Во филмов глумат Cameron Diaz, Abigail Breslin, Sofia Vassilieva, Alec Baldwin, Jason Patric, Thomas Dekker, Emily Deschanel, Joan Cusack... Тажна семејна драма. Едното дете се разболува од леукемија и сестричката сака да и го спаси животот со тоа што ќе донира еден бубрег. Родителите не се согласуваат и девојчето решава да ги тужи, бидејќи според законот не смее да донира одргани оти има само 13 години, за да донира огран мора да биде полнолетна. Ова е прекрасен филм кој мора да го гледате!
Римејк на класичниот хорор од 1941(имаат ист наслов).
Главни улоги: Benico Del Toro , Anthony Hopkkins, Emily Blunt ,Hugo Weaving и Geraldine Chaplin.
Во 1891 Блекмур (Англија) Бен Талбот е убиен од суштество додека се обидува да избега. Братот на Бен ,Лорен Талбот дознава од жената на Бен и тргнува за Блекмур за да дознае што поточно се случило незнајќи дека со одењето во Блекмур тој ќе дознае мрачни тајни за своето минато кој ќе му го променат животот засекогаш.
На кој ќе му се допадне филмот
-Љубителите на "мек" хорор. Во филмот нема премногу крвави сцена (но има сцена кој здраво ќе ве размрдаат).
Што ми се допадна
-Ми се допадна приказната ,дозата на мистериозност ,одличните ефекти и добриот избор на глумци.
Што не ми се допадна
-(кој планира да го гледа филмов нека не гледа што се крие под спојлерот)
Страшното и морничаво дете
кое се појавува на моменти ,толку ми е одбивен....ме исполаши бре. (не успеа да одолееш и погледна кај спојлерот нели...)
Очигледно дека филмот е добар ,не за без врска потрошив 20 минути пишувајќи го овде. (Се надевам дека првава моја рецензија е добра и не ги прекршив правилата на подфорумов Филм и Тв)
После Repo man(1984), земав да го гледам Repo men(2010)
Иако е некако пребрз на моменти за мој вкус, ми се свиѓаше и би го гледала пак. На моменти ги дава акционите сцени посакувани од публиката, ама има и моменти коа се покажува ха-це/психо стилот, како сцената кога Jude Law и` ги вади органите на типката. Крваво/месарски, ама ха-це. Отвара милион прашања. Дали така можеме да ја замислиме иднината, сурова иднина со толкава класна поделеност, болести, луѓе што цел живот се кријат од страв дека ќе бидат пронајдени?! Луѓе роботи што буквално ќе произведуваат органи, луѓе што ќе убиваат зошто job's a job?! Постоењето на Neural net, нешто што ќе овозможи квази-живот, истовремено да си и жив и мртов, да живееш во својата фантазија лежејќи на едно место?! За разлика од некои мислења, мене ми се свиѓаше крајот, многу го подобри филмот уствари. Самиот филм тера на размислување за иднината во врска со потребата од органи...
Само што го догледава "Robin Hood" и можам да кажам дека филмов е навистина a must see филм!
Приказната ви е позната, но Ридли Скот и има дадено шмек што мислам дека ќе ве воодушеви.
Добра глума, добри актери и навистина добра костимографија. Мислам дека технологијата не одиграла голема улога
при снимањето на филмот, такашто нема да бидете разочарани од сцени кои се неповерливи ни за мали деца.
Патем, кога Ридли Скот снима историски филм ондак навистина нема промашај. Јас му давам 8/10. Уживајте.
Си мислам да е потценет филм на IMDb. Заслужува да се најде на Top250 листата.
Борбата меѓу паганите, евреите и христијаните во 5-ти век од новата ера. Во центарот на таа војна, жена философ, математичар и астроном која е на страната на знаењето.
Во помали приказни се опишаните концептите на повеќето идеи на кои се темели христијанството, и колку е бесмислена таа христијанска традиција.
и конечно начекав добра снимка за филмот кој со нетрпение го очекував
the expendables
со кастингот на најголемите филмски акциони херој од 80тите мораш да очекуваш дека филмот во најмала рака ќе ти се допадне.
и почнав да го глеам филмот и забележав и позитивни и негативни страни.
со увид дека станува збор за класична акција морам да го пофалам филмот, со одличните експлозии, тепачки, пукање итн, го задоволува критериумот за одличен филм
негативна страна е тоа што немаше некој интересен доијалог, повеќе личеше на разговор помеѓу мали деца, се трудеа да направат хумористични дијалози ама некако не ми држеше вода, исто така некако финалето ми беше избрзано и за еден миг се случуваа многу работи што беше и добро и лошо.
сталоне се потруди да ги собере актериве но улогата на брус и арнолд некако ми беше надвор од контекст
а мислам дека ликовите на џет ли и долф лундгрин некако ми беа подпросечни.
една 8мица од мене затоа што ми недостигаат вакви филмови
Rear Window
Конечно најдов време да го изгледам најфалениот филм на Хичкок. Филмот е еден од оние кој мора да се изгледаат. Човек со скрешена нога кој радиусот на движење е само неговиот стан, време во кое поимот интернет уште не ни бил спомнен па така за да ја убие досадата решава да погледне низ неговиот прозор кој има фантастичен поглед кон становите од спротивната страна , а и така фантастичен поглед на животот на луѓето, рутините, проблемите , ја гледа целата драма што се случува во нивниот живот. Едноставно кој колку и да негира мора да има момент кога го заеинтересирало за животот на другите, само да не стане тоа опсесија. Така секојдневно да ги шпионираш соседите ќе откриеш дека претставата дека се најсовршени кои ја глумат пред другите комшии е само лага, секој си има свои проблеми и тајни. Од кои некои тајни не треба ни да се откријат.
