Последен гледан филм со кратка рецензија

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
The Box


Ау мајко моја,ова дефинитивно е еден од најлошите филмови што сум ги гледала.Саат и пол чисто измачување,што од просечна глума,што од глупа приказна....А ми изгледаше толку привлечно од аспект на моралното прашање,ПАРИ ВО ЗАМЕНА ЗА ТУЃ ЖИВОТ.За малку ќе ме чинеше мојот живот,ќе умрев од досада.Не сакам да го оценувам,зашто поим немам што оценка да и дадам на ваква катастрофа.Надвор од мој вкус во секој домен.
 

Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.091
Поени од реакции
2.398
Case 39



Интересно мистериозно филмче со хорор.Филмот започнува така што Емили која работи во служба која се грижи за проблемите на семејствата и децата ќе добие случај за едно мало девојче кое на прв поглед изгледа мирно невино и исплашено од своите родители кои ќе сакаат да ја убијат но Емили ќе ги спречи со еден полицаец и на тие родители ќе ги прогласат за случај со психичко пореметување.Девојчето по име Лили ќе биде на листата за деца без родители и ќе чека ново семејство,но брзата љубов што ќе се случи меѓу неа и Емили ќе ја забрза постапката токму Емили да се погрижи и да ја вдоми кај неа.И потоа започнува да се случува кулминацијата во филмот.....да не откривам погледнете сами.

Оценка: 7.5/10
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
1.016
Поени од реакции
50
Последно гледав Meet Joe Black и Road Trip: Beer Pong.

Првиот на Сител го даваја вчера, добра и многу долга драма. Времетраење од 3 сати - во ниеден момент не ми беше досадно, освен за време на рекламите. Одлична глума на Ентони Хопкинс, Бред Пит стандард во негов стил. Добра хемија меѓу актерите и неизвесност до самиот крај.

За Road Trip шо да кажам. Тинејџерска комедија со голема доза на цицки и јаки жени. Мене ме опуштат такви филмој и си ги гледам редовно.
 
T

Tetro

Гостин
Edge of Darkness (2010)




Римејк на истиот наслов од 1985

Детективот Томас Крејвен истражувајќи за смртта на неговата ќерка, го открива нејзиниот таен живот.

IMDb Rating 6.8/10
од мене 7,5/10
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Мoon (2009)



Не очекувајте Спејс Одисеја, Star Trek, Star Wars или слично. Филмов е многу повеќе трилер него, било каква акција. Мене ми се допадна премногу. Сценографијата е извонредна, глумата на ниво. Сепак ова е прв филм на англискиот режисер Duncan Jones и можам да кажам дека се снашол одлично. А да, и никогаш не е досадно да го слушаш Кевин Спејси. :) Викам слушаш бидејќи единствено позајмува глас на робот во филмов. Не би да ја раскажувам содржината, сепак погледнете ако сте љубител на добар трилер и драма. 9/10
Го глеав пред некој ден Многу интересна и невобичаена приказна и одлична сценографија/фотографија.
Инаку филмот во пракса е Вселенска Монодрама.:vozbud:
9/10 и од Мене.
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
The Crazies

Филмов е еден од подобрите од купот срање филмови што излегуваат во последниве години. Не е полн со здодевни сцени што само пополнуваат простор, без глупи сценариски финти, без повеќето клишеа.

Тематиката е следнава: Во еден град 1-2 луѓе почнуваат да се однесуваат како луди (затоа и е таков каков што е насловот на филмот), без чувство на ориентација и со убиствени нагони. Причината за тоа е
прототип на токсични експериментални отрови произведени од страна на Владата кои ја контаминираат водата на еден мал град после падот на авионот со кои се пренесувани. Следното е доаѓањето на војската и истребувањето на "лудите", но и оние што не се заразени.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
SHUTTER ISLAND

Од толку мислења про и контра филмов просто морав да го гледам.После тупаџискиот The Box ова се вика просветлување.Многу ми се допадна филмов,читав во други рецензии дека на истата карта се игра постојано за да се направи добар трилер филм,но можеби тоа и не е сосем точно.На пример додека го гледав филмов имав две можни сценарија,што ме предизвика да си го изгледам до крај со доследно внимание.
Актерската игра е на високо ниво би рекла од трите главни ликови.
Накратко за оној што не го гледал филмов,двајца детективи се упатуваат на остров на кој се наоѓа ментална институција за да пронајдат пациентка која избегала.И така...се друго кажано ќе го уништи уживањето на оној што ќе го гледа.
Моја препорака е дека ова филм од типот кој мора да се гледа.
 
Член од
23 март 2010
Мислења
199
Поени од реакции
62
Последно го гледав Ghosts of Girlfriends Past со Matthew McConaughey и Jennifer Garner и е супер филм, романтична комедија. Се работи за Конор Мид, познат фотограф и голем женкар кој практикува секс за една ноќ. Треба да оди на свадбата на својот брат, каде што вечерта ќе го посетат три духови девојки :) од минатото, сегашноста и иднината за да согледа каде греши .... Интересен филм:smir:
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210


Чудна но, сосема реална приказна ми се свиѓа што сите ликови се реални а не извадени од еднодимензионални клишиња.Доста интересно, нема везе кој у каков филм е до крај а бога ми и после тоа . Малку чудно снимен и музиката ме е превесела и звучи како зезанција. Како и да е добра глума Мат Дејмон и Скот Бакула. Нов филм на Стивен Содерберг.

8/10 од мене
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Agora

Поминааа 10 години од Гладијатор и не верувам дека ќе има помоќна изведба од онаа на Расел Кроу... не верував дека ќе видам женска моќна фигура во филмовите посветени на случувањата во овој временски период ама се излажав. Рејчел Вајс пријатно ме изненади,сум ја гледала низ многу други филмови и актерската игра отсекогаш и била на ниво, но морам да ја пофалам за изведбата во Агора. Досега не сум сретнала во овој минат период од неколку години по нашата ера да се направи филм во кој централна фигура ќе биде жена посветена на науката.
Исто така многу ми се допадна изведбата на Max Minghella кој го глуми Davus.
Приказна за лудилото кое може да го предизвика религијата....
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.712
Поени од реакции
13.404
Конечно после толку денови чекање од видеотеката го зедов Dear John. Преработен според истоимената книга на Николас Спаркс, филмот ме воодушеви до некоја точка, но...
Да бидам искрен исамо некои 60 % од случувањата се погодени во книгата, поточно ситниците. Остатокот 40%...
Девојката не е плава.
Крајот и пораката на книгата е сосема друг...
Неколку делови имав чувство дека се прескокнати...
Во филмот не се задржува многу за животот на дечкото, освен за време на војната... КАде е сцената каде тој е големиот батка во местото?

Како и да е... Филмот за овој домен е одличен. Раскажува за тоа како љубовта од корен може да промени човек, за силата на вољата, за ветувањата кои двајца вљубени си ги поставуваат. И за тоа и покрај што понекогаш животот ни носи горчина и солзи, треба да се надеваме дека на крај секогаш ќе постои некој кого љубиме/не` љуби.

Моја лична оценка 8/10

Трет филм од Спаркс после A walk to Remember и The notebook.
 

maac

evil scientist
Член од
10 март 2010
Мислења
134
Поени од реакции
61
Valkyrie
Приказна за операцијата Валкери,обид за атантат над Хитлер и превземање на власта од самите германци за време на втората светска војна.
Одличен филм со историско значење за понатамошниот развој на настаните.
 

penkaloto

......
Член од
17 април 2010
Мислења
412
Поени од реакции
269

The Collector (1965)​
Овој филм ми е еден од најомилените на William Wyler затоа што содржи се што треба да има еден филм: добра режија, сценарио, глума,кинематографија, супер атмосфера.Приказната зборува за социјално изолиран човек чии постапки наоѓаат оправдувања само во неговата глава,со цел да продолжи да ги прави.Terence Stamp у филмов е морничав ептен добро ја одиграл улогата.
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
KICK ASS



Вчера го реализирав гледањето со ова супер екстравагантно филмче. Со големи маки го глеав ради снимката али океј неможев да издржам :tv:. Тинејџерот по име Дејв има просечен живот, и нормално како секој момак на негови години си има своја верзија на "i have a dream" од Мартин. Поради дефицитот на супер херои во денешницата па дури и урбани он со своите никакви предиспозиции се решава на таков чекор. Исфрустриран поради фактот што гадните спектатори немаат муда ја превзема улогата на гардијан во своето живеалиште. Навидум добро му оди се дур не западне во многу подаркерски води односно се вмеша у работата на мобстерите, несакајќи. Охрабрени од неговиот потег се вмешуваат и некои останати урбани херои но овој пут истренирани со нерашчистени сметки и минато со моќниците.

Демек комедија но како што се раздлабочува приказната се повеќе наликува на ЌЕоСС масакар... супер викендашко филмче, поучно ептен, ме направи похрабар :tv:
од мене еве му 9/10

малава нека ја молестне некој, комотно :vozbud:



 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
Avatar (2009)

Одамна не сум пишал рецензија пошто одамна не сум гледал филм. Аватар го чекав одамна, кога веќе не бев во можност да го гледам на кино, да го изгледам на двд снимка. Во подготвителна фаза, избегнав секакви трејлери и спојлери, па дури и темата за Аватар ја гледав преку еден ред за да не ми расипе некој. Неколку месеци откако излезе, за Аватар знаев само дека е на Камерон, дека е S.F., дека има некоја си планета Пандора со некои си плави луѓе со опашки. Тоа беше се. И со оглед на тоа дека се работи за блокбастер, и тоа за најскап филм на сите времиња, очекував дека ќе биде разочарување, па очекувањата ми беа многу, многу ниски.

Веројатно сето ова придонесе филмот, на мое лично изненадување, да ми се допадне, многу. Прво, имам thing за fantasy movies. Од таа некоја причина Crouching Tiger ми се допадна повеќе одколку на другите. Аватар е друга планета кога се работи за фантастичниот свет кој е насликан во филмот. Размислував дури го гледав, колкава фантазија имале тие кои ја создале онаа џунгла од растенија и животни во секакви пропорции, нешто фантастично според мене, навистина. Висечките планини беа капак на се. До сега барем, горе-долу, се ни беше сервирано во наши пропорции. Вонземјаните се скоро секогаш високи колку луѓето, живиот свет е исто така налик на нашиот. Пандора е нешто друго, тоа е сосема друго ниво во фантазијата.

Сите пишаа за приказната како најслаб дел на филмот и се согласувам, можеле да направат повозбудлива, поинтересна приказна. Но нема многу да пишувам за тоа зошто и оваа приказна мене ми се допадна. Прво, смачено ми е од тоа како луѓето се херои кои го спасуваат денот и дека во главно сме биле добри со ретки исклучоци. Вистината е дека сме лоши со ретки исклучоци и свеста ни е на варварско ниво. Во овој филм, луѓето се лошите момци и тоа ништо не им е преувеличено: нашата негрижа за природата и за сите работи, освен оние кои носат профит, а за кои сме спремни да поништиме се што ни стои на патот, тоа е нешто што ни е во ДНК и Камерон не калкулирал со тоа туку го прикажал како што е. Од другата страна, имаме раса која живее во симбиоза со природата и која има изградено свест за се што ја опкружува. Не можеш да не навиваш за нив.

Не мислам со ова дека филмот е направен за да носи некакви големи пораки, ова е филм направен за да заработи пари и како таков си ја завршил задачата. Ефектите, или поточно, комплетната слика на екранот е совршена. Ова е убава авантура во непозната земја. Дијалозите се на место, не се зборува многу, не се користени непотребни разговори за задржување време. Се кажува малку, онолку колку што е доволно. Филмот, иако долг, го изгледав со уживање, за разлика од LOTR на кој 30 минути пред крај сакав да си заминам од кино само затоа што ме здоболе задникот од мрдање лево десно.

Актерската екипа е добра, дури и Ана Лусиа, еден од најнеомилените ликови од ЛОСТ во филмов е на ниво. Се на се, ми се допадна. Го осудив предвреме, и добро е што го направив тоа. Уживав во претставата. Сега чекам да направат втор дел кој по правило ќе биде толку лош што ќе го расипе и првиот :)

Во меѓувреме, 8/10.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom