- Член од
- 13 април 2008
- Мислења
- 7.592
- Поени од реакции
- 6.959
Agora
Опфатен е периодот на раната појава на христијанството (почетните векови од Новата Ера) кое, нормално се поставува наспроти многубошците (паганите) и евреите. Помеѓу тие два, односно три огна ќе се најде девојка која копнее светот да си го објасни преку науката и сите претходни сознанија на античките филозофи т.е. да го пронајде рационалното решение.
А сега и мој коментар. Уште при првите искри, како да се отслика расплетот и крајот. Како што одминуваше филмов, мојата претпоставка за тоа што и како би се случило на крајот се повеќе се зацвртуваше и на крај ми испадна точна. Можеби и за тоа не се исфрустрирав, разочарав или пак инзервирав многу. Оние што имаат гледано филмови на слична тематика, брзо би требало да го осознаат крајот, бидејќи јасно се гледа тоа како милум или силум во тие рани години луѓето биле приврзувани за верата, без оставен и милиметар место за науката, истражувањето и рационалната мисла. Таквите ги прогласувале за вештери и ги кинеле, а СЕ благодарение на неписмениот и неук народ кој како ограничен коњ на пајтон го гледале светот. Пак ќе кажам, не ми се допадна бидејќи јас сум секогаш на страната на науката, ама па од друга страна тоа е всушност било вистинското лице на тоа време. - Железото се кова, додека е врело.