Глумата беше доста добра , посебно ми се допадна глумата на главниот лик и карактерот на неговата негувателка, а најмногу од се ми се допадна Грејс Кели аххх :wub:
Ќе му дадев 9ка на филмот, но заради Грејс Кели 9,5
Film od 1963 godina vo koj e prikazan naporot na zarobenite angliski vojnici vo berlin. Ni gi prikazuva nacinite kako tie planiraat da izbegaat, kako kopaat tuneli i kako toa go prekrivaat od fasistite.Ni ja prikazuva i paranojata kaj psihicki poslabite.
Na kraj od predvidenite 250 vojnici ke izbegaat 75 od koi 50 ke bidat ubieni 23 vrateni, a samo 2 ke uspeat da izbegaat.
Grafikata i zvukot ne se losi, so ogled na godinata na snimanje na filmot. Ljubitelite na voeni filmovi neka go izgledaat!
Некој имаше напишано добар коментар - еден од најдобрите режисери на сите времиња го претстави можеби најлошиот режисер воопшто. Ed Wood е вистинита приказна за Едвард Вуд Џуниор, режисер, кој себеси се смета за многу интелигентен и креативен. И тука доаѓа тоа прашање - дали навистина може да направи нешто креативно. Во борба за некое место погоре во Холивуд Ед Вуд е спремен на се.
Јас не сум гледал ниеден филм на овој режисер. Нешто што знаев беше дека е еден од најлошите, затоа што сум слушнал/прочитал негде. Карактеристично за него беше дека секоја сцена ја снима само по еднаш. Живее во некој чуден свет, опкружен со чудни луѓе. Бартон од една страна го прикажува Ед Вуд како многу мрачна фигура, од друга страна како многу позитивна. Барем јас добив таков впечаток.
Џони Деп во овој филм се надмина себеси. Не дека во другите е лош, далеку од тоа, ама овде има улога за оскар. Одамна не ме воодушевил некој со ваква глума. Цела актерска постава е на високо ниво. Цел филм е во некоја мрачна, а во исто време и смешна атмосфера.
Јас сум многу воодушевен од филмов. Еве втор ден веќе го анализирам.
Од мене бел бумбар. Не сум напишал рецензија одамна, ама овој филм ретко е споменуван. Не знам зошто, ама е мастерпис.
10/10
Изгледав многу филмови, за добрите не сум пишал рецензија бидејќи се докажани во својот жанр,ама за овој морам да напишам.
Nine Dead 2010
Девет души се грабнати и се однесени во една соба, тие мора да дознаат зошто се таму, се додека не дознаат на секој 10 минути ќе умира по еден.
Стварно не знам режисерот со кој ум се решил да направи ваков филм, кога Пила е врв од овој тип.Овој филм е бледа копија на Пила.
Глумата просечна, открадено сценарио, па да го е*ам дури насловот е еден голем спојлер.
Единствена светла точка е
Класична романтична комедија која го прикажива животот на неколку момци и девојки, некои во врска, некои во брак. Да не беше cast-от(B. Affleck, S. Johanson, J. Aniston итн) ќе беше подпросечен филм.
Како и да е има слатки моментчиња, им го препорачувам на припадничките на понежниот пол.
SALT дефинитивно мора да го погледнете,мене филмов ме воодушеви и Анџелина Џоли (Евелин Салт) одлично си ја одигра улогата и имаше многу акција во филмов.
На сите што им се допаднал „SALT„ можат од 10 Септември да го погледнат во кино „Милениум„!
Еве накусо за филмот
Премиера: 23.Јули.2010
Улоги: Анџелина Џоли,Лив Шрајбер...
Евелин Салт е ЦИА агентка која се заколнала на должност,чест и службана татковината.Кога еден бегалец ја оптужува дека таа е руски шпион,Салт започнува битка за да докаже дека е верна на татковината,и дека не е шпионка.Но за тоа мора да ги употреби сите свои способности и искуство на таен агент за да притоа го заштити и својот сопруг бидејќи во спротивност и најмоќните сили ќе ја избришат секоја трага од нејзиното постоење.
Изгледајте го трејлеров и видете за какво филмче станува збор
Ептен ме воодушеви филмот, една од подобрите акции, ако не и најдобра што сум ја гледал во животот.
Човекот е бивш агент на ЦИА, и ќерката ја праќа со другарка и во Франција, каде што и двете се киднапирани од страна на
албанска мафија
, и прави се, буквално се за да ја пронајде ќерка си. Кој не го гледал обавезно да го земе, страшно добар филм.
Тројца скијачи се заглавени на жичара и мораат да најдат начин да се спасат за да не смрзнат горе
Имаше многу моменти кај што ќе си речеш "Е јас да бев горе ке направев тоа и тоа" и мислиш дека никогаш не би постапил како нив али сепак е филм нели
Супер филмче баш ми се свиѓаше иако имаше доста напнати и гадни сцени
Филмов е ебење. Прицот е уличарче кое бива посвоено од страна на кралот на Персија уште од мал. Но кралот има и други два сина + брат. Еден ден тие напаѓаат еден град кој се смета за свет, но дали ја направија вистинската одлука? Во градот дознаваат дека има некоја моќ со која можат да се вратат во времето и сменат некои нешта... Но кој ќе ја користи таа моќ? (не откривам повеќе, дури ни со спојлери)
Евелин Салт е шпиунка за ЦИА која живее нормален живот. Еден ден доаѓа човек кој тврди дека токму таа е руски шпиун кој чека со децении инфилтриран во американското општество да изврши нечив атентат... (она со спојлерите на Принц, исто важи и тука)
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.