Последен гледан филм со кратка рецензија

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Во последно време само филмчиња гледам лето што да праиш ...него последни гледани...

Couples retreat

Брачен пар со навидум проблеми во својот брак решава да ги преземе работите во свои раце и да го зачуваат тоа што го имаат без да се разведат.Наоѓаат мошне интерено чаре и начин да ги пребродат кризите и проблемите, но за да го направат тоа им треба помош од нивните пријатели кои ќе бидат вовлечени во интересниот план.
Од имд 5.5 од мене 5/10.

The Exam

8 луѓе влегуваат во потесната селекција за работа за која секој би убил.Селекцијата е направена мошне деликатно, а последниот испит пресудува кој од тие 8 луѓе ќе ја добие работата.Филмов е интересен mindfuck и ќе ве натера да мислите outside the box.Интересно филмче кое задржува внимание 7/10

Hot tub Time Machine

Тројца најдобри пријатели од средно кои се немаат видено подолго време, судбината на ваков или онаков начин ќе ги спои повторно и ќе им приреди интересно патување во минатото(очигледно е од насловот) кое ќе им ги смени нивните животи и по кое ништо нема да биде веќе исто за ниеден од нив.Филмчево е за нетупење мозок, но во секој случај ме замисли за момент со она -што би било кога би било 6/10

Remember me

Само што завршив со гледање на филмчево и сеуште сум под импресии на одличната глума на Роберт Патинсон.Иако наликува на типично тинејџерско фимче со стандардните љубовни сплетки, овој филм е многу повеќе од тоа.
Двајца врсници со интересни животни приказни се среќаваат на не толку случаен начин и како што минува времето ќе пробаат да си ги пополнат празнините и да ги излечат раните и траумите од нивните животи.Сето тоа прераснува во силна љубов меѓе двајцата
Се појавува и Criss Cooper и не беше многу тешко да се погоди дека и овде ќе глуми цајкан.
Ме трогна филмов ептен и за тие поемотивните, палома покрај вас би било пожелно(Плачев да многу:pipi:)
9/10
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Orphan 2009


Брачниот пар Кејт и Џон решаваат да посвојат дете. Тие веќе имаат 2 деца, но откако Кејт раѓа мртво дете, се одлучуваат да посвојат. Ја земаат Естер, девојче на 9годишна возраст, со доста чуден стил на облекување. Сите од семејството веднаш ја прифаќаат како член на семејството, освен синот Даниел. Наскоро почнуваат да се случуваат чудни работи и некако секогаш Естер се наоѓа во близина...
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.341
Поени од реакции
2.235
Queen of the damned 2002

Aaliyah%20-%20Queen%20Of%20The%20Damned%20.%20Vampire%20wallpaper.%20La%20reine%20des%20damnes.jpg


Значи, да. Добар добар филм, лично мене ме бендиса. Се поврзува музиката и чувствата на вампирите односно на Лестат, настанувањето од Мариус (кој го апна), после зема крв од Акаша, и стана едноставно надмоќен. Закажува концерт Лестат, но Мариус му влеше да го откажи бидејки ке биде убиен, не ни помислуваше тоа Лестат. Сепак, ја разбуди Акаша, и го спаси сред концерт на Лестат, од тогаш му беше љубов на Лестат. Интересно, интересно филмче, има добри чувства и вреди да се погледне кој обожава вака вампири у добра романтична атмосфера. :)
Не знам како убаво да ви го опишам али, то је.

8/10.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.784
Поени од реакции
12.255
Arn: The Knight Templar (Arn: Tempelriddaren)
2007
Интересна шведска приказна (според романот на Jan Guillou), прв од двата дела досега снимени за животниот пат, љубовта и авантурите на витезот темплар Арн Магнусон.
Во улога на таткото на Арн е истиот актер кој ја има улогата на новинар во филмската трилогија Милениум (Девојката со тетоважа на змеј). Некои од сцените потсетуваат на Небесното Кралство (Саладин освојувачот, тактика на избегнување пораз на Ерусалим...). Пошто сакам вакви филмови -авантури, средновековие и романса, ради пристрасност би му дал повисока оценка.
Следно за гледање вториот дел Arn: The Kingdom at Road's End (Arn: Riket vid vägens slut).

Шведска као да се враќа назад после летаргијата во филмската индустрија
 
Член од
26 јули 2009
Мислења
424
Поени од реакции
179
Деновиве сум во хорор расположение и еве три филмови кои ги гледав.

Прво еден лош филм Jennifer's Body 3.5/10

Убава идеја ама толку глупаво е реализирана што намерно да го правеле толку лош немало така да излези. Меган Фокс ја игра Џенифер лесна девојка од мал град која е убиена во сатански ритуал, но има една "грешка" па таа не умира туку е опседната и мора да убива (машки нормално со заведување) за да се храни, а тука е и најдобрата дугарка на Џенифер една од оние срамежливи скромни девојки, па имате и лезбејски сцена која никако ама никако не се поклопува туку е ставена само за да привлече машка популација да го гледа филмов...со еден збор катастрофа, Меган си е преубава ама во филмов е премногу здрвена и вештачка и како секогаш да ја добива истата улога на глупава, лесна ку*ва што според мене е грешка, па потоа се чудат зошто филмот е лош, на интервјуа делува многу поинаку спонтано и смешно, комедија или драма повеќе би и одговарала, ама тоа е. Ако сакате да видите лош демек хорор филм бујрум

Сега нешто на средина The Uninvited 6.5/10

Интересен, но предвидлив филм, барем за мене, уште на средината знаев како ќе заврши, а и премногу форсираа еден смер, кој би бил веројатен, но со толку форсирање се знае дека не е тоа. Филмов е американски римејк од оригинал кинески, така да можеби кинескиот е подобар. Мајката на Ана е неподвижна и живее во куќичката крај езерото, а татко и има афера со нејзината негувателка. Мајката умира во пожар, а Ана посетува психијатар и поминува некое време во болница. Кога се враќа дома, заедно со нејзината сестра Алекс почнуваат истрага за тоа кој е крив за пожарот. Се на се добар за тепање време.

И добриот филм е The Haunting in Connecticut 9/10

Семејството Кембел мора да се пресели во куќа поблиску до болницата каде нивниот син Мет ја прима терапијата, но куќата е поранешна мртовечница и место каде се стапувало во контакт со мртвите, се додека медиумот кој го правел тоа, момче на возраст слична со Мет, мистериозно исчезнува. Мет почнува да халуцинира и прво мисли дека тоа е од новиот лек кој го прима, но не е така и настаните изгледаат се пореално...не кажувам понатаму, но ако сте љубител на ваков вид хорор филмови (опседнати куќи - Тhe Аmityville Horror, House on Haunted Hill) мора да го гледате и на крај еден цитат од филмот кој откако ке го гледате ќе го разберите:
One bright day in the middle of the night, two dead boys got up to fight.
Back to back they faced each other, drew their swords and shot each other.
A deaf policeman heard the noise and came and killed those two dead boys.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
После година дена слушање препораки, вчера баш ми текна и го гледав The Ugly Truth, иако бев некако повеќе во трилер муд.

Убаво, онака леко филмче во кое главна фаца е Мајк (Џерард Батлер) кој всушност е експерт за толкување љубовни врски, водејќи свое шоу во кое им дели ''совети'' на жените, меѓу кои и на Еби (Кетрин Хејгл) - ТВ продуцент. Па така нејзиниот шеф ќе реши да го вработи Мајк во нивната ТВ, за подобар рејтинг нормално. Таа на почеток е као одбивна и не и допаѓа Мајк, но тие ќе се доближат кога тој ќе и се понуди да и пружи помош за таа да стапи во врска со the boy next door .. А и нешто повеќе. :)
 
T

theTinule

Гостин
Не е последен, ама онака, ми текна xD

How to lose a guy in ten days
Цел живот ми е омилен филм. Со Kate Hudson и Matthew McCognaughay. Дејството с еодвива во New York (е не!). Се зборува за една новинарка и еден маркетинг агент. Девојката работи во модно списание и добива задача да напише статија за тоа што не треба да се прави во една врска и зашто врските за 10 дена не успеваат т.е. треба да фати дечко и тој после 10 дена да ја откачи, а дечково за да влезе во маркетингот со дијаманти, прави кладба со неговиот шеф: ако може да ја натера која било жена да се вљуби во него за 10 дена, добива унапредување во дијамантскиот маркетинг. Preety much смешки има во филмов. Романтично комедиче. Убав е :)
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181


Е овај го последен гледа ама шо знам некако до мене ли е или последните 2-3 години сите овие ми се исти.Интересен за тепање време ама ништо посебно.Значи на кратко он е бивши полицаец сега ловец на награди и задача му е да ја приведе неговата бивша жена и тука има гонење низ пола држава ебаго и тоа е уствари ....4/10
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Drifter

Филмов е холандски и е толку андерграунд што на гугл не можам да му најдам ни саглам слика. И немам оценка за филмов пошто стварно не знам дали ми се допадна. Се труди да биде трилер, ама појше накај драма иде. Финтата е што четворица ликови се разбудуваат во пустина и појма немаат како стигнале таму. И ок, добра е замислата, е и расплетот ми се бендиса до негде, али целата средина (у принцип 90% од филмот) ништо не се дешава, освен тоа што тие се преместуваат од пустината во една река, па во една колиба итн, и се караат меѓу себе. Главниот лик е ужасно антипатичен, па уште и кога ќе почне да се потсетува на минатото уште повеќе ќе го замразите.


Killing room



Ако некој ми ги чита рецензииве, ќе види дека во последно време гледам филмови во кои има помалку од десетина ликови заробени во една соба. Што да правам, Exam толку ми се допадна што се затрчав по филмови слични на него. Али слабо некако. However, Тhe killing room е трилер, за кој се снима втор дел, и мислам дека е прилично интригантен и контроверзен. Крајот барем. Тука глумат Абруци од Призон брејк и сопругот на Мараја Кери, кој ми се допадна како изглуми. Крајот не ми се допадна. Јас сум многу чудна, не ми се допаѓаат филмови во кои има варање на сопругот/сопругата (а да бидеме искрени, ова го има во секој втор филм (меѓутоа не во овој)), перење мозок и такви некои ствари, ради тоа што не ги одобрувам тие работи во приватен живот па ете, не ги сакам ни на филм. Ваљда ради тоа не ми се допадна крајов. Не ми беше по ќејф. И Титаник не ми завршил по ќејф, ама го сакам, што значи дека не е до мене, до филмот е. Како и да е, филмов е подобар од горниот.
Се работи за група од четворица луѓе кои ги затвораат во една соба као демек заради некое интервју, а испаѓа дека работава е многу полоша. Сето ова го гледа на снимка една девојка која е на интервју за вработување во компанијата.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.784
Поени од реакции
12.255
Arn – The Kingdom at Road's End, 2008



Вториот дел за Арн витезот темплар, неговите патешествија од Ерусалим (кога градот го зазема великиот Саладин) до родното место. како историска личност, неговиот внук е војводата Биргер кој ќе го обедини кралството Шведска.
Добро продолжение за онок кој сака авантуристички историски филмови, добра оцена како и првиот дел.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Пред 2-3 дена го гледав The Proposal.

Станува збор за Маргарет (Сандра Булок). Таа е успешна пословна жена (директорица во издавачка куќа), но доста строго поставена и на крајно лош глас меѓу вработените. Нејзин најблизок вработен е нејзиниот секретар Ендру т.е. нејзин потрчко. Но заплетот настанува кога нејзината виза за престој во УСА ќе истече (таа е од Канада) и за да не ја депортираат како илегалец на година дена, таа го убедува Ендру да стапи во брак со неа, заради папирологија нормално, а потоа кога се ќе се среди тие среќно да си се разведат. Но Ендру кој 3 год. работи кај неа и е малтретиран како и целиот останат персонал, има свои барања за возврат поради услугата и така ќе ја однесе во неговата родена Аљаска на викенд ... :) :)

А сега и мое мислење за филмов. Кога видов дека под насловот стоеше романтична комедија, мислев дека нема да е ништо посебно и полн со allready seen scenes and talks, но не испадна така. Јас лично би дал жанр : семејна романтична драма, со посебен акцент на тоа СЕМЕЈНА, бидејќи во расплетот филмот изобилува со вредности и главни алки кои ќе ги осознаете, или пак на кои ќе се потсетите доколку предходно ги имате запознаено, нешта што би требало сочинуваат и држат цврсто секое едно семејство. На почетокот сигурно пред очи ќе ви излезат Мерил Стрип и Ен Хедауеј од фантастичниот The Devil Wears Prada и можеби ќе си помислите дека е беден плагијат, но не филмот си има своја приказна.

Посебно сум задоволен од филмов и ви предлагам ако имате можност да го гледате фамилијарно. Оценка : 7.5
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
REMEMBER ME

Главни улоги:Роберт Патисон и Емили Рејвин(попозната како Клер од LOST),исто се појавува и Пирс Броснан.
Филмов е драма/романса .Двајца истоврсници,секој со своите рани поврзани со смртта на една своја блиска личност се среќаваат повеќе намерно отколку случјано.Тајлер е поприлично обземен од внатрешен гнев насочен кон неговиот татко кој е поприлично посветен на работата.Али од мое гледиште не изгледаше премногу погодена од смртта на мајка и во раното детство,што според мене е погрешно бидејќи целосната концентрација на приказната е ставена на состојбата на Тајлер,кој за цело време додека го гледав филмов ме асоцираше на самодеструктивна личност.
цело време мислев ќе се самоубие
Ако мислевте дека еден филм од новото време може да помине без американско клише се лажете.
Добра глума од Роберт Патисон,според она што го видов одлично се вклопува во концептот на бунтовник,може да се вклопи во некоја улога од типот на Џејмс Дин во Бунтовник без причина.
Оценка на ИМДБ 6.8...Толку некаде има и од мене.
 
А

Анноун

Гостин
Hot Tamale

Одлично филмче . Има комични моменти , познати ( но по малко заборавени ) глумци , брендон од беверли хилс и мис кармен електра , на кои им е дадено сосем мала улога , но одлична реклама се за самиот филм .

Накратко , Харлан е 20 годишно момче кое живее во мирниот и досаден вајоминг. решава да оди во лос анџелес да си ја проба среќата како тапанар во салса бенд. ќе биде сместен кај неговиот пријател од времето на факултет , цезар . но патувајќи кон градот на ангелите , ќе налета на Џуд ( џејсон Пристли) , кој е бркан од двајца батковци во костими . кога ќе стигне во лос анџелес ке види дека Џуд му оставил чанта , која всушност причината за целата збрка..

Од мене 8.5 , 0.5 ради Диора Беирд , страшно парче .
 
I

Intex

Гостин
Silence of the lambs (1992)



Ханибал, ѕверчина. Џоди Фостер во улога на FBI агент, а Ентони Хопкинс во улога на Ханибал Лектер, брилијатен психијатар, но и канибалистички сериски убиец. То е. x)
Да не ја тупам многу со пишување, оти зборови не се доволни за ваков филм.
Оценка: 10/10

Hannibal (2001)


Sequel на Silence of the lambs, втор сниман филм за Ханибал Лектер (ако го изоставиме Менхантер од 80 и некоја шотизнам), четврти (последен) по хронолошки ред. Доста послаб од Silence of the lambs, но и ова филмско парче не е за фрлање. Џоди Фостер е заменета со Џулиен Мур во улогата на FBI агентката, и доста послабо има одглумено.
Оценка: 7/10

Shutter Island (2010



Многумина го фалеа, многумина го кудеа. Моево мислење е дека е просечен филм. Па и ќе биде просечен кога има еден куп филмови со слична содржина снимени во последнава деценија (Кеј Пекс, Бјутифл Мајнд, Фајт Клаб).
Накратко: Маршали одат да го истражат исчезнувањето на пациентка во психијатриска установа на Шутер островот. Пациентката се враќа сама, но едниот маршал се сомнева во враќањето.
И се така до саат и 30-та минута кога почнува расплетот кој трае цели пола саат. Шо кој q-р ти е тој расплет бе Скорсезе? Да не е ова серија, па финалната епизода да ти е предвидена за расплет? Незадоволен од крајот, а и неоригиналната приказна. Пази, по бестселер од две и трета е сниман. Ах американчиња, ах!
Оценка: 6/10

Never Back Down (2008)



Ај вака: не гледам акции, уште помалку кунг фу, Брус Ли, Чак Норис акции каде сам сите ги убиел е сценариото. Но, ова филмче ми дојде при рака, и го изгледав. И не жалам за 1 саат и 40 потрошени минути, оти не ни очекував повеќе од таков филм. Всушност, ги надмина моиве очекувања. Лепши девојчиња, крв, тренинг, и до некаде драма. :D
Оценка: 5/10

The Shawshank redemption (1994)



Ова е веќе нешто. Првото место на IMDb му е сосем заслужено.
Животот во затвор на еден бизнисмен. Прилагодувањето на новата средина, спријателувањето со стражарите и управникот. Морган Фриман ми беше единствениот познат актер, другиве појма немам кои беа, ама сите одлично си ја извршија задачата.
Оценка: 10/10

The Wolfman (2010



Овој, и филмот под него ми оставија најгрд впечаток. Толкава просечност и неоригиналност ретко може да има.
Човек кој се претвора во волк на полна месечина. Остатокот ... you can get it. :)
Оценка: 3/10

The Box



Кој не гледал глуп филм, му го препорачувам да го погледне.
Просечно семејство добива кутија на која има тастер, и ако претиснат, еден човек ќе умре, некој кој не го познаваат, а они ќе добијат милион долари. И после тоа го тераат у саенс фикшн, мистерија, громовници, малку фалеше и Госпо да го замешаат. :D
Единствената светла страна во филмот беше Камерон Дијаз.
Оценка: -3/10
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Се прегледав филмови овие два - три дена, па еве дел од нив со кратка рецензија:)

aeonfluxposter.jpg
Aeon Flux - sci-fi филм со Шарлиз Терон.
Главната поента на филмот е дека низ цел свет се појавила некоја болест која ја збришала скоро цела популација освен луѓето кои живееат во Брегна, ограден град. 400 години подоцна во овој град се уште владее семејството Гудчајлд чиј член пред цели четири векови го пронашол лекот за вирусот. Ион добива задача да го убие Тревор Гудчајлд што воедно и ќе биде нејзината прва неуспешна мисија како дел од мониканите кои се борат против режимот на семејството Гудчајлд.
Главната причина за нејзиниот неуспех ќе бидат чудните flashback-ови кои ќе ги има при секоја средба со Тревор. Наскоро ќе дознае дека сите луѓе во Брегна се клонираат цели 400 години уназад за да може успешно да се пронајде лекот кој ќе ја излечи неплодноста кај жените. Односно flashback-овите на Ион се всушност нејзиниот претходен живот.
На филмов му давам 9/10 затоа што му фалат малку подобри ефекти иако и оние кои ги нуди се на завидно ниво.

daybreakers-poster.jpg
Daybreakers - sci-fi
Во филмов станува збор за појава на чума во 2019 година кога скоро сите луѓе се претвараат во вампири. На светот останува мала група на луѓе кои секојдневно се во опасност да бидат уловени од вампирите.
Меѓутоа, доаѓа ден кога вампирите сфаќаат дека имаат залихи на крв за само уште еден месец а алтернативните извори за храна резултираат со мутации на вампирите во крволочни животни. На патот кон откривање на алтернативната храна, Др. Едвард Далтон, кој работи како хематологист во една фармацевтска компанија, ќе сфати дека му фалат деновите кога бил човек. Кога ќе исконтактира со луѓето кои го имаат лекот за враќање на вампирите во луѓе, тој непријател на целиот вампирски свет. Самиот тој ќе се претвори во човек и ќе почне да помага во ширење на лекот.
Филмчево добива 10/10 од мене од проста причина што вампирите се прикажани како свесни суштества кои водат живот како и секој нормален човек. Плус, има доста интересна несекојдневна вампирска приказна и мноооогу добра глума.

zombieland-poster.jpg
Zombieland - хорор комедија.
Филмов на прв поглед делува малку глупаво. Но и покрај многуте крвави сцени со разлетани цревца и органи, обезбедува доста смеење :)
И тука станува збор за болест која скоро целиот свет го има претворено во крволочни зомбија. Колумбус на патот кон дома ќе го сретне Талахаси и заедно ќе тргнат во потрага по безбедно место за живеење. Кон таа цел ќе ги сретнат сестрите Вичита и Литл рок кои неколку пати ќе успеат да ги надитрат. Најинтересни моменти во филмот се правилата во однос на зомбијата према кои се придржува Колумбус како и начините на кои секогаш се наоѓа излез од густа ситуација.
10/10 е супер оцена за филмов. Некако ги исмејува сите оние клише зомби филмови, а сепак не е глупав како многу дрги пародии.

alice_in_wonderland_character_poster_mad_hatter_johnny_depp_01.jpg
Tim Burton's Alice in Wonderland - семејна драма, комедија, фантазија со Џони Деп и Ен Хетавеј.
Римејкот на Алиса во земјата на чудата е филм кој мора да се погледне.
Филмот е далеку различен од цртанот кој на сите ни е добро познат. Во филмот, Алиса е 19 годишна девојка која треба да се омажи за Англиски благодарник. На денот на нејзината веридба, таа ќе избега бидејќи ќе биде исплашена од брзата одлука која треба да ја донесе.
Како мало девојче често сонува кошмар во кој има мачка која се смее, зајак со часовник, сина гасеница...
И токму во моментот додека бега, ќе го види зајакот од нејзиниот кошмар. Ќе почне да го следи и ќе падне во дупка. Од тука почнуваат авантурите. Сите ликови очекуваат од неа да ја порази Црвената кралица и да го врати тронот на Белата кралица.
Кога ќе успее во целта, таа ќе се врати и нема да прифати да се омажи за лордот.
И на овој филм би му дал 10/10 затоа што на многу добар начин е пренасочена целата приказна на оригиналниот цртан а сепак се запазени дури и најмалите детали.

from_paris_with_love-poster.jpg
From Paris with love - крими - трилер/акција
Одличен филм во кој се раскажува за акцијата на Џејмс и Чарли кои се на мисија да ја заштита американската делегација од терористички напади. Дејствието се одвива низ Париз каде се прикажани акциите на двајцата агенти кои при откривањето на оние кои стојат зад планираниот терористички напад ќе откријат дека свршеницата на Џејмс, Керолин, е всушност дел од целиот план. Таа го има заведено со цел полесно да добие пристап до Американската амбасада во Париз и притоа како бомбаш - самоубиец да го изврши нападот. На крајот, Чарли и Џејмс успеваат да го решат целиот случај и да го спречат нападот на тој начин што Џејмс иако заљубен во Керолин, ќе мора да ја убие за таа да не ја разнесе целата амбасада во воздух.
Одлична акција на Џон Траволта со многу занимлива приказна. 10/10 за филмов.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom