Последен гледан филм со кратка рецензија

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Prince of Persia: The Sands of Time


Очекував повеќе дефинитивно.Филмов, да ги искористам зборовите на мој пријател е направен за деца,нема ни Е од нешто Епско иако насловов ме залажа така да мислам.Се што видов беше филм направен со цел да биде симпатичен и да им се допадне на сите.Имаше една серија на МТВ Авантурите на Аладин,на моменти имав чувство дека неа ја гледам,само што тогаш имав 12 години.

Никогаш сум немала допир со играта според која е направен филмов,па може луѓево што ја играле можат повеќе да кажат околу екранизацијата,ама од аспект на филмот не би дала оценка ,само би рекла дека е комплетно просечен филм за да утепате време.
Малку и ме зачуди кога си ги присобрав тоа впечатоците,што бара Бен Кингсли во ваков филм?
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.047
Vicky Cristina Barcelona

Ми стоеше во компјутер едно 3-4 месеци и не му давав шанса од проста причина што не гледам романтични драми. Кога ја видов оценката на Имдб 7. 4 не се двоумев па седнав да го гледам.Ретко видена приказна барем за мене, а токму тоа и ме воодушеви. Има и супер актерска екипа. Скарлет Јохансон (Кристина) , Пенелопе Круз, тука е и по непознатата Ребека Хал (Вики). Вики и Кристина одлучуваат да го поминат летото во Барселона. Таму запознаваат еден дечко кој што отворено ги кажува своите намери и им се додворува. Кога го видов ми стана одбивен, ни малку не ми беше симпатичен, и си викам ''Каде овој парталко со лепотицата Скарлет''.Ама понатаму се беше ирелевантно, не му обраќав внимание туку се концентрирав на Скарлет:helou:. Кога се ќе се сумира и оправдана е таа оцена на имдб. Од мене нека е 8/10.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Date Night

http://www.imdb.com/title/tt1279935/
Дали дека не очекував ваков тип на филм, се изненадив позитивно. Ова ми е Hangover класа на филм, иако приказната нема никаква врска со него. После толку многу глупи комедии, за Date Night можам да кажам дека е една од подобрите оваа година, но не е се совршено па така мене лично не ми се допадна крајот, затоа му давам една 7 ца. Накратко се работи за една брачна двојка која живее нормален и досаден амерички живот, све дур не решат дека можат да си го направат позабавен и да излезат на некое пофенси место, е тука почнува интересниот дел за кој вреди да се гледа филмов.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
The Tournament (2009)

На секои 7 години, во некое рандом градче се одржува турнирот. На него присуствуваат најдобрите убијци од цел свет. Тие имаат рок од 24 часа за да се убиваат меѓу себе, последниот кој ќе остане жив добива 10мил. долари. Има само едно правило: "Убиј или умри". Интересен филм, со многу акција, вреди да се погледне.

8/10
 
I

Intex

Гостин
The man from Earth (2007)



Доказ дека не е потребен голем буџет за да се направи генијален филм. Дури ни ефекти не се потребни за да се направи одличен сај фај. Ма каков Паранормал активити! Ова е најдобриот нискобуџетен проект кој го имам гледано.
Од актерите никој не познав, но беа солидни, сигурно и се аматери кои работат на ефтини проекти.
Приказната накратко: професор по историја ги собира колегите да им ја раскаже приказната дека е стар 14.000 години. Приказната што ќе ја раскаже ќе ви го смени начинот на кој гледате на животот, на историјата, на науката. Приказната ќе ве извади од памет и ќе ве остави да размислувате толку долго колку што ќе мислите дали живееме во Матрикс. Едноставно совршено.

Оценка: 10/10
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Training day

http://www.imdb.com/title/tt0139654/

Неверојатно е како сум можел да пропуштам вакво нешто до сега, ова е сигурно најдобриот филм кој сум го гледал во последниве годинаипол или две. Дензел Вашингтон дава неверојатна глума овде, можеби и најдобрата што сум ја видел до сега. Лудило филм со лудило приказна, има чиста 10 ка од мене.

Brooklyn's Finest

http://www.imdb.com/title/tt1210042/

Солиден и добар филм, режиран од Antoine Fuqua режисерот на Training day (инаку тука пак глуми Итан Хок, покрај Дон Чидл и Ричард Гир). Според мене впечатокот не е ни одблиску ко за првиов, ама ипак е филм кој вреди да се погледне. Накратко се работи за тројца полицајци чии животи се раскажуваат како паралелни приказни, сите тројца имаат по еден голем проблем кој што ги мачи и тешко им оди во неговото решавање,
на крајот мислев дека тројцава џандари ќе се поврзат меѓу себе, ама тоа сепак не се случи.
. Како и да е филмов добива 7 ца.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
ALMOST FAMOUS

Од кај да почнам?

Прва работа ,Billy Crudup(кој се јавува во улогата на Расел во филмов) е еден од најхаризматичните ликови кои ги имам видено на филмско платно.Искрено прв пат слушам за актеров,ама ме воодушеви.Како само добро портретираше една рок ѕвезда.Втора работа Џејсон Ли(сега најмногу познат по улогата во My name is Earl)цело време мислев дека е Рајан Рејнолдс,дури почнав да се чудам како тип кој глуми во ром-ком филмови направил ваков исчекор во кариерата.Епа згрешив...
Кејт Хадсон очигледно се вивнала во успешна холивудска актерка благодарение на филмов,што и има логика земајќи предвид дека е филм сниман во 2000 година.(номинирана е за Оскар за улогава)
Е сега малку во однос на самиот филм,настрана од актерската екипа.Според мене филмов навлегува во едно битно прашање,дали е воопшто потребно да ги сакаме ѕвездите кои ни ја презентираат музиката т.е дали можеме да и го посветиме вниманието само на музиката која ја создаваат.Бидејќи зад идеалот кој се создава преку печатот,рекламниот материјал и гласините,лежат вистински луѓе кои можеби ако имаме можност да ги запознаеме никогаш не би ни се допаднале.Дали е човек вистински фан ако ја сака само музиката на бендот,а не бендот сам по себе?Можно ли е тоа да се одвои?
Гледајќи го филмов една мисла постојано ми се превртуваше во глава,овие луѓе не би сакала да ги запознаам,зад анарахијата која ја создава славата,фановите комплетно се забораваат ,ѕвездите градат кариера врз лицемерие заборавајќи што значи да живееш нормален живот,нешто што им било познато до пред некое време.

Се убив од смеење на сцената кога Расел стои на врв на кров и иде следниов цитат:
Russell Hammond: And you can tell Rolling Stone magazine that my last words were... I'm on drugs!
[crowd cheers]
William Miller: Russell! I think we should work on those last words!
Russell Hammond: I got it, I got it. Last words - I dig music.
[a few claps]
Russell Hammond: [beat]
Russell Hammond: I'm on drugs!
[crowd cheers]
Не знам зашто ама додека го гледав филмов ,момциве ме потсеќаа на составот на Kings of Leon:icon_bigg
P.S Never take it seriously!
P.P.S:Psy фала за препораката и трудот да го гледам филмов:pipi:
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
The Lazarus Project 2008



Не знам како сум го испуштила филмов да не го гледам порано. Главни улоги Пол Вокер и Пајпер Перабо.
Значи, на Бен му завршува условната казна поради извршена кражба. Си води мирен среќен живот со жена му и ќерката. Излегува брат му од затвор и му предложува да извршат кражба и Пол првин одбива, но откако го отпужтаат нема друг излез. Кражбата завршува неуспешно, со 2-3убиства, и Пол го осудуваат со смрт...
Животот го продолжува работејќи во психијатриска болница, и треба да открие што всушност се случило.


Mindhunters 2004



Прв пат го гледав у основно, па вчера нешто ми текна пак да го изгледам.
Двајца ФБИ агенти бараат сериски убиец и доаѓаат до неговата куќа. Сакаат да викнат засилување, но во тој момент слушаат женски крици и решаваат сами да влезат внатре. Наоѓаат повеќе тела и заклучуваат дека задоцниле и дека убиецот најверојатно се самоубил. Во тој момент влегува тој и двајцата агенти и убиецот се убиваат меѓу себе. Се палат светлата и гледаме дека тоа било вежба на ФБИ студенти која неуспешно завршила.
Нивниот инструктор решава да ги прати нив заедно со уште 6 студенти на остров користен од ФБИ и војската, на кој се им е наместено како да имало извршено убиство. Нивната задача е да направат профил на убиецот. Но, уште следниот ден вежбата се претвора во вистински случај.
На сцената кога умира Џеј Ди слатко се изнасмејав. (This is a joke, right? A simulation:pos:)
Иначе улоги: Џони Ли Милер, Кристијан Слејтер, Вал Килмер
 
F

FilipMacedon

Гостин

"Predators (2010)"
Што да кажам,ако сте го гледале првиот дел од овој серијал на филмови тогаш гледајте овој дел да го пропуштите(џабе ке го гледате)....
Единствено сценариото е друго,додека ефектите,сцените и филмските идеи се исти со првиот дел....
Како и да е филмот почнува како ги фрлаат со падобрани луѓето,се организираат,и бараат начин за излез,се до момент кога ке сфатат дека се на друга планета и дека таа планета е всушност крвава арена.
Потоа ке се обидат да избегаат со предаторски вселенски брод и тоа ке им пропадне и на крајот сите ке се испоубијат и ке останат снајпериската и Ројс(Броди),каде што ке видат како уште падобрани паѓаат со Предатори и луѓе.
 
I

Intex

Гостин
Red dragon (2002)



Последен сниман Ханибал со Ентони Хопкинс, но овој е prequel на настаните од Silence of the lambs и Hannibal. Доста подобар од Hannibal, но послаб од Silence of the lambs. И пак слична приказна ко таа во Silence of the lambs, само место Кларис Старлинг, овде го имаме Вил Грахам како FBI агент, глумен од Едвард Нортон. Актерската екипа се покажа одлично, особено стравот кај Нортон. Дивјаштвото на Хопкинс на ниво.
Да не ја должам многу со пишување.
Оценка:9/10
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.264
Поени од реакции
2.261
Lajanje na zvezde(1998)


186961.jpg
Имам пишано и порано на темава дека во нашава земја сите се ориентираат кон филмовите излезени од Холивуд, многу малку посветуваат внимание на ју-филмовите. Па не се тие крш како што е фолк музиката! Ова е перфектен филм кој би можел да го гледам секој ден, со саундтрак кој ќе ми остане врежан во главата уште многу време! Пред се наменет за луѓе кои се блиски со средносшколскиот живот или во најмала рака запозанени со истиот.

Се работи за матурска паралелка во провинциско гратче, а во филмот е покажано сето денешно образование. Сите видови на ученици - сезнајковци, подлизурковци, мајтапџии, насилници, но и секој професор е претставен како чуден облик на живот. А и неверојатно е кои ѕвезди и ги симна Михаило на Даница! Всушност филмов е навраќање во минататото на Михаило и Даница кои сега имаат син матурант и се сеќаваат на матурската вечер, кога тој всушност бил `зачнат`!

Ќе повтроам ова е предобар филм од овие простори, кој би можел да го гледам секој ден! А несомнено ќе запаметам голем број од цитатите во филмоv("kako Tanjug javlja-ja te volim!" :pipi:)!

10/10
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Psycho (1960)

Аaah, класика. Иако веќе видено во понови oстварувања слично искористена идеата во најразлични варијанти, сепак задоволително. Хичкок, секоја чест за креирањето на тензија која ќе те држи до самиот крај. Факин мастерпис. Приказната започнува со девојка која краде 40.000 и се обидува да побегне, узпат мора да преспие во ефтин мотел каде приказната почнува да се одвиткува. Не верувам вистинските филмофили/филмомани го имаат пропуштено, сепак кој го нема гледано, препорачувам, 10/10.

One Flew Over the Cuckoo's Nest (1975)

Фасцинантна драма. Jack fuckin Nicholson! Oдлична глума, истотака одлична и потресна приказна.
Има својствен црн хумор да ве насмее но сепак доста реално екранизирано. Прикажува какво нечовечно однесување има во психијатриските установи, навикнувајќи ги пациентите на рутина третирајќи ги како во зоолошка. R.P. McMurphy е донесен од затвор таму за да биде проценет и е pain in the ass за администрацијата на болницата. Аs far as the story goes, бунтовноста и несериозноста на Николсон го чинеше многу. 9/10.

Jacob's Ladder (1990/I)

Благодарение на mindfuck торентот, го имам филмчето, одамна и доста време го игнорирам. Не сум некој голем фан на Tim Robbins.
Сепак my personal favourite стил, психо трилер. Мада Нортон би завршил подобра работа. Ветеран од Виетнам почнува да добива сенслес флешови и гледаме како frequently стиска alt+tab од еден негов фрагмент од животот во друг. Животот му се претвара во вивиден кошмар и започнува да истражува за денот на инцидентот кога бил на мисија со група војници. Интересно филмче, вреди да се погледне. Ме изненади, дека почнав со никакви очекувања. 7/8 од 10.
 

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Heat (1995)



http://www.imdb.com/title/tt0113277/

Одлична акциска драма од Мајкл Ман, со легендарните Роберт де Ниро и Ал Пачино како две идентични лика од две различни страни на законот. Многу нема и што да препорачувам освен што овој филм е еден од подобрите што сум ги гледал со последните година дена. Филмов е чиста 10ка, нема што тука многу да се дискутира :)
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Grind (2003)

4892.jpg

4 пријатели (скејтери), тргнуваат низ Америка по различни скејт турнири, барајќи спонзор за да може да скејтаат како тим. Ќе имаат тежок пат, со разни случки, многу смеа и женски. Но, на крајот среќата ќе им се насмевне. Интересен филм, кој може да послужи за тепање време.

7/10

Exit Speed (2008)

exit-speed-2.jpg

За време на Божиќ 10 патници тргнуваат со автобус, на пат низ Тексас. За време на патувањето ќе бидат нападнати од моторџии кои ќе им го убијат возачот. Останатите преживеани ќе морат да направат незамисливи работи и да ги елиминираат лудите моторџии кои само сакаат да убиваат.

7/10
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Expandables.. oкеј, иста прича само место акција, од комедија жанрот. Grown Ups (2010)

Adam Sandler, Kevin James, Chris Rock, David Spade, Rob Schneider, Salma Hayek etc etc.. Значи кога гледате фаци кои со самата појава се смешни, мора да ви се допадне и филмот. Типичен американски хумор кој еволуирал од американска пита стилот, модифициран за гледање со друштво, фамилија. Доста фамилијарен филм. Нема некоја посебна приказна, 5 другари се собираат за викенд во мало гратче покрај езеро поради смртта на нивниот тренер по кошарка како мали. Нема некоја посебна приказна како што реков, некој уникатен хумор, покрај толку фаци и глумата не се примеќа многу но незнам зошто ми се допадна. Едноставно ако сакате да го пуштите умот на пасење, тоа е. И една исфорсирана 6-ка. :)

The A-Team (2010)

I got a thing for блокбастерс. ;)
Не сум по жанрот и тоа очигледно, но во духот на серијата как помал, го гледав.
Значи ѕверови се собрани, стануваат највредната група во војската, но ги местат поради *spoiler* и ги затварааат. Побегнуваат од затвор со мала помош во поход да си исчистат името. Некој деновиве ќе му даде 10ка, од мене максимум 4. И можеби го доловија Hannibal физички како и останатите, но го немаше тој кулнес левел Liam Neeson.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom