев ќе уживам во европска кинематографија, драма комедија според IMDb, таман за пред спиење.

Во филмот се зборува за еден богаташ, коj ангажира млад Сенегалец да му биде помошник. Богаташот е инвалид, парализиран од вратот надолу, а Сенегалецот е пропалица на условно. Богаташот живее монотон живот, а Сенегалецот живее како секој ден да му е последен. Два тотално различни света, кои ако се судрат можат да резултираат со урнебесни ситуации и неочекувани промени. Звучи интересно, а? Да, ама не е.

Не ретко се случува некој филм да ги истражува разликите помеѓу луѓето со различен општествен статус и различни култури. Но, самото тоа не може да претставува гаранција дека филмот ќе биде добар. The Intouchables се занимава со сериозни теми, но тоа го прави на несмасен и нереален начин. Како глупа холивудска комедија, само што наместо Џенифер Анистон и Ештон Качер, на овие, за некое чудо, им текнало да ангажираат одлични француски актери.

Ваквите филмови уште ги нарекуваат и feel-good movies и нивната цел е да го расположат гледачот. Немам никаков проблем одвреме-навреме да погледнам ваква работа, бидејќи една од многуте цели на филмовите е да пренесат доза ведрина на гледачите. Всушност, ведрината на The Intouchables е неговата најсилна страна, но и најголема мана. Од една страна, филмот се грижи ликот на парализираниот Филип да го претстави како трезвена личност, човек кој се помирил со својата состојба и кој знае и да прифати зафрканции на сопствена сметка. Но, тука започнуваат клише моментите, а филмот започнува да добива елементи на досадно стенд-ап шоу како она на Марјан Ѓорѓиевски. Проблемот е што филмот позитивната атмосфера ја креира така што ликовите ги претвара во тотални морони. Колку да не се наруши ваквата атмосфера, ликовите се подготвени на секакви нелогични постапки. „Ќе ме крадеш, ќе ме повредуваш и ќе ме вреѓаш, ама јас ќе ти се смешкам симпатично, не дека сум прост, или дека имам огромни сфаќања за другите луѓе, туку бидејќи филмот така налага.“ Како сценаристите да се плашеле од ризици, па оттука, предвидливоста е неминовна. Интеракцијата помеѓу двата главни лика може да се предвиди од далеку, а крајот еден час порано. Поклише здравје.

Очекував многу повеќе, што од номинацијата за Златен Глобус, што од IMDb и форумов. Она кое го добив не беше ниту комедија, ниту драма. Наместо да ме насмее, или пак да понуди некое позитивно чувство, филмот ме натера да се досадувам и да се чувствувам празно.

Оцена: 3/10

Бонус: Ако некој сака да гледа нешто на слична тематика, но далеку подобро, моја обавезна препорака е феноменалниот The Diving Bell and The Butterfly.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~A~
Член од
5 април 2012
Мислења
8.149
Поени од реакции
8.944
Argo (2012)

http://www.imdb.com/title/tt1024648/


Одлична драма, креирана според вистинска приказна (која што до неодамна била класифицирана како строго доверлива тајна) најпрво објавена како книга а сега и екранизирана. Им го препорачувам на сите оние кои сакаат шпионски и политички филмови. Јас бев толку нестрплив да ја дознаам приказната што прочитав и дел од книгата. Не верувам дека Арго ќе помине добро во кино саалите но веројатно ќе собере голем дел од наградите на Златен Глобус каде е номиниран во сите главни категории!

Главна улога во филмот е Бен Афлек кој истовремено е и режисер но мора да се каже дека филмот изобилува со одлични актери. Дејствието се случува во Иран и Америка во периодот од 1979/80 година каде што се случува револуција и на власт довага актуелниот лидер на Иран Ајатолах Хомнеи. Тој го соборува режимот на тогашниот владетел на Иран, Шахот подржан од западот и како револт што соборениот лидер кој што е тражен за судење во Иран добива азил во Америка толпа на луѓе ја заземаат американската амбасада во Техеран.

Филмот се фокусира на 6 вработени во амбасадата кои успеваат да избегаат од неа и да се сокријат во куќата на амбасадата на Канада и обидите на администрацијата во САД да ги извлече од земјата.

Мислам дека нема потреба да откривам повеќе од содржинта на филмот, ви го препорачувам да го погледнете од мене оцена 8/10
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.149
Поени од реакции
8.944
Flight (2012)
http://www.imdb.com/title/tt1907668/



Конечно излезе добра снимка од Flight и решив да го гледам, морам да кажам имав големи очекувања од филмот. Постојано ги пратам Air Crash Investigation на NGC а и го сметам Дензел за добар актер па ми изгледаше филмов како добра комбинација. Се надевав дека ке има добар филм иако мислам дека последен добар негов филм е Man On Fire. Морам да кажам дека сум тотално разочаран.

Се работи за драма каде Дензел е пилот на авион кој доживува несреќа мегутоа пилотот со "надчовечки" напори успева да ја направи катастрофата минимална. Сепак во долги и мачни 2 саати и 10тина минути потоа се објаснува неговиот живот и борбата тој да избегне криминално гонење поради тоа што е алкохоличар. Филмот е полн со клише моменти (нема да ги напушам колку да не има спојлери, не дека нешто ке ве изненади во филмот). Веројатно најлош е крајот за кој добиле инспирација од Лaжго Лажго со Џим Кери.

Нема да ви го препорачам за гледање иако веројатно многу од вас ке му дадат шанса заради актерот. Од мене 5/10
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Upside Down (2012)


Не стварно @wot , пробав. На крајот, филмов е романтична клише приказна, спакувана во Sci-Fi, пошто на луѓево им досади да плаќаат пари за да гледаат 100-та копија од Sweet Home Alabama. Добра идеја за Sci-Fi, но филмот не е тоа. Се што ми се допадна е почетокот и малку од крајот. Започна визуелно многу убаво, ме фати криза што не го гледам на кино. Но освен сцените со двата света и визуелизацијата, ништо посебно не видов. @џимеј, ни градите на Кирстен не ги видовме овој пат, а можам само да замислам што ќе беше во филм за гравитација :rolleyes:.

Штета...

That being said, филмов е приказна за два света, две планети, споени една со друга, заеднички гравитираат околу сонцето. Законите на физиката се поинакви и човек од едниот свет не може долго да опстане во другиот свет. И тогаш двајцата луди млади се среќаваат и решаваат дека љубовта е појака од гравитацијата, по што филмот забрзано оди кон хепиенд а сите ние треба да се радуваме.

Добро, многу хејт е ова, се зезам уствари. Филмот не е лош за тепање време, актерската двојка (Kirsten Dunst и Jim Sturgess, за кого ќе пишам понатаму во текстов) е одлична, но со тоа што Кирстен не ја гледаме многу, а за нејзините бујни гради да не правам муабет.

Споредби со Another Earth нејќу да чујам, пошто AE е независен хипстерски филм :rolleyes: со длабочина, додека Угоре Удолу е како што реков, романтична клише приказна. Толку за тоа (а за хипстерите немаме завршено, т.е. немам ни почнато).

6/10 за филмот, не знам, можеби имав зголемени очекувања...

AND NOW FOR SOMETHING COMPLETELY DIFFERENT:


One Day 2011


Сериозно сега, не затоа што Ане глуми, ама филмчево е топ. Сериозно. Не е поради Ане. Сериозно. Сериозно...

Сериозно.

Искрено очекував уште од истото, more Sweet Home Alabama. Ама реков ај да го изгледам, како верен почитувач на ликот, делото и телото на дотичната. Такоџе, кај го гледав Џим два пати овој месец (во Cloud Atlas и Upside Down), реков ај ќе го гледам уште еднаш.

Филмот е од романтиките, но не е шаблонски (имавме тема за ова, не?) Ане наша и Џим се другари, нешто како friends with benefits, ама многу малку бенефитс. Опишана е нивната приказна низ годините, од крајот на 80-те па до сегашно време. Поточно, од 15 јули, 80 и некоја, кога дипломираат на факс, филмот оди низ годините, од 15 јули на друг 15 јули. Можам да кажам дека ова филмче е character-driven, филмот го направија актерите, мислам дека беа перфектен филмски пар. На Ането и лежат вакви улоги, се надевам да ја видам во сериозни драми, посериозни и од овој филм, каде може да дојде до израз не само нејзината безвременска убавина, туку и нејзините актерски способности. Го бива девојчето, да не се лажеме... Ех Ана...

Мало музичко интермецо.

За Џим спомнав уште кога пишував за Cloud Atlas, дечкото многу го поштувам по трибјутот на Битлси Across the Universe, мјузикл во кој го игра Џуд (лик од песната Хеј Џуд на чичко Пол Мекартни). Во Cloud Atlas тотално растури, посебно во улогата на Кореецот. И во овој филм тотално на ниво, како несериозен и неодговорен фраер и како возрасен, созреан човек. Навистина сакам да го видам во многу добри улоги, го заслужува тоа.

Назад на филмот, ми се допадна трансформацијата на карактерите, шминката и костимографијата. Убаво прикажан периодот од 90-те до денес со сите визуелни промени и начин на живот. Оние кои се нашле во слични животни ситуации како онаа во приказната, ќе можат да се поврзат со ликовите.

Убаво филмче, за мерак. Му лупам 9/10, кад је Ио био циција? :cool:

О Ана... :love:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom