Последен гледан филм со кратка рецензија

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Solomon Kane

Филмче со доза научна фантастика и тип кој неверојатно личи на Хју Џекмен.Не сум некој љубител на ваков тип на филмови ама овој си го изгледав достоинствено до крај и без некоја посебна досада..:)
Значи Соломон е безмилосен и крволочен човек кој со тек на годините станал вистински ѕвер.Како резултат на сето тоа при крајот на една битка ѓаволот сака да му ја земе душата зашто ја смета како своја сопственост и му кажува уште дека неговата душа е проколната.Соломон одбива да го прифати тој факт и бега од таа средба.Се натаму води кон тоа Соломон Кејн да дојде до искупување за своите гревови.
Една солидна 6 ка има од мене филмчево.

Ondine

За мој вкус НАВИСТИНА ИНТЕРЕСЕН ФИЛМ.Јас сум просто изненадена од Колин Фарел,овој пат не носи костумче ,не е набилдан,не е регрут т.е не глуми лошо момче.Во филмов тој е татко на болно девојче кој се борел со алкохолизмот и заработува за живот како рибар.Еден ден при ловот уловува ни помалку ни повеќе туку полумртва девојка во својата мрежа.Тој ја спасува Ондин а таа бара од него тој на никому да не открие дека таа воопшто постои.Меѓутоа неговата ќеркичка успева да го открие постоењето на девојката.Малечката Ени е убедена дека Ондине е суштество од шкотска легенда.И како се одмотува приказаната човек дури да се запраша дали Ени е навистина во право:wink:
Имдб го оценува филмов со 7,а и јас му давам исто толку.
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
^Хмм,другиве можат да цитираат,а јас ја уништувам темава.....види на претходната страна.....
Нескршливиот (Unbreakable)
Добар филм во кој Брус Вилис го глуми Дејвид Дан...
Тој ќе преживее тешка несреќа со воз,не само што ќе биде единствениот преживеан туку нема да има никакви повреди.Со Дејвид Дан ќе контактира еден писател на стрипови,кој ќе му речи дека тој е неговиот одраз во огледало.За разлика од ’’НЕСКРШЛИВИОТ’’ Дејвид писателот има кршливи коски како од стакло.Дејвид ќе тргне во потрага за да ја дознае вистината.
Му давам оцена 8.. :)
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Ghost ship 2002

Спасувачка екипа од 6тина во еден бар си ја слави успешната акција за спасувањето на брод кој што потонува и неговото доведување до брегот. Им пристапува Џек со слика на огромен брод кој се наоѓа во интернационални води. Бидејќи кој го најде негов е бродот, тие се согласуваат да му помогнат. Го наоѓаат бродот и капоетанот Марфи им кажува дека тоа е Антониа Граца, луксузен брод кој мистериозно исчезнакл во 1962. Се качуваат на бродот и Марин во повеѓе прилики гледа мало девојче. Почнуваат и други чудни работи да се случуваат, но откако ќе најдат трупови не постари од 3 недели решаваат да го напуштат бродот. Пред да го напуштат бродот наоѓаат сандуци со необележано злато кое најверојатно било украдено. Ги натоваруваат и таман пред да го напуштат бродот се случува експлозија во која загинува Сантос, а останатите остануваат заробени на Антониа Граца...

The Killing room 2009

На девојка која доаѓа на интервју за вработување и пуштаат снимка од тројца мажи и една жена над кои се врши истражување. Тие се наоѓаат во една соба во која столчињата и маsата се зашрафени за подот. Им даваат да пополнат прашалник и подоцна доаѓа еден од истражувачите кој што им кратко објаснува околу плаќањето и траењето на истражувањето. На излегување ја убива девојката и ги остава останатите тројца во собата, кои подоцна ги подложуваат на разни тортури...
 
T

Tetro

Гостин
Run Lola Run (1998) Lola rennt (original title)




Одамна се спремав и чекав погодно време за гледање. Конечно го изгледав


Германски трилер напишан и режиран од Tom Tykwer. Глумат Franka Potente како Лола и Moritz Bleibtreu како Мани. Приказната ја следи една жена (Лола), која треба да најде 100.000 Германски Марки во 20 минути за да го спаси животот на нејзиниот дечко.

ВО филмот има малку акција, и многу трчање :tv: ,избран за најдобра филмска музика `98-ма.

8.5/10 заслужено
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Butterfly on a wheel 2007

Перфектниот живот на семејството Рандал ќе биде претворен во пекол откако Том ќе им соопшти дека неговата помошничка ја држи нивната ќерка. Тие ќе бидат изложени на тортура, ќе мора да ги исполнуваат сите негови наредби и ќе видат како за еден ден ќе биде срушено сето тоа што го граделе со години. Кога на крај ќе се открие вистинскиот партнер на киднаперот, гледаме дека животот на Рандалови баш и не бил совршен...
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Leaves of Grass

Ме залажа Едвард Нортон за да го гледам филмов.Инаку го ставам во категоријата:НИШТО ПОСЕБНО.
Нортон постојано се испробува во различен вид на улоги,а и овој пат тоа го прави маестрално,како ли го изведе оној чудесен акцент и успеа да одигра две улоги само он знае.Како што реков,филмов не е ништо посебно,нема некоја силна приказна да ве задржи,единствено може Нортон да ве задржи да го догледате заради актерската игра.
Кратко сиже:Двајца браќа близнаци живеат одвоено со години,едниот е професор по филозофија(bill),другиот локален дилер со висок степен на интелегенција(Brady).Еден ден му се јавуваат на Бил и му кажуваат дека брат му е убиен и тој го фаќа првиот лет за дома.
Оценка не ставам пошто и не знам што би ставила :)


Disturbia

Не е некој врвен трилер филм,ама не е ни воопшто лош.Напати мислев дека претерале со тинејџерските сцени.Приказната за девојката(Ешли) во филмов мене ми се чинеше недокажана.
Кајл е момче кое ќе го загуби татко си во сообраќајна несреќа.Една година подоцна на провокација го удира својот професор и е казнет со тримесечен домашен притвор.Немајќи што да прави од досада се забавува со двогледот посматрајќи ги соседите.Што се ќе открие и дали е во право видете.
Оценка 6
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
EXAM
Хм,да кажам дека не ме бендиса ке излажам доста добро сработено од страна на Uknown актери интересно поставена приказна и делумно одлично реазлизирана.Викам делумно затоа шо како и секогаш имам си проблем со креавите на филмовите како и овај случај зашо да не се завршеше поинаку ама таа е.Него околу филмо да спомнам троа.......8 кандидати за едно работно место одат да полагат испит додуша малку необичен испит и целата mindfuck сотуација почнува кога ке видат дека листовите се празни и имат одредено некој правиле шо и ги врзува рацете да направат било каква природна постапка за да дојдат до било каков одговор.Значи морат да најдат начин да го најдат прашањето и да го одговорат мислам дека неколку пати е рецензиран погоре и ногу го имат изгледано така да да не ја тупам.Ај од мене една 8 мица.
 
T

theTinule

Гостин
The Tattooist

Демек хорор требаше да биде филмов, ама не ме уплаши. Приказната почнува со еден тип кој тетовира, оди на некоја ко конференција за тетоважи и таму открива едно племе (индијанци ваљда) во кое мажите се тетовираат по целиот грб. Тој им краде еден инструмент и продолжува да тетовира луѓе. Сите луѓе што ги истетовира откога го украде инструментот, умираат. Еден по еден. Меѓу нив е и девојката што ја сака...
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
The Ghost Writer

Писател на мемоари на еден премиер + резиденцијална куќа на осамнен остров + меланхолична атмосфера исполнета со сиво небо и многу дожд + неразјаснето убиство + Роман Полански = старомоден филмски класик. Тоа се зборовите кои најблиску ја опишуваат сликата за овој политички амбиентален трилер, амбиентален пред се поради суптилната атмосфера која е константно присутна низ целиот филм, и во која може да се препознае стилот на големиот Полански. Нешто налик на The ninth gate, без разлика што сценариото ниту одблиску не е слично, иако и во двата филма главните ликови толкуваат улоги на писатели. За приказната можам да кажам да не се надевате на нешто невидено, доколку сте љубител на поранешните трилер мистерии - класици, тогаш сигурен сум дека овој филм ќе ви се допадне, а и да не ви се допадне не можете да одречете дека овој филм не делувал барем малку инспиративно на вашето расположение. Од мене добива 8, не ми направи ќеиф Ким Катрал која се обидуваше да одглуми англиски акцент.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500

Inception

Ова е најновиот филм на нолан, имав задоволство вчера на премиера да го гледам.
Филмов уште пред да биде пуштен е ставен на трето место у топ 250 на IMDB така да очекувањата беа огромни.
Кратка рецензија...хмм
А бе на филмов не може д аму се направи рецензија, ужасно е комплексен и максимално интересен. Леонардо ди каприо глуми човек шо влегува во сонови на други луѓе и краде податоци...е сеа тука има заплети рљасплети шо ти не знам...а бе две секунди да пропуштите од филмот не ќе знаете шо се дешава после.
А инаку вака еден од најдобрите филмови што сум ги гледал...ако не и најдобар после бегство од шошеник.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
S.W.A.T (Специјална Единица)

Полицијата на Лос Анџелес ќе сака да направи една од најдобрите специјални единици во светот,и тоа ќе го остварат.Потоа ќе фатат еден богат нарко-бос кој ќе им направи големи проблеми.При трансфер во друг затвор,тој ќе понуди голема парична награда (милиони) за тој што ќе го извади од затвор.После ова цел филм е со акција.
8/10
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Session 9

Вака се немам изморено од Memento. Фасцинантен филм. Толку обична приказна прикажана толку комплексно, што обичниот расплет изгледа толку неочекувано, изненадување. Толку ме извози филмот што незнам од кај да почнам да го рецензирам. Жалосно е да го класифицирам како хорор кога заслужува своја класа. Ако очекувате неконтролирано шприцање крв и црева, цицки, трчање низ шуми прогонувани од мутант, филмов не е за вас. Ако сте по психолошки хорор, што бара концентрација, мислење и запазување секој детал, тогаше е must see!

Локацијата е сама приказна по себе, напуштена ментална болница, енормна, што од нејзината конструкција лазат морници, а да не пишувам за внатрешноста. Морбидна тишина, што дури дава чуство дека болницата е жива, преовладува еден supernatural елемент. Приказната е 5 карактери, кои се согласуваат да ја спасат болницата од распаѓање една недела порано од понудата на други компании. Одтаму започнува притисокот, тензијата меѓу актерите, што се доста клучни за плотот. Во позадина тече втора паралелна приказна, која, лично по мој вкус, ѕверска но е многу тешко да се спојат линковите на крајот. Кршлива поврзаност, што впрочем ако се обрнале доста внимание, посебно на расплетот сами во темна соба, нема да ви биде проблем. Ве навлекува сами да си ја раскажувате приказната, дали е приказната за прогонуваната мрачна зграда, дали одмазда меѓу ликовите, дали сосема трето, крајот ќе ве задоволи, ако не барате spoon-fed одговори како досаден LOST фан.

Секоја чест за режисерот од секој аспект, што впрочем не ме изненадува кога видов кој е и каква атмосфера има створено во The Machinist. Слична тензија и морбидност преовладува и во овој. Едиствено што можам да замерам е претставувањето на актерите. Тешко се ствара конекција, да симпатизираш со нив, да навиваш за некој, за секој осеќаш жал и омраза истовремено. Има некоја уникатна убавина во тоа, но како што реков, потребна е атмосфера за да се долови моментот. Е тогаш ќе осетите какво зло прикажува филмот и колку е језива помислата. Многу ќе се разочарат кога ќе го гледат и ќе ме хејтаат. Не е за сечиј вкус, ако повеќе цените сечење, крв уз плавуши, слободно скокнете го овој.

Длабок. Морбиден. Ѕверски. Jaс му спуштам капа.
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Planet of the Apes , римејкот од 1968. Глумци се Mark Wahlberg, Tim Roth, Helena Bonham Carter, Michael Clarke Duncan, Paul Giamatti, and Estella Warren. Приказната е за астронаут Лео Давидсон кој ќе се урне на планета на која владеат интелегентни и силни мајмуни , а луѓето се робови. Одличен почеток , примамлива приказна , одличен заплет , а неверојатен крај.

-Крајот ме маѓепса , толку непредвидлив крај не сум видел во никој друг филм , толкав пресврт. Му се поклонувам јас , не му спуштам капа.

-Инаку да не знае некој дали ќе има продолжение?
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
KВИЗ:
Режија: Роберт Редфорд
Сценарио: Пол Атанасио
Филмов е според вистинска приказна.
Продуцентите на еден познат квиз во 1958 година имаат проблем. Нивниот шампион Херберрт е премногу суетен човек. Тие ќе му дозволат на Чарлс да го преземе тронот, но при тоа ќе направат многу матни зделки кои ќе излезат на виделина.
Улоги: Ралф Фајнс, Џон Туртуро, Роб Мороу



СПЕЦИЈАЛИСТ:
Режија: Луис Лоса
Сценарио: Џон Ширли, Александра Серос
Експертот за бомби (Сталоне) ќе добија анонимен повик од жена.Тој ќе добие задача да го уништи мафијашкото семејство што го убила семејството на жената.
Улоги: Силвестер Сталоне, Шерон Стоун, Џејмс Вудс
 
T

Tetro

Гостин
EXAM
Хм,да кажам дека не ме бендиса ке излажам доста добро сработено од страна на Uknown актери интересно поставена приказна и делумно одлично реазлизирана.Викам делумно затоа шо како и секогаш имам си проблем со креавите на филмовите како и овај случај зашо да не се завршеше поинаку ама таа е.Него околу филмо да спомнам троа.......8 кандидати за едно работно место одат да полагат испит додуша малку необичен испит и целата mindfuck сотуација почнува кога ке видат дека листовите се празни и имат одредено некој правиле шо и ги врзува рацете да направат било каква природна постапка за да дојдат до било каков одговор.Значи морат да најдат начин да го најдат прашањето и да го одговорат мислам дека неколку пати е рецензиран погоре и ногу го имат изгледано така да да не ја тупам.Ај од мене една 8 мица.
да не правам и јас рецензија, кажано е во цитатот.
+ да додадам: соба со чувар и еден типац кој ѓи дава правилата/ 8 кандидати полагаат (појма немаат за ништо). Прашањето не се знае, одговорот е еден, а никој не го знае главното прашање :wink: за 80 минути има многу случки. вреди да се гледа,

7-мица од мене
 

Kajgana Shop

На врв Bottom