Последен гледан филм со кратка рецензија

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Outbreak

Outbreak_movie.JPG



Интересен филм,со одлична актерска екипа Dustin Hoffman,Rene Russo,Morgan Freeman,Cuba Gooding Jr. Филмот спаѓа во жанровите драма,сајнс-фикшн,трилер.
Во 1967 година во воен камп во Африка откриен е смртоносен вирус Motaba,па за да го сокријат вирусот двајца војници одлучуваат да го бомбардираат кампот.Триесет години подоцна група вирологисти се испратени во Африка да истражуваат.Полковникот Сем Денијелс открива информации за вирусот,се враќа во САД кадешто му кажува на својот претпоставен генерал Били Форд да презема некои активности во врска со вирусот.Но Били му кажува дека добро е запознат со вирусот и нема опасност од голема паника и дека нема да стигне до САД.Во меѓувреме во САД е донесен незаконски мајмун кој е преносител на вирусот и така започнува сплетот на дејствието во филмот.Погледнете нема да зажалите.

Оцена: 8.5/10
 
The Prestige


Веќе некое време се канев да го гледам филмов.За два дена изгледав два слични филмови,ист период иста тематика со магионичарство.Но сосем различни приказни.Според мој вкус овој филм е подобар од Илузинист,има поголема тензија,филмот не го остава човек да му биде досадно ни 5 минути.Бејл е неверојатен како и секогаш,неговата способност да се трансформира е особено употребена.
Ривалството кое започнува заради една трагедија станува игра на суети на двајца магионичари,каде желбата да се направи што подобар трик го уништува самиот лик а и животот на другиот.Има неверојатно надигрување меѓу ликовите.Јас сум под импресии на филмов.

9/10
 
percy-jackson-and-the-olympians-the-lightning-thief-poster1.jpg


Интересен филм. Малку наликува на неколку верзии на филмови кои ја разработуваат сличната тематика, но сепак една е митологијата, па затоа и се поклопуваат толку суштества:)

Станува збор за едно момче Percy Jackson кое всушност е полубог. Односно, Посејдон (Богот на морето) му е татко.
Дечкото нема ниту најмала идеја дека е син на Бог, се додека еден ден не го нападнат пратеници на Хад (Богот на подземјето) за да ја земат украдената молња на Зевс, со која Хад ќе може да стане ултимативен владетел на сите Богови.
Percy, се преселува во кампот каде се наоѓаат сите полубогови. Тука ќе се сретне со ќерката на Атина, Annabeth, која заедно со Grover (заштитникот на Percy) ќе му се придружат во потрагата по неговата мајка, која ќе ја киднапира еден од минотаурите на Хад со цел Percy да ја даде украдената молња.
Од она што следува можам само да кажам дека филмов си има happy ending, а останатото го препуштам на вас да го погледнете.
Тапа е што Percy и Annabeth ќе си се сфиѓаат али нема ништо да се случи меѓу нив

Оцената сепак ќе биде 8/10 поради делумната неоригиналност на приказната и ликовите во неа.
 
Shutter Island

shutter-island-movie-poster_290.jpg


После еден час гледање сфатив дека почнува да се јавува некој интерес кај мене за да го догледам филмов. На почетокот ништо посебно, двајца маршали заминуваат на островот да го истражуваат случајот за бегството на една пациентка од менталната институција. Откако се деси една средба
со девојката во пештерата
, филмов доби пресвртница, бар кај мене, потоа следува крајот, испадна онаков баш каков што претпоставував.
Се на се, овој филм не спаѓа во оние ремек дела на Мартин Скорсезе, но далеку од тоа дека не е добар, мене бар бајги ми се допадна. Покрај тоа морам да ја споменам одличната глума на Леонардо Ди Каприо, интересно е да се види токму тој во ваква улога.

п.с. Ако сакате да добиете некоја доза на хумор, симнете го македонскиот превод, оној од maxspeed, на едно ,,Oh God'' иде превод, О-Вмро, О-Сдсм :pos:

Оценка: 8/10
 
Das Leben der Anderen (2006)



Нема да пишам долга рецензија за ова германско ремек дело само накратко-Источен Берлин 1984,тајната полиција штази има нов случај да го прислушкува писателот Дрејман кој живее со неговата девојка-актерка
којга го продава своето тело на режисерите за да биде што поуспешна во претставите која инаку не би ги добила
.Случајот е во рацете на штази капетанот специјалист во својата работа -Вислер...за другото едноставно морате да го погледнете филмот,заслужено освоен оскар како и заслужени високи 8.5 на имдб

од мене 9/10 (погледнетего)

Супер Ствар еден од најбољите филмови на сите времиња

a_prophet-2.jpg

http://www.traileraddict.com/content/sony-pictures-classics/a_prophet-2.jpg


Un prophète (2009)

Филмов е супер. Француски Scarface
Само шо типот е Арап а не Кубанец т.е. е Али Пачино :pos2:
Супер Приказна Брза и Сурова, Одлична глума трансформација на лик и доста реална, Уметнички ефекти у француски стил, Супер Режија итн,
Еден од најдобрите 10 филма во 2009 дефинитивно.

9.5/10
scarface.jpg


П.С. Приказната уопште не е украдена само у стил наликуваат
 
Harsh Times (2005)

Крими драма баш во мој стил,знаете она ..кога филмов ти лежи на срце .И повторно со Кристијан Бејл (6ти филм со него што гледав во последните 30 дена :)) и слободно можам да кажам дека глуми одлично .Во актерската екипа е и Freddy Rodríguez кој има глумено во six feet under и Планет Терор,како и Лонгорија која глуми секси женичка(за друго не ја бива :kesa:).
Режисеров David Ayer(кој е режисер и на [Street Kings (2008)
па ако ви се допаднал Harsh Times гледајте го и вториов негов филм)Одлично има претставен една специфична приказна за поранешен војник од Авганистан кој секојдневно се дружи со најдобриот другар со кого "бараат работа" .Заплетот започнува уште кога ке дознае дека не го примиле во LAPD ...
Едноставно супер филмче во кој е прикажано пријателството,психичките последици од војна како прашањето
Љубов,семејство или кариера

9/10
 
Мoon (2009)

288jur.jpg


Не очекувајте Спејс Одисеја, Star Trek, Star Wars или слично. Филмов е многу повеќе трилер него, било каква акција. Мене ми се допадна премногу. Сценографијата е извонредна, глумата на ниво. Сепак ова е прв филм на англискиот режисер Duncan Jones и можам да кажам дека се снашол одлично. А да, и никогаш не е досадно да го слушаш Кевин Спејси. :) Викам слушаш бидејќи единствено позајмува глас на робот во филмов. Не би да ја раскажувам содржината, сепак погледнете ако сте љубител на добар трилер и драма. 9/10
 
The Bounty Hunter (2010)
2rogub9.jpg

Филмот е сличен како и сите останати од овој тип, но мислам дека беше оргинален со приказната и со завршетокот. Џенифер Анистон како и секогаш предобро си ја врши работата исто и Џерард Батлер. Немаше некои моменти кој ме натераа да се изнасмеам слатко ама беше доста интересен.

Оцена: 8/10
 
Па, последно го гледав Dear John , повеќе за глумецот отколку за филмот признавам :)
Ок филмче , веке видено , ме потсети многу на Pearl Harbor.
Се работи за војник(Channing Tatum) којшто ке се запознае со девојка(Amanda Seyfried), па ке се вљубат и бла бла бла
Тој ке замини во војна и ке си праќаат писма.

Почетокот беше супер , ама крајот ме разочара, како да немаше крај, некако очекував повеќе.

6/10 од мене :)
 
Nebeska udica.



Филмот е српска воена драма и дејствието се случува за време на НАТО бомбардирањето. Содржината на филмот се врти околу епицантар односно маалскиот кош кој што го прават главните актери на местотото каде што порано имало кошаркарски терен.....
 
985883the-machinist-posters.jpg


Псилохолошка приказна за човек кој страда од инсомниа, кој е физички слаб и исцрпен. Работи како машинист во фабрика и поради него се случува една несреќа. Вниманието му е одвлечено од еден човек. Но, кој е тој човек?Или дали е тоа човек?
Тревор Резник се соочува со самиот себе,сака да ги открие работите кои го мачат...
Уште сум под импресии на филмов, не би сакала да коментирам оти ќе закачам некој спојлер:wink:. Но незнам досега како не сум го гледала. Кристијан Бејл во главна улога, ненормално добра глума. Му се восхитувам на човеков за улогата:smir:
 
Уште кога бев мала, единствениот цртан помеѓу сите тие розеви принцези што ми го одвлече вниманието, беше Alice in Wonderland. 17 години подоцна, истиот филм ме импресионира многу повеќе од порано.

Незнам дали беше поради тоа што еволуирав спомени додека го гледав, или поради одличната глума на Johnny Depp, кој е прекрасен и додека глуми пират, и додека глуми наркоман, и додека го глуми Лудиот Шапкар, но го сметам филмот за фасцинантен.

Тim Burton и Johnny Depp уште еднаш покажаа дека се одлична комбинација, иако стана малку клише да го гледаме Depp и Helena Bonham Carter во главните улоги. Доаѓа како продолжение на приказната за деветнаесетгодишната Алиса, која додека се мисли дали да ја прифати понудата за брак, пропаѓа во дупката, и се се случува од почеток - со цел да ја уништи Црвената Кралица.

Единственото нешто што ме разочара беше The Cheshire Cat, која по правило требаше да биде розева со сиво, а не плава со сиво! Сепак, сеуште ја задржа специфичната насмевка која избледува.

Можеби рејтингот на IMDB (6,9) е реален, но јас на филмов би му дала повисока оцена. Ме врати во детството.
 
Falling Down (1993)
falling_down.jpg


Топол летен ден во Лос Анџелес, гужва низ градот, а во автомобилската врева е заглавен и Вилијам Фостер.

Д-Фенс (или ДиФенс) му е надимакот на Фостер, а го има добиено по натписот на регистарската табличка. Гужвата ненормално го нервира и губи живци кога гледа мува која му зуи околу увото. Во еден момент, бесно излегува од автомобилот и оди во „шумичката“ која е покрај автопатот.

Стигнува во едно мало преградје и влегува во дуќан за да раситне пари и да се јави по телефон на жена му Бет. Газдата на дуќанот пред да му раситне инсистира претходно да купи нешто, што додатно го излуди веќе изнервираниот Д-Фенс па почнува со безбол палка да крши по продавницата.

Потполно разбеснет излегува од дуќанот и така започнува лудилото на еден обичен човек, кој во еден момент не успеа да го совлада својот бес. Неговото дивјачко однесување, насилство и потенцијално самоуништување ќе ја активира и песната полиција.


Оцена: 8/10
Жанр: Крими, Драма, Трилер
Времетраење: 113'
Година: 1993
Веб: [ IMDB ]
 
miss_pettigrew_lives_for_a_day_movie_poster.jpg


на мрежава има еден куп филмови, вчера на рандом копирав 2, овој е првиот.
Се работи за една скитничка која се обидува да најде работа, случајно ќе се упика кај една спонзоруша и ќе и служи за еден ден. Спонзорушата е во врска со тројца фраери од кои има по нешто ќар, а Петигру сака само стабилна работа и храна. Интересен филм со интересна приказна во него, ми го задржа вниманието затоа и напишав збор два за него.
Дејствието се одвива во Лондон неколку дена пред втората светска војна.

вториот филм е The good student
The%20Good%20Studen.jpg

Професорот ќе се заљуби во една ученичка, една ден ќе ја пренесе до дома, и наеднаш девојката ќе ја киднапира некој. Исто интересен филм, не е тоа типичното бркање со специјалци барање на девојчето, овде локалната полиција го прави тоа, ама многу слабо, а како се одвива филмот сите до еден имаат зошто би ја киднапирале девојкава, така да сите ќе изгледаат како главни осомничени. крајот го краси делото, изгледајте го интересно завршува.
 
tt1226271

The Damned United (2009)​
Филмов е одлична спорска драма за еден од најконтроверзните менаџери на Leeds United,Brian Clough.Добра глума,режија и многу лесен за гледање но сепак квалитетен,па кога ќе се спомене и главната тема на филмов, ФУДБАЛОТ, вистинско уживање
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom